
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Јужнокорејските пратеници денес го отповикаа од функцијата заменикот на претседателот, додека земјата се бори да се ослободи од политичките превирања предизвикани од декларацијата за воена состојба на неговиот претходник што го шокираше светот. Хан Дак-су ја презеде функцијата вршител на должноста претседател од претседателот Јун Сук Јеол, кој беше суспендиран по парламентарното гласање поради неговиот потег да воведе воена состојба на 3 ...
Годината започна со оптимизам откако украинските сили ги вратија териториите во Херсон и Харков. Тој оптимизам се претвори во фрустрација во Украина. Надежите се потпираа на навремената испорака на западната воена помош која бавно доаѓаше. Пакетот за воена помош од 60 милијарди долари предложен од администрацијата на Бајден беше одложен во Конгресот и беше усвоен дури во април 2024 година. И покрај рекордните жртви, Русија притискаше напред, ...
„На овие злоупотреби на овие служби со реформи треба да им се стави крај, за тоа да не се случува пак во иднина“. Премиерот денеска од собраниската говорница, повторно, ја пласираше иницијативата за реформа на безбедносно-разузнавчките служби. Како повод за пораката Христијан Мицкоски го искористи пратеничкото прашање за тоа какви се неговите сознанија дека бил следен во периодот додека беше лидер на опозицијата. Во одговорот премиерот, ...
Јапонија и Кина се обидуваат да ги подобрат односите пред враќањето на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во Белата куќа, но аналитичарите велат дека агресивните воени активности на Пекинг низ индо-пацифичкиот регион ќе им отежнат на страните да ги намалат долготрајните тензии. „Токио сака да има помазни врски со Пекинг, со оглед на веројатната бурна политика на односите меѓу САД и Кина, а исто така и глобалната ситуација пошироко ...
НАТО денес повика на целосна истрага за причините за уривањето на „Азербејџан ерлајнс“ во која загинаа 38 лица. „Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот J28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО Фарах Даклала во објава на платформата Икс. „На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“. Претседателот на сенатот на Казахстан претходно денес изјави дека причината за ...
Украинската војска денес соопшти дека соборила 20 од 31 беспилотно летало што руските сили ги лансирале во нападите во текот на ноќта. Пресретнувањата се случиле над регионите Чернихив, Харков, Киев и други места, соопштија од воздухопловните сили на Украина. Руското министерство за одбрана денес соопшти дека уништило пет украински воздушни беспилотни летала над регионите Волгоград, Воронеж и Белгород. Гувернерот на Белгород Вјачеслав Гладков, ...
Уставни измени со одложено дејство, консензус за националните прашања, државните да бидат над партиските интереси, борба за владеење на правото, реформа на судството, задржување на младите во земјата. Тоа беа главните пораки на шефицата на државата во нејзиното годишно обраќање во Собранието, прво откако во мај годинава ја презеде функцијата. Голем дел од говорот кој траеше повеќе од еден час беше и за односот на ЕУ кон Македонија во процесот на ...
Палестинските здравствени лица соопштија дека во израелски воздушен напад рано денес загинале пет новинари во кампот Нусејрат во центарот на Газа. Телевизискиот канал Ал-Кудс Тудеј, кој е поврзан со милитантната група Исламски џихад, во соопштение рече дека во нападот бил погоден камион за емитување и ги убил неговите пет вработени. Каналот соопшти дека групата била убиена „при извршување на својата новинарска и хуманитарна должност“. ...
Над 44 илјади Палестинци се убиени во четиринаесетмесечните борби во Газа, според Министерството за здравство управувано од Хамас. Бројката вклучува милитанти, но Хамас вели дека мнозинството од загинатите се цивили - вклучително и повеќе од 13 илјади деца. Израелските напади опустошија цели населби. Обединетите нации соопштија дека 1,9 милиони луѓе во Газа - 90 отсто од населението - биле принудени да ги напуштат своите домови. Агенциите за ...
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра 80-годишниот пензиониран армиски генерал-полковник Кит Келог за свој специјален пратеник за Украина и Русија. Келог беше шеф на Кабинетот на Советот за национална безбедност за време на првиот мандат на Трамп. Курт Вокер, специјален претставник на САД за преговорите за Украина за време на првата администрација на Трамп, вели дека новоизбраниот претседател направил добар избор. „Тој е искусен ...
