Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
„Ситуацијата е критична и вонредна. Поради руското гранатирање, електраната е исклучена од системот и се напојува само преку дизел-генератори, кои не се предвидени за ваков долг период на работа. Еден генератор веќе откажа“, изјави Зеленски во своето обраќање. Тој предупреди дека Русија намерно го спречува поправувањето на далеководите и ја загрозува основната безбедност на целиот свет. „Ниту еден друг терорист не се осмелил да направи на ...
Змјотрес со јачина 6,9 степени според Рихтер го погоди централниот дел на Филипините, особено провинцијата Себу, предизвикувајќи урнување згради, прекини на електричната енергија и сериозни штети на инфраструктурата. Според официјални извори, бројот на загинати се искачи на 69 лица, а повеќе од 150 се повредени. Притоа, најтешко погоден е градот Бого, кој се наоѓа близу епицентарот, каде што болниците се пренатрупани и кога спасиоците копаат ...
САД испратија опрема за борба против дронови во Данска за европските самити на 1 и 2 октомври, соопшти денеска данското Министерство за одбрана, приклучувајќи се на бројните европски земји кои понудија поддршка откако дронови беа забележани над земјата. – Задоволни сме и благодарни што и САД ја поддржуваат Данска со капацитети за борба против дронови во контекст на претстојниот самит, објави Министерството на Х. Последните извештаи за дронови ...
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го поздрави предлогот на Трамп за мир во Газа, соопшти неговиот портпарол. Портпаролот во изјава го цитира Гутереш кој вели дека „сега е клучно сите страни да се обврзат на договорот и негова имплементација“. Шефот на ОН повторно повика на „итен и траен прекин на огнот, неограничен хуманитарен пристап низ цела Газа и веднаш и безусловно ослободување на сите заложници“. „Обединетите ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска од воздух врз градот газа фрлија десетици бели хартиени летоци, јави Би-Би-Си. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги наведе летоците како доказ против обвинувањата дека Израел намерно ги таргетира цивилите во Појасот Газа. Обраќајќи се пред Обединетите нации минатата недела, тој изјави дека Израел фрлил „милиони летоци и испратил милиони текстуални пораки“ за да ги убеди луѓето во градот Газа да се ...
Информацијата ја сподели Амбасадата на Швајцарија во нашата земја која напиша: Нашиот мал град со големо срце влезе во престижната листа Топ 100 зелени дестинации во светот за 2025 година! Ова признание од Монпелје, Франција е потврда дека Крушево се движи по вистинскиот пат – развој на туризмот кој ја чува природата, ја почитува историјата и носи нова енергија за иднината. Оваа награда не е само за општината – таа е за сите вас што верувате, ...
Инцидентот се случил во понеделник близу островот Кокос, а противпожарната служба го пренела повредениот биолог Маурисио Хојос во болница во главниот град Сан Хозе, на околу 340 милји од местото на нападот, пренесе CBS News. И покрај сериозните повреди на главата и ногата, Хојос бил донесен во болница во стабилна состојба. Лекар од противпожарната служба изјави дека Хојос бил нападнат од ајкула долга околу четири метри. Биологот предводел научна ...
Денеска започнува новото, 26-то издание на Евролигата. На отворањето на првото коло честа да ги одиграат воведните натпревари од 18 часот ја добија Дубаи и Партизан, односно Хапоел Тел Авив и Барселона (овој натпревар се игра во Софија). Покрај овие два натпревари на првиот ден од Евролигата, на програмата се уште пет натпревари. Анадолу Ефес – Макаби (19.45 часот) Црвена звезда – Олимпија од Милано (20) Панатинаикос – Баерн Минхен (20.15) ...
Украинскиот државјанин Володимир З., кој беше баран од Германија за неговата наводна вмешаност во експлозиите на „Северен тек“, е приведен во Полска, објави денеска радиото RMF FM. Според извештаите, осомничениот бил на списокот на барани лица по европска потерница издадена од германски суд. Германските власти минатиот месец издадоа потерници за пет украински државјани осомничени за вмешаност во инцидентот. Експлозиите на „Северен тек“, што се ...
Владата на Данска започува со вонредна мобилизација на резервниот состав поради растечката безбедносна опасност. Одлуката е донесена по нарушувањето на данскиот воздушен простор од неидентификувани беспилотни летала. Данскиот воздушен простор две вечери (петокот и саботата ноќта) по ред беше нарушен од неидентификувани дронови. Претходно, на 22 септември неидентификувани беспилотни летала беа забележани над цивилни аеродроми во Копенхаген и ...
