Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Косовската полиција соопшти дека денеска попладне добила дојава за сомнителна експлозивна направа на Автобуската станица во Приштина, пренесува „Коха“. Портпаролот на полицијата за регионот на Приштина, Енис Плана, изјави дека полицијата веднаш по примањето на информацијата ги презела сите неопходни безбедносни мерки во тој реон. „Ангажирани се надлежните единици со цел да се провери информацијата“, изјави тој. Во текот на изминатите месеци ...
„Добро утро од Полихроно. 7:20 'нема' место на плажа“ - гласеше една интересна објава на социјалните мрежи на туристка која се наоѓа во Грција. Имено, во Фејсбук групата „Грчка инфо“ беше споделена ваква објава, каде српска туристка го долови моментот од раните утрински часови на плажите во Полихроно, на кои веќе биле поставени пешкири и столчиња и чадори, иако не можеше да се забележат голем број на луѓе. Објавата привлече голем број ...
Дванаесетгодишно момче од Србија денес е извлечено во несвест од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, Грција, по што е вратено во живот со реанимација, а потоа е хоспитализирано. Како што објави „Прототема“, на момчето му е укажана прва помош од спасувачи кои извршиле реанимација откако е извлечено од морето. Потоа со брза помош е префрлено во здравствениот центар во Касандрa, каде што лекарите ја стабилизирале неговата состојба a ...
Иако цените за летување во повеќето делови од Јадранот се зголемуваат од година во година, сè уште има места каде што можете да се опуштите без голем удар врз вашиот буџет. Едно од нив е Чањ, мал град на црногорскиот брег кој во последните години привлекува сè повеќе гости благодарение на своите прифатливи цени и потивка атмосфера, пишува metropolitan.si. Сместен помеѓу Сутоморе и Петровац, Чањ не е дестинација позната по луксузни хотели, ...
Авион не успеа да полета од солунскиот аеродром „Македонија“ кон Германија бидејќи во еден од моторите на авионот била пронајдена птица, пренесува локалниот информативен портал Теспост. Авионот, во кој требало да се качат околу 150 патници, бил планиран за почеток на летот вчера рано навечер. Меѓутоа, по подолг престој кај излезот за качување, патниците биле официјално известени дека летот се откажува поради утврдено присуство на птица во ...
Периодот од вторите десет дена од јули до последните десет дена од август е периодот во кој се случиле 23-те најголеми шумски пожари во Грција од 2007 година до денес, според анализата на метеоролошката служба Метео на грчката Националната опсерваторија, што конкретниот период го посочува како најопасен за појава на шумски пожари, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео преку анализата на пожарите во последните речиси 20 години одговараат ...
Фото: Православна автокефална црква на Албанија Православната автокефална црква на Албанија успешно ги заврши своите годишни летни кампови за деца и млади, во кои учествуваа млади од различни делови на земјата, поминувајќи неколку седмици во духовно надградување, заедништво и рекреација. Меѓу позначајните настани беше Вториот летен камп за девојки тинејџерки, кој се одржа од 20 до 27 јули во манастирот „Свети Јован Владимир“ во Шијон, ...
Премиерот Еди Рама го започна утрово со објава на социјалните мрежи, каде што објави неколку фотографии од напредокот на работите на Коридорот VIII Елбасан-Ќафасан. Споделувајќи погледи од градилиштето, Рама нагласува дека работите продолжуваат со брзо темпо и дека оваа инвестиција значително ќе ја подобри поврзаноста на Корча и целиот југоисток со остатокот од земјата. „ДОБРО УТРО и со оглед на тоа што работите продолжуваат со брзо темпо на ...
Нови пожари избувнаа во Грција во последните часови, додека високите температури, сушата и силниот ветер повторно ја зголемуваат опасноста од брзо ширење на огнот во повеќе делови од земјата. Грчката противпожарна служба предупредува на многу висок ризик во Атика, Пелопонез, на Егејските острови и на Халкидики. Температурите и денеска достигнуваат околу 40 степени, а во шумските подрачја се засилени полициските и воените патроли. Властите ги ...
