Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Железничкиот сообраќај низ цела Србија е привремено суспендиран поради анонимна дојава за експлозивни направи, објави Србијавоз на својата официјална веб-страница. „Србијавоз д.д. ги информира корисниците на услугите дека на 31 октомври 2025 година е примен повик со анонимна дојава дека на сите возови и пруги се поставени експлозивни направи“, се вели во соопштението. Компанијата наведува дека „интензивно соработува со Министерството за ...
Полицијата го уапси го уапси Миша Бачулов, член на градскиот совет и претседател на граѓанската група „Буди херој“ во Нови Сад. Медиумите блиски до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тврдат дека се сомнева дека Бачулов планирал да лажира сопствено труење и да го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ и државниот врв за обид за убиство. Според нивните извори, целта на наводната инсценација била да се предизвика бунт кај граѓаните за ...
Поранешниот албански премиер Фатос Нано почина на 73-годишна возраст по неколкунеделно лекување во приватна болница во Тирана, каде што беше хоспитализиран во тешка состојба по срцев удар. Веста ја објави „Euronews Albania“, наведувајќи дека Нано бил во во тешка состојна со недели пред да им подлегне на компликациите. Нано е една од клучните политички фигури на албанскиот транзициски период: основач и прв лидер на Социјалистичката партија и ...
Студентите во блокадата објавија распоред на комеморативниот собир во Нови Сад на својот Инстаграм профил. Голем комеморативен собир ќе се одржи во Нови Сад утре, 1 ноември, во спомен на 16-те жртви од уривањето на кровната покривка. Студентите и граѓаните ќе ги напуштат своите локации за протестот во 10:30 часот, а ќе се соберат пред железничката станица во Нови Сад во 11:30 часот. View this post on Instagram A post shared by Studenti PMF-a u ...
Осум месеци по парламентарните избори, Косово се соочува со најдлабоката институционална криза од прогласувањето на независноста. Премиерот Албин Курти не успеа да формира нова влада, а предвремените избори се сè поверојатно дека ќе се одржат оваа година. Мандатот на претседателот Вјоша Османи истекува во април следната година, што дополнително ја зголемува политичката неизвесност, анализира ДВ. Курти, лидер на Движењето Самоопределување, кое ...
Турција ги интензивира разговорите со западните сојузници во обид да ги модернизира своите воздухопловни сили и да ја врати стратешката предност во регионот, објави Ројтерс, повикувајќи се на неименувани извори. Анкара, членка на НАТО со втора најголема армија во алијансата, купува 40 европски авиони „Еурофајтер Тајфун“, како и американски авиони „Ф-16“ и „Ф-35“, и покрај претходните санкции на САД што ја блокираа продажбата поради купувањето ...
Иако пожарот во рестораните беше брзо изгаснат, беше предизвикана значителна материјална штета. Денот по овие инциденти, жителите на Бар, странците, локалната самоуправа таму и бизнисмените се здружија за да им помогнат на турските граѓани да ги санираат штетите на рестораните и да ги рестартираат своите бизниси, пишува Вијести. Харун Каја, сопственик на ресторан за брза храна на улицата Мила Бошковиќ во центарот на Бар, вчера постави знак на ...
Грција од почетокот на следната година ќе овозможи доброволно приклучување на жени во вооружените сили, соопшти Министерството за одбрана. Обуката ќе трае од шест до 14 месеци и засега ќе се спроведува само во копнените сили. Според министерот за одбрана Никос Дендиас, целта е да се промени културата во армијата и да се обучат жени кои, доколку е потребно, ќе служат заедно со мажи. Ќе бидат формирани и посебни женски единици со 100 до 150 ...
Утре ќе се одржи комеморацијиа на 16-те жртви од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, на годишнината од трагедијата што создаде нова слика за Србија, досега непрепознатлива. Ужасниот настан донесе со себе масовен протест на граѓани и студенти, проследен со сцени на единство, но и борба на режимот за опстанок, анализира „Индекс.хр“. Граѓаните и студентите низ цела Србија со денови пешачеа до Нови Сад за да одбележат ...
Проширувањето на Европската унија носи пазар, инвестиции и надеж за побрза конвергенција — но и ризик што ретко се изговара наглас: уште побрз одлив на квалификувани луѓе од послабите кон побогатите економии, штом се отвори целосната слобода на движење. Историјата на претходните проширувања ни е позната: Романија и Хрватска втасаа на илјадници лекари, инженери, градежници и техничари, додека дома останаа празни болници и недостиг во ...
