Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Погледнете го изгледот на Џеј Ло што го освои интернетот. Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание кај своите следбеници, овојпат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и ја покажа својата завидна фигура. Латино дивата, која во јули го прослави својот 57-ти роденден, на фотографиите блесна во стилот на стариот Холивуд. Таа позираше во бикини во нијанса на скршено бело, кое го искомбинира со чевли со украсни детали и ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера објави дека ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија, откако земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала однесе повеќе од 200 животи и уништи илјадници згради и куќи. „Додека продолжуваат операциите за пребарување и спасување, ЕУ ѝ пружа поддршка на Колумбија секаде каде што е тоа можно“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа „Икс“ (X). Таа изјави дека ЕУ става ...
Албанците го предупредиле зетот на Трамп за Артур Шеху, Кушнер му исплатил 120 милиони долари за островот за кој жителите на селото Звернец тврдат дека им го одзел бизнисмен кој побегнал во САД Кога жителите на малото албанско село Звернец го предупредиле Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, да не го купува нивното мало острово бидејќи станува збор за одземена дедовина, тој не ги послушал. Наместо да го запре ...
Како што е ред, пред главната свеченост по повод 8-септември Ден на независноста на Македонија, државата подготви и објави промотивен видео спот во траење од три минути. Да ја потсети јавноста и да се афирмира државата. Не владата, не партијата – државата. Во Америка, Шпанија или Италија на пример, ваков државен празник се бележи со знамиња на балконите и прозорите, се организираат локални приредби, или модерно хепенинзи, каде што се слави ...
Инцидентот се случи во водите кај островот Ломбок, а спасувачките екипи сè уште го пребаруваат подрачјето во потрага по евентуални исчезнати лица, пренесува Ројтерс. Траектот „КМ Путри Јасмин“ испловил од пристаништето Падангбаи на Бали, упатувајќи се кон пристаништето Лембар на Ломбок. 🇮🇩⚡️ A passenger ferry carrying an estimated 130 people caught fire off the coast of Lombok Island, Indonesia, according to local authorities. ...
На 12 август во 1990 година во Скопје бил осветен Соборниот храм на автокефалната Македонска православна црква „Свети Климент Охридски“. Каменот-темелник е поставен на 23 април 1972 година, по проект на архитектот Славко Брезоски. Црквата е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м и се состои од само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м2. На тој простор може да се соберат речиси 6000 верници. Главната црква му е ...
Поранешниот „ангел на Викторија“, манекенката Алесандра Амброзио (45), се сврши со австралискиот дизајнер и поранешен модел Бак Палмер, со кого е во врска речиси две години. Оваа убава вест ја потврди така што објави романтични фотографии од плажа во Индонезија, каде што Бак ја запросил. Стоеле на песокот во срце направено од ливчиња од рози, а целата плажа била целосно нивна, па можеле да уживаат во овој прекрасен момент. На лицето на ...
Според проценките на шпанските власти, околу 460.000 луѓе допатувале во Шпанија за денес да го набљудуваат целосното помрачување на Сонцето, а хотелите во таа земја пријавиле дека сместувањето било резервирано неколку месеци однапред од државјани на многу земји во светот. Се очекува повеќе од 300.000 од нив да се упатат кон градовите и селата во рурална Шпанија за да побараат најдобро место за набљудување на помрачувањето на Сонцето, а ...
Барселона и ПСЖ постигнаа принципиелен договор за трансферот на Феран Торес. Еден од хероите на Шпанија на Светското првенство сега е на еден чекор од преселба во Париз, а договорот е вреден вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се согласија за клучните услови по интензивни преговори, пишува каталонскиот весник Спорт. Преговорите не беа лесни. ПСЖ првично ѝ понуди на Барселона 40 милиони евра плус десет милиони бонуси, но ...
„Овде сѐ пулсира од активност“, вели Алистер Кембел додека го посматра метежот на својата фарма за боровници, сместена на 40 километри од Хараре, главниот град на Зимбабве. Стотици работници ги берат плодовите од грмушките и ги транспортираат во ладилници. По сортирањето, најкрупните боровници со авионски транспорт заминуваат кон Источна Азија, каде што побарувачката е огромна, додека останатиот дел со бродови се извезува во Европа, пишува ...
Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза. Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Но, кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А. Венко е на одмор на јахтата на Зоран ...
Ако возите со 80 километри на час на делница каде што е дозволено само 50, а притоа управувате возило со странска регистрација – засега минувате неказнето. Камерите од системот „Безбеден град“ сѐ уште ги регистрираат само домашните возачи, што е посебно изразено во летниот период кога низ земјава транзитираат илјадници странски возила без можност да се санкционира нивното брзо возење или кој било друг прекршок пред да ја напуштат македонската ...
Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години во земјава се коцкале за пари во последните 12 месеци, или 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата. Младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, по повод Меѓународниот ден на младите преку герила акција во Скопје го изразија својот револт од сè поголемата присутност и нормализација на ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов капитен на тимот по заминувањето на Бернардо Силва и очекуваниот трансфер на Родри. Сепак, Мареска ја отфрли можноста да му ја предаде капитенската лента на својот водечки стрелец. „Во Лестер и Челзи имав правило: кога ќе постигнеме гол, капитенот доаѓа ...
Нападите, на виталните точки за глобалните резерви на нафта – продолжуваат и покрај постојаните тврдења од американскиот претседател Доналд Трамп дека договорот е неизбежен. Цените на нафтата пораснаа, поради обновениот песимизам за брзо завршување на конфликтот. И Иран и САД ја засилија реториката во последните два дена. Највисокиот ирански безбедносен службеник, Мохсен Резаи ,вчера изјави дека виталниот бродски пат низ Ормускиот теснец ќе ...
По поразот од Хапоел Бер Шева, никој од тренерскиот штаб на Црвена Звезда не зборуваше на официјалната прес-конференција. Црвено-белите го завршија учеството во квалификациите за Лигата на шампионите со пораз од 2:0. Дејан Станковиќ беше исклучен во средината на второто полувреме, па на конференцијата се очекуваше Ненад Сакиќ, неговиот помошник. Потоа, по речиси еден час, се појави ПР-от на клубот и рече дека нема да има конференција. ...
Оваа информација се појави по извештаите во медиумите дека на 8 јули Трамп се качил во „Ер Форс 1“ пред камерите, но потоа тајно бил префрлен во друг воен авион, пренесува Би-би-си. „Ја слушам Тајната служба и војската. Тие сакаа да летам со друг лет, со друг авион“, им рече Трамп на новинарите, додавајќи: „Едноставно морам да го правам она што ќе ми го кажат“. Замената на авионот покрена прашања за тоа дали луѓето што останале во ...
Ретка серија астрономски феномени ќе може да се проследи денеска - утринска „парада на планетите“, делумно затемнување на Сонцето и врвот на метеорскиот дожд Персеиди. За целосно уживање во оваа глетка, освен ведро небо, ќе ви биде потребна локација подалеку од градското светло и со отворен поглед кон хоризонтот. Првиот небесен спектакл започнува уште пред изгрејсонце, кога на небото се подредуваат шест планети: Јупитер, Меркур, Марс, Уран, ...
Капачите во Каштела, на хрватското приморје, се соочија со необична и вознемирувачка ситуација, откако голема желка во неделата нападнала млад човек во морето. Инцидентот се случил на плажата „Миљенко и Добрила“ во Каштел Лукшиќ, каде што желката му се приближила на младиот човек одзади и го каснала во долниот дел од грбот. Од повредата имало крвавење, поради што веднаш била побарана медицинска помош. Ова е веќе петти пријавен случај на ...
Граѓаните на Сплит утрово ги изненадија полициски ленти и блокирана сообраќајница на улицата „Велебитска“, каде што можело да се забележи и оштетено бело патничко возило. Од сплитската полиција за „Слободна Далмација“ потврдија дека ноќеска, околу 00:50 часот, дошло до експлозија во внатрешноста на паркиран автомобил. Во инцидентот нема повредени лица, а според првичните информации од терен, не е предизвикана материјална штета на околните ...
