Општина Гази Баба им доделува субвенции на граѓаните за вградување уреди за течен гас/метан или друг вид алтернативно гориво во возилата за 2026 година. За таа цел е објавен јавен повик. Општината покрива до 50 % од трошоците, но најмногу до 18.000 денари од возило, а се субвенционира едно возило по семејство. Повикот трае до 30.11.2026 или до исцрпување на средствата. Право на учество на јавниот повик имаат жителите на Општина Гази Баба што ...

Основното училиште „Владо Тасевски“ во населбата Козле ќе добие современо спортско игралиште. Во тек се градежните активности за целосна реконструкција на постојното, која ќе опфати вградување нов тампон, асфалт и рабници. Од Општина Карпош информираат дека игралиштето е со површина од 600 квадратни метри, а изведувач на работите е фирмата ДПГТТУ „Филип инженеринг“ ДООЕЛ. Вредноста на проектот е 1.842.452 денари. Според општинските власти, во ...

Почнаа градежните активности на улицата „2“ во населеното место Расадник, кое се наоѓа на територијата на Општина Бутел. Оваа улица е во должина од 250 метри и со површина од 1.000 квадратни метри. Со нејзината реконструкција, ќе се обезбедат и нови паркинг-места. – Наскоро ќе се реконструираат и улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“. Претходно ја реконструиравме главната улица во ова населено место – улицата ...

Доаѓа први март, кога, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатни мартинки. Се изработуваат од бел и од црвен конец, а, традиционално, и се подаруваат. Според традицијата, на првиот ден од март, најстарата жена во семејството врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Мартинката е висулец од засукани конци што се става на 1 март за здравје, во Македонија, Бугарија, ...

По донесената одлука од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Општина Сарај излезе со известување и предупредување за зголемена внимателност на сите посетители. Оттаму апелираат граѓаните строго да ги почитуваат насоките и поставените знаци, нагласувајќи дека во случај на несреќа поради непочитување на предупредувањето, одговорноста ќе ја сноси лицето што се движело во ризичната зона. За тоа дали и какви мерки ќе се преземат пред да се ...

Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, ги повика вработените во амбасадата кои сакаат да заминат да го сторат тоа „денес“ поради страв од можен ирански напад. Стејт департментот, исто така, го ажурираше своето предупредување за патување, советувајќи ги американските граѓани да не патуваат во Израел, објави „Џерусалем пост“ . Според извештајот на „Њујорк тајмс“, Хакаби испратил е-пошта до персоналот на амбасадата во петокот во 00:04 ...

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој присуствуваше на протестот, упати критики кон надлежните институции, особено кон Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Според него, локалната самоуправа нема законска надлежност за справување со проблемот со говедата, иако, како што рече, жителите често бараат решителна акција за заштита на своите имоти и стопанства и да се најде решение на проблемот. На критиките на Митовски, ...

Близок извор до таборот на шпанскиот гигант Реал (М) ја пласираше сензационалната информација дека клупските челници веќе го дефинирале фудбалерот кој ќе биде ангажиран доколку предвреме биде прекината соработката со бразилскиот интернационалец, Винисиус Жуниор. Според анонимниот извор, во тој случај „кралскиот клуб“ ќе се обиде да ги осигура услугите на англискиот интернационалец од редовите на Баерн (М), Мајкл Олисе. ИЗДВОЕНИ ГРИПОТ НЕ СЕ ...

Кошаркарите на Доминиканската Република приредија сензација во квалификациите за Светското првенство откако на гости, во Калифорнија, ги совладаа САД со 87:79. Особено е интересно што на Доминиканската Република ѝ недостигаа дури шестмина кошаркари: Карл-Ентони Таунс, Андрес Фелиз, Жан Монтеро, Крис Дуарте, Лестер Кињонес и Дејвид Џонс-Гарсија. Клучна беше третата четвртина во која Доминиканската Република успеа да избега на максимални +19. ...

Македонија ѝ се приклучува на најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа – „Спортски игри за млади“. Токму затоа во Владата на Република Македонија и официјално беше потпишан договор за соработка и нашата земја стана дел од оваа престижна меѓународна платформа. Потпишувањето на договорот го реализираа Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, и Здравко Мариќ, претседател на ...

