Претседателот на Собранието, кој е и поранешен претседател на Алтернатива, негира дека во „Вреди„ има раскол околу поделбата во раководните структури во партијата во која треба да се спојат сите субјекти што сега ја сочинуваат коалицијата. По шпекулациите дека Меџити и Касами бараат копретседателство и поголемо учество во партиските тела, вели дека не разговарале за проценти, туку за идеолошките принципи, концептот и програмата. Му дава ...
Владината коалиција повторно влегува во фаза на внатрешно „препакување“ што на терен изгледа како организациска реформа, но во пракса се претвора во политички стрес-тест: дали Вреди (ВЛЕН) ќе се претопи во една партија без да пукне по шавовите, или процесот на окрупнување ќе произведе нови линии на поделба – овојпат не меѓу блокови, туку внатре во истиот блок. Во последните денови, сигналите од Вреди се двојни и контрадикторни. Од една ...
При трансформацијата на коалицијата Вреди во партија, клучни се два принципа – рамноправноста и консензуалното одлучување, порача претседателот на Собранието и поранешен лидер на Алтернатива, Африм Гаши. Во спротивно, тој е дециден дека Алтернатива нема да биде коалициски партнер на партијата Вреди и во таков случај ќе поднесе оставка на претседателската функција во Собранието. Ова значи дека Алтернатива не се согласува со понудата на ...
Запрашан за позициите на Алтернативата во врска со обединувањето на „Вреди“ во еден политички субјект, Гаши, кој доаѓа од оваа политичка партија, рече дека актуелниот претседател на партијата, Беким Сали, кој воедно е и вицепремиер за евроинтеграции, има негова целосна поддршка. Гаши посочи дека нивниот став е дека обединувањето на „Вреди“ во политичка партија треба да биде засновано врз принципите на рамноправност и консензуално одлучување, ...
Африм Гаши смета дека идеите на Изет Меџити и Билал Касами не е најдоброто сценарио за иднината на Вреди. Според него Вреди мора да да стане една партија, но функционирањето да се заснова на рамноправност и консензуално одлучување – како и досега. Според првиот човек на Собранието преговорите како коалицијата од четири партии да стане една мора да бидат во насока партијата да биде единствена , без да се направи како што вели штета. Гаши ...