Намерно подметнат пожар кај депонијата во Ново Село, кој избувнал вчера околу 13:30 часот, се прошири во шумскиот појас и заради силниот ветер, високите температури и големата количина сув материјал во гаснењето се вклучиле три авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), пожарникари на ТППЕ Струмица и доброволци од ДПД „РИС-ОПЕРАТИВЦИ“ од Ново Село, ЈКП „Комуна“, вработени во општината и една општествено одговорна компанија која со ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека дебатата за придобивките и ризиците од вештачката интелигенција се води на глобално ниво, а целта на Министерството е нејзиното воведување во образованието да биде во служба на подобрување на наставата и учењето. – Нашата намера е да им помогнеме на наставниците и на учениците да ја користат вештачката интелигенција на правилен начин, да ги искористат нејзините позитивни страни ...
Учениците ќе ја почнат новата учебна година со обезбедени учебници, а најголемиот дел од нивната дистрибуција веќе е завршена, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во интервју за телевизија Сител, Јаневска истакна дека Министерството презело мерки за подобрување на системот за издавање и дистрибуција на учебниците, меѓу кои и нова законска рамка со која учебникарството е префрлено кај издавачките куќи. Дотогаш ...
Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На денешното рочиште е предвидено изведување на градежното вештачење за објектот, како и распит на вештаците кои го изработиле извештајот. На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, посочи дека анализата ...
Количината на хлор во водоводната мрежа постепено се намалува, а од денешните најнови анализи зависи дали по речиси еден месец граѓаните конечно ќе можат да ја користат водата од чешма за пиење. Од Кризниот штаб велат дека последните контролни мерења потврдиле оти во водата веќе нема присутни бактерии, поради што е дадена насока за намалување на дозата хлор што се користеше за интензивна дезинфекција. За максимална точност и сигурност, ...
Дали навистина Енцо е (не)возможна мисија за Енцо?! Енцо Мареска сака бомбастична замена за Родри, а неговата најголема желба е – Енцо Фернандез. Англиските медиуми потврдија дека Енцо Мареска е во контакт со поранешниот играч, кој беше неговиот мотор во Челзи, но дека шансите тој да му се придружи на „Етихад“ се минимални. Челзи постави цена од 120.000.000 фунти, на крајот на краиштата, платија речиси толку кога го доведоа во зимата 2023 ...
Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов со својот Левски успеа да слави против Каират и да се пласира во пклеј – офот. Таму се и Динамо Загреб, Цеље… но не и Ц.Звезда која просто се избламира во двомечот со Хапоел Бер Шева. РЕЗУЛТАТИ – ЛШ Каират – Левски 0:1 Бодо/Глимт – Ројал ...
Корисниците на социјалните мрежи веруваат дека фотографијата е дигитално изменета, а некои од нив се сомневаат дека е создадена со помош на вештачка интелигенција. Eric Trump posted what appears to be an AI altered pic of his dad pic.twitter.com/jcRmw1B7FZ — PatriotTakes 🇺🇸 (@patriottakes) August 10, 2026 Ерик Трамп објави неколку фотографии од турнирот „LIV Golf“ што се одржа минатиот викенд во Националниот голф клуб Трамп во Бедминстер, ...
Воздушниот сообраќај во Катанија е целосно прекинат до утре во 11 часот. Повеќе од 200 летови мораа да бидат пренасочени или откажани. Воздушниот сообраќај е во прекин петти ден во средината на туристичката сезона, а воздухопловните власти донесуваат одлуки за летовите со кратко известување. Аеродромот во Катанија моментално е под највисоко, црвено, ниво на тревога. Патниците се обидуваат да се префрлат на аеродромот во Палермо. Се проценува ...
Голем дел од нашинците во Австралија имаат можност на пописот кој почна денеска да се изјаснат како Македонци, кои имаат македонско потекло, кои зборуваат македонски јазик и му припаѓаат на македонското православие. Целта на апелите е македонската заедница да биде правилно евидентирана, признаена и да добие што поголема поддршка. Проценките се дека во Австралија има околу 300.000 лица со македонско потекло. Секој Македонец е важен, изјаснете ...