На граничниот премин Бајаково–Батровци утрово биле регистрирани задржувања до пет часа на одредени правци. Големи колони има поради засилениот туристички сообраќај кон Јадранското Море. Задржувања од неколку часа биле пријавени и на Товарник–Шид и на помалите премини меѓу Хрватска и Србија. Гужви има и на наплатните станици, тунелите и јазлите на хрватските автопати. Хрватскиот авто-клуб ги повика возачите да ја следат состојбата во реално ...

Во Урошевац, град во Косово именуван по последниот српски цар, Стефан Урош, е покрената петиција „За Феризај без Урошевац“, со која се бара од Собранието на таканареченото Косово да ја укине службената употреба на името „Урошевац“ и да го користи исклучиво името „Феризај“ во сите документи и официјална комуникација на институциите. Феризај, по кого Албанците го именувале овој град, бил човек за време на османлиската ера, кој бил на чело на ...

Грчката полиција уапси тројца осомничени откако работник вчера загина во силна експлозија која одекна во фабрика за оцет во близина на грчкиот град Коринт, објави „Иефимеридa“. Властите ги уапсиле 47-годишниот сопственик на компанијата, 46-годишниот одговорен за безбедност и 46-годишниот раководител на производството. Според првичните информации, експлозијата се случила додека 67-годишен работник вршел заварување во близина на инсталација за ...

Вкупно 6,2 тони несоодветни прехранбени производи од животинско потекло биле запленети за време на обемна инспекција спроведена од инспекциските тимови на Регионот Атика, јави Прототема. Поконкретно, инспекцијата започнала во објект за производство и преработка на месо во Илион. Таму, регионалните инспектори откриле дека бизнисот наведен во нивните евиденции престанал да работи, додека друга компанија работела во истите простории без ...

Автобус полн со патници вчера пробил заштитна ограда и преминал во спротивната лента на еден од главните булевари во Софија, при што четири луѓе биле повредени, објави „Новините“. Автобусот, кој сообраќал од населбата Младост кон Орлов мост, ја пробил централната ограда кај клучката „Четврти километар“ на булеварот „Цариградско шосе“. Бетонските заштитни бариери спречиле возилото да падне од надвозникот. Според бугарските медиуми, во ...

Вистински хаос се случил во бугарскиот град Средец, каде што масовна тепачка меѓу две семејства прераснала во насилен судир во кој биле употребени секири, мотики и дрвени стапови. Во инцидентот се повредени четири лица, а полицијата интервенирала за да ја стави ситуацијата под контрола. Според информациите на Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас, инцидентот бил пријавен околу 21:45 часот во саботата, 26 јули. ...

Вознемирувачка снима од Хрватска го шокира регионот. Немоќен млад човек беше брутално претепан, газен и влечен по улица, додека нападот беше снимен. Полицијата трага по напаѓачите. Полициските службеници спроведуваат интензивна криминалистичка истрага и работат на утврдување на идентитетот на лицата поврзани со физичкиот напад врз млад човек на улицата Зајчева, во центарот на Славонски Брод, неофицијално пренесува порталот SBOnline. Нападот ...

Тридневен топлотен бран до среда ќе ја зафати цела Грција, при што температурите на места ќе достигнат и над 40 степени Целзиусови, јавуваат грчките медиуми. Поради најавените екстремно високи температури, заседаваше Специјалната комисија за проценка на ризици, а Цивилната заштита упати препораки до граѓаните да избегнуваат подолг престој на сонце, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемената опасност од ...

Србија во овој момент не може да стави вето на членството на Украина во Европската Унија. Белград сè уште е кандидат, а правото да блокираат одлуки го имаат само земјите членки. Но, доколку Србија влезе во Унијата пред Украина и ги добие сите права што произлегуваат од членството, теоретски би можела да го употреби ветото во една од фазите во кои е потребна согласност од сите држави. Таквото сценарио засега не е официјална политика на ...

Суд во хрватскиот град Сплит му одреди притвор на 21-годишен Норвежанец, морнар, за кого полицијата се сомнева дека силувал 19-годишна девојка од Ирска. Според хрватското обвинителство, инцидентот се случил на 19 јули, пренесува „Јутарњи лист“. Полицискиот извештај вели дека двајцата се запознале во ноќен клуб во Сплит околу еден часот по полноќ. Откако испиле по една пијачка, тие со такси се упатиле кон плажата Бачвице, а потоа влегле во ...

