Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Железничката станица во Тројхтлинген, во јужната германска покраина Баварија, и околните згради беа евакуирани во понеделник како мерка на претпазливост откако на шините беше пронајден сомнителен предмет за кој полицијата се сомнева дека може да содржи експлозиви. Полицијата во Средна Франконија соопшти дека екипите за итни случаи ги евакуираат директно погодените згради, додека експертите од Федералната полиција продолжуваат да го ...
Во Владата на Република С. Македонија, се одржа свечена седница по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Со седницата раководеше Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, кој во своето обраќање ја истакна историската и политичката важност на овој договор за стабилноста, еднаквоста и европската иднина на земјата. Говорејќи за значењето на јубилејот, тој истакна дека 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор е ...
25 годишен српски државјанин е уапсен под сомнение дека крадел торби од гости на плажите во Будва во текот на летото. Според црногорската полиција, тој е осомничен за кражба на голем број торби со пари, вредни предмети и лични документи во областа на Будва. „ Полициските службеници на Одделот за безбедност во Будва, постапувајќи по пријави од граѓани дека им се украдени лични предмети, пари и лични документи, спроведоа интензивни активности ...
„Свесни сме дека Рамковниот договор различно се доживува и толкува меѓу граѓаните. Историјата не треба да ја приспособуваме на дневната политика, ниту да очекуваме сите да имаат ист однос кон настаните од минатото. Но, наша обврска е од минатото да извлекуваме поуки и да градиме држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку реалност со која управуваме мудро, одговорно и во рамките на институциите.Охридскиот рамковен ...
Долгонајавуваната европска дозвола за патување за граѓаните на земјите без виза повторно е одложена. Засега, Европската Унија нема нов датум за почеток на системот ETIAS, па патниците се предупредени да не пополнуваат никакви барања ниту да плаќаат ништо, пишуваат српските медиуми. Европскиот систем за информации и авторизација за патување (ETIAS) требаше да биде воведен на крајот од оваа година, па затоа е одложен за следната година, а ...
Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, истакна премиерот Христијан Мицкоски по повод 25 години од потпишувањето на Рамковниот договор. Во објава на Фејсбук пртседателот ...
Во пријавата се наведува дека овие уреди – конкретно моделот „Ray-Ban Meta Wayfarer“ – ги прекршуваат германските закони за дигитална приватност. Ова претставува најнов случај на правен притисок во земја каде што правото на приватност е високо ценето, пренесува „Ројтерс“. Организацијата ја поднесе пријавата до Централната канцеларија за борба против сајбер-криминалот (ZIT) со седиште во Франкфурт, насочена против раководството на „Meta“, ...
Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, и инфлуенсерката Георгина Родригез стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија. Двојката го кажа судбоносното „да“ во вторникот, на интимна и приватна церемонија на која присуствуваа нивните пет деца, една година откако се свршија. Роналдо ја сподели веста дека тој и Георгина стапиле во брак по десетгодишна врска, објавувајќи фотографија од нивните венчални ...
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Местото е обезбедено од полицијата, а телото ќе биде предадено на обдукција за да се утврдат околностите и причината за смртта. Првичната информација ја објави порталот 4News. Засега, сепак, нема официјална потврда од надлежните институции за причината за смртта, поради што се очекуваат резултатите ...
Сè уште сме во предсезона, но Жозе Мурињо веќе го губи трпението со одлуките на судиите. Португалскиот тренер беше особено иритиран од одлуката на судијата Адриан Кордеро Вего за време на пријателскиот натпревар помеѓу Депортиво и Реал Мадрид вчера. Мурињо ги доведе во прашање критериумите на судијата за жолти картони во 62-та минута, откако Рудигер (26′) и Камавинга (48′) веќе беа добија жолт картон. Депортиво го заврши натпреварот без ниту ...
Земјоделец во полскиот град Гливице го уништи свежиот асфалт на новореконструиран пат, откако одлучил низ него да помине со трактор и спуштен орачки plug (плуг). Како што пренесува „Euronews“, повикувајќи се на полициски извори, инцидентот се случил во петокот околу 15 часот во улицата „Рибацка“. Градежните работници успеале да го запрат 60-годишниот маж откако со тракторот веќе изорал речиси 200 метри од новиот пат. Тие го блокирале ...
Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Командирот на Службата за заштита и спасување во Херцег Нови, Златко Ќировиќ, изјави дека во еден момент биле загрозени околу 50 куќи, но дека во моментов сите објекти се безбедни. „Примарно го ставивме акцентот на спасување на куќите и засега тоа ни поодува од рака“, истакна Ќировиќ за Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ). Пожарникарите, ловците и граѓаните ги бранат домовите Ќировиќ наведе дека покрај противпожарните екипи од Херцег Нови, во ...
Романија започна со контролирано исклучување на вториот реактор во нуклеарната централа Чернавода поради критично ниското ниво на Дунав, кој обезбедува вода што се користи за ладење на турбинските кондензатори на централата. Операторот, Nuclearelectrica, изјави дека процесот на исклучување започнал во 7 часот наутро и се очекува да заврши до околу 11 часот наутро, наведувајќи го „критично нискиот проток на реката“. Овој потег доаѓа откако ...
Европското земјоделство се соочува со сè посериозни последици од климатските промени, а екстремните горештини и сушите можат драматично да ги зголемат финансиските загуби во секторот. Според анализа на „Хауден“, изработена за Европската инвестициска банка, годишните загуби во земјоделството на ЕУ до 2050 година би можеле да надминат 40 милијарди евра, а во особено неповолни климатски услови да достигнат и повеќе од 90 милијарди евра. ...
