Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ги повика американските законодавци да го отфрлат предлог-законот за финансирање на владата минатиот петок, зголемувајќи ја веројатноста за делумно затворање. Трамп и новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс ги повикаа законодавците да донесат поинаков нацрт-закон за привремени трошоци од оној што беше претставен во вторникот. Трамп, исто така, ги повика законодавците да го искористат предлог-законот за ...

Додека администрацијата на претседателот Џо Бајден се подготвува да ја предаде власта на идниот тим на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, украинската редакција на Гласот на Америка, разговараше со Мајкл Карпентер, директор на Советот за национална безбедност за Европа. Карпентер разговараше за напорите на администрацијата на Бајден да ја зајакне Украина и зошто ќе биде потребно повеќе време и ресурси од Вашингтон за да започнат успешни ...

СКОПЈЕ – Поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби од денес и официјално стана бегалец од правдата и се бара со меѓународна потерница. На барање на Обвинителството, на веб сајтот на МВР од утрово осамнаа меѓународните потерници за Артан Груби и екс директорот на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами. Скопскиот Кривичен суд вчеравечер им одреди триесет дневен притвор на Груби и на Бајрами кои не се наоѓаат во државата. Груби во саботата ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен одржа „суштинска“ средба лице в лице со републиканскиот сенатор Марко Рубио од Флорида, кој беше избран од новоизбраниот претседател Доналд Трамп за негов кандидат за следен државен секретар на САД. Средбата доаѓа додека тимот на Трамп се подготвува за процесот на транзиција. „Тоа беше добар, конструктивен и суштински разговор“, изјави за новинарите заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант ...

Претседателот Владимир Путин денес рече дека руските сили се движат кон постигнување на нивните примарни цели на бојното поле во Украина и ја промовираше, како што рече, непобедливоста на новата руска хиперсонична ракета. На државната телевизија за време на неговата годишна сесија за прашања и одговори со Русите, Путин рече дека силите на Москва напредуваат долж целиот борбен фронт. „Морам да кажам дека ситуацијата драматично се менува... Има ...

Десетици илјади Грузијци одржаа демонстрации минатата пролет против законот на владата за „странски агенти“ - наречен „руски закон“ од неговите противници, по слично законодавство кое долго време го користи Москва за да ги замолчи неистомислениците. Протестите прераснаа во битка за иднината на Грузија. Опозицијата своите надежи ги насочи на општите избори во октомври. Но, владејачката партија Грузиски сон победи со над 53 отсто од гласовите. ...

Клаудија Вентура живее во Лос Анџелес веќе 20 години. Овде има работа и семејство, но нема документи. Вентура е меѓу околу 800-те илјади жители на Лос Анџелес кои немаат правен статус во САД. И, како и многу други, таа се чувствува непријатно откако Доналд Трамп победи на претседателските избори. „Сега, не гледам многу луѓе на улица. … Помалку луѓе, тоа е лошо... Мислам дека луѓето се исплашени да не бидат депортирани“, вели Вентура. Градскиот ...

САД, на кои им се придружија арапските посредници, денес се обидоа да склучат договор меѓу Израел и Хамас за запирање на 14-месечната војна во Појасот Газа, каде што медицинските лица рекоа дека израелските напади убиле најмалку 20 Палестинци во текот на ноќта. Палестински функционер запознаен со преговорите денес рече дека посредниците ги намалиле разликите во повеќето клаузули од договорот. Тој рече дека Израел вовел услови кои Хамас ги ...

Кога тогашниот претседател Доналд Трамп го потпиша Договорот за Соединетите Американски Држави, Мексико, Канада во 2020 година, фармерот од Илиноис, Дејвид Ајзерман, го сметаше тоа како позитивен потег за трговската политика на САД. „Тоа беше нешто што требаше да се направи, бидејќи имаше проблеми“, вели Ајзерман. Но, најновите објави на Трамп на социјалните мрежи кои предлагаат царини против Канада и Мексико ќе ги прекршат условите на тој ...

Извештај на Пентагон вели дека кинеската војска имала „нов бран“ на корупција меѓу нејзините високи лидери минатата година, кој можеби го нарушил напредокот кон нејзините цели за воена модернизација, дури и кога Кина ја засили агресијата кон Тајван и Филипини. Годишниот извештај за кинеската воена моќ на американскиот Оддел за одбрана, објавен денес, вели дека најмалку 15 високи воени офицери и директори на одбранбената индустрија биле ...

