Милиони Европејци и ентузијасти за астрономија од целиот свет денес ќе го гледаат небото за време на ретко целосно затемнување на сонцето, кое ќе донесе темнина во северна Шпанија во текот на денот само две минути, додека овој необичен феномен ќе трае вкупно околу два часа. Двоминутното целосно затемнување на сонцето, кога Месечината целосно ќе го покрие, покрај Шпанија ќе го доживеат и Исланд и Русија, а ќе му претходи и ќе биде проследено ...

Увозот на земјоделски производи во ЕУ би се намалил за 41 процент, додека сточарите би се соочиле со повисоки трошоци за храна за животните. EК сè уште нема прецизирано кои пестициди ќе бидат опфатени со мерката, а анализата на Заедничкиот истражувачки центар идентификуваше 18 активни супстанции што би можеле да бидат предмет на забрана за остатоци. Нивната употреба би можела да влијае на 235 вида производи од 86 земји Анализа на ...

Со повеќе од 33.600 полицајци и членови на Цивилната гарда, распоредени на неколку локации, Шпанија ги дочека туристите што допатуваа специјално за да го проследат вечерашниот спектакл на небото: целосно затемнување на Сонцето, кој се смета за еден од најочекуваните астрономски настани на деценијата. Во очекување на огромниот прилив на туристи, властите одредија 123 области со посебен безбедносен режим. Според шпанскиот портал „Кадена СЕР“, ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска се закани дека ќе заплени бродови од европските земји. Неговата објава е одговор на плановите за продажба на товар од пресретнати руски бродови што припаѓаат на т.н. флота во сенка, објавува „Еуроњуз“. Заканата беше поттикната од пресретнувањето на неколку бродови што превезуваат руска нафта, со што се прекршени европските санкции наметнати врз клучните извори на приходи на Москва. Новите ...

Кој е најдобриот кошаркар од просторите на поранешна Југославија? Прашање на кое со години нема конечен одговор. Дражен Петровиќ, Тони Кукоч, Владе Дивац, Дино Раѓа, Арвидас Сабонис, а во поново време Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се меѓу имињата што најчесто се споменуваат. Јокиќ со години доминира во НБА, но легендарниот Дино Раѓа смета дека сè уште е рано да биде прогласен за најдобар Европеец во историјата. Ова се неблагодарни работи. Како ...

Се отвора нова страница на братско и евхаристиско заедничарење меѓу Бигорскиот манастир и Света Гора, а со тоа, извесно, и меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија. Иднината ќе покаже што може да донесе тоа како решение за забавеното решавање на прашањето за издавање томос за автокефалност за Македонската црква. Сега, сигналите за обновување на дијалогот се испратени и не треба да биде изненадување доколку се случи тоа во блиска иднина. Ваков ...

Водата во Скопје е безбедна за пиење. Оваа потврда дојде од надлежните институции откако во јавноста со брзина на светлината се пренесе информацијата дека во водата за пиење од изворот Рашче има опасна бактерија што е штетна за здравјето и оти никој не презема одговорност за тоа. – Во водата во Скопје е изолирана бактеријата ешерихија коли, да не пиете и да ги известите сите. Немаат објавено, а на Клиника има два случаи на заболени – порака ...

Историски договор кој пред 25 години донесе мир, стабилност и заедништво во земјава и кој треба постојано да се одржува на патот на зреење на Македонија кон граѓанското општество. Вакви пораки денеска беа испратени од панел-дискусијата посветена на досегашната имплементација и на идните предизвици на Охридскиот рамковен договор, во организација на Министерството за односи меѓу заедниците, во Клубот на пратениците. На панел-дискусијата беше ...

Темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ е „Ткајачи на филм“. Визуелното решение изработено од уметницата и графички дизајнер Вања Штркова, се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки. Во него е инкорпорирано дело од светски познатиот уметник Киро Урдин и фотографии од Горан Тачевски, кој живее и работи во Прага. – Македонската кинематографија е родена од ...

