Двократниот европски првак Вардар 1961 ја продолжува авантурата во Европската лига на ЕХФ и со гостувањето кај Бенфика ќе ја отвори главната фаза во натпреварувањето. Вардарци во оваа фаза доаѓаат од подобра позиција бидејќи пренесоа два бода, а Португалците влегоа понатаму со „нула“. Сепак, токму тоа ќе биде мотив за Бенфика која пред своите гледачи ќе се обиде да освои круцијални бодови во борбата за плеј-офот. Според букмејкерите ...

Лидерот во домашното ракометно првенство, екипата на Вардар, попладнево гостува во Лисабон кај екипата на Бенфика во првиот меч од главната фаза на второто по ранг европско натпреварување, Европската лига на ЕХФ. Вардар пренесе два бода во новата група, додека Бенфика е единствениот тим кој од „нула“ тргнува во главната фаза. Досега овие два тима се немаат сретнато во европските купови, но јасно е дека Вардар ќе има сериозен предизвик да ...