Серверите на платформата Cloudflare престанаа да работат, предизвикувајќи проблеми со многу интернет сервиси, меѓу кои се ChatGPT, социјалната мрежа X (поранешен Twitter), Canva и играта League of Legends, објави Windows Central. Корисниците при обид за пристап добиваат порака дека треба да го деблокираат challenges.cloudflare.com за да продолжат. Cloudflare моментално работи на решавање на проблемот, но повеќе детали засега не се објавени. ...

Поради интензивните врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и општина Тетово, се појавија проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Како резултат на тоа, се создадоа локви и задржување на вода под подвозниците и надвозниците, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК апелираат граѓаните да бидат особено внимателни при движење низ улиците ...

Факултетот за ликовни уметности – Скопје најавува предавање и специјализирана работилница што ќе се одржат во понеделник, 24 ноември, со почеток во 13:30 часот. Настанот ќе го водат проф. Фалк Хубнер и истражувачката Хелен де Хун од Fontys Academy of the Arts (Холандија) – институција препознаена по иновативните методологии во уметничкото истражување. Работилницата е осмислена како вовед во основните принципи на уметничкото истражување и нуди ...

Две лица загинаа на северот на Италија по серијата свлечишта предизвикани од обилни дождови, соопштија денеска локалните власти. Меѓу загинатите е 32-годишен Германец кој неодамна се доселил во селото Брацано ди Кормонс. Спасувачките екипи го пронајдоа и телото на 83-годишна жена чијата куќа била целосно затрупана од земјиштето, информира италијанската противпожарна служба. Регионoт денови наназад е погоден од интензивни врнежи што поплавија ...

Осум месеци по најголемата современа трагедија во Кочани, во среда — на 19 ноември — започнува судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, во кој загинаа 63 лица. Семејствата на жртвите со месеци бараат правда за своите најблиски, инсистирајќи дека трагедијата е последица на пропусти во безбедносните стандарди и одговорност што мора јавно да се утврди. Судењето се очекува да го отвори патот кон институционална разврска, по долг период на ...

На одделни места врнежите ќе бидат пообилни, над 30 литри на метар квадрат во текот на едно деноноќие, со можност за развој на краткотрајно невреме проследено со засилен јужен ветер што локално ќе надминува 60 km/h, како и ретка појава на грмежи. Температурите ќе се движат во интервал од 6 до 18 степени Целзиусови, зависно од регионот: минималните ќе се спуштаат до 6 °C, а максималните ќе достигнуваат и до 18 °C. Во Скопје се очекува облачно ...

ОН го одобрија планот на САД кој предвидува овластување за меѓународни стабилизациски сили во Газа и потенцијален идни пат кон палестинска држава, пренесува АП. Тринаесет од вкупно 15 членки на Советот за безбедност гласаа „за“, додека Русија и Кина беа воздржани, пренесува ТАСС. Палестинската милитантна група Хамас ја одби резолуцијата предложена од САД, со која се поддржува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Во ...

Во близина на крстосница за село Мамутчево, на експресниот пат Лозово – Велес, вчера, околу пладне, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 45- годишниот М.Ј. од Штип додека управувал моторно возило марка „бентли“ со скоро два пати поголема од дозволената брзина, информира попладнево портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска. Таа појасни дека при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека М.Ј ...

Европратеничката Ирена Јовева, со македонско потекло, вечерва ја посети Дијана Хрка, која се наоѓа во шатор во близина на српскиот Парламент, на аголот од булеварите Таковска и Краља Александра. „Дојдов да ја изразам мојата поддршка“, и рече таа на Дијана Хрка. „Значи, знаете дека сум тука“, додаде таа. Собраните граѓани ја поздравија европратеничката со аплауз и извици „Браво“. Мајка на младото момче кое почина при падот на настрешницата на ...

Таа порача дека не се откажува од својата борба и дека „многу повеќе може да направи додека е жива“. „Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, погрешно ме разбраа. Сакав да кажам дека никој не треба да стапи во штрајк со мене“, изјави Хрка. Таа додаде дека добила благослов од двајца свештеници, поддршка од медицински работници и повици од деца да го прекине штрајкот. Хрка истакна дека нема да го „изневери својот народ“ и дека ...

Од почетокот на годината, цената на златото на светскиот пазар скокна за околу 60 проценти. Постојаното зголемување на цената на златото во претходните години влијаеше на зголемувањето на побарувачката за овој скапоцен метал и во регионот. Оние кои ќе одлучат да го купат денес би морале да издвојат повеќе од 16.000 денари за грам. Потребни беа неколку глобални кризи и единаесет месеци за една унца злато да чини 4.200 долари наместо 2.600 долари. ...

