Меморијални, семејни гробници, и еден мал гроб открија штипските археолози на доцноантичката некропола „Џамлџиски гробишта“ на половина километар од античкиот град Баргала. Некрополата се простира на површина од пет хектари и на неа во гробниците се пронајдени коски на осум починати лица. Пред археолозите на оваа локација „Џамлџиски гробишта“ во 2012 година истражувале и дивате копачи, по што е најдена една гробница. Штерјов вели дека ...
Штипски археолози открија голема и мошне значајна некропола кај археолошкиот локалитет Баргала, кој се наоѓа во подножјето на планината Плачковица, во близина на селото Козјак, во Општина Карбинци. „Проектот, поддржан од Министерството за култура, е во почетна фаза, па засега на Џамалиски гробишта, на оддалеченост од 500 метри од античкиот град Баргала, се откриени осум гробни места. Според првичните сознанија, тие потекнуваат од 4, 5 и 6. ...

