Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, во рамките на програмскиот сегмент „Зимски МакеДокс“, организира проекција на документарниот филм „Тата“ на Лина Вдови и Раду Чорнициу, проследена со дискусија со режисерите и со експерти на темата. Проекцијата на документарниот филм „Тата“ (Романија / Германија / Холандија, 2024, 84 мин.) ќе се одржи на 11 февруари (среда), во 20 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ...
Во рамките на програмата „Зимски МакеДокс“ на 11 февруари, во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе биде прикажан документарниот филм „Тата“ (2024) на Лина Вдови и Раду Чорнициу, а авторите ќе бидат присутни на проекцијата. Документарниот филм „Тата“ („Tata“) на Лина Вдови (Lina Vdovîi), создаден во соработка со режисерот Раду Чорнициу, е повеќе од обична хроника на едно семејство. Тоа е храбро соочување со генерациската траума, со ...