– Инструментот што го користам вечерва е лично мој. Го купив пред три години, во Холандија и го увезов во Македонија за да имам и тука инструмент и за да можам да патувам и да ја презентирам барокната музика во автентичен стил – вели Созовска. Костов, пак, посочи дека специфично е и тоа што свиреле на автентичен штим од 415 херци, карактеристичен за тој период Врвните македонски уметници, виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка ...

Првото издание на „Џез-вечери“, нова програма во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на Радио Џез ФМ и на НУ „Охридско лето“. Програмата ќе се реализира во прекрасниот амбиент на црквата „Света Софија“ и на сцената во Долни Сарај, а предвидени се шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и од Македонија. Меѓу изведувачите се: Крсте ...

„Македокс“ ќе биде отворен со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и со долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим на 20 август, во 20:30 часот, во Куршумли ан. На фестивалот се предвидени проекции на 71 филм, се очекуваат над 100 гости од странство, а ќе се одржат и македонските премиери на новите филмови на Милчо Манчевски и на Елена Чемерска Седумнаесетото издание на ...

Жетвата на пченицата е завршена, но продолжува неизвесноста за земјоделците, наместо навремена исплата за произведеното жито и на субвенциите за 2025 година, тие сè уште чекаат на своите пари. Велат дека по цела година вложување и работа, не може да го наплатат сопствениот труд, а дополнителен удар е и ниската откупна цена од само 9 до 10 денари за килограм. Земјоделците предупредуваат дека ваквата состојба го загрозува производството на ...

Старосната граница за пензионирање во Македонија нема да се зголемува, уверуваат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Ставот на Владата е дека треба да се бараат решенијата за стабилизирање на пензискиот систем преку други економски и фискални мерки, а не преку продолжување на работниот век. Оваа позиција доаѓа во период кога одржливоста на пензискиот систем и обезбедувањето средства за исплата на пензиите се меѓу актуелните економски прашања. Од ...

Преку романтична приказна, песната ја пренесува идејата за судбината на оние луѓе што едноставно се родени еден за друг. Токму за тоа се пее и во рефренот: „Милион патишта, милион соништа, која луда среќа е тоа што те сретнав тебе…“ – Вашата постојана медиумска поддршка ми дава голема инспирација за нови, убави песни – вели распеаната Јованка за весникот ВЕЧЕР Популарната македонска пејачка од Куманово на која ѝ порасна популарноста за 100 ...

Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните компании. Со овој трансфер, како што наведува, вкупната поддршка на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра. – Ова е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и за поттик за економијата. Во ...

Македонија отвора простор за нова соработка со меѓународната туристичка групација „Корендон“, со цел унапредување на авиосообраќајот, привлекување повеќе странски туристи и отворање нови можности за инвестиции во туристичкиот сектор. Можностите за соработка беа тема на работната средба меѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, и претставниците на „Корендон“, една од водечките туристички групации во ...

Цените на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа достигнаа рекордни нивоа, поттикнати од екстремно високите температури и од наглиот раст на потрошувачката. Во одделни пикови, цената на електричната енергија надмина 500 евра за мегават-час, создавајќи сериозен притисок врз енергетските системи во целиот регион, вклучително и Македонија. Главна причина за зголемената побарувачка е масовното користење климатизери поради ...

Во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче интензивно се одвива неговата доградба, а во тек се и активностите за унапредување на системот за греење со топлински пумпи. Од Општина Аеродром информираат дека се гради целосно нов дел од училиштето, кој ќе располага со шест нови училници и со две помали канцеларии. – Со реализацијата на овој проект, ќе се обезбедат дополнителни просторни капацитети и значително подобри услови за одвивање на наставата – ...

Општина Центар и оваа година продолжува со поддршката за најмладите ученици и нивните семејства. Петта година по ред, сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта ќе добијат бесплатни училишни ранчиња, обезбедени со средства од општинскиот буџет. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вели дека оваа мерка веќе станала убава традиција со која Општината им посакува добредојде на децата што првпат седнуваат во ...

Општина Карпош почна со поставување нова атмосферска канализација на улицата „Волгоградска“ во населбата Карпош 4. Притоа, објаснуваат дека е предвидено поставување атмосферска мрежа во должина од 60 метри, со што, како што велат, ќе се унапреди системот за одведување на атмосферските води и ќе се подобри функционалноста на инфраструктурата во овој дел од населбата. Активностите се реализираат со средства обезбедени во буџетот на Општина ...

