Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Неколку куршуми биле испукани кон паркирано возило во скопски Сарај, додека во него се наоѓале две лица. Во инцидентот нема повредени, но возилото било оштетено од истрелите, информира Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен денеска околу 4 часот во полицијата од 25-годишниот Р.З. од селото Глумово. Тој пријавил дека додека бил со својот другар во паркирано патничко возило во Сарај, до нив пристигнале две лица со мотоцикл, ...
Припадниците на Управата на криминалистичката полиција (УКП) рано утринава открија и затворија илегална лабораторија за одгледување и преработка на опиоидни дроги на територијата на Смедерево. За време на акцијата на полицијата, во објектот се пронајдени дигитални ваги за прецизно мерење и материјал наменет за пакување. Вкупната количина на запленетата дрога се проценува на околу половина тон. Покрај тоа, пронајдени се и: Специјални ЛЕД и ...
Нестабилното време веќе започна да се чувствува во Македонија, а најновите радарски податоци покажуваат дека првите врнежи и грмежи се појавиле во неколку региони. Според информациите од УХМР најизразена нестабилност има во југозападниот дел од државата, поточно во Преспанскиот регион, каде што се регистрирани умерени врнежи од дожд проследени со ретки грмежи. Од надлежните се препорачува зголемена внимателност при движење, особено во ...
Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје - по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани, информираа попладнево од Министерството за здравство. - На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се ...
Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според најновите податоци на Државниот ...
И не било така идилично на Мундијалот. Имено за време на СП кое се одржуваше од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико, ФБИ го координираше Меѓународниот центар за полициска соработка (MCPC), составен од американски федерални безбедносни агенции и полицајци од земјите учеснички, вклучувајќи ја и Шпанија. Тие ги следеа терористичките закани, заканите кон фудбалерите, агресивните навивачи и сите инциденти што би можеле да влијаат на ...
Подната фонтана на централниот плоштад во Скопје се враќа во функција на која веќе неколку денови се работи за санација на дефектот. Ова е едно од најпрепознатливите места во срцето на градот, фонтаната која со години ги привлекуваше погледите на скопјани, гостите и туристите, а која поради долгогодишна негрижа беше оставена да пропаѓа, наскоро повторно ќе блесне во полн сјај, вели градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. „Денес, правиме ...
Полициски службеници од СВР Струмица вчера попладне лишија од слобода 51-годишен жител на струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 на тераса од семејниот дом физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, информира МВР. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен ...
Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи попладнево на патот Радишани–Побожје, каде животот го загуби 21-годишен мотоциклист. Според првичните информации, во судирот учествувале автомобил и мотоцикл, а причините за несреќата ги утврдува полицијата. Информацијата ја потврди д-р Драган Панов, раководител на смена во Итната медицинска помош – Скопје. Според првичните информации, во несреќата учествувале автомобил и мотоцикл. – По ...
Микропластиката денес е присутна речиси насекаде — во водата, храната, воздухот, па дури и во човечкиот организам. Ново истражување на научниците од Универзитетот „Тексас А&М“ покажа дека полиетиленот, најзастапената пластика во светот, би можел да придонесе за развој на болеста на масна црн дроб (масен црн дроб), особено во комбинација со нездрава исхрана. Сепак, важно е да се нагласи дека истражувањето е спроведено врз глувци. ...
Галеријата на икони во Охрид од денеска е збогатена со уште едно непроценливо историско, уметничко и духовно дело – иконата „Исус Христос на престол“, изработена во ретка мозаична техника, односно од ситни обоени камчиња или стаклени коцкички (тесери), карактеристична за византиската уметност. Како што беше посочено на денешната презентација организирана по повод одбележувањето на 75-годишниот јубилеј на организираната музејска дејност во ...
Хрватскиот судија Тихомир Пејин, кој сега е задолжен за ВАР на фудбалските натпревари, а воедно е и директор на аеродромот во Осиек, беше претепан во петок наутро во овој град. Полицијата и службите за итни случаи го пронајдоа 40-годишниот маж како лежи на улица, а соседите кои го видоа физичкиот напад врз Пејин повикаа служби за итни случаи и се обидоа да му помогнат на Пејин. „Не знам зошто бев нападнат, ниту кој ме нападна, и се надевам ...
Три малолетни деца заедно со нивната мајка биле избркани од семејниот дом во Тетовско, по што жената пријавила дека била и физички нападната од својот сопруг. Полицијата го привела 36-годишниот тетовец, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи. На 06.08.2026 во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ф.(36) ...
Наместо помош, останал без парите што штотуку ги подигнал од банкомат. Триесет и петгодишен скопјанец бил ограбен во скопската населба Центар, откако непознат маж, кој му помогнал да извади пари, со употреба на сила му ги одзел и побегнал. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 6 август во 18:00 часот, С.С. (35) од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот побарал помош од непознат маж за да подигне пари од банкомат. Од ...
Високите летни температури создаваат идеални услови за невидливите непријатели во чиниите. Бактериите како салмонелата и ешерихија коли експоненцијално се размножуваат во она што стручњаците го нарекуваат „опасна зона“ ‒ температурен опсег помеѓу 5 и 60 степени Целзиусови, пренесува SFG. Бројот на микроорганизми во брзорасипливата храна може да се удвои на секои 20 минути. Правилото наложува зготвената храна и лесно расипливите намирници да ...