По пожарите што зафатија повеќе делови на Грција во изминатиот период, завршија проверките од Генералната дирекција за санација на последиците од природни катастрофи и спроведени 325 увиди со цел евиденција на штетите, процена на состојбата на објектите и навременото активирање на постапките за државна помош за погодените, при што 118 објекти биле обележани како „црвени“, односно несоодветни за употреба, јави дописничката на МИА од Атина. Од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе ја оствари својата прва официјална посета на Белград, соопшти кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Деталите за посетата не беа откриени, а вчера, најавувајќи го доаѓањето на украинскиот шеф на државата, Вучиќ им рече на новинарите дека имаат „неколку теми“, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и Србија. „Се соочуваме со истите проблеми на тој пат, па верувам дека ќе ...
Во Грција се изрекуваат казни и за бавно возење. Доколку не се почитува означената минимална брзина прикажана на синиот кружен сообраќаен знак со бела цифра, следува глоба од 30 евра. Според Законот за сообраќај во Грција, казна може да добие и возач кој се движи неоправдано бавно, бидејќи таквото возење го попречува нормалниот тек на сообраќајот и ги принудува останатите учесници да менуваат ленти и да претекнуваат, што ја зголемува ...
Екстремно ниското ниво на водата на Дунав во Бугарија откри делови од темелите на древниот мост на римскиот император Константин I, од четвртиот век од н.е. Ова им даде на бугарските археолози ретка можност да документираат едно од најимпресивните инженерски достигнувања на Римското Царство, објави денес регионалниот историски музеј во Плевен. Претставникот на музејот во Плевен, Павел Попов, рече дека „за археолозите овие моменти се ...
Државното обвинителство во Загреб на 30 јули соопшти дека сослушало српски државјанин, роден во 1993 година, под сомнение за повеќе кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци, како и за неовластено користење лични податоци. По сослушувањето, обвинителството побара од судија на Жупанискиот суд во Загреб да одреди истражен затвор поради опасност од бегство, попречување на постапката и опасност од повторување на делото; судот ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, треба да пристигне во Србија на 8 август, што ќе биде негова прва посета на оваа земја. Оваа информација беше потврдена за „Киев Индепендент“ од висок украински функционер. Посетата се смета за симболично важна бидејќи Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Белград се обидува да ги балансира своите врски со Москва и ...
Пожарникарите-спасители од Србија, кои неодамна учествуваа во гаснењето на шумските пожари во Шпанија, веднаш по враќањето се упатиле кон Делиблатската Пешчара. Таму продолжиле со интервенциите на големиот пожар што избувна во ова подрачје. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека гаснењето на пожарот претставува исклучително сложена операција. Тој најави дека за првпат во акцијата ќе бидат ангажирани и хеликоптери на Војската ...
Судот во Сплит изрече парични казни за брачен пар поради нарушување на јавниот ред и мир за време на нивниот престој во вила. Мажот е казнет со вкупно 400 евра, додека неговата сопруга треба да плати 700 евра. Случајот пред судот се водел поради пријави за бучава, поставување базен на балкон без дозвола и наводно капење и движење во топлес. Станува збор за 58-годишен дигитален номад и неговата 44-годишна сопруга, кои според хрватските ...
Во Србија се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година, соопшти Институтот за јавно здравје во Белград. Заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста. „Батут“ препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, носење светла облека со долги ракави и ногавици, ...
Генералот Јово Поповиќ беше клучен воен и безбедносен стратег во време кога СФРЈ одржуваше исклучително блиски врски со земјите од Движењето на неврзаните, а многу луѓе велеа дека е двојник на Тито. Меѓу штабовите на тајните служби на поранешна Југославија, малку се имињата што сè уште се обвиткани во таков превез на мистерија како што е случајот со генералот Јова Поповиќ. Поранешниот шеф на престижниот Институт за безбедност и врвен експерт ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов нема реални услови да ја посети Србија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. — реклама — Одговарајќи на новинарско прашање, Вучиќ посочи дека наскоро во Србија ќе бидат распишани избори, а во САД следуваат и изборите за Конгресот (midterm избори), поради што, според него, посета во овој период не е реална. — реклама — — реклама — „Кога тоа ќе заврши, ќе бидат можни посети на ...
