Веќе и официјално, Роџерс Мато повеќе не е играч на Вардар. Фудбалерот кој беше најдобар во есенскиот дел од тековната сезона во македонското првенство, потпиша за шкотскиот Хартс. Овој трансфер на Мато беше најавуван неколку недели, а сега и официјално стигна потврда од шкотскиот тим. Мато е во Единбург, Шкотска, каде што денска ги поминал лекарските прегледи и го ставил потписот на договорот со екипата која е лидер во шкотското првенство. ...
Хартс и официјално го потврди трансферот на Роџерс Мато, кој ќе ја продолжи кариерата во Шкотска уште во текот на зимскиот преоден рок. Крилниот фудбалер си заминува од Вардар по пресврт во преговорите, иако првичниот договор предвидуваше летен трансфер без обештетување. Сепак, Хартс реши веднаш да го ангажира играчот и прифати да плати отштета. Според неофицијалните информации, овој трансфер се најавува како рекорден за македонскиот фудбал. ...
Шкотскиот премиерлигаш Хартс, и официјално пред десетина минути го промовираше Касим Роџерс Мато за свој играч. Шкотите преку социјалните мрежи се пофалија со репрезентативецот на Уганда, и сега веќе екс играч на Вардар со што и официјално завршува сагата околу напаѓачот која што се случи зимава. Истата има среќен крај за сите, односно инволвираните страни кои што беа дел од овој процес, Вардар, Мато и Хартс, може слободно оваа операција да ...

