Приведен е возач од Арачиново кој учествувал во предизвикувањето на сообраќајката во Радишани во која загина 19-годишниот мотоциклист. За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот го напуштил местото без да им укаже помош на повредените. – По ...

СВР Скопје го лиши од слобода 46-годишен жител на Арачиново во врска со сообраќајната несреќа што вчера се случи на улицата „Радишанска“ во Скопје, во која загина 19-годишен мотоциклист од скопското село Побожје. Според полицијата, во несреќата учествувало и возило „сеат алтеа“, кое немало физички контакт со мотоциклот, но со своето движење придонело за предизвикување на несреќата, по што возачот го напуштил местото. Несреќата била пријавена ...