Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Инвестициите во инфраструктурата и авиосекторот допринесоа за раст на туризмот во земјава и силен пораст на ависообраќајот. Направивме една амбициозна агенда, инвестираме сериозно и резултатите се видливи. Имаме раст од преку 32 % на бројот на патници од двата аеродроми, 28 нови дестинации и раст од околу 20 % на странски туристи, одговори заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на пратеничко прашање на ...
„Сигурен сум дека апсолутно ќе влеземе повторно како првопласирани и во јунското мерење, односно најголема испорака да имаме на реформи и чекори кои се дел од Реформската агенда. Има последни нивелирања на одредени законски решенија и индикатори коишто денеска на владина седница онлајн ги завршуваме, утре ќе има седница во Парламент и на тој начин ќе имаме меко приземјување со овој јунски циклус. Веќе следната недела имаме брифинг со ...
Република Северна Македонија официјално стана дел од програмата EU4Health, најголемата здравствена програма на Европската Унија со буџет од 4,4 милијарди евра за периодот 2021-2027 година. Договорот денеска во Брисел го потпишаа министерот за здравство Азир Алиу и еврокомесарот за здравство Оливер Вархеј. Со потпишувањето на договорот, земјата добива пристап до европски стандарди, знаење, партнерства и финансиски можности за унапредување на ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа единаесетта седница на која беа разгледани преостанатите отворени прашања и предлози за измени и дополнувања на Изборниот законик, во насока на исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР . Членовите на Работната група разменија мислења по доставените предлози од политичките партии , при што беше констатирано дека значителен дел од решенијата се усогласени и има висок степен ...
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, јавно побара одговор од Јавното обвинителство за тоа до каде е постапката за наводните незаконски легализации на дивоградби во Општина Чаир, за случај за кој, според неа, уште пред повеќе од една година биле доставени обемни докази. Арсовска преку барање за пристап до информации од јавен карактер побарала да биде информирана дали е оформен предмет по документацијата што Град Скопје ...
Македонија се соочува со сериозни демографски предизвици, а иселувањето на младите продолжува да го менува ликот на државата. Националната развојна стратегија 2024-2044 предупредува дека раселувањето, стареењето на населението и концентрацијата на жители во неколку урбани центри претставуваат еден од најголемите ризици за идниот развој. И претставници на Владата неодамна признаа дека демографските трендови се загрижувачки и дека се потребни ...
Дете од Унгарија падна од платформа за набљудување во непосредна близина на замокот Блед непосредно пред 11 часот наутро и се здоби со сериозни повреди. Според полициската управа Крањ, семејство од Унгарија одело по патеката околу замокот Блед кога детето стапнало на работ, паднало и се здобило со сериозни повреди. Му била укажана помош на лице место, а потоа со хеликоптер на словенечките вооружени сили бил пренесен во Универзитетскиот ...
Пациентите во Македонија наскоро ќе добијат пристап до нови лекови преку позитивната листа, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Според него, проширувањето на листата треба да се реализира во текот на следниот месец и ќе опфати лекови кои се користат за спречување на згрутчување на крвта. Меѓу терапиите што ќе станат достапни се Clexane, Fraxiparine и уште еден антикоагулант, кои се применуваат кај различни ...
Светската автомобилистичка федерација издаде предупредување за потенцијално прегревање на возачите за време на Големата награда на Австрија, од 26 до 28 јуни. Предупредување за прегревање се издава кога се очекува температурите да надминат 31 степен Целзиус за време на трката. Во такви случаи, минималната тежина на автомобилот се зголемува за 5 кг за да се сместат елеците за ладење. Возачите не се обврзани да ги користат елеците, во такви ...
Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите. – Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после замена на колк, се користат ...
За време на акција за гаснење пожар во регионот на градот Гревена во северозападна Грција, хеликоптер од типот Bell 214B, изнајмен од грчката противпожарна служба, се урнал во вештачкото езеро Аоу, а спасени се двајцата членови на екипажот, јави дописничката на МИА од Атина. Од противпожарната служба на Грција информираа дека во хеликоптерот биле еден грчки и еден странски државјанин, кои се спасени. Хеликоптерот полетал од аеродромот во ...
На 24.06.2026 во 19:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.П.(20) од село Узем, кривопаланечко. На локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила 16 – годишна сопатничка од село Марино, општина Илинден, констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. По налог на јавен ...
Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната седница за пратенички прашања побара одговори од министерот за одбрана Владо Мисајловски за сериозни недоследности и сомнежи во работењето на Министерството за одбрана. Петровска побара одговор зошто по две години мандат нема зголемување на основните плати за вработените во Министерството за одбрана и Армијата, зошто со ребалнсот се кратат пари за министерството. Воедно, Петровска побара ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, истакна дека со проектот Чебрен и Галиште драматично ќе се зајакне стратешката позиција на државата, односно дека проектот стратешки може да ја зајакне позицијата на државата која за жал не излегува на море и тој ќе биде таа предност која ја имаме, имајќи ги предвид климатските промени, потребата за вода, но и туризмот и производството на ...
„Во време на брзи геополитички промени, во свет кој рапидно се менува, повеќе од потребно е да ги разбереме овие промени и да најдеме начин да се прилагодиме на нив, затоа што безбедноста – наша и на сите граѓани на Алијансата е приоритет за одбраната”, рече заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска (26 јуни) на отворањето на третата меѓународна научна конференција „MILCON 26″, организирана од Воената академија. Заменикот министер ...
Корпусот на исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска предупреди дека секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има одобрение. ИРГЦ се закани дека врз бродовите кои немаат одобрение, а ќе се обидат да поминат низ мореузот ќе бидат преземени „соодветни мерки“. – Единствена одобрена рута за транзит низ Ормуска теснина е таа што ја објави Исламската Република Иран. Секое поминување без одобрување е неприфатливо и опасно и ќе има ...
Градската организација на Либерално-демократската партија – Скопје бара брза реакција од Зоолошката градина, Град Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство и сите надлежни институции, по последната случка во саботата, со бегство на бели волци од кафезот кои изеле 4 кенгури и неколку ему птици. Зоолошката градина ја следат несреќни случаи уште од почетокот на мандатот на претходната градоначалничка Данела Арсовска. Зоолошката во Скопје се ...
На 24/25.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ч.Ј.(47), А.Т.(19), Е.Р.(48), Б.Х.(27), Д.А.(18), Ж.Е.(48), Е.Е.(39) и Д.Д.(53), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја и шишиња со течна материја. На 24.06.2026 во 15:25 часот во Градскиот парк во Свети Николе, полициски службеници од Надворешната ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на обвинувањата од страна на Венко Филипче за зголемување на јавниот долг, истакна дека доколку се направи споредба со владеењето на СДСМ, оваа влада, за три пати помало задолжување, за три пати пократок период, остварила за 140 милиони долари поголем БДП во номинални параметри. „Во ред е вашата кампања која што ја водите, во ред е што ги ...
Фондацијата „Фросина Кулакова” со особена чест и радост информира дека добитник на стипендијата „Фросина Кулакова” за 2026 година е Ален Милковски од Куманово. Стипендијата е основана во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, со цел нејзината љубов кон уметноста, креативноста и убавината да продолжи да живее преку поддршка на нови генерации талентирани млади автори. Во творештвото на Ален Милковски, Комисијата препозна искреност, ...
Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф над Катар со 3:1 во третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. – Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку. Се подразбира дека секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе и сме горди на она што веќе го постигнавме. Добив толку многу пораки од луѓе во Босна – прекрасно е. Ќе ...
Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници не е само нова институција, туку дел од пошироката визија за создавање професионална, ефикасна и современа јавна администрација. Ова беше една од клучните пораки што министерот за јавна администрација Горан Минчев ги упати на денешната тркалезна маса „Идни предизвици при воспоставување и успешно функционирање на Академијата за стручно усовршување на административните ...
Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премеирот Христијан Мицкоски. „Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија”, рече Филипче. Претходно, ...
Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите и се објаснува нивната содржина, толку повеќе фокусот се префрла ...
На денешната комисиска расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, се разгледуваше амандман со кој организациите на лицата со попреченост се вклучуваат меѓу корисниците на средствата што се распределуваат од приходите од игрите на среќа. Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, предупреди дека иако е позитивно што се исправува досегашното исклучување на организациите на лицата со попреченост, предложениот амандман и понатаму ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа во континуитет формално ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со имплементацијата на билатералните приоритети и цели договорени на Втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу владите на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, одржана во ...
Идејата на Регулаторот е да направи ревизија на блок тарифите кои се воведени за време на енергетската криза во 2022 година, бидејќи во меѓувреме многу се променети работите во енергетскиот систем и сектор. Затоа мислиме дека има простор да се направи ревизија се со цел некако да се внесат во мрежата, односно во конзумот новите трендови на производство на електрична енергија од обновливи извори. Генералната идеја е граѓаните да плаќаат ...
Растечките тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху околу прекинот на огнот со Иран и израелските воени операции во Либан откриваат една од најсериозните пукнатини во американско-израелските односи во последните години. Овој спор предизвика прашања за тоа дали Трамп е подготвен да воведе поголеми ограничувања врз израелските акции во споредба со претходните американски претседатели и дали ...