Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Австриско-германскиот автомобилски магнат Волфганг Порше наводно се откажал од плановите за изградба на приватен тунел од 500 метри за своите автомобили низ рид во Салцбург и решил да ја продаде историската вила што го предизвика спорот. Одлуката следеше по силниот јавен протест поради проектот, наречен „тунел за еден“, пишува „Гардијан“. Во 2020 година, Порше купи историска вила од 17 век на периферијата на Салцбург за 8,4 милиони евра. ...
Поранешниот американски претседател Барак Обама рече дека сè уште има „посебно место“ во мислите на сегашниот претседател Доналд Трамп, велејќи дека долгорочниот фокус на Трамп врз него е „знак на погрешно поставени приоритети“. „Мора да го прашате што е тоа - оваа опсесија. Очигледно имам соба во неговата глава, стан во неговата глава“, рече Обама во подкастот „All Smoke“. Обама рече дека Трамп избегнува директни конфронтации лице в лице, но ...
Одлуката, која комисијата, контролирана од републиканците, ја донесе со девет гласа наспроти пет, значи дека од 2030 година, учениците ќе мора да читаат пасуси за Адам и Ева и Книгата Излез, пишува Би-Би-Си. Што има на новата листа за лектири? Ова е прв пат Тексас да воведе единствена листа на книги што учениците низ целата држава мора да ги прочитаат. Таа содржи класици од англиската литература како што се „Големите очекувања“ од Чарлс ...
Веб-страницата им овозможува на луѓето да ги споделат деталите и последната локација на своите најблиски со надеж дека ќе помогнат во напорите за пребарување и спасување низ целата земја. Се вели дека приближно 68.000 лица се воделе како исчезнати откако земјотресите се случија во среда вечерта. Досега се пронајдени малку помалку од 13.000 лица кои претходно се воделе како исчезнати. 1.600 членови на странски спасувачки екипи пристигнаа во ...
Високите температури влијаеја на сообраќајот, училиштата, јавните настани и работата на службите за итни случаи. Се чини дека Франција е особено погодена. Во Париз, поради екстремната топлина, беа воведени дополнителни мерки, вклучително и привремена забрана за консумирање алкохол на јавни места. Болниците и службите за итни случаи работат под голем притисок, а од истата причина Париската парада на гордоста, која ќе се одржи во септември ...
Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на морето по ударот и дека истрагата за сторителите е во тек. UKMTO WARNING 076-26 Click here to view UKMTO Products⤵️https://t.co/alTxwBuCqv#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/wVnubqrMdp — UKMTO Operations Centre (@UK_MTO) June ...
Зелено’ртските Острови завршија втори во својата Група Х и сензационално се пласираа во осминафиналето на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Со ова достигнување, дебитантите на турнирот официјално станаа најмалата земја што некогаш ја поминала групната фаза во историјата на Светското првенство – феноменално достигнување за малата островска нација. Тимот излезе од тешка група целосно непоразен, оставајќи ги зад себе двократните ...
Официјалните лица велат дека ова е една од најлошите природни катастрофи во историјата на земјата, објави Скај Њуз. Претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хорхе Родригез, изјави дека најмалку 920 луѓе загинале во земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени што се случија во среда вечерта. Постојат стравувања дека бројот на жртви би можел нагло да се зголеми во наредните денови, при што 3.360 лица се пријавени како повредени, а ...
Првата ѕвезда на иранската репрезентација, Мехди Тареми, разочаран од она што се случува со неговата репрезентација на ова СП, зборуваше за проблемите со кои се соочуваат секој ден на ова Светско првенство. „Немаме логистика. Немаме медиуми. Немаме статистичари и аналитичари. Немаме потпретседател, немаме претседател. ФИФА мора да ги реши проблемите, но за жал не успеа да ги реши уште од самиот почеток. Господинот Инфантино дојде во нашата ...
Вечерва и утринава по македонско време, се играат последните шест средби од 3.коло со што завршува групната фаза. По овие мечеви ќе се знаат и официјално сите двојки од 1/16 финалето во нокаут – фазата. Јасно е дека сите погледи се свртени кон Хрватите кои играат против Гана. Прашање е дали оваа селекција која на последните два Мундијали беше втора и трета, ќе успее во последен момент да се “качи“ во возот наречен групна фаза. Хрватска и Гана ...
