Прекините на пазарот на нафта и деривати во последните денови сè повеќе влијаат врз европските возачи, а сликите од бензинските пумпи во Словенија покажуваат колку брзо стравот од недостиг може да се претвори во секојдневен хаос. Во Словенија, на некои пумпи снемало бензин, дизел и мазут, па граѓаните почнале да се потпираат на апликацијата „Kje je goribo“ (Каде има гориво) за да не ги посетуваат станиците каде што резервоарите се веќе ...
Владата на Словенија воведе ограничување на полнењето гориво, дозволувајќи максимум 50 литри за физички лица и 200 литри за правни субјекти. Мерката доаѓа по неколкудневни проблеми со снабдувањето на бројни бензински пумпи низ земјата. Недостигот е најизразен на пумпите на Петрол, што го потврди и премиерот Роберт Голоб. Тој ги повика трговците со нафта да разгледаат мерки за ограничување на полнењето од страна на странски државјани, ...

