Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека активно се работи на реконструкција на музичкото училиште „Панче Пешев“, како и на зголемување на неговата енергетска ефикасност и функционалност. – Во тек се поставувањето нова енергетско-ефикасна фасада, реконструкцијата на покривниот покривач и поставувањето нови ПВЦ-прозорци во објектот – нагласи Димитриевски. Тој додаде дека реконструкцијата е дел од проектот ...

Студентскиот „Рејџ“ во режија на Фран Морено Бланко и Санти Пујол Амат, е прогласен за најдобар во сите натпреварувачки категории на 10. јубилејно издание на фестивалот за краток филм „Дрим шорт“. Наградата од публика му е доделена на филмот „The bench“ во режија на Трифун Ситниковски. За изборот на најдобри филмови одлучуваше жири-комисија во состав Масимилијано Нардули (сценарист), Верица Недеска (актерка) и Гледис Бица (режисер). ...

Утре и во четврток наместа низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Темепратурата ќе опадне за неколку степени, соопштуваат од УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. ИЗДВОЕНИ Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, досега еден починат од ...

Трагична вест ги потресе Велс и рагби-заедницата. Поранешниот рагбист на Мистег селтик, Скот Џејмс, почина на 34-годишна возраст откако речиси три недели се бореше за живот по тешките повреди на главата што ги доби во текот на одморот во Турција. Несреќниот инцидент се случи на 5 јули, по вербална расправија во бар. Според досегашните информации, Џејмс бил удрен во глава од член на обезбедувањето, по што ја загубил рамнотежата и удрил со ...

Необична несреќа се случила во понеделник наутро на аеродромот Линате во Милано, каде што возило кое опслужувало авион на пистата се судрило со приватен авион. Целиот инцидент е снимен од камерата за надзор. На видеото се гледа како Фиат Панда го пресекува патот на приватен авион „Хокер Бичкрафт 400А“ кој се движел по маневрирачката површина. Носот на авионот удрил во страната на автомобилот и го скршил прозорецот, за среќа не од страната на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека тајно ги сменил авионите во Турција минатиот месец по налог на американската тајна служба, но дека авионот со кој на крајот летал сепак бил поранлив од „Ер Форс Уан“. По самитот на НАТО во Анкара, Трамп беше префрлен од „Ер Форс Уан“ во воен авион преку камион за кетеринг во извонредна измама предизвикана од иранска закана за атентат, објавија американските медиуми. Белата куќа не ...

Пет години откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан, околу 2,4 милиони девојчиња сè уште немаат пристап до средно образование. Обединетите нации го обновија својот повик за итно враќање на нивното право на образование, а УНЕСКО, агенцијата за образование на ОН, вели дека исклучувањето на жените и девојчињата од образовниот систем е сериозно кршење на нивните фундаментални права, објави АП. Хода Џабериан, координаторка на УНЕСКО за ...

Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години во земјава се коцкале за пари во последните 12 месеци, или 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата. Младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, по повод Меѓународниот ден на младите преку герила акција во Скопје го изразија својот револт од сè поголемата присутност и нормализација на ...

Екипата на МЗТ Скопје продолжува да го засилува ростерот за новата сезона, а најново име во „Јане Сандански“ е 22-годишниот македонски репрезентативец Петар Бошалески. Бошалески, кој игра на бековската позиција и е висок 197 сантиметри, потпиша договор со „металците“ и во новата сезона ќе настапува со нив на домашните натпреварувања, АБА2-лигата и во ФИБА Еврокупот. Охриѓанецот ги помина сите младински репрезентативни селекции на Македонија, ...

Во црквата „Света Софија“, вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг е роден во Шангај во 1981 година и се смета зa еден од најдобрите пијанисти на неговата генерација. Студирал во Франција на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан Рубицки, а откако се стекнал со диплома за концертен пијанист, продолжува да студира на Парискиот конзерваториум со Оливие Гардон и ...