Управниот одбор на Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на 32. седница ја усвои Завршната сметка за 2025 година, оценувајќи дека финансиското работење е позитивно и стабилно. Според директорката на Секторот за финансии, Фатиме Неџипи, Фондот навремено и целосно ги сервисирал обврските, а приходите и расходите се во рамки на планираното. Директорот Никола Мемов информира дека активностите се реализираат согласно со планот, при што ...

Банките најавуваат дека во наредниот период ќе спроведат информативни и едукативни кампањи преку своите комуникациски канали, со цел клиентите навреме да се запознаат со новите постапки и со чекорите за одобрување на трансакциите Од 1 март 2026 година, банките во земјава ќе престанат да ги користат СМС ОТП-кодовите како начин за потврда на онлајн плаќањата. Наместо тоа, при секоја електронска трансакција ќе се применува засилена ...

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.02.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д Е V) изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува ...

Изненадувачката вест дека Netflix се откажа од преземањето на Warner Bros. во последен момент го погоди Холивуд како бомба, оставајќи ги работниците во солзи додека се точеше шампањ во канцелариите на конкурентот Paramount. Додека некои се подготвуваат за безмилосни отпуштања и намалувања на работни места, медиумските здруженија веќе го вклучуваат црвениот аларм за судбината на CNN, која наскоро ќе се најде во рацете на милијардери блиски до ...

Неколку минути по полноќ, тргна првиот товарен воз на компанијата „MAV Railtours“ на новата линија Будимпешта-Белград, потврди во објава на својот Фејсбук профил, Золт Хеѓи, генерален директор на Унгарските железници (MAV Group). Со секојдневниот товарен сообраќај, ја тестираме реновираната железничка линија број 150 во реални услови, пред да се врати патничкиот сообраќај на неа, напиша Хеѓи. Тој изјави дека сите мерења и тестови покажале ...

Синоќа во 22:40 часот во СВР Тетово, 78-годишен жител на село Стримница пријавил дека во селото му било одземено патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на друго лице, кое тој го користел. Според пријавеното, возилото било паркирано и оставено со клуч на бравата. Како што информираат од СВР Тетово, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон село Палатица, предизвикало сообраќајна незгода, ...

Продолжуваат активностите од екоконкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“. По првата фаза спроведена во септември 2025 година, кога беа раззеленети четири училишни двора со преку 500 садници, проектот продолжи со нови акции во две основни училишта. Со вкупно 160 нови садници се раззеленија дворовите на ОУ „Маршал Тито“ во село Банско, Струмица и ОУ „Андреја Савевски – Ќикиш“ во Тетово. Дворовите добија обновен и поуреден изглед, а ...

Денеска во Охрид се одржува нова еколошка акција за собирање текстилен отпад, која е дел од редовните иницијативи за управување со отпадот и за поттикнување на циркуларната економија, а граѓаните имаат можност да ја однесат старата облека на неколку локации во градот. Специјалните контејнери на „Тексомак“ се поставени во задниот двор на „Охрид мол“, во дворот на Гимназијата, на Економското училиште и на ОЕМУЦ, како и во дворовите на основните ...

Почна уредувањето на паркинг-просторот кај „Седумте кули“ во Штип, зад Економскиот факултет, со што ќе се обезбедат 40 нови паркинг- места. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, рече дека овие паркинг-места ќе им служат и на станарите, но и на вработените и на студентите на Економскиот факултет. – Овде ќе има повеќе од 40 паркинг-позиции, во функција на студентите, професорите, жителите од околните седум кули, кои имаат потреба од ...

Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ успешно ја заврши акцијата за уредување две јавни парцели на територијата на Делчево, кои добија целосно нов и разубавен изглед со садењето сезонско цвеќе и уредувањето со декоративен камен. Како што информираат од претпријатието, активностите се дел од континуираните заложби за подобрување на урбаното зеленило и за создавање поубаво, почисто и попријатно опкружување за граѓаните. – Со внимателен ...

Македонската кошаркарска репрезентација ќе се обиде со новиот селектор, Шпанецот Жозеп Марија Берокал, да ги продолжи успешните настапи во претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година, а за таа цел прво ќе мора дома да го совлада Луксембург (денеска 18:00 часот), а потоа да ја оправда фаворитската улога и на гости кај Азербејџан (понеделник). Нашата селекција во изминатите два циклуси го имаше Џејкоб Вајли во составот, а сега, ...