Апликацијата Viber лансира функција базирана на вештачка интелигенција која ја сумира содржината на веб-страницата директно во разговорите. Корисниците ќе можат веднаш да стигнат до главните точки на статиите или веб-страниците без да ја напуштат тековната комуникација. Покрај AI резимеата на линкови, корисниците можат да добијат концизни прегледи на споделената содржина директно во Viber – без разлика дали станува збор за долг текст, блог, ...

Четириесет и пет индиски аџии загинаа откако автобусот со кој патувале се запалил во несреќа близу Медина во Саудиска Арабија – изјави началникот на полицијата на индискиот град Хајдерабад, јавија светските медуми. – Во автобусот имало 46 патници, изјавил В. С. Сајјанар на прес-конференција. Тој додаде дека мажот кој ја преживеал несреќата е хоспитализиран на одделението за интензивна нега во локалната болница. Поголемиот дел од жртвите се од ...

Ако вашата машина за садови започне да мириса непријатно, најчесто причината се насобрани остатоци од храна, масти или лошо одведена вода, што создава поволни услови за бактерии. Главните извори на мирис се: филтрите и одводните отвори, гумените лајсни на вратата и остатоците од храна и влага во внатрешноста. Еве како природно и едноставно да го решите проблемот: По секое перење оставете ги вратите на машината малку отворени за да се исуши ...

Според информациите од УХМР, под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата не очекува период на променливо облачно и релативно топло време, со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, со услови за невреме, засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Скопје следува ...

Новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, една од најнегуваните музички традиции во земјата, и годинава ја продолжува својата магија со специјална класична програма што го најавува празничниот дух. Публиката на 25 декември во 20 часот ќе може да ужива во единствен музички спектакл подготвен од врвните уметници на Филхармонијата. Овој концерт, кој со децении претставува симбол на свеченоста и културната елеганција, нуди внимателно ...

Оваа недела во РеТрн ни гостува Џевдет Јашари, актер од Албанскиот театар – Скопје, човек чија кариера одамна го надмина локалниот театарски простор. Џевдет е еден од ретките македонски актери кој имал можност да игра во европски филмови, да чекори по најголемите европски филмски фестивали, и да ја претставува нашата кино-сцена на највисоко ниво. Тоj беше и дел од првиот косовски филм номиниран за Оскар, што го прави неговото искуство уште ...

Во северниот дел на Финска денеска започнаа обемни воени вежби на околу 100 километри од руската граница, што е дел од засилената одбранбена подготовка на земјата по нејзиниот влез во НАТО. Маневрите ги вклучуваат финските вооружени сили, резервисти и сојузнички единици и се одвиваат во момент на зголемена тензија во Европа. Финското Министерство за одбрана соопшти дека целта на вежбите е подобрување на оперативната подготвеност на армијата и ...

Според официјални информации, потврдена е смртта на 49 рудари, а уште 20 лица биле пренесени во болница во критична состојба. Несреќата се случила во рударската јама Каландо, во провинцијата Луапаба. Занаетчиското рударство во Конго ангажира меѓу 1,5 и 2 милиони луѓе, а индиректно обезбедува егзистенција за повеќе од 10 милиони жители. Според службата позната под француската кратенка SAEMAPE, урушувањето било предизвикано од паника поради ...

Според метеоролошките служби, остатокот од денот ќе помине под превез на претежно облачно време, без значајни врнежи во поголемиот дел од земјата. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат слаби локални врнежи од дожд во северозападните региони, каде што будењето на фронтална нестабилност може да донесе куси, но изолирани дождливи периоди. Паралелно со облачноста, во текот на целиот ден ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, ...

Жолтите дамки во WC школката можат да изгледаат нехигиенски, но експертите за чистење тврдат дека може лесно да се отстранат со само два состојки од кујната: бел оцет и сода бикарбона. Во повеќето случаи, дамките се резултат на минерали во водата или на остатоци од средства за чистење кои реагирале со воздухот, а не на нечистотија. Колку подолго останат, толку е потешко да се отстранат, а можат да создадат бактерии и непријатни мириси. Што ви е ...