Денеска 12 август, ќе бидеме сведоци на еден од најимпресивните астрономски феномени во годината на небото. Месечината ќе помине помеѓу Земјата и Сонцето, предизвикувајќи затемнување кое ќе биде целосно во делови од светот, додека од Македонија ќе биде видливо како делумно затемнување на сонцето. Вкупната фаза ќе помине над делови од Гренланд, Исланд и Шпанија, а во областа на најголемото затемнување ќе трае околу две минути и 18 секунди. ...

Националниот центар за координација на поморско пребарување и спасување во Риека (MRCC Rijeka) објави дека е во тек координирана операција за пребарување и спасување на четири млади португалски државјани кои исчезнаа за време на силна бура во каналот Велебит. Известувањето за исчезнувањето на четирите лица го примила околу 4 часот наутро нивна познаничка. Според неа, четирите пријатели тргнале од камп северно од Сењ со рекреативен надувувачки ...

Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на следните делови од Скопје: Кисела вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Во моментот регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, ...

Северна Кореја испука денеска балистичка ракета во морето покрај источниот брег на Корејскиот Полуостров, соопштија јужнокорејските и јапонските власти. Лансирањето се случи неколку дена пред заедничките воени вежби меѓу Сеул и Вашингтон. Јужнокорејските и јапонските одбранбени власти објавија дека ракетата прелетала околу 700 километри, а двете земји изразија осуда за тој потег на Пјонгјанг. Канцеларијата за национална безбедност на Јужна ...

Рекордните горештини, сушите и пожарите во текот на летото 2026 година веќе не се само еколошки проблем, туку сериозен удар за европската економија, бидејќи истовремено го нарушуваат производството на електрична енергија, речниот транспорт, земјоделството, туризмот и јавното здравје. Рајна и Дунав се особено погодени, каде што ниските нивоа на вода го ограничуваат товарниот сообраќај, додека некои нуклеарни централи мораа да го намалат или ...

Од денеска низ цела Европска Унија се спроведуваат нови правила за амбалажа, а една од најважните промени се однесува на таканаречените PFAS соединенија во пакувањето што доаѓа во контакт со храна. Ова се хемикалии што се користат, меѓу другото, за да го направат пакувањето поотпорно на маснотии и влага. Промената особено ќе влијае на пакувањето што потрошувачите го добиваат секој ден со храна за носење, како што се кутии за бургери и ...

Шпанија се подготвува за еден од најочекуваните астрономски настани на деценијата. Денеска, делови од земјата ќе бидат на патот на целосно затемнување на сонцето, а во центарот на вниманието особено ќе бидат Балеарските Острови. На Мајорка, Сонцето целосно ќе исчезне зад Месечината околу минута и половина, додека се приближува кон зајдисонце. Тоа е многу редок настан и се очекува голем број посетители. Шпанското Министерство за внатрешни ...

Високиот УВ индекс значително го зголемува ризикот од изгореници, а дерматолозите предупредуваат дека кожата го „памети“ секое прекумерно изложување на сонце. Примариус д-р Биљана Ќертиќ, специјалист по пластична и реконструктивна хирургија, за РТС предупредува дека сончевите изгореници можат да остават долгорочни последици, особено при често и продолжено изложување на сончевите зраци. Според неа, заштитниот фактор е важен, но не значи дека ...

Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивното островче бидејќи наводно им било украдено земјиште, тој ги игнорираше. Наместо да го напушти проектот, Кушнер продолжи со инвестицијата и му плати на Артур Шеху, човек кого мештаните го обвинуваат за нелегално одземање на земјиштето, 120 милиони долари. Неговиот правен тим го уверувал дека не би ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторник изјави дека Украина ги доставила своите предлози до американските преговарачи за планot за завршување на војната со Русија, која трае повеќе од четири години. „Ги доставивме нашите предлози до американската страна“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. Во исто време, тој рече дека Соединетите Американски Држави би можеле да ѝ помогнат на Украина да ги зајакне своите одбранбени ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги претстави своите „три стратегии“ во врска со Иран во интервју за „Вистинскиот глас на Америка“. – Имаме три стратегии. Да го правиме она што го правиме сега: да продолжиме и да видиме колку се лоши, бидејќи имаат инфлација од 300 проценти – рече американскиот лидер во разговор со водителот Вејн Рут. Втората стратегија, според американскиот претседател, е да ги „погодиме многу силно“. Додека „третата ...