Брендан Кар е изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја води Федералната комисија за комуникации. Агенцијата ги регулира ТВ и радио емитувачите, давателите на телефонски, интернет услуги и сателитите. Кар моментално е комесар на Федералната комисија за комуникации (ФКК), каде долго време работи. „Јасно е дека има големо искуство. Верувам дека тој е таму од 2012 година како адвокат, кој беше прилично транспарентен, што е добро. Има ...
Папата Фрањо во својата традиционална божиќна порака денес ги повика сите држави да најдат храброст „да ги замолчат звуците на оружјето и да ги надминат поделбите“ што го мачат светот, од Блискиот Исток до Украина, од Африка до Азија. „Го поканувам секој поединец и сите луѓе од сите нации... да станат аџии на надежта, да ги замолчат звуците на оружјето и да ги надминат поделбите“, рече папата. Тој повика на замолчување на оружјето во Украина и ...
Белоглавиот орел, симбол на моќта и силата на САД повеќе од 240 години, доби задоцнета чест: официјално стана национална птица на земјата. Претседателот Џо Бајден го потпиша законот што му го испрати Конгресот за да се поправи она што одамна остана незабележано и да се назначи белоглавиот орел - познат на многумина поради неговата бела глава, жолт клун и кафеаво тело - како национална птица. Белоглавиот орел се појави на Грбот на САД кој се ...
Американскиот државјанин роден во Русија кој веќе е затворен поради обвинение за поткуп, доби втора 15-годишна затворска казна за шпионажа, објавија руските новински агенции во вторникот. Московскиот суд покрена обвиненија за шпионажа против Џин Спектор во август 2023 година. Деталите околу случајот не беа објавени во јавноста. Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со извештаите за пресудата на американски државјанин во Русија ...
Илон Маск, познат како мозокот на Спејс Икс и Тесла, ќе ги води владините трошоци во новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, што исто така преставува име на криптовалута. „Ќе ја тргнеме владата од вашиот грб и од вашиот џеб“, рече Маск во предизборието. Одделот за владина ефикасност планира да намали два трилиони долари или околу една третина од државниот буџет и три четвртини од државните работници. Маск, како и Доналд Трамп кога првпат се ...
СКОПЈЕ – „Ако трговците и дистрибутерите по оваа моја изјава не покажат општествена одговорност пред Нова година ќе донесеме поригорозни мерки. Врз основа на податоците од Пазарната инспекција ќе ја донесам одлуката дали ќе ги замрзнам цените или маржите ако трговците не се коригираат. Ќе бидеме принудени. Тоа зависи највеќе од нив. Сакавме да покажеме добра волја“ … Ова е пораката која денес на прес-конференција министерот за економија и труд, ...
Пратеници во регионалниот парламент на Република Српска денес им наредија на српските претставници во државните институции да го блокираат донесувањето одлуки и да ги реформираат законите потребни за интеграција на балканската земја во Европската Унија. Вчера вечерта беше свикана итна седница на парламентот за да се расправа за „деградација на правниот систем“ во врска со тековното судење на претседателот на регионот Милорад Додик пред државниот ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека руските сили ја нападнале неговата земја со повеќе од 70 проектили и дека целите ја вклучуваат енергетската инфраструктура на Украина. „Денес Путин намерно го избра Божиќ за напад. Што може да биде понехумано?“, рече Зеленски. Украинската војска соопшти дека соборила 59 од проектилите, како и 54 од 106 беспилотни летала што Русија ги користела во своите напади. Мета на беспилотните ...
Бојан Христовски се спаси од постапката што за неговото именување ја поведе Антикорупциската комисија. Членовите на ДКСК, на денешната седница, со мнозинство гласови решија да го затворат случајот за новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност, клучната институција во безбедносниот систем на земјата. Како причина за ваквата одлука беше прогласувањето на Антикорупциска за ненадлежна да решава за валидноста на ТОЕФЛ-сертификатот на ...
Патнички авион кој летал од Азербејџан за Русија се урна денес во близина на градот Актау во Казахстан со 62 патници и пет членови на екипажот, соопштија казахстанските власти, наведувајќи дека 27 лица преживеале. Непроверената снимка од несреќата покажа дека авионот, со кој управувал „Азербејџан ерлајнс“, се запалил како што удрил на земја, по што се крева густ црн чад. Крвави и помодрени патници можеа да се видат како се сопнуваат од дел од ...
