Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Минатиот месец во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро" домашната публика имаше прилика да посведочи на една мултидимензионална уметничка поставка која иако е создадена од сè она што нам ни е секојдневие и е реалност која нè опкружува, сепак делува вонземски, како временски сегмент од некој друг универзум. „Форми на повторно создавање" ја има токму таа идеја во својот концепт: да го натера набљудувачот да стане активен и ангажиран учесник ...
Последното објавено истражување на ИРЛ (Investigative Reporting Lab) е тема на истрага на една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, Д-р Жан Митрев. Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои се истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци. Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на ...
Синдикатот за градежништво предупредува дека македонските компании се потешко успеваат да ги исполнат обврските од договорите бидејќи треба да работат според понудени цени од пред неколку години, додека во меѓувреме речиси секојдневно се покачуваат цените на градежните материјали. Фактот дека нема измена во условите на договарање со државните институции, односно цените остануваат фиксни, ги одвраќа од започнување на какви било следни проекти, а ...
Ако треба детството да го опишам по вкус, тогаш тоа е капричозата на Фуфо, плескавицата во Автокоманда, киселото млеко од дуќанот на КПД Идризово, сладоледот во Санчо и бозата кај Апче, која и денес е врзивното ткиво. На Ана Зафирова не ѝ треба многу претставување. Се сеќавам на неа од нејзините ТВ почетоци: оган-девојче кое без трема, со отворен поглед кон камерата и соговорниците ги водеше разговорите во Утринската програма на МТВ. Потоа ја ...
По изедначувањето на курсот на еврото и доларот,граѓаните кои имаат кредити во комерцијалните банки се соочија и со нов раст на референтната каматна стапка што според економистите дополнително ќе влијае врз нивниот трошок. Со оглед на покачената основна каматна стапка од страна на НБРМ сосема е извесно дека наскоро ќе се зголемат и каматните стапки на комерцијалните банки за одобрените кредити, вели во интервју за „Локално“, професорот Томе ...
За францускиот предлог , неговата суштина и дали тој беше добро искомунициран со јавноста, потенцијалите да го дополаризира општеството и да го втурне во нова спирала на агресија и насилство, за тоа дали можеше европските пријатели да срочат подобра преговарачка рамка со ЕУ со што на страна би ги оставиле билатералните прашања со Бугарија, за тоа што значи да почнат преговорите и имаме ли алтернатива, како и за улогата на Фондацијата Отворено ...
Разговараше: Бобан Илијевски Социјалното претприемништво претставува еден неискористен ресурс којшто допрва треба да се користи. Истиот има голем потенцијал да овозможи зголемување на вработеноста, но и зголемување на општествената одговорност. Редакцијата на порталот Работник направи интервју со Александра Лопарска – Илоска, Истражувач на јавните политики од Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. Организацијата воедно е и ...
Како фактор од суштинска важност за полесно надминување на студените зимски месеци, професорот Рубин Талески ја посочува потребата ТЕ-ТО АД Скопје да биде во погон. Компанијата, според него ќе обезбедува топлинска енергија во Скопје, а исто како и досега, еден дел од капацитетот ќе може да го понуди на АД МЕПСО на пазарот на балансна енергија, со што ќе помогне во балансирањето. „Напоменувам дека работата на ТЕ-ТО Скопје е од огромна важност, но ...
Странските туристи со полна сила се враќаат на грчките острови за летниот одмор. Ова и дава надеж на типичната индустрија во земјата, дека барем може да ја „крене главата“ над водата по бурните две години пандемија, пренесе Ројтерс. Високата инфлација, сепак, ги зголемува очекувањата за многу успешна сезона, коментираат туроператорите. Најлошата година за грчкиот туризам во поновата историја на земјата беше 2020 година. Тогаш пандемијата ...
Горд сум на протестите „За заедничка Македонија“, срцето ми е полно кога се навраќам на седумдесетте дена. На протестот од пред некој ден, кога излегов на бина да ја отпеам химната на Македонија, ја почувствував истата неверојатна енергија, нешто што не се гледа и слуша, туку се доживува. Пред мене гледав скромен македонски народ, којшто бара малку – да биде национално почитуван и економски безбеден, а јас секогаш ќе бидам на страната на мојот ...