Врвниот австриски метеоролог и експерт за клима Андреас Јагер загрижува со прогнозата дека ова лето, кое многумина го сметаат за пеколно, е всушност најстуденото што ќе го имаме во следните 300 години! Јегер тврди дека најважно сега е земјоделството да се прилагоди на климатските промени и фундаментално да го реконструира во пракса. Целта е да се задржи влагата во почвата и да се ублажат ефектите од екстремните врнежи. „Ова е веројатно ...

Мароканските власти почнаа да градат бариера висока четири метри пред шпанскиот автономен град Сеута за да спречат повторување на масовниот упад во енклавата, објави весникот „Магреб Тајмс“. Весникот наведува дека оградата или бариерата се гради на периферијата на градот Фнидек, само неколку километри од Сеута, со цел да се спречат нелегалните мигранти да се приближат кон граничниот премин Баб Себта што води кон Сеута. Неименувани полициски ...

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност ја очекува денеска Македонија. Метеоалармот предупредува на високи температури на територијата на целата држава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе се засилува. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе дува повремено засилен северен ветер. Пресврт во времето се очекува во четврток и петок ...

Приказната за мистериозната промена на авионот на Доналд Трамп за време на неговото враќање од Турција во јули сега добива нова, многу посериозна димензија. Според новите детали објавени од Волстрит џурнал, Израел ги предупредил американските власти за можноста за ирански обид за атентат врз американскиот претседател. Трамп бил виден како се качува во Ер Форс Уан на 8 јули по самитот на НАТО во Анкара. Сепак, според претходните извештаи во ...

Ако денешните резултати од последните анализи покажат дека количината на хлор во водата е во дозволените граници, водата во Гостивар конечно би можела повторно да биде пуштена за пиење, по речиси еден месец од почетокот на водната криза. „Последните мерења ни покажаа дека количината на резидуален хлор во водата е на границите на дозволеното и се чекаат последните мерења кои се направени во понеделникот. Резултати се очекуваат среда попладне. ...

На 12 август ќе се случи целосно затемнување на Сонцето во знакот Лав, носејќи моќна космичка промена. Влијанието на ова затемнување ќе се чувствува во текот на наредните шест месеци, а четири хороскопски знаци можат да очекуваат големи животни трансформации. Лавот е знакот што владее со срцето, креативноста, себеизразувањето и лидерството; кога Месечината целосно го закрива Сонцето, темнината што настанува не е злокобна, туку симболизира ...

Ретка серија астрономски феномени мже да се очекува денеска и тоа – утринска „парада на планети“, делумно затемнување на сонцето и врвот на метеорскиот дожд Персеиди. За да ги набљудувате, покрај ведрото небо, ќе треба да пронајдете места подалеку од градските светла и со отворен поглед на хоризонтот. Првиот небесен спектакл започнува пред изгрејсонце, кога на небото ќе се појават шест планети: Јупитер, Меркур, Марс, Уран, Сатурн и Нептун. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека на одреден начин преговара со Иран и дека сега постојат опции САД или да извршат нов, навистина силен напад врз Иран, или да му дозволат на Техеран – како што се изрази тој – економски да колабира. Во интервју за „Real America’s Voice“, објавено доцна синоќа, Трамп рече дека иранските претставници се „итри преговарачи“, пренесе денеска Ројтерс. „Економски гледано, тие се во хаос. Не можат да ...

Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која поминала околу 30 часа заробена под урнатините на станбена зграда по разорниот земјотрес што ја погоди земјата, објави „Скај њуз“. Жената, идентификувана како Дијана Тронкосо, која е на возраст од околу триесет години, била сама во својот стан во градот Кали кога се случил земјотресот. Локалните медиуми известуваат дека таа е во стабилна состојба. Повеќе од 250 луѓе загинаа во разорниот земјотрес со ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75