Се случи и тоа, падна Артан Груби! Независно од претпоставките за тоа дали Груби самиот решил да се предаде или му било шепнато да го стори истото, нема да биде претерано доколку се каже дека неговото апсење претставува еден од најзначајните политичко-правни настани, не само во времето на мандатот на актуелната влада, туку и во поновата историја на Македонија. Самиот чин по себе е настан без преседан. Без оглед на конечниот судски епилог, ...

Ако некој од страна ја следи македонската политика, ќе помисли дека живееме во маалска серија со премногу ликови и без ниту еден нормален сосед. Секој секого знае „од поодамна“, секој со секого бил „ортак“, а секој втор е осомничен, само уште судот не стигнал да го прочита сценариото. ВМРО-ДПМНЕ реши да ја отвори вратата со нога и да каже: Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ – сите му се „ортаци по криминал“ на Груби. Не симпатизери, не ...

Кога денес ќе се спомне Николо Макијавели, најчесто се повикуваме на баналната и погрешно разбрана фраза дека „целта ги оправдува средствата“. Но Принцот е далеку подлабоко дело. Во една негова, речиси игнорирана мисла, Макијавели предупредува дека владетелот кој се обидува да им угоди на сите е осуден на неуспех, бидејќи ќе се соочи со непремостливи контрадикции и ќе го загуби авторитетот. Неговата обврска, вели Макијавели, не е да биде ...

Зуфер Бајрами Од циркусoт со владиниот авион, покрај забавната компонента, можеме да извлечеме неколку сериозни лекции за владеењето на правото, независноста на институциите и доброто владеење. За оние што не се во тек: Премиерот Мицкоски се повлече од планот за набавка на нов авион по јавниот притисок по информацијата дека владата планира да го замени постоечкиот авион со нов (веројатно поудобен и полуксузен). На едно од своите јавни ...

Се разбира, сите не можеме – не треба – да мислиме исто. Инаку, на што би личел светов. И не можеме, не треба да сакаме или мразиме исто. Зашто, повторно: сите би личеле еден на друг до непрепознатливост, а светов би бил едно многу здодевно место! Но кога не можете да разберете нечија омраза, чиста омраза, кога не можете да ги најдете или да се снајдете во причините за истата, кога читате, па речиси почнувате и да ја чувствувате ...

Андреј Ковачев Четири години од почетокот на целосната руска агресија врз Украина. Четири години искушение за совеста на Европа — и на Бугарија. Често се цитира Данте дека „најтемните места во Пеколот се за оние што остануваат неутрални во време на морална криза“. Не е буквален цитат, но смислата е јасна — рамнодушните се соочуваат со презир затоа што немале храброст да ја изберат морално оправданата страна. Денес изборот е јасен. Пред четири ...

Куќниот притвор за Артан Груби формално може да се објасни со закон. Во кривичната постапка тоа е дозволена мерка, обвинителството има дискреционо право да ја предложи, судот има право да ја прифати. На хартија, сè изгледа чисто. Но во Македонија одамна не живееме на хартија, туку во реалност во која секоја ваква одлука се мери со едно единствено прашање: дали истото ова ќе се случеше ако стануваше збор за некој без функција, без моќ и без ...

Хроничната болест не ја менува само секојдневната рутина на оној што ја има. Таа го менува и начинот на кој луѓето околу него реагираат — најчесто од добра намера, но не секогаш на вистински начин. Кога некој ќе слушне дијагноза, првата реакција речиси секогаш е сожалување. Поглед што сака да утеши. Реченица што треба да охрабри. „Ќе биде подобро“, „Држи се“, „Не мисли на тоа“. И јас некогаш така реагирав. Пред да влезам во овој круг, и јас ...

Македонија со години и години страда од вета добиени од земји членки на ЕУ. Од Брисел не уверуват дека тоа е нивно право кое мора да го прифатиме и да угодиме на тие што не кочат. Ама, во последно време внатре во ЕУ почнаа државите да си ставаат вета за други одлуки и сега види мајката – ветото било „злоупотреба”. Последно такво кукање во Брисел се случи вчера кога министрите за надворешни работи на ЕУ не ја усвоија планираната одлука за заем ...

Почитувани читатели, постојано го повторувам она што не ми дава мир секој божји ден и секој мој јавен настап почнува со реторичко прашање ,,како можеше ова да ми се случи во мојата сакана татковина, Македонија”? Полни пет години се води истрага за мене и мојот син Коста, за дела кои што никогаш не сме ги помислиле, а не па да ги направиме или имплементираме. Нѐ гонат како главни виновници за стечајот на Еуростандард банка и перење пари што е ...