Вкупно 46 отсто од граѓаните на Србија би размислиле да гласаат за изборна листа формирана од студентското движење, покажува новото истражување на Меѓународниот републикански институт од Вашингтон. На истото прашање, 40 отсто од анкетираните одговориле дека не би размислувале да ја поддржат студентската листа, додека останатите не дале определен одговор. Истражувањето не мери конечна изборна определба, туку подготвеност на испитаниците да ...
Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави денеска дека продолжувањето на процесот на конституирање на Собранието без постигнување договор за избор на претседател на Косово би можело да го отежне постигнувањето договор со една од парламентарните партии и практично да го одведе Косово на нови избори. На конференцијата за медиуми по прекинот на конститутивната седница, Курти побара дополнително време за продолжување на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не е „во никаква функционерска кампања“ и дека својата работа „ќе продолжи да ја врши вредно и чесно до последниот ден од престојот во зградата на Претседателството“. На прашањето од новинари дали е во функционерска кампања со оглед на тоа што ја обиколува Србија, Вучиќ рече дека „се извинува“ што не оди на летување, што не се сонча и што си ја врши својата работа. Од нашата мрежа Голем ...
Фронтот што се приближува кон Балканот ќе донесе посилна атмосферска нестабилност во наредните денови, со можност за грмотевици, град и силни налети на ветер. Според прогнозата на Метео Балканс, најранливи ќе бидат северна Бугарија и областа покрај Дунав, каде што налетите на ветер би можеле да достигнат 80 километри на час. Промената доаѓа по долг период на екстремен топлотен бран и суво време што го зафати поголемиот дел од Балканскиот ...
Мистеријата со глисерот кој беше пронајден како бесцелно плови низ Егејското Море без патници доби трагичен епилог. Грчките власти го пронајдоа телото на последниот исчезнат турист од групата која доживеала несреќа кај островот Сими. Според информациите од крајбрежната стража на Грција, телото на мажот било пронајдено во утринските часови во морскиот дел западно од Сими, а подоцна било идентификувано како осмиот патник од едрилицата. Телото ...
Поранешниот воен аеродром во Доброславци, каде што летовите завршија пред 25 години, треба да стане европски напреден вселенски и одбранбен центар. Проектот, заснован на јавно-приватно партнерство, официјално беше започнат со потпишување меморандум за разбирање меѓу владата и „Starbase Europe“ за време на посетата на премиерот Румен Радев на локацијата, пренесува „Novinite“. Од нашата мрежа Тајсон откри кој активен боксер најмногу го ...
Граѓаните во Албанија отсега можат електронски да поднесат барање за корекција или ажурирање на својата адреса преку порталот е-Албанија, без потреба од посета на административните шалтери. Националниот адресен систем (НКА) претставува единствен и стандардизиран регистар кој овозможува прецизна идентификација на улиците, зградите и административните единици низ целата земја. Менаџерот за информатичка технологија во Дирекцијата за ИКТ при ...
Полицискиот синдикат на Словенија (ПСС) повика на темелна и непристрасна истрага за сообраќајната несреќа во која учествуваше словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, вклучително и утврдување дали конвојот користел звучни и светлосни сигнали во моментот на судирот, објави 24ur. Поранешниот директор на Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА), Андреј Рупник, во емисијата 24UR Звечер, предупреди за повеќекратни безбедносни ...
На социјалните мрежи се сподели видео од Улцињ, Црна Гора во кое се сведочи како возило „бмв“ со тетовски регистарски таблички непрописно се паркирало и го затворило излезот за осум други возила. Во видеото, на кое се слуша дека го снима жена која повика доколку некој го познава возачот или доколку случајно сам го види видеото, да дојде и да реагира побрзо, бидејќи ќе бидат приморани да повикаат полиција, иако напомена дека тоа не ѝ било ...
Бројот на мигранти кои по морски пат пристигнуваат во Грција се намалил за 34 отсто во првата половина од 2026 година во споредба со истиот период минатата година. Податоците ги објави грчкиот министер за поморство Василис Кикилијас на социјалната мрежа „X“. Од почетокот на годината се евидентирани 15.389 пристигнувања, додека во првите шест месеци од 2025 година беа забележани 23.243 пристигнувања, пишува „Еуроњуз“. Статистиката покажува ...