
Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ



Илјадници луѓе го посетија американскиот Конгрес во Вашингтон за да му оддадат почит на поранешниот претседател Џими Картер, пред неговиот државен погреб. Ожалостените, меѓу кои имаше бројни законодавци како и потпретседателката Камала Харис, ги истакнаа достигнувањата и хуманоста на 100-годишниот поранешен претседател, кој почина минатиот месец. Дејвид Смит, професор на Картер школата за мир и разрешување конфликти на Универзитетот Џорџ Мејсон, ...
Сè повеќе млади во Северна Македонија, наместо планови за заминување во странство, прават планови за отворање на сопствен бизнис, и останување во државата. Охрабрувачки е податокот, вели Весна Цветаноска, која повеќе од две децении работи како младински активист, што кај младите имал помал интерес за вработување во државни институции. Embed share Младите размислуваат за сопствени бизниси Embed share The code has been copied to your clipboard. ...
ВАШИНГТОН (АП) - Новоизбраниот претседател Доналд Трамп бара од Врховниот суд да не ја изрече пресудата во петок за неговиот случај за прикривање на плаќања за замолчување поврзано со вонбрачни афери во Њујорк. Адвокатите на Трамп се обратија до највисокиот суд на нацијата во средата, откако њујоршките судови одбија да ја одложат пресудата на Хуан М. Мерчан, судијата кој претседаваше со судењето кое резултираше со прогласување за виновен Трамп ...
Спасувачите во кинескиот регион Тибет во средата трагаа по преживеани затрупани во урнатините, еден ден по силниот земјотрес во кој загинаа најмалку 126 луѓе, а 188 други беа повредени. Кинеските власти соопштија дека досега се спасени повеќе од 400 луѓе. Околу 30.000 луѓе исто така се преместени по земјотресот, кој уништи повеќе од 3.600 домови. Спасувачките напори ги комплицираа неколку стотици последователни потреси и ниските температури во ...
(АП) - Калифорниските пожарникари се борат со шумските пожари што ја зафатија областа околу Лос Анџелес. Пожарите уништија домови, ги блокираа патиштата додека десетици илјади избегаа додека властите се подготвуваа ситуацијата да се влоши во текот на ноќта. Пламените јазици од пожарот што избувна во вторникот вечерта во внатрешното подножје североисточно од градот се шират толку брзо што персоналот во Центарот за стари лица мораше да евакуира ...
Дека правата на сопствениците на оружје ќе бидат заштитени под негово водство, е ветувањето што новоизбраниот претседател Доналд Трамп рече дека брзо ќе го исполни. „Во мојот втор мандат, ќе го отфрлиме секој напад на Бајден во врска со вториот амандман. Нападите се брзи и бесни. Почнувајќи од моментот кога [Бајден] ќе излезе од Белата куќа“, рече Трамп во предизборието. Според Центрите за контрола и превенција на болести, во 2023 година речиси ...
Украинските сили го извршија, како што соопштија руските власти во средата, масовен напад со беспилотни летала врз регионот Саратов, предизвикувајќи штета на индустриско претпријатие. Гувернерот на Саратов, Роман Бусаргин, рече дека цел на нападот биле соседните градови Саратов и Енгелс, област во која се наоѓа воздушната база за руските авиони бомбардери. Генералштабот на војската на Украина на Телеграм објави дека нивните сили погодиле руско ...
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди денес подножјето на Хималаите во близина на еден од најсветите градови на Тибет, при што загинале најмалку 95 луѓе и урнаа стотици куќи, соопштија кинеските власти. Епицентарот на земјотресот бил на околу 80 километри северно од Монт Еверест. Беа погодени и згради во соседните Непал, Бутан и Индија. Кинескиот центар за земјотреси го лоцираше епицентарот во округ познат како ...
Во својата претседателска кампања, Доналд Трамп вети построги мерки на границата, вклучувајќи притвор и депортација на недокументираните имигранти. „Ќе завршиме со најголемата депортација во американската историја. Немаме избор, немаме избор... Немаме избор бидејќи тоа не е одржливо за ниту една земја“, изјави Трамп непосредно после изборите. Можните планови на Трамп вклучуваат проширени објекти за притвор и враќање на политиката „Остани во ...
Компанијата „Мета“, сопственикот на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, соопшти дека ја прекинува својата независна програма за проверка на факти од трета страна и ја заменува со модел сличен на оној што го користи социјалната мрежа Икс на Илон Маск, каде што корисниците на платформата додаваат контекст и ги потврдуваат тврдењата на другите корисници. „Мета“ прво ќе ја укине својата независна програма за проверка на факти во Америка. Компанијата вели дека ...