Русија дефинитивно може да соработува со администрацијата на Доналд Трамп откако тој ќе положи заклетва како претседател на САД следниот месец, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков. Рјабков ги повтори обвинувањата од Москва дека „непромислените“ акции на Западот го зголемиле ризикот од нуклеарна војна и ја опиша глобалната безбедност како депресивна. Русија, рече тој, сака да го намали потенцијалот за конфликт. ...

Советот за безбедност на ОН повика на политичка транзиција предводена од Сирија која ќе им овозможи на сите Сиријци „самостојно и демократски да ја одредуваат својата иднина“, по соборувањето на долгогодишниот лидер Башар ал Асад. Во соопштението објавено доцна во вторникот, Советот за безбедност рече дека политичкиот процес треба да се заснова на резолуцијата на Советот за безбедност од 2015 година, која повикува на нов Устав и избори, ...

Вашингтон - По неколкунеделни исцрпувачки преговори, демократите и републиканците постигнаа договор на Капитол Хил да го задржат финансирањето и да работат федералните агенции до средината на март, избегнувајќи делулно затворање на владата пред празниците. Таканаречената „континуирана резолуција“ - што се очекува да биде последниот главен закон усвоен од Конгресот оваа година - мора да помине во Претставничкиот дом предводен од републиканците ...

СКОПЈЕ – Од први јануари граѓаните ќе плаќаат за нијанса повисоки сметки за струја која во просек ќе поскапи за помалку од еден процент, соопшти денес регулаторот Марко Бислимовски. Гледано по блокови поскапувањата на цените на струјата се движи од 0,62 до 2,24 проценти или во просек поскапувањето ќе изнесува 0,92 проценти. Евтината струја исто така ќе поскапи за минимални 0,9 проценти. Ќе поскапи за помалку од еден процент од први јануари ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретне во среда со шефот на НАТО Марк Руте и европските лидери во Брисел додека Украина се обидува да ја зајакне својата одбрана од руските сили. Зеленски во вторникот наведе итна потреба за зајакнување на воената помош за Украина, особено системите за воздушна одбрана. „Мораме да направиме се што е можно за да ја уништиме способноста на Русија да води војна од што подалеку“, рече Зеленски. „За ...

Од 30 ноември годинава, почна да важи безвизниот режим за влез во Кина за македонските граѓани и граѓаните на уште осум други држави, Бугарија, Романија, Малта, Хрватска, Црна Гора, Естонија, Латвија и Јапонија. Укинувањето на визите се однесува за престој во Кина до 30 дена. Embed share Аналитичари: Укинување на кинеските визи за македонските граѓани е т.н. „мека“ моќ на Пекинг Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL ...

МЕДИСОН, Вис. (АП) - Членовите на заедницата во Висконсин продолжија да се справуваат со тагата и повикаа на промени по последиците од пукањето во училиште во кое загинаа наставник и ученик, а беа ранети уште шестмина. Неколку стотици луѓе се собраа пред Капитолот на државата Висконсин на бдение во вторникот вечерта за да им оддадат почит на убиените во христијанското училиште „Бандант Лајф“ во Медисон претходниот ден, со подавање свеќи едни на ...

Работниците во германскиот автомобилски гигант Фолксваген започнаа протест против предложените намалувања на платите и персоналот во компанијата. Аналитичарите сметаат дека ова е знак за длабока криза во огромната германска економија поради високите цени на енергијата предизвикани од војната во Украина и прекинот на испораките на руски гас, по настојувањето на Берлин да се префрли на обновлива енергија, затворајќи ја и последната нуклеарна ...

Лекарите во средата соопштија дека во израелските воздушни напади загинале најмалку 12 лица во Појасот Газа. Во нападите е вклучен и еден во градот Беит Лахија, во северниот дел на Газа, во кој загинаа најмалку 10 лица, рекоа медицинските лица. Други израелски напади го погодија центарот на Газа и областа Рафа во јужниот дел на палестинската енклава. Континуираното насилство доаѓа во време на нов притисок да се обезбеди договор за прекин на ...

За време на неговата претседателска кампања, Доналд Трамп рече дека најлошиот проблем на Америка е илегалната имиграција. „Ќе ја имаме најголемата депортација во историјата. Јас не сум горд што го кажувам тоа, тоа е тешко да се направи“, рече Трамп. Откако победи на изборите, Трамп сподели објава на социјалните мрежи во која вели дека ќе прогласи национална вонредна состојба и ќе распореди американски војници да помогнат во тие депортации. ...

Во време на зголемена политичка поделба, довербата на Американците во судскиот систем и судовите на нивната земја падна на рекордно ниско ниво на 35% оваа година, според новата анкета на Галуп. САД забележаа остар пад од 24 процентни поени во последните четири години, издвојувајќи ја земјата од другите богати нации каде што повеќето луѓе во просек сè уште изразуваат доверба во нивните системи. Резултатите доаѓаат по бурниот период кој вклучуваше ...

