Со изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител, правосудството доби нова шанса, а тој доби обврска – да ја врати изгубената доверба кај граѓаните. Ова не е само кадровска промена, туку тест дали системот конечно ќе почне да функционира. Првата и најважна задача е јасна – бескомпромисна борба против високата корупција. Граѓаните со години гледаат како големи случаи се отвораат, а од друга страна многу предмети остануваат заглавени ...
Ниска доверба во институцијата, недостиг од кадар и пари – ова се предизвиците пред кои е исправен новиот државен јавен обвинител, оценува поранешната антикорупционерка Слаѓана Тасева. Според неа, приоритет на обвинителот, Ненад Савески, треба да биде воспоставување на функционално обвинителство, бидејќи внатрешната организација и обезбедувањето интегритет имаат суштинско значење. Тоа, како што вели, е предуслов за враќање на довербата кај ...
Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, се емитува вечерва (23 март 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Зошто судијата Ненад Савески реши да биде јавен обвинител, па макар и државен јавен обвинител, ако статусно судството е над обвинителството – е воведното прашање до новиот јавен обвинител на РСМ, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, во прво негово ...
Не чувствувам ниту товар ниту обврска кон актуелната власт – вели новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за тоа што неговиот избор во Собранието беше поддржан единствено од пратеници од владејачкото мнозинство. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, за критиките од СДСМ дека „предлагачот е толку компромитиран што ја инфицира и биографијата на Савески“, новиот државен обвинител вели дека не се согласува зашто законот е тој што предвидува ...
Не чувствувам ниту товар, ниту обврска кон актуелната власт, вели новиот државен јавен обвинител Ненад Савески за тоа што неговиот избор во Собранието беше поддржан единствено од пратеници од владејачкото мнозинство. За критиките од СДСМ дека „предлагачот е толку компромитиран што ја инфицира и биографијата на Савески“, новиот државен обвинител вели дека не се согласува, зашто законот е тој што предвидува дека предлогот треба да дојде од ...

