Една недела од откривање на серискиот убиец во кумановско Нагоричане се отвора прашањето, дали некој му помагал на 25-годишникот. Засега од обвинителството велат дека немаат докази за ова. Сепак, потврдуваат дека се истражуваат пропусти при истрагата на неколку случаи, поврзани со кражби, обиди за убиство и убиство. Извори за Tелма од истрагата велат дека огромен е пропустот при пронаоѓањето на 35-годишната Марија Маринковска, мртва во дом во ...

Уште пет смртни случаи на повозрасни жени и еден обид за убиство се ипитуваат од истражните органи за да се види дали се дело на серискиот убиец во кумановско Старо Нагоричане, за кого засега има сериозни индиции дека извршил најмалку две убиства и еден физички напад врз постара жена во кумановското село Челопек, објави Телма, повикувајќи се на извори блиски на истрагата. Извори од истрагата рекле дека имаат сигурни докази дека 25-годишниот ...

Дваесет и петгодишниот Т. Б., осомничен за убиството во општина Старо Нагоричане, е сместен во Казнено-поправната установа Куманово (К‘шање). Тој е под мерка притвор од 30 дена, определена од судија на претходна постапка. По приемот во затворот, му е извршен лекарски преглед, а неговата здравствена состојба е добра. Основното јавно обвинителство Куманово информира дека сите надлежни институции преземаат мерки за целосно расчистување на ...