Во падот на некогашниот медиумски гигант НИП „Нова Македонија“, поранешниот директор Панде Колемишевски видел „свесно сценарио поддржано од странски служби и од домашни политичари како Љубомир Фрчкоски“, тврди порталот Во Центар на Васко Ефтов, најавувајќи го „ексклузивното“ интервју со некогашниот медиумски магнат, во кое наводно се откривало „како е формирана длабоката држава“ во Македонија. После ваквата спектакуларна најава на Ефтов – ...

Мирјана Малеска Дебатите од овој вид се интересни и пред се потребни, бидејќи колективната меморија, создадена од сеќавања за историски настани, искуства, симболи, преданија и митови, влијае врз идентитетот на поединците, го обликува јавното мислење и однесување и често се користи за легитимирање на одлуките на власта. Таа “конструкција” може да биде извор на конфликти (често е така), особено во сложени мулти-етнички заедници или меѓу блиски ...

Во времето кога човекот научи да произведува повеќе отколку што му е потребно, се појави едно суштинско прашање: дали количеството ја замени вредноста? Производството на месо денес не е само аграрна гранка. Tоа е огледало на нашата етика, на нашата одговорност и на начинот на кој ја разбираме природата. Пишува: Теодор Јакимоски, менаџер на погон за месо и HACCP експерт, во „Тинекс“ Денес ова прашање добива нова димензија. Не станува збор ...

Денко Малески Реафирмацијата на транс-атлантските врски меѓу Америка и Европа во говорот на државниот секретар Марко Рубио, предизвика стоечки овации од доминантно европската публика на конференцијата во Минхен деновиве. Исплашени дека Америка ќе ги напушти, европските политичари слушаа во неговиот говор само она што сакаа да го слушнат – дека Америка и Европа се „нераскинливо врзани со споделена историја, култура, јазик, христијанско ...

Изминативе десетина дена, се случуваат драматични настани во меѓународните односи на Македонија. Во ред, драматични настани и промени се случуваат низ целиот свет, но конкретно за нас, интересно е што може да се случи барем еднаш коцките да се наредат во наша полза. Серијата почна со одлуката на Совет на Европа да ја запре мониторинг мисијата на македонските демократски и политички процеси. Ова е особено значајно што доаѓа во време кога и ...

Во чудо е оставен Универзитетот, со новиот Закон за високо образование. Пишувам во име на одбрана на Универзитетот, за философијата на Универзитетот и за вредностите на слободната критичка мисла и еманципацијата, што ги градиме со векови. Универзитетот е онтолошка категорија. Агора на слободната мисла. Универзитетот не е ваш. Ние ги имаме сите епистемолошки аргументи за одбрана на НАШИОТ Универзитет. Универзитетот е наш Дом, на сите ...

Деновиве е актуелен новиот предлог закон за високо образование што го прочитав внимателно. Има добри работи, но голем дел од промените што планираат да ги воведат се проблематични и директно ја засегаат автономијата на универзитетите, поттикнуваат фаворизирање на одредени научни бази, комерцијализација на науката и елитистички пристап. Објавување на труд во Web of Science се плаќа и по 2-3000 евра, на пример. Условите за работа и напредување ...

Пишува: Проф. д-р Ана Чупеска Овие упорни обиди за симулација на демократски процеси – сите тие „транспарентни избори“ и „независни комисии“ – веќе наликуваат на лош театарски аматеризам. Актерите, имено, не само што го заборавиле текстот туку заборавиле и која е претставата, па импровизираат деспотизам со капацитет на СОБЕН ВЕНТИЛАТОР. Време е да престанеме да ја следиме оваа исцрпувачка пантомима на копче, наменета за потребите на ...

Во пресрет на најхуманиот и најблагороден православен христијански празник Поклади или Прочка, преку кој Господ нé повикува на проштевање и помирување меѓу луѓето, но и со покајанието за сторените гревови кон НЕГО, ВЕРАТА и ЧОВЕШТВОТО. Еве и јас како и секој христијанин се придружувам да ја подадам својата рака на помирување кон секого, дури и кон моите најголеми непријатели. И тој чин на искреност и отворени душа и срце, го сметам за ...

Порано календарот служеше за планови. Сега служи за контроли. Има денови кога се будиш и прво што помислуваш не е што те чека денес, туку — каде треба да одиш на лекар. Не затоа што сакаш, туку затоа што мораш. Контролите се на два до три месеци, велат така. А вистината е дека меѓу тие „редовни“ контроли секогаш се случува нешто ново. Крвта ќе падне. Ќе се појави нов проблем. Ќе те викнат пак. И пак. И пак. Почнуваш да ги препознаваш ...

Нема ден, а да не излезе поранешен судија или обвинител кој јавно сведочи дека во периодот на владеење на СДСМ и ДУИ постоеле политички нарачки во обвинителството и судството. Ако е така, тогаш тоа не е тема за партиска дебата, туку за кривична одговорност. Сериозните обвинувања што во јавноста ги изнесува ВМРО-ДПМНЕ и поранешни разрешени обвинители и судии не смеат да останат дел од дневнополитички наратив. Ако некој политичар давал ...