Со првото стапнување во дворот на семејство Неданоски во село Рамне, гостите стануваат нивни пријатели. Тука ниту едно доживување не е исто, а меѓу бројните занимации на чист воздух и дегустациите на превкусна традиционална храна, имате можност и да научите да сукате – од Наташа, лично. Наташа Неданоска, професорка по македонски јазик и поетеса, со семејството живее во Охрид, но секојдневно е во село Рамне поради обврските што ги имаат таму, ...
Околу 60 до 70 отсто од пациентките во изминатата година го избрале абортусот со апчиња наспрема хируршкиот абортус. Според нивните изјави, предност му даваат на овој метод затоа што е побезбеден, се избегнува анестезија и инструментален преглед кај поголем број пациентки, истиот го доживуваат како поинтимен и се изведува во домашна средина, открива во интервјуто за НоваТВ проф. д-р Јадранка Георгиевска, гинеколог-акушер при Универзитетска ...
-Што ако го оставам трчањето, што ќе правам на овие години, имам веќе 55 години…само Господ ако сака и здравјето да не ме служи, само тогаш ќе престанам.. Адем Селмани ќе го сретнете како трча нагоре кон ридот Балтепе или Тетовското Кале. Иако е во 55-тата година од животот, Адем не се откажува од маратонското трчање. – Со трчањето и атлетиката започнав од 92та година и повеќе од 25 години сум активен. До пред неколку години редовно трчал на ...
Без разлика дали на францускиот предлог ќе му се каже, да или не, таа одлука мора да дојде по широка дебата и со консзензус, смета лисерот на Демократскиот Сојуз Павле Трајанов, еден од владините коалициони партнери кои се уште се проиват на решението понудено од рфанција. Во интервју за Прес 24, Трајанов повикува на општ консензус по ова прашање. -Клучно е опозицијата да преземе дел од одговорниста за евроинтеграциските процеси. Затоа ...
Во екот на корона-кризата, Кате останала без работа и за да „закрпи“ месец за месец, ги засукала ракавите и почнала да готви домашни македонски производи, од ајвар до различни слатка и зимници. Ама не какви било. Тоа се автентични производи од нејзиното поднебје од кои, вели, се вади аргатска дневница од илјада денари. Но, ако се изгориш, пресечеш, отиде трудот… Катерина Василеска од Охрид ја оправдува поговорката „кој го бива, за сè го бива“. ...
Пишува: Жанета Ристевска Ристо Димитров – Чурин, од Битола, во 2021 година е прогласен за еден од “TOP 5“ најдобри тренери според американското списанието “Level Up“. Исто така во 2021 ја добива наградата за посебен придонес во спортот која ја доделува Сојузот на спортови на град Битола. Спортист на град Битола и најдобар професионален спортист за 2020 година. Носител на Интернационален професионален појас BARABER FIGHT NIGHT 2019 do 75 kg во ...
Галичкото традиционално овчо сирење е единствено – од местото каде овците пасат до начинот и кој го прави сирењето, народно кажано „бач“, па до „мандрата“ односно местото каде што се молзат овците и се преработува млекото, хигиената во трлата, киселоста на млекото, температурата и складирањето – вели Бошко Лепчески, производител на галичко овчо сирење. Галичник му е и во устата и во срцето. Оттаму потекнува, живее во Скопје, но илјадници видливи ...
Тој е најмлад, најуспешен и најнадежен мото крос возач во Македонија. Дел од Адора Атлетите кои триумфираат на македонската и интернационалната сцена. Успешната приказна за Антонио Дамјановски, нека биде поттик за младите и апел од неговиот тим до сите општествено одговорни субјект и институции за поддршка на овој финансиски скап спорт. Антонио Дамјановски е новата ѕвезда на македонската мото сцена. Како започна да се занимаваш со овој ...
Тенисот како спорт, дефинитивно е еден од најтешките спортови кои воопшто се играат. За мали подобрувања се потребни месеци, изискува големи финансии, специфични услови за трeнирање и многу работи да се поклопат за да има напредок. Но, и покрај сѐ да се игра тенис е нешто волшебно, посебно чувство! Сите оние кои почнале малку повеќе да играат се имаат вљубено во овој спорт, и не се откажуваат од него. Кога пак на еден тениски тренер ќе му ...
Пантелеон ГС е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени. Основана е во 2020 година, а од тогаш тимот на вработени е зголемен за повеќе од двојно. Генерален менаџер на компанијата е Влатко Палчевски кои има претходно работно искуство во банкарскиот сектор повеќе од 10 години. Со него во продолжение разговараме за компанијата, дејноста на компаниите со ...
