Се отвора нова страница на братско и евхаристиско заедничарење меѓу Бигорскиот манастир и Света Гора, а со тоа, извесно, и меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија. Иднината ќе покаже што може да донесе тоа како решение за забавеното решавање на прашањето за издавање томос за автокефалност за Македонската црква. Сега, сигналите за обновување на дијалогот се испратени и не треба да биде изненадување доколку се случи тоа во блиска иднина. Ваков ...

Повод за новинарска опсервација: Посетата на Света Гора од страна на претставници од Бигорскиот манастир Престојот на дел од монашкото братство на Бигорскиот манастир, предводено од игуменот Партениј, на Света Гора, повторно во јавноста го отвори прашањето за динамиката на односите меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Вселенската патријаршија. Посетата, која на прв поглед може да се толкува како духовна и монашка ...