Австралија се пласираше во 1/16-финалето на СП, но таму ќе биде без двајца играчи од првиот тим. И Џејкоб Италијано и Метју Леки се надвор од теренот поради повреди, објави Фудбалската федерација на Австралија. „Им посакуваме на Џејкоб и Метју се најдобро во нивната рехабилитација и ви благодариме за вашиот придонес во текот на финалната рунда. Ќе ни недостигате, момци“, обавија од федерацијата. Џејкоб Италијано играше на првите два ...
Американските центри за контрола и превенција на болести (CDC) вчера го подигнаа својот одговор на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго на највисоко ниво, но рекоа дека ризикот од ширење на болеста во Соединетите Американски Држави останува низок. Овој потег, резервиран за најсериозните здравствени кризи, покажува растечка загриженост поради брзото ширење на редок сој на болеста. Повеќе од 1200 заразени во Конго Појавата на ...
Острата реакција од Манама дојде само неколку часа откако Вашингтон објави дека американските сили извршиле напади врз ирански ракетни, радарски и беспилотни летала во јужен Иран. САД го оправдаа потегот како одговор на претходниот ирански напад со беспилотни летала врз контејнерскиот брод „Евер Лавли“ под знамето на Сингапур во стратешки важниот Ормутски теснец. Иран, од друга страна, веднаш возврати со напади врз цели поврзани со САД, ...
Во очекување на вечерашниот меч меѓу Хрватска и Гана, почнаа шпекулациите околу конечниот исход на оваа средба. Имено, рефлекторите повторно се насочени кон Томас Парти, еден од клучните играчи на репрезентацијата на Гана, на кого му е одбиена виза за влез во Канада поради обвиненија за силување во Велика Британија, каде што треба да се соочи со судење. Обидите на челниците на Фудбалската асоцијација на Гана, па дури и на државното ...
Лионел Меси имаше фантастичен старт на Светското првенство. Хет-трик против Алжир и два гола против Австрија, и сега тој е играчот кој постигнал најмногу голови во историјата на Светските првенства. Сепак, тој нема да има можност да го подобри тој рекорд од почетокот на натпреварот против Јордан. Како што најави селекторот Лионел Скалони на прес-конференцијата пред мечот, тој на стартот вечерва ќе остане на клупата. „Лионел ќе го започне ...
Двајца шпански репрезентативци се повредија на натпреварот од третото коло на Светското првенство во 2026 година против Уругвај (1:0). Крилниот напаѓач Јереми Пино се појави на теренот во 66-тата минута. Тој го напушти стадионот со завој на раката. Според „Марка“, тој претрпе повреда на клучната коска. Крилниот напаѓач Нико Вилијамс влезе на теренот во 76-тата минута. Се сомнева дека има повреда на мускулот што би можела да го спречи да игра ...
Иран пропушти директен пласман во нокаут фазата на Светското првенство по драматичното реми 1-1 против Египет во Сиетл. Наместо сензационална победа, Иранците сега зависат од исходот на другите групи. Азискиот тим ја заврши групната фаза со три бода и моментално е во позиција да се натпреварува за статусот на еден од осумте најдобри третопласирани тимови. Сепак, патот до нокаут фазата повеќе не зависи само од нив – туку и од резултатите во ...
ЕУ ќе реагира брзо и решително доколку САД ги исполнат заканите на претседателот Доналд Трамп за воведување 100 проценти царини на европските земји доколку тие воведат даноци за дигитални услуги на американските компании, изјави портпаролот на Европската комисија. „Сите даноци по својата природа се недискриминаторски и се однесуваат подеднакво на сите големи компании, без оглед на нивното потекло. Едностраните мерки насочени кон ваквите ...
Уште еден доказ што значи Бразил во светскиот фудбал, посебно откако и на ова СП заврши како прв во групната фаза, односно го освои првото место во групата.Најголемите фаворити честопати доживуваат неочекувани падови, губат од аутсајдери или дури го завршуваат натпреварувањето по групната фаза. Сепак, една селекција ја побива таа традиција повеќе од четири децении. Без оглед на промените на генерациите, промените на тренерите или сè посилната ...
Синоќа и утринава се одиграа уште шест меча од 3.коло во групната фаза на ова СП. Интересни резултати, сензации, имаше и калкулации ама секако дека најголемото пријатно изненадување е селекцијата на Зеленортските Острови која заврши како втора во групата и се пласира во 1/16 финалето каде за ривал ќе го има светскиот првак, Аргентина на Меси. Денешен гостин во нашата рубрика “Коментар на денот“ посветен на настаните на Мундијалот, е Артим ...