Цената што ја понуди АД ЕСМ за произведената електрична енергија од 48 евра за мегаватчас е ниска но очекувана , вели за локално професорот Горан Рафајловски.Ова според него е единствен начин да се излезе во пресрет на потрошувачите и стопанството што впрочем како што вели е политика на сите останати држави во светот кои на овој или оној начин ја субвенционираат разликата во цената на електричната енергија. „Не може секоја одлука на Владата да ...
„Балкан бенд“ го промовираа најновиот музички проект насловен како „А бре, Македонче“. Зад ова музичко дело како аранжер се потпишува Дарко Илиевски, а мастерот е дело на Дејан Момироски. Спотот е направен под режиската палка на маестралниот Даниел Јовески. Момците од „Балкан бенд“ на промоцијата со огромно задоволство открија дека ова е најскапиот музички проект кој се случил во Македонија во последните 10-на години. -Ова што го гледате и ...
Имајќи ја во предвид огромната економска криза и неможноста без задолжување Владата да ги исплаќа своите обврски, потребно е најпрво да се прогласи мораториум за вработување во јавната администрација во рок од 4-8 години. Така преку природен одлив може да се намали бројката на администрација. Исто така преку исплата на отпремнини, Владата треба да се обиде дополнително да ја намали бројката, вели Претседателот на синдикалната организација на ...
Телекомуникацискиот сегмент се повеќе добива жени во своите редови. Оваа област некогаш привлечна и “резервирана” само за мажите , се повеќе станува привлечна и за жените кои ја освојуваат несомнено брзо и со голем квалитет. Една од нив е и Ана Богдановска од А1 Македонија со која разговараме за нејзините почетоци во кариерата како магистар за безжични и мобилни мрежи, искуствата и развојот во кариерата. Која е Ана? Ана е млад и амбициозен ...
Koмпанијата Softtelligence е вистинското место за младите таленти, кои со помош на инспиративни експерти, може да патуваат, со компетенции, до врвно професионално ниво, вели во интервју за „Локално“, Андреа Фасуи, одговорен за човечки ресурси во Softelligence. Таа посочува дека „Softelligence“ е компанија со фокус на клиентите и луѓето која ја негува креативноста и вклученоста создавајќи соодветна средина за професионалците кои можат да видат ...
Ниту ќе дозволам некој да ме понижува мене, ниту граѓаните на Карпош. Напротив, нека знаат граѓаните дека уцените, заканите и опструкциите се методите на работа на „реформираниот“ Мицкоски и неговите потчинети. Всушност, неговите советници во општината одлучија да не им служат на граѓаните, туку нему лично. И тоа повеќе не треба да се крие. Треба граѓаните на Карпош да го знаат, вели во интервју за „Локално“ градоначалникот на Карпош, Стевчо ...
„Sport Life“ е рангирана меѓу најголемите 100 компании во земјава, воедно е домашна компанија со 20 годишна традиција на пазарот на игри на среќа, која брои над 900 вработени. Една од нив е и Лидија Петрушевска, мајка на три прекрасни деца, која живее и работи во Куманово, и е на позицијата регионален раководител во рамките на оперативниот сектор на компанијата. Вели дека ја сака својата работа поради нејзината динамичност, контактите со луѓето, ...
Актуелната политичка сцена во светло на претстојниот состанок на врвот на ЕУ, францускиот предлог, како и случувањата на внатрешен план, функционирањето на Собранието, беа повод да поразговараме со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин. Според неа, а врз основа на , како што вели, информациите од медиумите, францускиот предлог не е прифатливо решение зашто не нуди можност за почнување на преговори со ЕУ. Таа е на став дека нема потреба од ...
Зголемувањето на дефицитот и државниот долг преку нови задолжувања, според поранешниот претседател на комисијата за финансирање и буџет, Марјанчо Николов, ќе ја натера Народната банка да одговори со дополнително зголемување на основната каматна стапка.Во интервју за локално, Николов потенцира дека таквиот потег ќе ги натера компаниите да ги одложат плановите за инвестирање. „Во ризик ќе бидат оние компании и граѓани кои имаат кредити со ...
Симон Калајџиев е име што периодов имавме прилика често да го слушаме низ скопските уметнички кругови. Симон е ликовен уметник кој дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 2009 година, во класата на професор Рубенс Корубин, а на јавноста ѝ е познат и како стрип цртач и футурист кој веќе со години живее во Токио и работи како архитектонски илустратор за едно од најпрестижните архитектонски студија „Nikken Sekkei". Кариерата на ...