САД велат дека корупцијата продолжува да биде значителна пречка за напредокот на Северна Македонија и главна причина поради која економските реформи не успеваат, а младите се иселуваат. Функционер на Стејт департментот, за Гласот на Америка на македонски јазик, вели дека пораката на САД до новата влада е иста каква што била и до претходната влада: „Никој не е над законот; применете ги вашите постоечки алатки и закони за поголем резултат; и ...
Најстариот син на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп пристигна во приватна посета на Гренланд што ги засили шпекулациите дека идната американска администрација би можела да се обиде да ја преземе контролата врз данската територија. Данската државна телевизија објави дека авионот на Доналд Трамп Јуниор слетал во главниот град на огромната и ледена територија која има околу 57.000 жители. Во соопштението, владата на Гренланд рече дека ...
Израелската војска денес соопшти дека извршила рации на окупираниот Западен Брег, при што убиле најмалку тројца милитанти и уапсиле 18 други. Израелските одбранбени сили соопштија дека во воздушен напад загинале двајца милитанти откако тие пукале врз војниците. Израелските сили убиле уште еден милитант за време на борбите, додека израелски војник бил ранет. Рациите се случија еден ден откако вооружен напаѓач нападна автобус и автомобил во ...
Танкер со руска нафта е задржан во близина на брегот на Финска додека властите ја истражуваат штетата предизвикана на напојувањето и на интернет каблите во Балтичкото Море. Финската полиција соопшти дека открила трага од влечење долга десетици километри на морското дно, која очигледно била создадена од сидро. „Четири кабли се искинати. Можевме да ја ставиме ситуацијата под контрола и да го лоцираме предметниот брод, да го донесеме во финските ...
Речиси 44 години откако Џими Картер го напушти главниот град на нацијата, 39. претседател на САД се враќа во Вашингтон каде три дена ќе се одржат државни погребни ритуали кои започнуваат денес. Посмртните останки на Картер, кои се изложени во претседателскиот центар Картер од саботата, ја напуштаат Атланта утрово, придружувани од неговите деца и поширокото семејство. Специјалната воздушна мисија 39 ќе ја напушти воздушната резервна база северно ...
136-та годишна Парада на розите има речиси 40 подвижни платформи украсени со свежо цвеќе, вклучувајќи една и за ветерани, што ја истакнува обуката на пензионираните војници за софтверско инженерство и сајбербезбедност. Тери Ривера служел шест години во американската морнарица пред да се приклучи на противпожарната служба во Њујорк. Тој вели дека откако му биле оштетени белите дробови поради неговата работа по терористичкиот напад на Светскиот ...
Тоа беше најава што изненади многумина - директорот на ФБИ Кристофер Вреј, им кажа на вработените дека ќе се повлече кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. „Ова е најдобриот начин да се избегне да се вовлече бирото подлабоко во кавгата“, рече Вреј. И тој кажа некои последни наредби. „Она што апсолутно, позитивно не може, не смее да се промени е нашата посветеност да ја правиме вистинската работа, на вистински ...
ТОРОНТО (АП) - Канадскиот премиер Џастин Трудо денес ја објави својата оставка поради зголеменото незадоволство од неговото раководство, но исто така и по ненадењото заминување на неговиот министер за финансии кое сигнализираше растечки превирања во неговата влада. Трудо рече дека „внатрешните битки“ значат дека тој „не може да биде најдобрата опција“ на следните избори. Тој планира да остане премиер додека не се избере нов лидер на Либералната ...
Вашингтон - Американскиот Конгрес го потврди изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и неговата победа во ноември на изборите. Откако беа потврдени резултатите од Изборниот колеџ за 50 сојузни држави и округот Вашингтон, Конгресот ги потврди изборните резултати со акламација - победа на Доналд Трамп и новоизбраниот потпретседател Џeј Ди Венс. „Претседавачот ја прогласува седницата за затворена“, објави претседавачот на седницата, ...
Присуството на македонскиот премиер Христијан Мицкоски на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп е позитивна порака, која покажува дека САД на Северна Македонија гледаат како на посериозен стратешки партнер, вели аналитичарот Петар Арсовски. Аналитичарот, Џелал Незири, вели дека тоа е од големо значење за држава, како што е Северна Македонија. „Но мислам дека не треба да очекуваме спектакуларни решенија од оваа посета од ...