Покрај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ интензивно се оформува новата зелена приказна, „зеленото срце“ на Бутел. Станува збор за мегапарк со вкупна површина од 50.000 квадратни метри, кој претходно беше запуштен простор, депонија. Првиот дел, на површина од 8.000 квадратни метри, е речиси целосно завршен и опфаќа богати зелени површини, плоштад, детски катчиња, пешачки патеки, фитнес-зони и содржини за сите генерации. Станува збор за ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во изјава за медиумите истакна дека е во тек тендерот за избор на најповолна фирма изведувач и дека очекува за една година да се санира земјиштето што беше причина за пропаѓање на патот за Теферич. Деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски, истакна за весникот ВЕЧЕР дека во нивното стручно мислење, кое било побарано, препорачале да се направи детална анализа за стабилноста на ...

Во куќа во Мареза, предградие на Подгорица, црногорската полиција откри повеќе од 50 странски државјани за кои, како што пренесуваат неофицијално медиумите, постои сомнеж дека се хакери кои земале пари од сметки на руски граѓани. Според полицијата на Црна Гора, во рамките на операцијата во куќата биле пронајдени стотици дигитални уреди, софистицирана опрема и голема количина пари. Повеќето од луѓето престојувале и работеле во Црна Гора со ...

Ненад Бугарин, капетан на пристанишната управа на Сењскиот пристаништен округ, изјави дека околу 11:45 часот е пронајдена жива Португалка, една од четворицата исчезнати во Јадранското Море во Велебитскиот канал кај Сењ во Хрватска. Недолго потоа беше објавено дека е пронајдено живо уште едно лице. Потрагата по преостанатите двајца португалски државјани, кои наводно се качиле во гумен чамец за време на бура и испловиле во текот на ноќта по ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на вонредна прес-конференција рече дека не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје, а скопјани да бидат спокојни. Тој пред новинарите се напи чаша вода од чешма. – Ќе има одговорност за сите кои шират паника и хистерија, што според мене е еднакво на тероризам. До МВР ќе бидат доставени сите профили на социјалните мрежи кои шират лажни вести, порача Ѓорѓиевски кој ...

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во параглајдерство. Од 8 до 19 август, градот е домаќин на еден од најзначајните меѓународни настани во дисциплината параглајдинг крос-кантри. Главното полетување е од Мечкин Камен, а слетувањето и завршувањето на натпреварувачките задачи се одвиваат на соодветни слетувалишта во поширокото подрачје, во зависност од конкретната задача и од условите за летање. Покрај спортското значење, ...

По една година пауза, „Чупино треил“ повторно се враќа на планината Плачковица. На 30 август 2026 година, љубителите на планинското трчање повторно ќе имаат можност да бидат дел од настанот што низ годините прерасна во една од препознатливите вакви трки во овој дел од Македонија. Годинашното издание на „Чупино треил“ ќе понуди три различни трки, наменети за различни нивоа на подготвеност – за оние што сакаат пократок планински предизвик, но и ...

Крива Паланка утре, по шести пат, ќе биде единствениот македонски град домаќин на авантуристичкиот карван „Јуроп раид 2026“, во кој учествуваат млади авантуристи од Франција. Годинава, околу 150 автомобили со повеќе од 500 учесници повторно ќе ја поминат Европа, носејќи ја хуманата мисија на „Јуроп раид“: меѓународна помош и соработка. Патувајќи со автомобили „пежо 207“, учесниците го минуваат европскиот континент, запознавајќи ги природните ...

На 15 август, во Претор ќе се одржи „Преспански авантури“, инклузивна велосипедска тура наменета за лицата со и без попреченост. Настанот е дел од проектот „Магијата на Преспа“, чија цел е промовирање на активниот и инклузивен туризам, подобра пристапност и еднакво учество во рекреативните и во туристичките активности. Учесниците ќе возат по велосипедска маршрута низ Преспанскиот Регион, при што ќе може да користат стандардни и адаптивни ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Бакар

12.58