Родители од Босна и Херцеговина се под истрага во Пореч откако го оставиле своето малолетно дете само во заклучен автомобил пред трговски центар и заминале на шопинг. Според информациите од Полициската управа на Истра, станува збор за 39-годишен маж и 31-годишна жена, кои го оставиле детето во возилото со затворени прозорци на паркингот пред трговскиот центар. Посетителите го забележале детето во автомобилот без облека и испотено, по што ...
Tалогот во СДСM го надмина секое дно и оркестрирано шири паника за безбедноста на водата во Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. СДСM да не си поигрува со здравјето на граѓаните водата е чиста и безбедна за консумирање, порача партијата. „Талогот во СДСМ го надмина секое дно. Одредени центри блиски до СДСМ шират паника во Скопје обидувајќи се вештачки да креираат криза, хистерија и паника кај граѓаните дека водата е контаминирана. СДСМ шират паника ...
Цената на струјата во делови од Југоисточна Европа на почетокот на август достигна повеќе од 700 евра за мегават-час, додека Македонија во истите критични часови имаше значително поевтина електрична енергија. Разликата е голема, но рекордите во соседството се важни и за Македонија, која е поврзана со регионалниот пазар и дел од потребите за струја ги покрива со увоз. Најголемиот скок е забележан на 3 август околу 20 часот. Во Словенија ...
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за кибер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со кибер-инциденти. Напредокот е забележан и во меѓународните медиуми, кои ја ...
Спектаклот што вчера ги крена милиони на нозе претвори делови од Европа во џиновска астрономска сцена. Целосното затемнување на сонцето на 12 август помина над северните региони на планетата, а меѓу најатрактивните места за гледање беше Шпанија, каде што беа направени спектакуларни слики од моментот кога Месечината целосно го покри Сонцето. Сенката на Месечината помина над делови од Гренланд, Исланд и Шпанија, додека на многу поширока ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со ново соопштение во кое прашува каде се наоѓа лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека седми ден е на одмор во Грција, во друштво на поранешниот премиер Зоран Заев. Од партијата тврдат дека Филипче на 6 август со мотор ја напуштил државата преку граничниот премин „Богородица“, по што, како што наведуваат, заминал кај Заев. „Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 ...
Во полициска станица на информативен разговор се повеќе лица кои преку социјални мрежи и апликации за комуникација во текот на вчерашниот ден испраќаа пораки дека во водата во скопскиот градски водовод е пронајдена бактерија ешерихија коли. -Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија ...
Техеран притоа го отфрли тврдењето на Трамп дека САД го контролираат Ормускиот теснец, инсистирајќи дека тој останува блокиран. „Ормускиот теснец останува блокиран и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат условите на Иран“, соопштија властите. Договорот постигнат во јуни предвидуваше итен и траен прекин на воените операции на сите фронтови, но брзо се распадна и двете страни веќе не го сметаат за важечки. „Иран само збори, а ...
И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, особено и поради тоа што во земјава тогаш престојуваат и голем број наши иселеници, процесот на издавање патни исправи се одвива непречено и без застој, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во текот на јули биле примени околу 55.000 барања за издавање лични документи, вклучително и патни исправи, а термин за поднесување барање во редовна постапка се ...
Променливо време во Македонија за наредниот период и покрај сончевите периоди, на одредени места се очекува значително нестабилна атмосфера. Според најавувањата од УХМР, некои делови низ земјата ќе бидат зафатени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално временските услови може да прераснат и во невреме. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Сепак, на места ќе има развој на ...
Податоците се дел од годишниот извештај за цивилни жртви, доставен до Конгресот во средата, а беа објавени во време на зголемена загриженост поради цивилните жртви во воените операции на администрацијата на Трамп. Оваа загриженост кај законодавците се зголеми и откако американска ракета погоди иранско основно училиште на почетокот на годината, при што загинаа до 168 луѓе. Покрај тоа, агенцијата АП објави дека министерот за одбрана Пит Хегсет ...
Во неделата, Аргентинецот го погреба својот татко Хорхе, кој почина еден ден претходно на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четврток, Меси се врати на теренот во дресот на Интер. Тимот од Мајами беше поразен дома од мексиканскиот Леон во Лига купот со 3:2, и покрај водството од 2:1. Меси влезе во игра на почетокот на второто полувреме, на општо задоволство на навивачите, бидејќи малкумина на трибините мислеа дека ...
Спектаклот што вчера ги крена милиони на нозе претвори делови од Европа во џиновска астрономска сцена. Целосното затемнување на сонцето на 12 август помина над северните региони на планетата, а меѓу најатрактивните места за гледање беше Шпанија, каде што беа направени спектакуларни слики од моментот кога Месечината целосно го покри Сонцето. Сенката на Месечината помина над делови од Гренланд, Исланд и Шпанија, додека на многу поширока област ...
Шпекулациите за наводно присуство на бактеријата Escherichia coli во скопскиот водовод брзо се раширија преку приватни пораки и социјалните мрежи, предизвикувајќи масовна паника. Иако официјалниот извештај на ЈП „Водовод и канализација“ потврди дека водата е целосно безбедна и без штетни бактерии, отворено останува прашањето за одговорноста на оние кои ја креираа и ширеа оваа дезинформација. Водата за пиење е ресурс од национален интерес, па ...
Шампионот на ПЛ спрема нов трансфер кој ќе биде „бум“ ако се реализира. По повеќе од 20 години чекање, Арсенал конечно успеа да ја освои титулата шампион на Англија минатата сезона, а Микел Артета веќе си постави нова цел за следната сезона. Целта на “Топџиите“ ќе биде трофејот од Лигата на шампионите, до кој беа исклучително блиску и минатата сезона, бидејќи играа во финалето, но не успеаја да го освојат ова натпреварување против ПСЖ. ...