ВАШИНГТОН (АП) - Јапонски Нипон Стил и Ју Ес Стил поднесоа федерална тужба со која ја оспоруваат одлуката на администрацијата на Бајден да го блокира предложениот договор од речиси 15 милијарди долари на Нипон за купување на Ју-ес Стил со седиште во Питсбург. Во тужбата, поднесена во понеделникот во американскиот Апелационен суд за Округот Колумбија, се наведува дека тоа е политичка одлука и дека го прекршила правилниот процес на компаниите. ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денес изјави дека САД сакаат да постигнат прекин на огнот во појасот Газа пред американскиот претседател Џо Бајден да ја напушти функцијата за две недели. Но, Блинкен рече дека ако нема договор дотогаш, тој е „уверен дека тој ќе биде завршен во одреден момент, се надевам дека порано отколку подоцна“. САД, Египет и Катар работеа со месеци посредувајќи договор меѓу Израел и Хамас, но завојуваните ...
Евалин Вамбуи и другите научници вршат испитувања во оваа лабораторија во Меѓународниот центар за физиологија и екологија на инсекти во Најроби. Таа вели дека проучуваат еден вид црв кој може да јаде и разградува пластика. „Овој инсект ќе биде од помош затоа што како што откривме, прво, може да ја консумира пластиката, особено стиропорот и второ, има група бактерии кои помагаат во процесот на деградација на пластиката", вели Вамбуи. Вамбуи и ...
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денес дека Северна Кореја и Кина се „најголемите тековни двигатели“ кои ѝ дозволуваат на Русија да ја спроведе својата војна во Украина и оти безбедносните гаранции ќе треба да бидат дел од потенцијалните идни преговори за ставање крај на конфликтот. Зборувајќи за време на посетата на Јужна Кореја, Блинкен рече дека севернокорејските резерви на артилерија, муниција и војници, заедно со ...
СКОПЈЕ – Судијата Александар Камбовски, кој доаѓа од битолска Апелација е новиот претседател на Судскиот совет. Тој беше избран едногласно од тринаесетте члена на Советот. Камбовски беше предлог на членот на советот Исамедин Лимани кој нагласи дека Камбовски доаѓа од втората генерација на Академијата за судии и јавни обвинители. По изборот Камбовски кажа дека ги охрабрува судиите да работат според Уставот и законите и нагласи дека тие ќе имаат ...
Американскиот претседател Џо Бајден и првата дама Џил Бајден ќе го посетат Њу Орлеанс денес откако 14 лица беа убиени, а 35 повредени, кога маж влета со голема брзина со изнајмен пикап во група пешаци во раните утрински часови на новогодишниот ден. Семејството Бајден планира да се сретне со членовите на семејствата на жртвите кои беа прегазени кога лицето, идентификувано од властите како 42-годишен воен ветеран од Хјустон, влета во граѓани на ...
Американскиот Конгрес треба да се состане денес за да ја потврди победата на претседателските избори на Доналд Трамп кој беше во трка со потпретседателката Камала Харис. Потпретседателот е задолжен да претседава со пребројувањето на резултатите од секоја од 50-те сојузни држави во земјата, ставајќи ја Харис во позиција да ја потврди сопствената загуба. Постапката долго време беше формалност во изборниот процес, но пред четири години се претвори ...
Гренланд, полуавтономната данска територија прекриена со мраз, повторно е на удар на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, по именувањето на својот амбасадор во Данска, Трамп напиша дека, цитирам, „За целите на националната безбедност и слободата низ целиот свет, Соединетите Американски Држави чувствуваат дека сопственоста и контролата над Гренланд се апсолутна неопходност“. Embed share Трамп: Ќе бараме Панамскиот канал да им се врати на САД, ...
ВАШИНГТОН - Претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон е реизбран со тесна поддршка во 119-тиот состав на Конгресот. Републиканецот од Луизијана ја има поддршката од новоизбраниот претседател Доналд Трамп и републиканците во Претставничкиот дом одлучија денеска да го реизберат на неговата функција. Џонсон официјално положи заклетва како претседател на Претставничкиот дом од пратеникот Хал Роџерс од Кентаки, членот со најдолг стаж во ...
Набил Атар донесе парче од неговата родна Сирија во средновековниот француски град Орлеанс. Рецепти кои ги научил од неговата мајка и сеќавања на татковината што ја напушти пред речиси една деценија...откако беше принуден, вели тој, од владата на Башар ал Асад. „Вооружени луѓе ми се заканија да платам пари. Ми го киднапираа синот. Беше многу сложено. Платив многу пари за да си го вратам синот”, раскажува Атар. Embed share Радост, но и ...