Минатата година, Европската Унија извезе 3,2 милијарди литри пиво со алкохол во земји надвор од ЕУ, што е за 11 проценти помалку од претходната година, а Белгија останува главен извозник, објави Евростат. Увозот на пиво од трети земји во Европската Унија истовремено порасна за шест отсто, на 500 милиони литри, покажуваат податоците на Евростат. Белгија минатата година извезе вкупно 1,5 милијарди литри пиво, сметајќи ги и испораките во ...
Над 1.500 инспекциски контроли на повеќе од 300 плажи и во 450 бизниси се спроведени низ цела Грција со помош на дронови и современи технолошки алатки, во рамки на акцијата за заштита на крајбрежјето и обезбедување слободен пристап до плажите. Контролите откриле низа прекршувања, за кои се изречени високи казни, а најголемата достигнува 73 илјади евра. Грчките власти велат дека годинава е забележано значително намалување на пријавите за ...
Трагична сообраќајна несреќа се случи попладнево во скопската населба Бутел, каде 19-годишен мотоциклист го загуби животот по судир со патничко возило на улицата „Радишанска“. Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во 12:12 часот, а младото момче починало на местото на настанот. Во тек е увид за утврдување на причините и околностите под кои се случила несреќата. - Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е под голем притисок. Многу сојузи се изјаснија против него и се создава силна опозиција. Сепак, Швајцарецот добива и одредена поддршка, а најновата доаѓа од Фудбалската асоцијација на Аргентина. Инфантино се подготвува да се кандидира за нов, четврти мандат како претседател на ФИФА, а главната куќа на фудбалот во земјата на вицешампионот на светот му даде поддршка. Но, со една критика. „Со наши искрени ...
Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати. Според еврокомесарката за проширување Марта Кос, Исланд претставува „посебен случај“ бидејќи веќе е дел од Европскиот економски простор и Шенген зоната, што би можело значително да го ...
Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија би можела во следните години да се обиде да ја тестира цврстината на НАТО со ограничен напад врз една од членките на Алијансата. Според најновите проценки, сценаријата што ги разгледуваат американските власти вклучуваат кибер напади, саботажи или ограничена копнена операција со цел да се испита подготвеноста и реакцијата на сојузниците. Проценките, објавени од „Волстрит џурнал“, ...
Поранешниот гувернер на мексиканската сојузна држава Гереро, Анхел Хеладио Агире Риверо, е уапсен поради сомневања дека наредил уништување докази поврзани со исчезнувањето на 43 студенти во 2014 година. Апсењето доаѓа по новото разгледување на еден од најпотресните случаи во поновата историја на Мексико, кој со години предизвикуваше реакции и барања за целосна истрага. Федералното обвинителство на Мексико (ФГР) соопшти дека повторно го ...
Седум пожари на отворен простор има регистрирано до 13:00 часот на територија на државата. Два во моментов се активни, два се под контрола, а три се изгаснати, информира попладнево Центарот за управување со кризи. Од активните пожари, едниот е во подрачјето на село Могила, каде гори ниска вегетација. Другиот е на територија на општина Долнени, во регионот на село Ропотово, каде опожарено е стрниште. Од пожарите ставени под контрола, едниот ...
Отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, доби три високи признанија за неговиот повеќедецениски придонес кон македонската заедница во Австралија. Признанијата му беа врачени на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, организирана од Македонската австралиска заедничка организација (MACO), како израз на благодарност за неговата духовна, културна и општествена дејност. Од Австралиско-сиднејската епархија ...
Рекордни 33 степени Целзиусови е измерена температурата на морето кај шпанскиот остров Мајорка, што претставува највисока вредност досега забележана во шпанските води. Податоците, според шпанската национална метеоролошка агенција AEMET, се регистрирани кај островот Са Драгонера од мерното место на шпанската пристанишна управа, а дополнително треба да бидат официјално потврдени. Екстремно топлата вода во западниот Медитеран моментално е околу ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица одржа средби со откупувачите и производителите на пиперка, со цел разгледување на состојбите со откупот и обезбедување стабилни услови за земјоделците. На разговорите биле отворени прашањата за динамиката на откупот, цените, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон производителите. Серафимовски пред ...
Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од ресорното министерство и додаваат дека официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки. -Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги ...
Лицата кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој рече дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти вниманието и како жртви да ги претстави лицата со кои бил фотографиран. „„Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се ...
118 објекти се целосно уништени и не можат да бидат поправени по големите шумски пожари што ги зафатија делови од Грција, покажале првичните инспекции на властите. Инспекторите на Министерството за инфраструктура досега извршиле проверки на 325 објекти во најпогодените региони, меѓу кои западна Атика, Крит, Виотија, Ахаја, Арголида на Пелопонез и Фокида во централна Грција. Најголема штета е регистрирана во западна Атика, каде што 84 ...
Брзата железничка линија Белград–Будимпешта се очекува да биде отворена за патнички сообраќај наесен, по завршувањето на тестирањата и исполнувањето на сите безбедносни, технички и регулаторни услови. По пробните возења, кои треба да завршат во рок од две недели, ќе следи симулациско патување од Белград до Будимпешта и назад, вклучително и граничните и царинските процедури. Целта е да се потврди безбедноста на железничкиот систем, како и да ...