Втората рунда индиректни нуклеарни разговори меѓу Иран и САД започна денес во амбасадата на Оман во Женева, објави иранското министерство за надворешни работи. Разговорите ќе се фокусираат на нуклеарното прашање и укинувањето на санкциите на САД, додека форматот на разговорите ќе го следи претходниот круг одржан на 6 февруари во Мускат, објави Press.tv. Иранската делегација ја предводи министерот за надворешни работи Абас Аракчи, заедно со ...
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека Техеран влегол во индиректни преговори за својата нуклеарна програма со САД „сериозно, со добра намера“ и со намера да постигне резултати и дека постои загриженост поради „контрадикторните изјави“ од Вашингтон. Багеи за иранска новинска агенција пред преговорите со САД, што ќе се одржат денеска во Женева, изјави дека останува да се види колку е сериозна ...
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека денес не се очекуваат информации за трилатералните преговори во Женева меѓу Украина, Русија и САД, бидејќи разговорите треба да продолжат утре. „Мислам дека денес не треба да се очекуваат никакви вести, бидејќи, како што знаете, разговорите треба да продолжат утре. Нема најави или планови за ова прашање“, рече портпаролот на Кремљ, објави ТАСС. Руската делегација планира да ги ...

