Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека е одложено судењето во предметот поврзан со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој се обвинети девет полициски службеници. Како што се наведува во соопштението, главната расправа во предметот КОК бр. 7/26 била закажана за денеска, 1 јуни 2026 година, но е отповикана по барање на одбраната на обвинетиот Г.И. Одбраната образложила дека неговиот бранител во истиот термин е ангажиран во ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац наредиле воздушни напади врз цели во јужните предградија на Бејрут, област што се смета за едно од главните упоришта на Хезболах. Израелските власти наведуваат дека нападите се одговор на, како што тврдат, континуирани прекршувања на примирјето од страна на Хезболах. Нападите врз Дахије, јужното предградие на либанската престолнина, означуваат нова ескалација во ...

Скопје информира дека денеска и утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Акцијата има за цел намалување на популацијата на комарци во урбаните и приградските делови на градот, особено во период на зголемена активност на инсектите. Од надлежните служби посочуваат дека доколку временските услови не дозволат изведување на активноста во планираниот термин, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи преку својата социјална мрежа, тврдејќи дека Иран е заинтересиран за постигнување договор со САД, истовремено упатувајќи остри критики кон своите политички противници. „Зарем демократите и некои таканаречени непатриотски републиканци не разбираат дека ми е многу потешко да ја работам својата работа и да преговарам кога постојано ме напаѓаат и коментираат што треба да направам? Само ...

Цените на нафтата во мај забележаа најголем месечен пад во последните шест години, бидејќи инвеститорите сè повеќе веруваат дека САД и Иран се приближуваат кон договор кој би можел да доведе до повторно отворање на Ормутскиот Теснец за меѓународниот танкерски сообраќај. На лондонската берза, цената на суровата нафта од типот Брент во текот на мај падна за повеќе од 19 проценти, што претставува најголем месечен пад од март 2020 година, кога ...

Тензиите на Блискиот Исток повторно ескалираа откако Централна команда на САД официјално потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран. Соопштението од американската војска беше објавено само неколку минути откако во Кувајт беа активирани сирени за воздушна опасност поради закана од ракети и беспилотни летала. Според иранските медиуми, Исламска револуционерна гарда соопштила дека нападнала американска воздухопловна база која, ...

Американската војска соопшти дека нејзините сили испалиле ракета во машинската просторија на трговски брод кој се обидувал да ја пробие блокадата на иранските пристаништа. Според Централната команда на САД, товарниот брод „Лиан Стар“ под знаме на Гамбија игнорирал повеќе од 20 предупредувања во текот на ноќта додека се приближувал кон иранско пристаниште, објави „Еуроњуз“ . Инцидентот се случува во време кога непријателствата продолжија оваа ...

Иран нема да одобри никаков договор со САД сè додека неговите права не бидат целосно загарантирани, изјави претседателот на иранскиот парламент Мохамад Бакер Галибаф, шеф на тимот на Техеран во преговорите со Вашингтон. „Нема да одобриме никаков договор додека не бидеме сигурни дека правата на иранскиот народ се целосно загарантирани“, рече Галибаф во видео емитувано на државната телевизија. Иако двете земји се чинеше дека се приближуваат ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран дал гаранции оти нема да развива ниту да набавува нуклеарно оружје, што претставува едно од најспорните прашања во тековните преговори меѓу Вашингтон и Техеран за ставање крај на воениот конфликт. Иако во последните денови се појавија сигнали дека двете страни се приближуваат до договор, американските медиуми објавија дека Трамп испратил нова верзија на предлог-договорот до иранските ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно предупреди дека Русија подготвува голем бран воздушни напади врз Украина, повикувајќи ги граѓаните да не ги игнорираат предупредувањата за воздушна опасност. „Разузнавачкиот извештај за можен сеопфатен напад и понатаму е актуелен“, изјави Зеленски, еден ден откако првпат предупреди за информации кои укажуваат на подготовка на масовни руски напади. Украинскиот лидер ги повика граѓаните ...

Кувајтската противвоздушна одбрана пресретнала ирански балистички проектил Fateh-110, но делови од ракетата паднале врз воената база Али Ал Салем во Кувајт, каде се наоѓаат и американски сили. Според извор запознаен со нападот, околу пет лица, меѓу кои активни припадници на војската и договорни соработници, добиле полесни повреди. Во нападот бил уништен еден дрон MQ-9 Reaper, а најмалку уште еден бил сериозно оштетен. Станува збор за ...