Албанскиот пратеник и лидер на партијата „Можност“, Агрон Шехај, е обвинет дека украл доверливи документи од канцеларија во Парламентот, додека траела пленарна седница. Станува збор за нацрт-договор за заем од 302 милиони долари од САД, а кога службеничка се обидела да го спречи, паднала по скали во законодавниот дом, што е забележано и на надзорните камери, јавуваат албанските медиуми. По инцидентот, претседателот на пратеничката група на ...

Во Нови Сад, Србија, денеска околу 13 часот, избувнала тепачка меѓу неколку луѓе во близина на градилиште, пишува Нова.рс. Екипи на брза помош и полиција излегле на местото на настанот. Според првите и неофицијални информации, има повредени. Тепачката наводно се случила кога работниците на градилиштето, кои се странски државјани, го нападнале инвеститорот и неговото приватно обезбедување поради неисплатени плати. ВИДЕО | Општа тепачка на ...

Во местото Пољане, во близина на Обреновац, избувнал пожар на покривот од куќа која во моментот била празна, бидејќи сопственикот не живее таму, туку во населбата Велики Борк. Според неофицијални информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар од гром за време на невремето што го зафати регионот. Бидејќи во куќата немало никого, нема повредени лица. На местото брзо пристигнале пожарникарски екипи, кои успеале најпрво да го ...

Денес, Србија го екстрадираше Марко Килибард (39), за кој се верува дека е член на „Кавачки клан“, во Црна Гора. Килибарда е осомничен во Црна Гора за тешко убиство, обид за убиство и создавање криминална организација. „Службеници на Брзиот тим за целни претреси на НЦБ Интерпол Подгорица и Специјалната полициска единица, во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Србија, денес успешно го екстрадираа меѓународно бараното ...

Во цела централна и источна Европа каде што тече, реката Дунав деновиве е на рекордно низок водостој, јавува „Ројтерс“. Поради ова, во Хрватска во реката се открил товарен број кој потонал во далечната 1937 година. Станува збор за унгарскиот брод „Фултон“, кој превезувал 50 вагони јаглен во Нови Сад. Дунав поминува низ десет земји: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Молдавија и Украина. Од ...

Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 43-годишната С.С. од Скопје, осомничена за кривичното дело убивање и мачење животни, откако со автомобил прегази и усмрти куче од расата шарпланинец. Според судот, притворот е определен поради опасност од бегство, бидејќи таа по настанот наводно се обидела да ја напушти Црна Гора, но била уапсена од полицијата. Според информациите на црногорските медиуми, инцидентот се случил откако ...

Менструално отсуство во Црна Гора ќе можат да користат вработени жени со дијагностицирана секундарна дисменореја, откако пратениците на 27 јули ги усвоија измените на Законот за задолжително здравствено осигурување. Новото право предвидува до два платени дена отсуство месечно, со надомест во висина од 100 проценти од платата. Сепак, законот не воведува автоматски слободни денови за секоја жена која има менструални болки. Правото е ограничено ...

Добивај вести на Viber Филипинец кој работи во Хрватска, познат под името Брај објави видео на Инстаграм во кое откри што го научил животот во оваа земја. Прво, тој нагласува дека сфатил дека понекогаш треба да се забави. „Животот не е трка. Ние Филипинците растеме верувајќи дека сме продуктивни ако сме секогаш на работа. Понекогаш забораваме да се грижиме за себе. Животот во Хрватска ме научи на спротивното“, рече тој на почетокот, ...

Државната разузнавачка агенција (ДАР) на Република Бугарија зборува за надворешно влијание и активност на глобални и регионални фактори на штета на интересите на Бугарија во балканскиот регион во 2025 година, се наведува во годишниот извештај на аганцијата, чии делови пренесуваат бугарските медиуми. Проценките се во контекст на глобалната безбедносна средина во 2025 година, која, според бугарската служба, се карактеризира со континуирано ...

Владата на Црна Гора донесе уредба според која граѓаните на земјите кои претставуваа несовпаѓање помеѓу визниот режим на Црна Гора и Европската Унија – Белорусија, Кина, Русија, Саудиска Арабија и Турција – ќе треба да имаат виза за влез во Црна Гора од 1 ноември 2026 година. Ова денес го објави Министерството за надворешни работи на Црна Гора, откако Владата на таа земја на 23 јули 2026 година ја донесе Уредбата за измени на Уредбата за ...