Човекот кој зад себе има четири феноменални филмови кои освоија награди на фестивали ширум светот, е професор на престижниот Факултет за драмски уметности во Белград, каде што со години несебично ја пренесува својата љубов кон седмата уметност на своите студенти. Денеска на ФДУ во 11 часот Голубовиќ ќе одржи мастерклас во рамките на програмата на Киненова. -Домашниот филм повеќе нема публика во кината каква што имаше порано, а денес постои сè ...
Од источна Јава пристигнуваат првите снимки од местото на трагедијата каде што се урна зградата на исламскиот интернат „Ал Козини“, затрупувајќи десетици ученици. На снимките се гледа хаотична потрага на спасувачите кои со голи раце отстрануваат урнатини, додека очајните родители ги викаат своите деца. Според последните информации, најмалку едно дете загинало, додека 99 се повредени и префрлени во болници – некои од нив во критична состојба. ...
Во последното деноноќие, меѓународната дипломатска иницијатива за прекин на огнот во Газа доби претпазливи поздрави од Брисел, додека Хамас не соопшти прифаќање на предлогот. Нема нови официјални изјави од Москва и Пекинг. Европската извршна власт во последните 24 часа го оцени предлог-планот за запирање на огнот и размена на заробеници како „можност“ за деескалација и отворање хуманитарни коридори. Повикува на итно ослободување заложници, ...
„Ноќеска непријателот намерно го погоди станбениот објект со нападен дрон во селото Чернеччина“, напиша Григоров на апликацијата Telegram. Тела на семејството биле извлечени од урнатините, додаде гувернерот. Reuters не успеа веднаш да го потврди извештајот. Русија продолжува со долготрајна и исцрпувачка војна на фронтот на истокот и југот на Украина, но се обидува да добие контрола и во области како што е регионот Суми, кој граничи со руската ...
Во изјава за Би-Би-Си, висок претставник на Хамас, Махмуд Мардави, нагласи дека групата останува отворена за разгледување на секоја иницијатива што би можела да стави крај на војната, но предупреди дека положувањето на оружјето е нивна „црвена линија“, сè додека трае израелската окупација. Мардави истакна дека Хамас нема добиено формален предлог ниту преку посредници, додавајќи дека секое можно решение мора да ги заштити палестинските интереси, ...
Најмалку 22 лица загинаа, а повеќе од стотина се повредени за време на протестите што траат на Мадагаскар, соопшти во понеделник Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации. „Меѓу жртвите има демонстранти и случајни минувачи кои биле убиени од страна на безбедносните сили, но и лица кои страдале во текот на насилствата и масовните грабежи што следеле, а кои биле извршени од поединци и групи неповрзани со протестите,“ се наведува во ...
Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала го погоди подрачјето во близина на источниот брег на Камчатка, соопшти Федералниот истражувачки центар на Обединетата геофизичка служба на Руската академија на науки. Земјотресот бил регистриран во 00:07 часот по московско време, на околу 98 километри оддалеченост од градот Петропавловск Камчатски, со хипоцентр на длабочина од 48,1 километар. Нема опасност од цунами Според ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа формално не е во војна со Русија, но дека не може повеќе да се зборува за мир. „Не сме во војна, но повеќе не сме ни во мир“, рече Мерц на настан во Диселдорф. Мерц го опиша руско-украинскиот конфликт како „Војна против нашата демократија“ и „Војна против нашата слобода“ Според него, целта на Москва е да го поткопа европското единство. Поддршка за користење на руската имот Мерц ја поддржа ...
Планот беше објавен од Белата куќа само неколку минути пред Трамп да одржи говор за предложеното решение, кое сè уште не е прифатено од страна на Хамас. На прес-конференцијата, Трамп беше придружуван од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Претседателот истакна дека Израел и други земји го прифатиле предлогот, и додаде дека ако Хамас се согласи, сите преостанати заложници треба веднаш да бидат ослободени, најдоцна за 72 часа. „Се надевам дека ...
Упадите на руските беспилотни летала имаа за цел да ги тестираат европските земји без всушност да предизвикаат војна, изјави денеска шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски. Зборувајќи на Варшавскиот безбедносен форум, Сикорски рече дека сите беспилотни летала што го нападнале воздушниот простор на европските земји во последните недели „доаѓале од истото место, различно од оние што оделе во Украина“, објави Гардијан. -Дизајните на ...