Кога една од кандидатите за државен јавен обвинител (цинично) сугерира дека „Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат“ и дека „избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност“, само во едно има право: во вториот дел, оној за квалитетот. Во сѐ друго греши односно измислува/конструира, емотивно реагира ...

Тогаш кога премиерот Мицкоски ја соопшти елиминацијата на Ленче Ристоска за државна обвинителка, на ужасното мнозинство, на целата држава ѝ олесна. Иако оваа одлука на Владата сѐ уште не е официјална, сите 4 имиња на кандидати се на маса, премиерот правилно постапи што предвреме и навреме нѐ информираше дека само тој и никој друг не одлучува за судбината на оваа држава. Демократијата е незгодна форма на опстанок. Низ вековите, пропаѓале и ...

Проф. д-р Пламен Павлов/Труд Трудно е да се каже откъде и как Васил Иванов Кунчев, останал в нашата и световната история с името Левски, е почерпил първите “глътки” патриотизъм. Патриотичното чувство, родило се още през неговите детски години, е свързано с будната семейна и градската среда в родното Карлово. Това съзнание се развива и през неговото юношество, когато “слугува” на своя вуйчо йеромонах Василий при неговите обиколки по градчета и ...

Пред четири години претседателот Пендаровски ја одведе 11 годишната Ембла во нејзиното училиште откако беше оставена сама да посетува настава поради бојкот на родителите на нејзините соученици. Што се промени оттогаш? Пишува Соња Крамарска Ембла Адеми чија фотографија на која претседателот на Македонија ја држи за рака и ја води во училиште го обиколи светот – сѐ уште оди во истото училиште „Единство и Башкими“ од Гостивар. Сега е ...

Почитувани мои читатели, политичката реалност во Македонија е сурова. Омразата меѓу партиите на власт и опозицијата, влезена е во сите сегменти на нашето живеење. Кога омразата ја шират врвни политичари, тогаш и поддржувачите на тие политички партии уште повеќе ќе сеат омраза. Омразата не е политика, таа е пораз! Политичкиот антагонизам води кон стагнација на општествениот развој на државата. Цената ја плаќаме ние, граѓаните, бидејќи ...

Си била една госпоѓа која секој ден одејќи на работа поминувала покрај излогот на еден бутик во кој била изложена прекрасна бунда. Помини, замини, госпоѓава ја загледувала бундата и еден ден решила да влезе да ја проба. Прекрасна бунда, ѝ стои како да е шиена за неа. Ама скапа. И си рекла, прескапа е бундава, многу други работи ми требаат, ај да не трошам пари. Арно ама, другиот ден пак ја гледа бундата во излог. Пак влегла да ја проба. Ај ...

Мерсел Биљали Болната политика ја претвора нормалната држава во ментална болница! Канадскиот пејач Леонард Коен, кој почина пред десет години, ја остави зад себе легендарната песна „DANCE ME TO THE END OF LOVE“ (Tанцувај со мене до крајот на љубовта), која многумина ја сметаат за љубовна химна. Всушност, песната иако содржи убав наслов, таа е инспирирана од најголемиот ужас што светот некогаш го доживеал – Холокаустот. Имено, во логорите на ...

Понекогаш, најголемите системски слабости не се гледаат во медиумски наслови кои го привлекуваат вниманието на јавноста, туку во малите, секојдневни сцени кои се случуваат далеку од медиумската сцена, а најблиску до животот на пациентите. Во ноќна смена, во амбуланта што работи под притисок, лекарот има пред себе човек со болка, страв и очекување дека државата, претставена преку тој бел мантил, ќе биде прецизна и ќе знае да ја одмери одлуката ...

Студентите ни заминуваат во други држави, нашите универзитети никако да се најдат на Шангајската листа, професорите ни стареат, се пензионираат и не се заменуваат, по завршувањето на студиите ретко кои млади луѓе се подготвени за реална работа, без пракса, без искуство… Неспорно е дека за да се надминат овие проблеми во високото образование потребни се реформи, но дали треба да се усложни патот до диплома, да се постават „невозможни“ правила ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
61%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
7.2
94%
1004
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
7.72
40%
1010
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
57%
1003
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.45
79%
1002
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
35%
1009
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
65%
999
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
58%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
54%
1003
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
88%
1002
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
6.69
56%
1007
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
1003
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Иридиум

256711.96

Алуминиум

3.28

Цинк

3.08

Бакар

10.97

Родиум

347228.06

Рутениум

56199.51

Кобалт

964.52

Паладиум

44152.21

Сребро

2840.84

Злато

144638.24

Платина

59896.84

Калај

45.06