Вештачката интелигенција предвиде дека Германија и Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство и дека Аргентинците на крајот ќе победат со резултат од 2:1, според истражувањето на новинарите на „Еуроњуз“. „Еуроњуз“ на германски денес пишува дека новинарите се добро запознаени со распоредот на натпреварите, методот на ФИФА за влечење ждрепка, правилата за испаѓање на третопласираните екипи во групната фаза и сите 495 можни ...
Вештачката интелигенција сѐ почесто се користи за спортски анализи и прогнози, а најновите симулации за Светското првенство предвидуваат финале меѓу Германија и Аргентина, со триумф на актуелниот светски шампион. Според моделите кои ги анализираат формата на репрезентациите, квалитетот на составите, резултатите од квалификациите и историските податоци, Аргентина има најголеми шанси повторно да се искачи на светскиот врв. Прогнозите покажуваат ...
Македонската радио телевизија (МРТ) за првпат од независноста на земјава нема да го пренесува Светското првенство во фудбал, кое почнува денеска. Телевизиските права за оваа првенство кое се одржува во САД, Мексико и Канада, и за македонскиот пазар ги обезбеди Арена спорт на српски Телеком. Натпреварите ќе се пренесуваат само на премиум каналите кои кај операторите се вклучени во дополнителните пакети. Во основните Арена спорт 1, 2 и 3 нема ...
Најбројното Светско фудбалско првенство во историјата, со учество на 48 репрезентации, започна вечерва со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка на величествениот стадион „Ацтека“ во Мексико Сити. На воведниот натпревар му претходеше церемонија на свеченото отворање која беше поделена на четири дела со настапи на бројни латиноамерикански музички ѕвезди, а најголем ентузијазам кај приближно 85.000 гледачи предизвика појавувањето на ...
Фудбалскиот свет тагува по уште еден гигант! Херкулес Брито Руас, легендарниот централен бек на бразилската репрезентација која се искачи на врвот на светот во 1970 година, почина во четврток на 86-годишна возраст. Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) ја потврди тажната вест, но не даде детали за причината за смртта. Брито беше незаменлив дел од една од најдобрите генерации во историјата на фудбалот. Одигра 61 натпревар за ...
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ моментално се наоѓа во Северна Америка, каде што е ангажиран како стручен консултант во телевизиските преноси на Светското првенство. Поранешниот напаѓач учествуваше во анализа на групите пред почетокот на турнирот, при што откри која група му е најинтересна, но и за кого ќе навива на шампионатот. „Ја избирам групата Л. Таму е Англија, па ќе видиме дали фудбалот се враќа дома. Тука е и ...
Светското првенство официјално беше отворено вчера со мечот помеѓу Мексико и Јужна Африка, но договорот е секоја од трите земји домаќини да има своја свеченост пред првиот меч. Токму затоа и Канаѓаните официјално го отворија Мундијалот во пресрет на дуелот против Босна и Херцеговина. Canada 🇨🇦 World Cup opening ceremony Is beautiful 🤩 pic.twitter.com/wMmWbYyG9A — Dexyboi (@Dexyboi7) June 12, 2026 Во три часот по полноќ по македонско ...
Мексиканската претседателка Клаудија Шеијбаум извлече позитивни заклучоци од отворањето на Светското првенство во Мексико Сити, и покрај протестите што се одржаа пред натпреварот. Мексико, кој е кодомаќин на турнирот, имаше совршен почеток со победа од 2:0 над Јужна Африка, пренесе ДПА: „Со голема гордост ѝ честитам на нашата мексиканска репрезентација што ни ја донесе оваа историска радост и што му ја покажа на светот големината на Мексико, ...