Владата на Црна Гора ја заострува својата политика кон странските државјани по серијата инциденти во главниот град Подгорица. Државјаните на Турција од 30 октомври се повторно под систем на визи, како резултат на неколку дена на масовни напади, говор на омраза и антимигрантска атмосфера. Инцидентите почнале по тепачка меѓу црногорски и странски државјани, при што еден граѓанин беше ранет, а полицијата привела тројца Азербејџанци и еден Турчин. ...
По инцидентот што ја потресе подгоричката населба Забјело во саботата, црногорската полиција приведе десетици странски државјани и спроведува низа проверки, додека двајца мажи од Азербејџан и Турција се уапсени под сомнение за учество во насилството. Во меѓувреме, нападнат е и бар во турска сопственост. Како што соопшти Полициската управа, уапсени се азербејџанскиот државјанин Ј.Г. (31) и турскиот државјанин Н.Д. (54), осомничени за кривично ...
Забавна сцена во Парламентот на БиХ ги изненади пратениците среде сериозната дебата за државниот буџет. За време на дебатата за државниот буџет на седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, се случи ситуација што ги насмеа пратениците, но и ги збуни. Сè започна кога пратеникот на Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, за време на својот говор, коментираше за симболиката на седницата, велејќи дека министерот за финансии ...
Во многу земји, постојат градови кои ги зачувуваат вековните традиции, со тесни улички, локални пазари и ракотворби. Посетата на вакви места носи автентично искуство и мир. Од планински езера до скриени водопади и недопрени шуми – природата е идеална за бегство од градските гужви. Најдобро е да се истражат пешачки патеки кои се познати кај локалното население, но не се популарни кај туристите. Скриените места често нудат автентични ресторани, ...
Во 2026 година почнуваме со доброволно служење воен рок за жени. Ќе започнеме со создавање на единица од 100 до 150 доброволки, за да можеме жените уште повеќе да ги поврземе со армијата, бидејќи во редовниот професионален состав сме во добра состојба, 17 отсто од кадрите во грчките вооружени сили се жени, што е приближно на светскиот просек, посочи министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас за време на учеството на конференцијата на весникот ...
Илјадници претежно млади луѓе во Србија започнаа дводневен марш од Белград со цел да се приклучат на голем собир во Нови Сад овој викенд, со кој ќе се одбележи годишнината од смртоносната катастрофа на железничката станица. Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад уби 16 лица на 1 ноември минатата година, а трагедијата предизвика протестно движење предводено од млади против автократскиот претседател Александар Вучиќ, пишува ...
Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев порача дека не постои друга корисна перспектива за Западен Балкан освен Еевропската Унија. Препорачано Тој во одговор на прашањето на БГНЕС во врска со зголеменото влијание на Русија и Кина на Балканот, вели дека таму каде што Европската визија за интеграција е отсутна, европскиот проект е изложен на ризик од имплементирање на други, трети елементи. „Ова е причината зошто инсистираме и веруваме ...
По убиството во Ново Место, каде што беше убиен 48-годишен маж, словенечките власти донесоа одлука за зајакнување на безбедносните мерки во Доленска. Во регионот е распоредено засилено полициско присуство, а Советот за национална безбедност одлучи да активира мешовити патроли составени од припадници на полицијата и словенечката војска. Препорачано Војската ќе ја поддржува полицијата со човечки кадар и техничка опрема, објави РТВ Словенија. ...
Бројот на американски граѓани кои инвестираат во грчки недвижности преку програмата „златна виза“ се зголеми за 40 проценти на годишно ниво во третиот квартал од 2025 година, според податоците објавени денес, објави Политика. Зголемувањето на интересот доаѓа и покрај заострувањето на условите од 2024 година, кога минималната инвестиција беше зголемена на 800.000 евра за купување недвижности во Атина, Солун и поголемите острови, додека во ...
Станува збор за млади на возраст од 25 до 34 години Еден српски државјанин и двајца Хрвати загинале во сообраќајна несреќа додека бегале од рутинска контрола на полицијата, соопшти полицијата во Брауншвајг, Германија. Полицијата соопшти дека во саботата попладне 34-годишен Србин се движел со голема брзина по федералниот автопат 4, ја изгубил контролата при престигнување, се судрил со автомобил во спротивната лента, прелетал преку оградата на ...