Затворот Седнаја беше страшно место управувано од сириската влада. Познат по своите брутални мачења и безброј егзекуции, го доби прекарот „човечката кланица“. Бунтовничките сили ги ослободија затворениците по падот на режимот на Башар ал Асад. Илјадници луѓе сега се собраа овде, надевајќи се дека ќе ги најдат своите сакани, како овој човек. „Го одведоа во Седнаја кога беше само 14-годишно момче. До денес немаме поим дали се` уште е таму, дали е ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги засилува напорите за проширување на влијанието на Турција на Балканот. Тој во декември беше домаќин на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, по посетите на Албанија и Србија во октомври. „Балканот е прилично успешна приказна за Анкара, а причина број еден за тоа е затоа што Турција беше успешна да дејствува како посредник способен да одржува паралелни врски со сите влади и сите етнички групи”, вели Вук ...
Израелската војска принуди евакуација на индонезиската болница во северниот дел на Газа, а многу пациенти, некои од нив пеш, пристигнаа во друга болница на неколку километри подалеку од градот Газа, соопшти Министерството за здравство на енклавата. Индонезиската болница е една од ретките сè уште делумно функционални болници кои останаа во Газа, која е под интензивен израелски воен притисок речиси три месеци. Израел вели дека неговата операција ...
(Ројтерс) - Големите банки и деловни групи ги тужеа Федералните резерви (ФЕД), тврдејќи дека годишните „стрес тестови“ на фирмите од Волстрит на американската централна банка го прекршуваат законот. Во тужбата поднесена до Окружниот суд на САД во Колумбус, Охајо, се тврди дека практиката на ФЕД да одредува како големите банки работат против хипотетичките економски превирања и соодветно да ги назначат барањата за капитал, не ја следат соодветната ...
Летовите на Американ Ерлајнс утринава по кратко приземјување поради технички проблеми добија зелено светло за повторно да се вратат во авиосообраќајот. Непосредно пред 7 часот наутро по локално време во САД, Федералната управа за авијација нареди сите летови на „Американ Ерлајнс“ да бидат приземјени во САД на барање на авиокомпанијата. Американец пријавил технички проблем, а тоа влијаело на целиот систем со милиони патувања за време на ...
Новите власти на Сирија соопштија дека вооружените групи во земјата се согласиле се согласиле да се распуштат и да бидат интегрирани во Министерството за одбрана. Во соопштението се вели дека одлуката следи по средбата меѓу водачите на вооружените групи и Ахмад ал-Шара, кој го предводеше бунтовничкиот напредок што го турна долгогодишниот лидер Башар ал-Асад од власт. Бунтовниците ја презедоа контролата врз главниот град на Сирија на 8 декември ...
Организацијата на ОН која помага во истрагата за најтешките злосторства во Сирија во понеделникот соопшти дека новите власти на земјата биле „многу приемчиви“ на барањето за соработка за време на штотуку завршената посета на Дамаск. Посетата предводена од Роберт Петит, шеф на Меѓународниот, непристрасен и независен механизам за Сирија, беше прва по формирањето на организацијата од страна на Генералното собрание на ОН во 2016 година. Создадена за ...
Испочитувана е обврската за два проценти од буџетот да бидат наменети за одбраната, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешниот редовен предновогодишен брифинг со новинарите во Домот на АРМ. „Гледано во пари, тој буџет изнесува 329 милиони евра, од кои 32 проценти или 106 милиони евра се за модернизација и за опремување на армијата. Тоа се 18 милиони евра повеќе од минатата година“, истакна Мисајловски на брифингот. Гледано во ...
СКОПЈЕ – Пазарната инспекција ќе мора да излезе на терен и да утврди како дел од големите ланци на трговски маркети ги зголемиле цените на производите и со тоа ги минимизираа ефектот на акцијата „новогодишна кошничка“. Бројките покажаа дека во ноември инфлацијата расте поради повисоки цени на прехранбените производи а минималната синдикална кошница покажа дека 63 производи опфатени во акцијата поскапеле за речиси 400 денари во периодот пред да ...
Вашингтон — Поранешниот претседател Бил Клинтон беше примен во понеделникот во Универзитетската болница Медстар Џорџтаун во Вашингтон, откако развил треска. 78-годишникот бил хоспитализиран во „попладневните часови за тестирање и набљудување“, соопшти Ангел Урена, заменик-шеф на кабинетот на Клинтон. „Тој останува во добро расположение и длабоко ја цени одличната грижа што ја добива“, рече Урена. Клинтон, демократ кој служеше два мандата како ...