Руските власти соопштија дека бомба експлодирала денес на улица во Москва, при што загинале две лица, вклучително и командантот на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана. Експлозијата се случила додека генерал-полковник Игор Кирилов и неговиот заменик излегувале од станбена зграда во југоисточна Москва, според рускиот истражен комитет. Властите соопштија дека бомбата била скриена во електричен скутер паркиран во близина на влезот ...

СКОПЈЕ - Скопскиот Кривичен суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и им определи триесетдневен притвор на Артан Груби и Перпарим Бајрами, за случајчот „Државна лотарија“ но со оглед на фактите дека тие не се наоѓаат во државата побара од Министерството за внатрешни работи (МВР) да распише национална потерница но и изјава со која ќе се распише меѓународна потерница со која доколку некој од осомничените биде лоцирани да може да биде ...

„Овој момент откри нешто во што почнувавме да се сомневаме – дека ЕУ има срце, ние сведочиме на тоа. Можеби тоа срце може да биде поголемо, но фактот дека го има, е нешто што олеснува.“, изјави премиерот на Албанија Еди Рама. Embed share ЕУ: Тирана отвори втор кластер, Скопје се уште чека Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:02:43 0:00 ...

СКОПЈЕ – Дваесет и едногодишен жител на Гостивар е основачот и лидер на терористичката ќелија која викендов беше разбиена од МВР. Членовите на групата планирале терористички напади на територијата на Северна Македонија и активно врбувале членови за ИСИС, покажуваат доказите со кои располага Обвинителството за гонење на организиран криминал. Против четворицата приведени се поднесени кривични пријави за тероризам а судија од скопскиот Кривичен суд ...

САД воведоа санкции против Северна Кореја и Русија насочени кон финансиската и воената поддршка на Пјонгјанг за Москва, како и нејзината програма за балистички проектили. Санкциите, во кои се наведени севернокорејските банки, генерали и други функционери, како и руските нафтени компании, се најновата мерка на САД чија цел е да ја наруши поддршката на Северна Кореја за руската војна во Украина. Јужнокорејското министерство за надворешни работи ...

Војниците од Северна Кореја се борат и умираат заедно со руските сили како дел од војната на Москва против Украина, според најновата проценка на Пентагон. „Севернокорејските војници се вклучија во борба во Курск со Русите, заедно со руските сили“, изјави за новинарите во понеделникот портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер. „Имаме индиции дека тие имале жртви, убиени и ранети“, рече Рајдер, додавајќи дека учеството на севернокорејските ...

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп вчера тврдеше дека војската „поради некоја причина“ ги чувала во тајност деталите за необјаснетите беспилотни летала што летаат ноќе над источниот дел на САД, но Белата куќа подоцна ги минимизираше појавите на дронови. „Нашата војска знае... нешто чудно се случува“, им рече Трамп на новинарите во неговиот имот Мар-а-Лаго во Флорида на неговата прва прес-конференција по неговиот избор за нов ...

МЕДИСОН, ВИСКОНСИН - Пет лица загинаа, а други се повредени по пукотницата во понеделникот во приватно христијанско училиште во Висконсин, вклучително и едно дете (убиецот) кое го предизвикалонападот, соопштија властите. Шефот на полицијата во Медисон, Шон Барнс, зборуваше со новинарите кога бројот на загинати се искачи на пет од три лица. Тој не понуди детали за жртвите, но рече дека другите биле ранети во пукањето во христијанското училиште ...

Соборениот сириски претседател Башар Асад изјави дека не планирал да ја напушти земјата по падот на Дамаск пред една недела, но руската војска го евакуирала откако нивната база во западна Сирија била нападната. Коментарите се први на Асад откако беше соборен од бунтовничките групи. Асад во изјава на својата Фејсбук страница рече дека го напуштил Дамаск утрото на 8 декември, неколку часа откако бунтовниците упаднале во главниот град. Тој рече ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
33%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
5.66
57%
1013
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
73%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.66
55%
1015
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.35
66%
1015
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1012
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
4.02
53%
1014
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
48%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
77%
1017
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
8.23
60%
1016
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
6.69
86%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 15ᴼ
2.06
100%
1015
Currency

61.535

Currency

54.0881

Currency

71.7806

Currency

34.5717

Currency

39.1002

Currency

65.8687

Currency

7.42141

Currency

0.65923

Currency

0.37999

Currency

0.52523

Currency

1.42309

Currency

0.63428

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52