Холандски товарен брод стана цел на ракетен напад во Аденскиот Залив, околу 120 наутички милји југоисточно од јеменскиот град Аден, објави британската компанија за поморска безбедност Амбреј, пренесува „Ал Арабија“. Според извештајот на британската организација UK Maritime Trade Operations (UKMTO), бродот бил погоден од непозната ракета, што предизвикало пожар на бродот. Капетанот пријавил дека видел „прскање во далечината“ во времето на ...
Целиот град ќе стане огромна сцена за концерти, изложби, литературни читања, мултимедијални презентации и перформанси, отворени за сите граѓани и посетители. Програмата вклучува: Настани ќе има и во Културниот дом „Кочо Рацин“ и во Културно-информативниот центар. Организаторите истакнуваат дека „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје и можност граѓаните и уметниците да се поврзат преку заедничко креативно искуство. Манифестацијата ...
Оваа недела во РеТрн ДУО ни гостуваат режисерот Георги Унковски и директорот на фотографија Наум Доксевски- креативниот тандем кој стои зад филмот DJ Ахмет . DJ Ахмет, веќе освои неколку меѓународни награди и ја стави македонската кинематографија на светската мапа. Во Македонија филмот премиерно беше прикажан на затворањето на Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, а од 1-ви октомври сите ќе може да го гледаат во Cineplex во ...
Првиот лет полета денеска во 06:25 часот од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Во летниот распоред до 24 октомври, летовите од Скопје до Штутгарт се во понеделник и петок во 06:25, а во среда во 06:30 часот, со пристигнување околу 11:10 по локално време. За време на зимскиот распоред, полетувањата ќе бидат секогаш во 06:30 часот, а слетувањето во 11:30. Со оваа линија, „Визер“ ќе нуди девет директни рути од Скопје до Германија: Штутгарт, Берлин, ...
Маж смртно ја застрела својата партнерка и двете деца во германскиот град Олденбург, во северозападниот дел на земјата, пред да си го одземе животот, соопшти денеска локалната полиција. Истражителите првично не дадоа повеќе детали за идентитетот на жртвите. Инцидентот се случил утрово во станбена зграда во населбата Остенбург. Откако биле алармирани од сведоци, полицајците пронашле четири тела и оружјето кое се сомневаат дека било користено, ...
Оваа јубилејна година, кога ОСТЕН одбележува 80 години од своето основање, учество земаа шест македонски уметници и еден уметник од Грција. Советот на ОСТЕН одлучи да додели едно Гран При и шест Посебно Гран При награди. Добитници на наградите: Создадените дела во рамките на Биеналето беа претставени на изложба на 27 септември во хотел „Бисер“. Организаторите најавија дека во наредниот период изложбата ќе биде презентирана и во Скопје. ОСТЕН ...
Украинските оператори на беспилотни летала соборија руски воен хеликоптер Ми-8, објави командантот на Силите за беспилотни системи на вооружените сили на Украина, објави „Киев пост“ . Командантот првично напиша на Телеграм дека станува збор за јуришен хеликоптер Ми-28, познат како „Ноќен борец“, но подоцна беше потврдено дека бил погоден транспортен хеликоптер Ми-8. Објавеното видео, долго околу триесет секунди, го прикажува моментот кога дронот ...
Фестивалот ќе трае до 6 октомври, а програмата ќе се одвива на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР. Влезот за сите проекции е бесплатен, но поради ограничениот број на седишта потребно е да се подигнат билети од КОТУР. Отворањето – со „Нова енергија“ Првата фестивалска вечер ќе биде одбележана со скопската премиера на краткиот филм „Нова енергија“ (14’) во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ. Филмот ја следи приказната за две ...
Советот на ЕУ денеска донесе одлука одново да ги воведе рестриктивните мерки кон Иран поради неговите нуклеарни активности, кои беа укинати во 2015 година по стапувањето во сила на Заедничкиот акциски план, попознат како договор за иранската нуклеарна програма. Одлуката на ЕУ е донесена по решението на Советот за безбедност на ОН да не го продолжи прекинот на санкциите кон Иран, откако Велика Британија, Германија и Франција го активираа ...
Десеттото издание на КРИК фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува со критичкото промислување на овогодишната тема „Преобразба”. Есенското издание почнува со предавањето на секогаш провокативниот и поттикнувачки германско/хрватски филозоф и теоретичар на социо-културните деликатни и актуелни случувања и теми, Борис Буден. На 30 септември (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Националната Галерија, Чифте Амам, ...