Ситуацијата со сипаниците кај малите преживари забрзано се шири и покрај апелите од сточарите, вакцини сè уште нема. Досега пцовисале околу 10 илјади овци, уништени се 40-50 стада, а сточарите трпат големи финансиски загуби. Велат дека секој ден има појава на нови жаришта, а некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик. Тие бараат од државата побрзо да ја организира вакцинацијата ...
Сипаниците кај овците продолжуваат да се шират, а сточарите бараат итна реакција од државата. Од Сојузот на одгледувачи на овци велат дека досега се уништени околу 50 стада, односно меѓу 7.000 и 10.000 грла. „Секој ден има убиени овци, секој ден се уништуваат големи стада. Бараме од Владата што побрзо да најде решение со оваа болест, да набават вакцина и таа вакцина да се испита дали е конкретно за оваа болест“, изјави претседателот на ...
Над 10.000 овци досега угинаа во Македонија од болеста овчи сипаници. Поради оваа ситуација одгледувачите на овци од југозападниот дел на Македонија денеска остварија средби во Прилеп со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и платежната агенција. Бидејќи болеста засега ја има најмногу во источниот дел на државата сточарите побараа да не се вакцинираат овците во југозападниот дел каде досега нема ниту еден случај на болеста. Се ...

