Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријави дека неговата 10-годишна внука му се пожалила дека подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко и поради тоа не сакала да се врати да живее со нејзината мајка и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријави дека неговата 10-годишна внука му се пожалила дека подолг период била ...

Рано утрово во Сарај се случил вооружен инцидент, откако од мотоцикл биле испукани неколку куршуми кон паркирано патничко возило во кое се наоѓале две лица. Според пријавеното во полиција, околу 4 часот Р.З. (25) од скопското село Глумово пријавил дека додека заедно со негов другар биле во паркирано возило во Сарај, до нив се приближиле две лица со мотоцикл. Едното од лицата извадило огнено оружје и испукало неколку куршуми кон автомобилот, ...

Соопштение на ВЛЕН: Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само полни со измислици, туку и со голема доза хумор. Сега измислиле и нова математика – „4 спрема 1″. Бројки собрани којзнае во кое партиско кафуле. Опозицијата очигледно тешко се согласува со реалноста, па од очај почнаа да одат од градилиште на градилиште, броејќи багери за да видат каде се работи повеќе. Наместо да прават празна врева и да го вмешаат НАТО ...

Светските цени на храната се зголемија во јули на највисоко ниво во последните повеќе од три години поради неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во Црното Море и Персискиот Залив, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО). Индексот на цените на храната (FFPI), што ги следи месечните промени во цените на прехранбените производи што се тргуваат низ целиот свет, изнесуваше 131,1 во јули, што е ...

Големите европски аеродроми повремено го деактивираат европскиот Систем за влез и излез (EES) кога поради големиот број патници доцнењата на летовите стануваат предолги – објави италијанскиот економски весник „Ил Соле 24 Оре“. Според податоците на бројни аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници и предизвикува долги редици, особено во летните месеци кога обемот на патувања е најголем, поради што повремено се ...

Необичен инцидент бил пријавен вчера во Скопје, откако 35-годишен скопјанец побарал помош од непознат маж за да извади пари од банкомат, по што останал без парите. Според информациите од МВР, вчера во 18 часот во СВР Скопје, С.С. (35) од Скопје пријавил дека околу 17 часот, на подрачјето на Центар, замолил машко лице да му помогне при подигнување пари од банкомат. Откако парите биле извадени, според пријавата, лицето со употреба на сила му ...

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека, додека работите продолжуваат со брзо темпо на патниот правец Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга, денеска пуштена за сообраќај е уште една делница. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по она која беше пуштена за сообраќај во јуни две години. – Отворањето на овој сегмент го ...

На 06.08.2026 во 13:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Јане Сандански“ и сервисна улица, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(47) од с.Ново Село и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(55) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 64-годишната В.В. ...

Двајца случајни минувачи со брза и храбра реакција денеска извлекле жена од реката Вардар во близина на Камениот мост во центарот на Скопје, со што била спречена можна трагедија. Според информациите, станува збор за жена на возраст од околу 50 години. Откако била извлечена од водата, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Жената била пренесена во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ била ...

Сите познаваме барем една личност која до последен момент ќе се обидува да докаже дека е во право, дури и кога аргументите зборуваат поинаку. За некои луѓе едноставно е тешко да ја изговорат реченицата: „Можеби згрешив“. Според астролошките толкувања, особено два хороскопски знака се издвојуваат по својата тврдоглавост, гордост и неподготвеност лесно да признаат дека направиле грешка. Овен Кога Овенот ќе се увери во нешто, тешко е да го ...

Со помош на дронови и современи технолошки алатки како дел од системот на контроли за зајакнување на теренските инспекции со цел брзо откривање на прекршувања, низ цела Грција биле спроведени над 1.500 инспекциски контроли на повеќе од 300 плажи и во 450 бизниси во рамките на примената на законската рамка за заштита на крајбрежјето и плажите и обезбедување слободен пристап за граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Генерално, како што ...

Јадењето доцна навечер има значително влијание врз апетитот, начинот на кој телото ги троши и складира калориите, што може да го зголеми ризикот од дебелеење, покажуваат научни истражувања. Доколку се обидувате да ја намалите телесната тежина, времето кога го јадете последниот оброк може да биде важен фактор. Дебелината претставува еден од најголемите здравствени проблеми на современото општество. Денес калориите се полесно достапни од кога ...

Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува со снимање и „Трета смена“ на Ана Опачиќ. Сите четири филмски проекти се ...

Лековите од групата GLP-1, меѓу кои е и Оземпик, во последните години привлекуваат големо внимание поради нивниот ефект врз намалувањето на телесната тежина. Сепак, покрај очекуваните ефекти, дел од корисниците пријавуваат и појава која може да предизвика загриженост – засилено опаѓање на косата. Лекарите објаснуваат дека во многу случаи проблемот не е траен и може да биде поврзан со наглото слабеење и стресот што таквата промена го ...

Летните ноќи можат да бидат исто толку исцрпувачки како и деновите, особено кога температурите остануваат високи по зајдисонце. Ако немате клима уред или не сакате да го користите цела ноќ, неколку едноставни трикови можат значително да ја разладат вашата соба и да ви помогнат полесно да заспиете. Спречете ја просторијата да се загрева Еден од најважните чекори е да се спречи просторијата да се загрева во текот на денот. Затворете ги ...

Европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната – изјави денеска претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. Тој за агенцијата Бета изјави дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да се разговара за изземање на возачите во меѓународниот транспорт од ...

Крвната група не е важна само кога станува збор за трансфузија на крв. Научните истражувања со години ја проучуваат нејзината можна поврзаност со ризикот од развој на одредени заболувања, а резултатите покажуваат дека меѓу различните крвни групи навистина постојат одредени разлики. Особено внимание привлекува крвната група 0. Некои истражувања покажуваат дека лицата со оваа крвна група имаат понизок ризик од одредени кардиоваскуларни ...

Полската опозициска партија Право и правда (ПиС) на својот програмски конгрес презентираше нов контроверзен план: доколку се вратат на власт, имаат намера да ги депортираат сите невработени Украинци на „воена возраст“, односно на возраст меѓу 25 и 60 години. Предлогот беше презентиран на јавноста за време на конгресот, одржан под слоганот „Ајде да одиме кон новата влада“, од Тобијаш Бочењски, член на Европскиот парламент од партијата ПиС. ...

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Стојановска претходно, преку правниот застапник на ЗНМ, побара судска заштита поради тоа што државата не обезбедила соодветна заштита додека известувала од Собранието, но Основниот граѓански суд и ...

Момче од Македонија родено 1998 година во Кушадаси се здобило со тешки повреди на вратни пршлени. Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување веднаш побарале од Службата за општи и заеднички работи да се обезбеди владин авион за негов транспорт. -Транспортот е одобрен и повреденото момче утре ќе биде донесено во земјава со тим лекари од Универзитетската клиника за трауматологија, ...

Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје , подната фонтана на плоштадот , повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност. Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот, соопштуваат од Град Скопје. Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и ...

На 06.08.2026 во 16:40 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 51-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 на тераса од семејниот дом физички го нападнал неговиот 19-годишен син и го турнал по скали, кој притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е ...

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив ...

На 06.08.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 13:10 часот, при извршен претрес кај осуденикот З.И.(29) од Скопје биле пронајдени и одземени 27 пакувања со марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. На 06.08.2026 во 15:10 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 13:10 часот, при ...

Од 4 до 8 септември, Аеродром повторно ќе биде центар на добрата храна, македонска музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, позвучна музичка програма и содржини наменети за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во разновидни специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски ...

На 07.08.2026 околу 01:30 часот во близина на граничната линија со Грција, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица биле пронајдени три лица мигранти од Авганистан, кои биле спроведени во Прифатно– транзитен центар „Винојуг” во Гевгелија. Бидејќи едно од лицата имало повреда на раката, било пренесено во Итна медицинска помош, каде му била укажана помош и лекар констатирал дека ...

Едно лице загинаво сообраќајна несреќа што пред малку се случи во скопската општина Бутел. „Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на ...

На 06.08.2026 во 23:45 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.Ф.(36) од тетовско, со престој во Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека околу 21:00 часот во нивниот дом ја избркал од домот заедно со нивните три малолетни деца, а потоа и физички ја нападнал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен ...

На 06.08.2026 во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(31), а сопатници биле Е.Љ.(35), Л.З.(49) и Б.Љ.(58), сите од с.Радолишта, струшко. Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за кој поседувал дозвола, додека, кај Л.З. бил пронајден ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8. Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Северна Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Кобалт

33.53