Најмалку три лица се убиени во нов напад на американската војска врз пловило кое наводно превезувало дрога во источниот дел на Пацифичкиот океан. „Разузнавачките служби потврдија дека бродот бил користен за нелегална трговија со наркотici и се движел по добро позната рута“, соопшти Јужната команда на Пентагон. Пловилото се наоѓало во меѓународни води кога било нападнато од Заедничката оперативна група „Јужно Копје“, пренесува Ројтерс. Ова е 21. ...

Во руски ракетен напад врз источниот украински град Балаклија загинаа три лица, а десет се ранети, меѓу кои и три деца, соопшти во понеделник регионален воен функционер од Харкивската област. При ноќниот напад било погодено централното подрачје на градот, а повредени се деца родени во 2007, 2010 и 2011 година, изјави Виталиј Карабанов, началник на воената администрација на Балаклија, преку апликацијата Телеграм. Девет од повредените се ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја заврши годината на спектакуларен начин – со победа над Карлос Алкараз во финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Синер не загуби ниту еден сет во текот на целиот турнир и шести пат го победи Шпанецот во нивните 16 меѓусебни дуели. Крајниот резултат од финалето беше 7:6(4), 7:5 за Синер, со што го одбрани трофејот, ја освои 24-та титула во кариерата и го намали бодовниот заостанок на АТП-листата. По Дејвис ...

Во едицијата „И ете приказна“ на издавачката куќа „Или-Или“ објавен е вториот роман од трилогијата посветена на авантурите на Илина – „Илина и тајните на Бабин Заб“ од авторката Хана Корнети. По успехот на првиот дел, „Илина и шумските тролови“, кој остави силен впечаток кај помладата публика, читателите со возбуда го дочекаа продолжението. Романот повторно ја следи Илина во нејзиниот двоен живот: во секојдневието дома и на училиште, и во ...

Речиси 50 лица загинаа во саботата во стар рудник за бакар на јгоистокот на Конго, откако се урнал сводот, соопшти Агенцијата за занаетчиско рударство на Конго. Официјален претставник на агенцијата потврди дека загинале 49 лица, додека 20 се пренесени во болница во критична состојба по инцидентот кој се случил во рудникот Каландо во провинцијата Луалаба, јавува Ројтерс. Занаетчиското рударство во Конго вработува околу 1,5 до 2 милиони луѓе и ...

20 ноември, рок-бар „Круг“ – Аеродром ќе биде местото каде љубителите на култот Милан Младеновиќ повторно ќе се соберат за да го одбележат 24-тото издание на вечерите посветени на еден од највлијателните музички автори на поранешна Југославија. Поетско-музичкиот перформанс на ВИС „Тркалезна Маса“ носи редок моментиум: оживување на стиховите и звукот што го обележаа југословенскиот рок-пејзаж, овојпат вплетени во македонски јазичен и ...

Поетската збирка „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ од Тони Попов, која предизвика голем интерес кај љубителите на современата поезија со својата искреност и емотивна длабочина, ќе биде промовирана и во Охрид. Настанот ќе се одржи на 17 ноември (понеделник) во 19:00 часот во Art’Caffe & Bar, поранешно Аквариус, и претставува нова можност за публиката да се доближи до интимниот свет што Попов го гради во своите стихови. Промотор на книгата ...

Во саботата околу 23:10 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 56-годишниот С.Х. од Скопје, возач на патничко возило „фолксваген голф“. Несреќата се случила при судир меѓу неговото возило и патнички автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 28-годишниот Ф.П., исто така од Скопје. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, С.Х. починал на ...

Научници идентификуваа специфична група неврони во амигдалата кои директно предизвикуваат анксиозност, а нивната хиперактивност е поврзана и со развојот на депресија и нарушувања во социјалното однесување, според нова студија на Институтот за невронауки во Шпанија, објавена во списанието „iScience“. Тим истражувачи предводен од Хуан Лерма откри дека невроните во базолатералната амигдала, кога имаат зголемена експресија на генот Grik4, стануваат ...

Повик

6 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
91%
1019
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1019
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.55
84%
1020
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1018
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
68%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
41%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
54%
1015
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
2.68
81%
1019
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
94%
1020
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
1016
Currency

61.55

Currency

52.5597

Currency

70.2651

Currency

34.805

Currency

38.1047

Currency

66.0411

Currency

7.46486

Currency

0.65133

Currency

0.33317

Currency

0.52447

Currency

1.22957

Currency

0.58675

Платина

64478.87

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Алуминиум

2.95

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42

Бакар

11.02

Родиум

258813.51

Сребро

2159.30

Злато

139515.92

Рутениум

29192.88

Калај

43.93