Вистинска драма се одвиваше во попладневните часови во Дубровник, каде што, поради големи бранови и тешки услови во морето, беше организирана итна спасувачка операција за спасување на три лица. Сè започна кога еден пливач се најде во исклучително опасна ситуација и не можеше сам да излезе на површина или да стигне до карпестиот брег. Во обид да му помогне, странски државјанин скокна во морето без двоумење, но бурните бранови набрзо и него го ...

Видео снимено на една од најпознатите плажи во Макарска предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, отворајќи нова дебата за масовниот туризам и гужвите во екот на летната сезона. На снимката се гледа плажа исполнета речиси до последен метар, со пешкири, лежалки, чадори и реквизити поставени еден до друг, додека посетителите се обидуваат да пронајдат слободно место покрај морето. Видеото брзо стана вирално, а коментарите беа поделени. Дел ...

Во пожар што избувна во фабрика за производство и пакување оцет во близина на градот Коринт на грчкиот полуостров Пелопонез, животот го загуби едно лице, а најверојатно на пожарот му претходела силна експлозија, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција околу 13.30 часот биле известени за пожарот по што веднаш интервенирале 35 пожарникари, еден пешадиски тим, 11 возила и волонтери, како и ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Инстаграм објави видео во кое се осврна врз заканите по живот упатени до него преку социјалните мрежи. Порача дека не се чувствува загрозено и дека му простува на авторот на снимката, пишува „Anadolu“. Вучиќ во видеото прво им се обрати на граѓаните и најави снимка за која рече дека ќе ги шокира. Потоа беше прикажан исечок во кој маж со нож директно му се заканува со убиство на ...

Полицијата во Врање, постапувајќи по наредба на Основното јавно обвинителство во овој град, го уапси Т. П. (39), македонски државјанин, кој е осомничен дека со измама одзел пари и накит од две жени во Врање, соопшти денес Полициската управа во Врање. Т.П. е осомничен дека на пред два дена отишол во куќата на 87-годишна жена во Врање и од неа зел голема сума пари, како и дека зел пари и златен накит од друга, 69-годишна жена. Измамникот се ...

Црна Гора одамна е привлечна за купувачите на инвестицииЦрногорскиот брег, од Улцињ до Игало нуди широк спектар на цени, анализира “Еuronews.rs“ Цената на недвижностите зависи од тоа колку е оддалечен имотот од морето, дали се наоѓа во центарот или надвор од градот, како и дали е нова зграда или стара зграда. Јужниот дел на Црна Гора е генерално поповолен, но таму е потешко да се генерира висок приход од кирија. Црна Гора во моментов ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека ќе се обиде правно да му помогне на човекот кој синоќа бил уапсен под сомнение дека на социјалните мрежи му се заканувал со смрт, објави „Данас“. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) „Јас не сум обвинител, ниту сум судија, и колку и да е одвратно да се слуша ова, ќе се обидам да му помогнам. Ќе кажам дека не се чувствувам загрозен, а ...

Предесет и петгодишен маж беше уапсен вчера во Крагуевац поради упатување смртни закани кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој упатил низа јавни и монструозни закани на социјалната мрежа Фејсбук во кои детално опишал како ќе го изврши злосторот. Имено, човекот се заканил дека ќе го убие претседателот на Србија со отсекување на главата, снимајќи се себесеи како мафта со голем нож. Поради заканите припадници на Министерството за ...

На Рибариќкото Езеро, од 26 до 30 јули, ќе се одржи Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“, која ќе собере околу 150 учесници од поранешните југословенски републики, како и млади од Турција, од збратимените општини Бајрампаша и Пендик. Во акцијата учествува и бригадата „Македонија“, во чии рамки петнаесеттина учесници се од градот Велес. Вчера е одржан настанот со кој свечено е отворена Младинската работна акција, а целта на акцијата е ...

Драма на летот од Осло кон Дубровник. Патнички авион на компанијата „Norwegian Air Shuttle“ бил принуден вонредно да слета во Виена, откако за време на летот напукнал еден од прозорците. Авионот безбедно слетал, а за патниците е обезбеден заменски авион за продолжување на патувањето. Авионот на летот DY1922 на авиокомпанијата Norwegian Air Shuttle полетал од Осло во 6:45 часот, а на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник требало да слета ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Кобалт

33.53