Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања упати остри критики и го обвини Христијан Мицкоски дека за 2 години ниту едно ветување дадено пред граѓаните не исполни и дека ги излажа граѓаните. „Кога баравте власт и кога граѓаните ги молевте да ви дадат доверба, ветувавте сè и сешто. Ветувавте повисок животен стандард, економско заживување, ниска инфлација, раст на платите над растот на цените, повеќе ...

Без вода за пиење ќе бидат корисници на општина Карпош во текот на утрешниот ден и во сабота, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ добивме известување дека утре (петок), поради санација на два затварачи од ф – 400 и ф – 500 мм, доколку постојат технички услови, во периодот од 18 часот, па до завршување на работата, без вода ќе останат корисниците од ...

Општина Илинден продолжува со реализација на активностите за доградба и модернизација на фудбалскиот стадион во населба Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоки стандарди. Во рамки на тековните градежни активности започна поставувањето на современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување на тренинзи и натпревари и во вечерните часови, согласно ...

АД МЕПСО Скопје остварува раст на приходите, но се соочува со сериозни слабости во управувањето со имотот, инвестициите и јавните средства, што директно влијае врз ефикасноста и развојот на електропреносниот систем, соопштуваат од Државниот завод за ревизија по изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на ...

Репрезентацијата на Мексико ноќеска ја победи Чешка со 3:0 во нивниот трет натпревар од групната фаза на Светското првенство 2026. Мексико ги доби сите три натпревари од групната фаза на Светското првенство за прв пат во својата историја, а исто така и за прв пат од 1970 година, не прими ниту еден гол во оваа фаза. Исто така, Мексико ги доби своите последни четири натпревари од Светското првенство, што ја одбележа својата најдолга победничка ...

Вечерва на Кеј Македонија во Охрид започнува Ohrid Wine Festival Vol. 5, тридневен настан кој од 25 до 27 јуни ќе ги обедини македонските вина, домашната музичка програма, гастро понудата и летната атмосфера покрај езерото. Фестивалското дружење започнува во 19:00 часот, додека музичките настапи стартуваат еден час подоцна. Првата фестивалска вечер носи настапи на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија, со програма наменета за различни ...

Одреден е првиот пар од плејофот за Светското првенство 2026. По победата на Јужна Африка над Јужна Кореја ноќеска со 3:0 во натпреварот од третото коло од групната фаза, африканската репрезентација заврши втора во А-групата. Противник на Јужна Африка во првата рунда од нокаут фазата ќе биде Канада, која заврши втора во Б-групата. Натпреварот ќе се одржи в недела, 28 јуни во Инглвуд, почетокот е во 21 часот по македонско време. Одреден ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи утрово информираа за состојбата со наврнат воден талог за изминатите 24 часа, до 8 часот денеска. Дваесет литри на квадратен метар наврнало во Гевгелија, 14 во Претор, 4 во Тополчани, 3 во Скопје-Петровец, како и 1 во Охрид, Струмица, Штип, Кавадарци. – Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог ...

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез ја прогласи северната крајбрежна држава Ла Гваира, која претрпе најголема штета од земјотресите, за зона на катастрофа. Таа наведе дека во два големи земјотреса со интензитет од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала загинале најмалку 32 луѓе, а 700 се повредени. Но, се стравува дека бројот на жртвите би бил многу поголем. Геолошкиот институт на САД (УСГС) соопшти дека двата големи ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Досега, обвинителството презентираше докази за инспекциските надзори за угостителска дејност спроведувани од Општина Кочани. Во доказниот сет беа презентирани извештаи за работа на инспекторите, овластувања на градежни инспектори, како и ...

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северна Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Нуклеарните централи и постројки, меѓу кои и централата „Фукушима Даичи“, што беше тешко ...

На 24.06.2026 околу 11:30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје поради сомнение дека се обидел да изврши кривично дело измама. Претходно, на повозрасна жена од Крива Паланка едно лице ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар од Италија и ја известил дека нејзината ќерка паднала во Италија и се здобила со повеќе кршеници на нога и вилица и дека ќе треба даде 35.000 ...

Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Асоцијацијата на алумнисти на Школата за млади лидери на Претседателот Иванов, во периодот од 22 до 24 јуни 2026 година во Скопје се одржа меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″. Конференцијата обедини поранешни и актуелни државници, дипломати, претставници на меѓународни ...

„Кога државата гледа дека постојано растат провизиите и дека банките ги ‘шурат’ граѓаните со непотребни трошоци, нека се направи една анализа, ќе видите како и во други европски земји сето тоа се регулира. Притоа и гувернерот апелира дека можеби ќе треба значи законски да се заузда таквото работење на банките кои што остваруваат енормни профити, а вие имате закон пред вас кој што во неколку наврати го одбивате. Ова не е само за сега. Во ...

Со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т`га за југ вечерва во Домот на поезијата во Струга почна 65-тото издание на најпрестижната поетска манифестација во светот, Струшките вечери на поезијата. Струга повторно стана дом на поети од сите поетски меридијани, испраќајќи порака дека поезијата и денес има моќ да обединува, да инспирира и да го брани човечкото достоинство. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на ...

Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус вчера предупреди дека екстремно високите температури претставуваат растечка закана по јавното здравје и има смртоносен потенцијал, бидејќи многу делови од светот се зафатени од топлотен бран. – Горештините се една од најсериозните и најбрзо растечките закани по здравјето и безбедноста што ги претставуваат климатските промени. Околу 500.000 луѓе умираат ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Нестабилноста и циклонската активност со центар над Турција која ја зафати територијата на Македонија во изминатите два дена и донесе посилно невреме на повеќе места кај нас полека слабее и нестабилноста кај нас полека се намалува. Сепак и овие два дена, четврток и петок 25/26 јуни, по сончевото и топло претпладне, сепак во попладневните часови ќе се развиваат локални конвективни грмотевични облачни јадра од ...

Во Собранието денеска ќе се одржи 107. пленарна седница, на која на дневен ред е поставување пратенички прашања. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први им поставуваат пратениците од опозициските партии. Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со новинарите. Во Собранието денеска ќе се ...

Два големи земјотреси утрово се регистрирани во Венецуела, што предизвикаа големи разурнувања. Се претпоставува дека голем број луѓе загинале. Епицентарот на првиот земјотрес, со интензитет од 7,1 степени по Рихтеровата скала, бил на околу 28 километри западно од градот Морон на длабочина од 13 километри. Неколку минути подоцна уследи уште еден земјотрес со интензитет од 7,5 степени според Рихтер. Земјотресот се почувствувал и во главниот ...

Швајцарија синоќа ја победи Канада со 2-1, а Босна и Херцеговина триумфираше над Катар со 3-1 во последното коло од Групата Б на Светското првенство. Швајцарија и Канада обезбедија директен пласман во шеснаесетфиналето, додека Босна и Херцеговина, како третопласирана репрезентација, има реални шанси да стигне до нокаут фазата. На дуелот во Сиетл, репрезентацијата на БиХ имаше водство од 2-0 со погодокот на Алајбеговиќ во 29 минута и автоголот ...

Бразил ноќеска ја победи Шкотска со 3:0 во Мајами, САД, во натпревар од третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. Винисиус Жуниор, го отвори резултатот во 7. минута. Истиот играч зголеми на 2:0 во 45+3.минута. Во 60. минута Матеус Куња го постави конечниот резултат. Со две асистенции се истакна и Бруно Гимареш, имаше две асистенции. За одбележување е и појавувањето во игра на Нејмар. Тој влезе како замена во 76. ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина е на чекор до историски пласман во нокаут-фазата на Светското првенство, откако во Сиетл го совлада Катар со 3:1 во натпреварот од третото коло во групата Б. „Змејовите“ одиграа одличен натпревар и направија огромен чекор кон осминафиналето, а селекторот Сергеј Барбарез повторно доби полн погодок од своите измени. Ермин Махмиќ, кој влезе од клупата, го постигна својот втор гол на турнирот и ја ...

Денеска (24.06.2026) од Република Србија во нашата земја екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ за кривично правен настан кој се случил во Скопје на 09.01.2026 година. На лицето му е определена мерка притвор и истиот е предаден ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство и потврда дека ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат ...

На 27 јуни (сабота), со почеток во 10:00 часот на централното шеталиште во Стар Дојран, ќе се одржи #BorderBite – настан за промоција на локални производители и вмрежување на граѓани и здруженија од пограничниот регион. Се очекуваат од 40 до 50 изложувачи, ќе бидат присутни здруженија на пензионери, млади, мали семејни производители, култутни работници од двете страни на границата итн. Во уметничкиот дел ќе настапат: мандолинскиот оркестар ...

Во пресрет на вечерашното отворање на „Струшките вечери на поезијата”, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими Луис Гарсија Монтеро, директор на Институтот „Сервантес” и истакнат шпански поет, придружуван од Рафаел Сориано Ортиз, амбасадор на Шпанија во Скопје. Во својство на покровителка на фестивалот, таа истакна дека шпанската поезија има посебно место во неговата историја, потсетувајќи на учеството на Рафаел Алберти во 1978 ...

По серијата несреќи каде настрадаа возачи на торинети, особено малолетни лица, државата ќе преземем мерки за нивна посилна регулација. Согласно измените на Законот за безбедност во сообраќајот, се предлага минималната старосна граница за управување електричен тротинет да биде 18 години, а максималната дозволена брзина да се ограничи на 20 километри на час. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, изјави дека мерката ...

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жителка на Крива Паланка, која е осомничена дека со закани и физичко попречување се обидела да спречи службени лица во извршување на нивните работни обврски. Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека против Ј.Ѓ. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. Според ...

МВР билтен

3 часа - МИА - +1
weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.72
91%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.68
61%
1016
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
86%
1020
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
0.58
76%
1014
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.16
68%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.57
93%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
76%
1011
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.86
74%
1012
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
90%
1013
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
3.58
68%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
64%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
2.72
100%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9512

Currency

72.4604

Currency

37.8462

Currency

38.2535

Currency

66.3497

Currency

7.95976

Currency

0.6879

Currency

0.33073

Currency

0.52407

Currency

1.14227

Currency

0.55961

Злато

130879.26

Платина

52052.06

Бакар

13.11

Цинк

0.00

Паладиум

40702.85

Родиум

263636.12

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.17

Сребро

1888.57

Калај

53.55

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29