Финската министерка за внатрешни работи Мари Рантанен јавно го поддржа предлогот Шпанија да биде исклучена од Шенген - зоната, приклучивајќи се на повикот што претгодно дојде од Италија. Во објава на социјалните мрежи, таа обвини Шпанија дека не успеала да ја обезбеди границата кај Сеута, оценивајќи дека миграциската криза на јужната граница на Европската Унија бара посериозен одговор од европските инситуции. Во објава на социјалните мрежи ...

Македонската полиција од денеска е посилна за 496 нови полициски службеници. Во центарот за обуката во Идризово денеска беше промовирана новата генерација полициски службеници 2025 - 2026, на свеченоста на која присуствуваше и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој порача дека полициската професија не е само работно место, туку животен повик што бара храброст, чесност, професионалност и човечност. „Со денешната свечена заклетва ...

Премиерот Христијан Мицкоски побара истрага за случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, оценувајќи дека во постапката има „груба манипулација“. Тој изјави дека лично ќе го следи случајот и обвини дека локален јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство е сочесник во процесот. Според Мицкоски, постојат разлики меѓу извештајот на надлежното Основно јавно обвинителство и записникот што бил доставен од Вишото јавно обвинителство во ...

ЈП Лајка - Скопје, Europe House и Алпинистички клуб Скопје успешно ја реализираа креативната **upcycling работилница** на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето. На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа за изработка на 53 поводници, кои ќе се користат во секојдневната грижа, прошетките и ...

Над една милијарда евра се изводени за здравствениот сектор оваа година, најави премиерот Христијан Мицскоки при денешната посета на Клиничката боница во Битола. Тој посочи дека здравството останува еден од главните приоритети на Влдата, но нагласи дека проблемите во системот се резултат на долгогодишни слабости, кои според него, не можат да се решат веднаш, туку бараат време, вложувања и континуирана работа. „Како Влада оваа година рекордно ...

Законот за „Скопје - Европска престолнина на култуурата 2028“ ќе биде ставен на јавна расправа, најави премиерот Христијан Мицкоски, со цел да се обезбеди целосна транспарентност во процесот. Тој посочи дека законот е дел од подготовките за реализација на проектот и е изработен според европските препораки и практики. Јас ја разбирам реакцијата во јавноста поради тоа што има жесток обид за нејзина дезинформација. Прво, станува збор за ...

Субвенциите за сточарите се обезбедни, но Владата бара реално прикажување на производството. Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека земјоделците при аплицирањето за финансиска поддршка да ги пријавуваат вистинските количини, без нерални податоци. Тој посочи дека не може да се пријавува производство кое отстапува во реалноста, наведувајќи пример дека „една крава дала сто пати повеќе млеко од најдоброто грло во светот“ или дека еден ...

Премиерот Христијан мицкоски ги отфрли наводите дека Владата планира укинување на вториот пензиски столб. Тој порача дека нема таква иницијатива или одлука, откако во јановста се отвори дебата за можно префрлање на средствата од приватните пензиски фондови во државниот пензиски фонд. Одговарајќи на новинарсско прашање за реакциите на пензиските друштва и можните подследици од евентуална промена на системот. Мицкоски нагласи дека може да го ...

ФИФА продолжува со забрзаното лансирање на новата подружница на Светското првенство, позната како ФИФА Форвард Ентерпрајз (ФФЕ) и покрај реакциите на светските асоцијации. Според „Скај Њуз“ управното тело на светскиот фудбал има за цел да обезбеди до 4,2 милијарди долари (3,1 милијарди фунти) од приватни инвеститори до октомври, со продажба на 20 проценти од акциите во потфатот вреден 20 милијарди долари. Тајната природа и брзата временска ...

Финансискиот притисок им отежнува на Европејците да одат на еднонеделен одмор, при што речиси тројца од 10, или 27,5% од населението на ЕУ признаваат дека не можат да си го дозволат тоа, според најновите податоци објавени од Евростат. Во 2025 година, 27,5 проценти од населението на Европската Унија(ЕУ) на возраст од 16 години и повеќе не можеле да си дозволат една недела одмор надвор од местото на живеење. Овој удел се зголемил за 0,5 ...