Украински дронови во текот на ноќта погодија танкер во руското пристаниште Таганрог и складиште за нафта во Армавир, на југот на Русија, соопштија властите во Ростовската и Краснодарската област. Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, објави дека пожарите на танкерот и во пристаништето Таганрог биле изгаснати. Според него, нема пријавено истекување на нафта, но две лица се повредени. Градоначалничката на Таганрог, Светлана ...

Најавуваната „конечна одлука“ за договор меѓу САД и Иран не се случи. Состанокот во Белата куќа завршил без пробив, а Вашингтон и Техеран и натаму испраќаат различни пораки за тоа колку навистина се блиску до договор. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека ќе донесе финална одлука за можен договор со Иран, но по двочасовниот состанок со националниот безбедносен тим во Белата куќа не беше објавена никаква одлука. ...

САД се подготвени повторно да започнат напади врз Иран доколку не биде постигнат договор, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на безбедносниот форум „Шангри-Ла дијалог“ во Сингапур. Тој порача дека американската војска има капацитет повторно да дејствува ако биде потребно. „Нашата способност повторно да започнеме, ако е потребно, е повеќе од доволна“, рече Хегсет, додавајќи дека американските залихи се подготвени и дека САД ...

Дел од жителите на Општина Центар денес, 30 мај, ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија. Прекинот е најавен во периодот од 08:30 до 15:30 часот и ќе ги опфати корисниците на булеварот „Мајка Тереза“, на потегот од пекарата „Свети Никола“ до ООУ „Кочо Рацин“. Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности за време на прекинот, особено ако во ...

Доналд Трамп најави дека наскоро ќе одлучи дали ќе го прифати предлог-договорот за продолжување на примирјето со Иран, но меѓу Вашингтон и Техеран и понатаму има сериозни разлики. Предлогот предвидува примирјето од почетокот на април да се продолжи за уште 60 дена, за да се отвори простор за траен договор. Белата куќа соопшти дека состанокот во Ситуациската соба траел околу два часа, но не потврди дали Трамп веќе донел конечна одлука. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одржува состанок за да донесе „конечна одлука“ за договор за продолжување на прекинот на огнот со Иран. Тој рече дека Иран „мора да се согласи дека никогаш нема да има нуклеарно оружје или бомба“, дека Ормутскиот теснец мора да биде повторно отворен за „неограничен бродски сообраќај, во двата правци“ и дека сите мини во водниот пат „мора да бидат уништени“. „Сега ќе се состанам, во Собата за ...

Романија ја обвини Москва за ескалација на тензиите откако соопшти дека руски дрон погодил станбена зграда во текот на ноќта. Инцидентот предизвика дебата за можен одговор, а НАТО, чиј член е Романија, е под притисок јасно да стави до знаење дека ваквите инциденти се неприфатливи. Сепак, иако ова е сериозен инцидент, малку е веројатно дека ќе се смета за доволно сериозен за да се активира Член 5, клаузулата за колективна одбрана на НАТО. ...

Руските ракетни напади врз цели низ цела Украина дополнително го привлекоа вниманието на меѓународната заедница кон безбедносните ризици што ги создава војната надвор од границите на Украина, вклучително и растечката воена улога на Белорусија. „Ваквите напади не само што ги уништуваат животите на цивилите, туку и намерно ги тестираат границите на трпението и одбранбената подготвеност на соседните земји и целата европска безбедност“ – ...

Утрово избувна пожар на брод во сплитскиот залив Балуни. Бродот бил долг околу десет метри и се наоѓал на сув док, објавува „Далмација Данас“ . Според првичните информации, пожарот го забележале соседите кои веднаш ги повикале пожарникарите. Причината за пожарот засега не е позната. Веднаш по пријавата на местото на настанот биле испратени значителни противпожарни сили. „Благодарение на нивната брза и ефикасна акција, пожарот беше успешно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека воена акција против Иран и натаму останува можна доколку преговорите не завршат со договор што ќе биде прифатлив за Соединетите Американски Држави. Во интервју за телевизијата „Fox News“, кое треба да биде емитувано утре, Трамп оцени дека претходните американски воени операции значително ги ослабнале иранските нуклеарни амбиции и го намалиле воениот капацитет на земјата. Тој нагласи дека ...