Што би било, кога би било. Но вреди да се насмееме на фудбалски теми. Можноста за средба на големите ривали Аргентина и Бразил на Светското првенство ја разбуди имагинацијата на многу фанови. Двете јужноамерикански фудбалски сили не играле една против друга од Светското првенство во 1990 година. На претходното Светско првенство во Катар, Хрватска им ги расипа плановите на Бразилците, но сега се отвора нова можност за епски дуел. Нивните ...
Либанската амбасадорка Нада Моавад и нејзиниот израелски колега Јехиел Лајтер го потпишаа трилатералниот документ со САД во Стејт департментот во Вашингтон. „Со задоволство го објавуваме рамковниот договор“ меѓу Либан и Израел, „со посредство и поддршка од САД“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио пред потпишувањето, додавајќи дека договорот претставува „рамка за траен мир и безбедност“. Официјалните лица не дадоа детали за ...
Повеќе од половина двојки за натпреварите во првата нокаут-рунда на Мундијалот веќе се познати. Со одигрувањето на денешните дуели списокот ќе биде комплетен, а од она што го имаме досега не очекуваат неколку дерби дуели во првата елиминациска рунда. Германија – Парагвај Франција – Шведска Јужна Африка – Канада Холандија – Мароко САД – Босна и Херцеговина Бразил – Јапонија Брегот на Слоновата Коска – Норвешка Аргентина – Зеленортски острови ...
Фудбалската репрезентација на Иран не успеа да се квалификува во нокаут фазата на Светското првенство во 2026 година поради нееројатен офсајд во последните моменти од натпреварот. Во последното коло од Групата Г, азиската репрезентација ремизираше со Египет, беше 1:1, и остана без една од двете првопласирани позиции што ги водат понатаму. Шоџа Калилзадех постигна гол во 93-тата минута од натпреварот, но 37-годишниот фудбалер беше во ...
Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани додека семејствата очајно чекаат вести за своите најблиски, пишува Би-Би-Си. Два силни земјотреси ја погодија Венецуела во средата за неколку секунди еден од друг. Вториот земјотрес, со јачина од 7,5 степени, беше еден од најсилните што ја погодија земјата во последните сто години. Повредените се згрижени во привремени медицински установи откако беа уништени десетици згради на ...
Одговорот на Техеран не се чекаше долго. Либански медиуми: Израелско бомбардирање во близина на границата Либанската национална новинска агенција објави дека израелските сили ја бомбардирале областа околу градот Маркаба, кој се наоѓа на 1,5 километри од израелско-либанската граница, преку ноќ. Извештајот доаѓа откако Израел и Либан потпишаа „рамковен договор“ во Вашингтон, кој американскиот државен секретар Марко Рубио го опиша како „прв ...
Фудбалските репрезентации на Белгија и Египет директно се квалификуваа од групата Г во нокаут-фазтаа, додека селекцијата на Иран ќе го чека исходот со три нерешени резултати за да се пласира понатаму како една од најдобрите третопласирани репрезентации. Египет и Иран ги поделија бодовите, играјќи 1:1, па африканската селекција обезбеди директен пласман понатаму, додека азиската репрезентација ќе почека до крајот на групната фаза на Светското ...
Глобалната нелегална трговија со дрога е во подем, а производството на кокаин и заплените на метамфетамин се на рекордни нивоа, покажа извештајот на Обединетите нации објавен денес, во кој се предупредува за пораст на нови дроги за да се пополни празнината што ја остави падот на залихите на хероин. Производството на кокаин се зголеми на приближно 4.100 метрички тони чист производ во 2024 година, последната година во историјата, што е ...
Шпанија го победи Уругвај со 1-0 во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство и го обезбеди првото место во групата Х пред нокаут фазата на Светското првенство. Шпанија имаше над 70 проценти од поседот на топката, и покрај малиот број шанси, успеа да поведе во 42-та минута со голот на Баена. Второто полувреме беше многу полошо од двата тима и се чинеше дека тимовите едвај чекаат да заврши натпреварот. На крајот, натпреварот ...
Норвешка – Франција 1:4 е крајниот резултат од мечот во Бостон, во рамките на 3.коло во групата И.Со оваа победа страшната Франција заврши како прва во групата, додека Норвешка како втора ќе патува во 1/16 финалето на овој Мундијал. Штета што не видовме вистинско дерби, што не ја видовме вистинската Норвешка, ако се знае дека на овој меч играа резервистите на оваа селекција. Таква беше одлуката на селекторот Солбакен. Франција стартуваше со ...