Реал (М) веќе прави планови за дополнително зајакнување на својата младинска академија пред следната сезона. Канцелариите во „Валдебебас“ разгледуваат голем број млади таленти кои би можеле да пристигнат во „Ла Фабрика“. Сепак, едно име особено се издвојува од останатите, 16-годишниот крилен играч на Рекреативо Гранада, Овен Мира. Играчот, роден во 2009 година, веќе е член на младинскиот тим и покрај тоа што е само во својата прва година во ...

Екипата на Пари Сен Жермен ја забележа најважната победа сезонава во Лигата на шампионите, откако славеше над ПИК Сегед пред својата публика со 29:28 и математички си обезбеди пласман во осминафиналето. Тоа значи и крај на сите надежи на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер за историски пласман во нокаут – фазата, затоа што на две кола до крајот на групната фаза битолчани заостануваат четири бода во однос на ГОГ Гудме, кој има подобар скор ...

Претседателската трка во Барселона влегува во својата највозбудлива фаза. Изборите закажани за 16 март би можеле да донесат големи промени во клубот. Сегашниот претседател, Жоан Лапорта, ја брани својата позиција. Од друга страна, неговиот главен противник, Виктор Фонт, игра на картата на емоции. Фонт ја истакнува можноста за историски кам-бек во својата кампања, со фразата дека е најдобриот играч на сите времиња. Лесно е да се погоди дека ...

Раководните лица на италијанскиот гигант Милан се убедени дека е прашање само на време кога хрватскиот интернационалец, Лука Модриќ, ќе прифати продолжување на соработката. Искусниот играч за врска има договор со „росонерите“ до крајот на актуелната сезона, но во истиот има и клаузула за продолжување на соработката за уште една сезона под услов тоа да го сака освојувачот на најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет, „Златаната ...

Дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во осминафиналето на најквалитетното клупско натпреварување – Лигата на шампионите, привлекува најголемо внимание меѓу љубителите на фудбалот. Вака посака ждрепката која се одржа во Нион, која донесе неколку спектакуларни двојки, но секако најзвучна е онаа меѓу „Кралевите“ и „Граѓаните“. Плејофот за Лигата на шампионите ни донесе големо возбудување и неколку огромни изненадувања, а најголемата ...

Навивачите на Манчестер Јунајтед испратија јасна порака до клупските челници околу тоа кој треба да биде менаџер во слдната сезона. Мајкл Керик одлично ја води екипата, но раководството на „црвените ѓаволи“ не се откажува од потрагата по нов менаџер. Челниците сега се фокусираа на еден кандидат, сето тоа откако шансите за доведување на Луис Енрике нагло се намалија. ИНЕОС моментално бара соодветен кандидат да го преземе раководството на тимот ...

Во Театарот за деца и младинци се подготвува нова претстава насловена „Садако сака да живее“, во режија и драматизација на Тамара Кучиновиќ. Како што соопштија од ТДМ на својата ФБ-страница, во тек се пробите за новата претстава, која е инспирирана од животот на Садако Сасаки, девојчето од Хирошима родено во 1943 година. – Тоа е мало, а големо, мирно, а смело, нежно, а упорно, кое ја претворало секоја ситница во игра и во живот. Ова е ...

Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се ...

Од 1 до 4 март 2026 година, во хотелот „Гранд“ на Копаоник ќе се одржи 33. издание на „Копаоник бизнис-форум“, најзначајниот економски настан во регионот. Форумот традиционално ќе обедини претставници на деловната заедница, академскиот сектор, институциите и меѓународните организации. Централна тема годинава е индустриската политика како основа за долгорочен пораст, со акцент на конкурентноста, инвестициите, пазарот на труд, дигиталната ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
32%
1008
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
6.17
30%
1007
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
39%
1004
weather icon

Софија

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
33%
1009
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.87
44%
1012
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.34
70%
1004
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
6.17
53%
1009
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
52%
1008
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
45%
1008
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
6.26
66%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
5.66
39%
1006
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
54%
1011
Currency

61.64

Currency

53.7353

Currency

71.0203

Currency

37.563

Currency

38.9111

Currency

67.5934

Currency

7.79198

Currency

0.67251

Currency

0.3364

Currency

0.5223

Currency

1.21616

Currency

0.58046

Рутениум

54591.97

Калај

48.18

Иридиум

259874.72

Цинк

0.00

Сребро

2590.59

Алуминиум

3.42

Родиум

369733.59

Кобалт

3.86

Злато

161442.17

Бакар

11.40

Платина

65169.56

Паладиум

49383.55