Сообраќајна несреќа се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Скопје, помеѓу возило „мерцедес“ и електричен тротинет, при што загинало 13 годишно дете кое го возело тротинетот. „На 28.05.2026 околу 21:10 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Черкези, кумановско се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Доналд Трамп сè уште не одлучил дали ќе го одобри можниот договор со Иран, иако преговарачите, според него, постигнале „голем напредок“. Во игра е рамка што би го продолжила примирјето за 60 дена и би отворила простор за разговори за иранската нуклеарна програма. Венс рече дека Вашингтон смета оти иранската страна, барем засега, преговара „во добра вера“, но нагласи дека неколку клучни ...

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето на југоисточна Босна и Херцеговина, во близина на Требиње. Според прелиминарните податоци на сеизмолошките служби, потресот се случил малку по полноќ по локално време. Епицентарот бил регистриран на околу 11 километри северозападно од Требиње и околу 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за повредени лица ...

Беспилотно летало рано утринава удри во покривот на станбена зграда во романскиот град Галаци, при што полесно се повредени две лица. Според романските медиуми, дронот ја погодил зградата околу два часот по полноќ, по што избувнал пожар на десеттиот кат. Галаци се наоѓа во близина на границата со Украина и Молдавија. На местото на настанот веднаш пристигнале полицијата и пожарникарските екипи, а интервенцијата сè уште трае, пренесуваат ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека САД сè уште немаат постигнато конечен договор со Иран, но дека двете страни се „многу блиску“ до договор кој би можел значително да ја ограничи нуклеарната програма на Техеран. „САД се во позиција од која можат сериозно да го уназадат иранскиот нуклеарен програм“, изјави Венс пред новинарите. Неговите коментари следуваат откако американски медиуми објавија дека американските и иранските ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наредил на израелската армија да ја прошири контролата врз Појасот Газа и да заземе околу 70 проценти од палестинската територија, и покрај примирјето што претходно беше договорено со посредство на САД. Во моментов, Израел контролира околу 64 проценти од Газа, територија која беше речиси целосно уништена за време на двегодишната офанзива што следуваше по нападот на Хамас врз јужен Израел во 2023 ...

Времето утре, 29 мај, ќе биде претежно стабилно, со сончеви периоди и мала до умерена облачност, покажува тридневната прогноза на УХМР. Температурите ќе се движат од 7 до 15 степени во утринските часови, а дневните ќе достигнат од 21 до 30 степени. Според УХМР, по денешната нестабилност, утре времето ќе биде посвежо и постабилно, но ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во Скопје се очекува претежно ...

НАТО и Шведска забрзано го утврдуваат Готланд, островот што воените планери го гледаат како една од најчувствителните точки во Балтичкото Море. Сместен на околу 300 километри од руската ексклава Калининград, Готланд има позиција што може да ја смени рамнотежата во целиот регион. Шведска, која во март 2024 година стана членка на НАТО, неделава ја заврши првата голема вежба на островот координирана со Алијансата. Околу 18.000 војници од 13 ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја започна војната против Иран пред три месеци од својата резиденција Мар-а-Лаго, обраќајќи ѝ се на јавноста преку видео на социјалната мрежа „Трут сошл“. Во пораката соопшти дека САД започнале тешки воени операции против Иран. Како причина за новиот американски ангажман на Блискиот Исток, Белата куќа наведе дека Трамп имал „интуиција заснована на факти“ дека Иран претставува непосредна и директна ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
0.12
49%
1019
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
3.13
67%
1019
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.92
65%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.03
49%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.62
60%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.73
75%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.36
53%
1014
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
0.85
38%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.23
39%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.13
60%
1016
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
0.89
54%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
4.42
57%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9045

Currency

72.2733

Currency

37.4274

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Рутениум

49029.89

Паладиум

39513.27

Калај

52.80

Бакар

12.60

Сребро

1844.33

Алуминиум

3.16

Родиум

262028.58

Цинк

0.00

Иридиум

247560.75

Кобалт

56.29

Платина

51216.14

Злато

128281.48