Да се избегнуваат лесно расипливи сосови, мајонези, кечапи, храна со оштетена амбалажа. Агенцијата за храна и ветеринарство со итни препораки поради високите температури кои достигнуваат безмалку 40 степени. Како што појаснуваат од АХВ за да се спречи труење со храна, неопходно е да се направи правилен избор при набавката, да се обезбедат соодветен транспорт и услови за чување, како и да се води сметка за изгледот, рокот на употреба и за ...

Речиси 49.000 мигратни пристигнале во шпанската северноафриканска енклава Сеута од Мароко во изминатите 24 часа, според проценките на локалните власти. Масовниот прилив предизвикал голем притисок врз граничните служби, откако илјадници луѓе ја преплавиле границата и продолжиле да пристигнуваат во текот на ноќта. Според локалните медиуми, мигрантскиот бран бил забележан во четвртокот, а ситуацијата на границата со Мароко останала напната и ...

Жител на село Габрово, струмичко, заврши во полициска станица откако предивикал пожар во дворот, кој се проширил кон улицата. Пожарот бил локализиран од струмичките пожарникари, а во инцидентот нема повредени. - На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Б.К..(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место ...

Двегодишно дете од Куманово заврши во болница откако се затруло со средство за разредување боја. Случајот бил пријавен во кумановската полиција откако детето било донесено во Општата болница во Куманово, од каде по укажаната медицинска помош било пренесено во скопските клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување. Според информациите од СВР Куманово, вчера околу 14 часот било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово ...

Островската држава Науру во Пацификот официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име – потег за кој властите велат дека има за цел да го зајакне националниот идентитет и да го зачува културното наследство. Во мај, парламентот на Науру усвои уставен амандман за промена на името на земјата и првично планираше да спроведе национален референдум. Сепак, претседателот Дејвид Адеанг вчера на ...

Масовен напад со дронови ја потресе Рустија во текот на ноќта. Спроед медиумските извештаи, украинските беспилотни летала погодиле повеќе цели, меѓу кои логистички центри на Wildberries - најголемиот руски интернер - трговец, како две нафтени рафинерии во Волгоградската област и Краснодарскиот крај. Руските власти потврдија дека Волгоград бил цел на напад и соопштија дека пет лица се повредени. Засега не откриваат кои објекти биле погодени, ...

Реал Мадрид го купи најдобриот напаѓач на екипата на Леванте, Карлос Еспи. 21-годишниот фудбалер потпиша договор со мадридскиот клуб до 30 јуни 2031 година. Трансферот на Еспи го означи најголемиот трансфер на играч од академијата во историјата на Леванте. Беше објавено дека мадридскиот клуб ја активирал клаузулата за ослободување на напаѓачот од 25 милиони евра. Минатата сезона, Еспи постигна 11 гола на 25 натпревари во Ла Лига и беше ...

ВМРО - ДПМНЕ денеска обвини дека во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, Министерсвото располагало со стотици анализи кои укажувале на неисправна вода за пиење, а јавноста не била навремено информирана за потенцијалните ризици. Од партијата тврдат дека станува збор за околу 400 анализи со утвредни неправилности во во вкалитетот на водата, при што, според нив, не биле преземени соодветни мерки ниту граѓаните биле предупредени ...

Топлотниот бран што доаѓа во земјава не е опасност само за луѓето, туку и за животните. Агенцијата за храна и ветеринарство предупредува дека високите температури можат да предизвикаат топлотен удар и сончаница кај животните, со можни фатални последици доколку навреме не им се обезбеди соодветна заштита. Од АХВ апелираат до граѓаните, сопствениците на миленици и сточарите да бидат особено внимателни во периодот на екстремни горештини и да ...

Обид за нелегален пренос на повеќе од 64.000 евра спречиле царинските службеници на граничниот премин Табановце, откако при контрола на автомобил со германски регистарски таблички, управуван од грчки државјанин, биле пронајдени 64,250 евра во готовина. Девиците привремено се одземени, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд, соопшти Царинската управа. „Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали ...

Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири, а засега е ставен под контрола само седум отсто од пожарот, соопшти американското Биро за управување со земјиштето (BLM). Пожарот, наречен „Квејл Спрингс“ (Quail Springs), настанал од удар на гром и гори веќе речиси една недела. Досега се зафатени повеќе од 54,6 квадратни километри. Неговото ширење е поттикнато од ...

Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“. Тој додаде дека во исто време „Израел ќе ја добие безбедноста што ја заслужува, а Газа повеќе нема да се користи како база за терористички ...

Огнената стихија и натаму беснее во Грција, каде пожарите трет ден по ред остануваат актинив во повеќе региони. Најкритична е состојбата во јужниот дел на ретимно на островот Крит, каде пожарникарите водат тешка битка со пламените јазици, а силниот ветер и непристапниот терен го отежнуваат гасењето и придонесуваат огнот повторно да се зазгорува на одделни локации. Пожарите се уште се активни во неколку области во Грција трет ден, а пожарот ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август - Ден на Републиката - Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, прогнозираат од УХМР. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени. Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 36 степени. Според ...

Светската куќа на фудбалот, ФИФА, се огласи како одговор на жестоките критики за планот за продажба на удели во нејзините натпреварувања на приватни инвеститори, велејќи дека продолжува со процесот на консултации. Оваа реакција доаѓа откако европските федерации објавија отворен отпор. Сите 55 членки на УЕФА најавија бојкот на Светското првенство доколку ФИФА продолжи со оваа намера. Предлогот беше категорично отфрлен и од КОНКАКАФ. ФИФА не ...

Италијанскиот и светскиот фудбал загубиja една од своите најголеми икони. Утрово во 66. година од животот почина Франко Барези, според многумина, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на оваа игра. Веста за смртта на легендата ја објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо. Барези ја посвети целата своја професионална кариера на Милан, каде што како долгогодишен капитен стана симбол на клубот и лидер на еден од најдоминантните ...

Системот вклучува дроновите да бидат во постојана готовност и да се активираат по потреба, пишува Futurism. Производителот Mithril Defense вели дека неговите дронови можат да достигнат брзина до 100 километри на час и да ги пробијат прозорците. Според компанијата, тие можат да стигнат до напаѓачот во рок од петнаесет секунди. Покрај испуштањето бибер спреј , дроновите се опремени со гласни сирени и трепкачки светла за да го одвлечат ...

Манчестер Сити бара 75 милиони евра за Родри. „Граѓаните“ ја утврдиле оваа цена и нема да попуштат, тврдат англиски извори. Реал Мадрид и Манчестер Сити моментално се во директни преговори за трансфер на шпанскиот играч од средниот ред, а неспорно е дека и Родри е заинтересиран да се врати дома. Се забележува дека Реал Мадрид е подготвен да плати повеќе од 50 милиони евра за играчот, но тоа не е ни близу до цената која ја бара англискиот ...

Претседателот на Основниот суд Струга, Вулнет Винца, кој претседаваше со Кривичниот совет кога тој одлучи да му го врати пасошот на обвинетиот бизнисмен Борче Марковски, од денеска повеќе не е судија поради исполнување на условите за старосна пензија, објави „360 степени“. Тој поднел барање до Судскиот совет да продолжи да ја врши функцијата, кое на денешната седница на Советот било одбиено со образложение дека задоцнил со доставувањето на ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
2.57
21%
1011
weather icon

Белград

32ᴼ / 31ᴼ
2.57
33%
1011
weather icon

Загреб

36ᴼ / 34ᴼ
2.57
31%
1009
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
3.09
27%
1013
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
5.12
23%
1012
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
5.14
43%
1010
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
3.6
58%
1012
weather icon

Тирана

32ᴼ / 31ᴼ
5.66
47%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
3.09
23%
1011
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
40%
1013
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
3.09
41%
1011
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
7.72
89%
1014
Currency

61.525

Currency

53.1512

Currency

71.8922

Currency

37.6165

Currency

38.289

Currency

65.491

Currency

7.88277

Currency

0.62609

Currency

0.33344

Currency

0.52452

Currency

1.10891

Currency

0.55535

Алуминиум

3.22

Бакар

12.99

Сребро

2029.42

Паладиум

40863.60

Родиум

282926.57

Иридиум

252383.36

Платина

55202.83

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Калај

55.79

Злато

139900.76