Во срцето на Срем, во заштитениот природен резерват Засавица, се произведува еден од најретките и најскапите млечни производи на планетата – сирење од магарешко млеко познато како пуле. Неговата цена достигнува до 1.300 евра за килограм, а причината за ова лежи во исклучително ограниченото производство и специфичниот метод за добивање млеко, пишува Србија данас. Магарињата се молзат рачно, три пати на ден. Во просек, секое дава само помеѓу еден ...
Балканска страница на „Редит“ се „запали“ откако српска снаа го презентираше својот случај. „Пред сѐ, ова е вистина. Затоа ве молам коментирајте имајќи го тоа предвид“, почна жената која се претстави како Турчинка мажена за Црногорец, „кој се смета себеси за Србинка и е многу конзервативна и патриотска личност“. А потоа дополнително ја „искомплицира“ ситуацијата, пренесува „Нова.рс“. „Пред неколку години направив ДНК тест бидејќи имам дедо од ...
Добивај вести на Viber Турчин oставил порака пред својот ресторан во Бар откако демонстранти сѐ му уништиле, затоа што претходно турски државјани нападнаа и прободеа црногорски граѓанин во Подгорица. Откако стаклото од влезната врата му било скршено со тула непосредно пред полноќ и низ пукнатината бил фрлен молотов коктел, предизвикувајќи пожар, овој турски граѓанин вели дека не се чувствува исплашен, но дека повторно ги видел добрите намери и ...
Атина, 30 октомври 2025 (МИА) – Со нетрпение очекувам да соработувам со Вас за постигнување трајно решение за Кипар, му напишал генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на лидерот на кипарските Турци Туфан Ерхерман во писмото со честитка за неговата победа на изборите, информираа од кабинетот на Ерхерман, јави дописничката на МИА од Атина. Гутереш во писмото ја реафирмирал неговата „цврста посветеност на безбедноста и ...
По трагичниот настан во Ново Место, каде што животот го загуби 48-годишен маж, словенечките власти ги засилија безбедносните мерки во областа Долењск. Голем број полицајци се распоредени на терен, а Секретаријатот на Советот за национална безбедност се согласи да активира мешани патроли составени од словенечката полиција и армија. Армијата ќе ја поддржува полицијата со човечка сила и опрема, јавува РТВ Словенија. Активирање на Законот за одбрана ...
На 13 ноември во Рим ќе се одржи заедничка седница на албанската и италијанската влада. „Ова е првпат да се одржи заедничка седница меѓу владите на двете земји. На истата ќе бидат потпишани неколку договори, а на крајот ќе дадат изјава премиерите на двете земји, Еди Рама и Џорџа Мелони, објави Ора њуз. Освен што ова е прва заедничка седница на владите на двете земји исто така ова ќе биде првпат Италија да потпише договори со земја која не е ...
Простор за спиење во општина Инџија е обезбеден за 2.500 ученици кои пешачат до Нови Сад, а другата половина – ќе мора да спијат под отворено небо. Повеќе од 5.000 студенти ќе преноќат во Инџија, а покрај тоа што локалната самоуправа, односно директорите на средните и основните училишта, им одбија сместување, се чини дека тие работат на тоа да им го отежнат престојот на учениците во оваа општина што е можно повеќе. Уредничката на IN Media, ...
„Дедовците на Србија секогаш се тука за нашите деца и младите“, изјави Јовановиќ, кој заедно со студентите ја запеа песната „Пчелица“. Тој објасни дека тргнал на патувањето за да ја изрази својата човечка и морална солидарност со настраданите и нивните најблиски. „Сакав таму, на местото каде што ги загубија животите, да дадам заклетва дека нема да се запрам сè додека правдата не биде задоволена“, рече актерот. Колоната, во која има стотици ...
Вкупно осуммина, меѓу кои и четворица полицајци на МВР на Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина, се осомничени за кривично дело трговија со луѓе, поврзано со искористување на две малолетни девојчиња, родени во 2009 година, за цел – проституција. Препорачано Тие утрово се предадени во надлежност на Кантоналното обвинителство во Тузла, а станува збор за полицајците Бесим Копиќ (51), Миралем Халиловиќ (46), Јасмин Модриќ (30) и Џевад Пожегиќ ...
Атина, 30 октомври 2025 (МИА) – Во акција на крајбрежната служба на Грција во морскиот дел на 19 наутички милји југозападно од малиот грчки остров Гавдос, рано утрово биле спасени околу 79 мигранти кои се превезувале со чамец, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба информираа дека во спасувачката акција, координирана од Националниот координативен центар за потрага и спасување, вклучени биле патролен брод, дрон на Фронтекс, ...