Иран ги отфрли плановите, поддржани од Обединетите нации, за масовна евакуација и организирано движење на бродови низ Ормутскиот Теснец, што повторно ги зголеми стравувањата за безбедноста на една од најважните светски поморски рути, објави „Гардијан“. Предлогот, зад кој застана и Оман, требаше да биде првата фаза од поширока иницијатива за нов модел на управување со Ормутскиот Теснец. Планот предвидуваше доброволни надоместоци за користење ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран за нападот врз трговски брод во близина на брегот на Оман, оценувајќи дека станува збор за прекршување на договорениот прекин на огнот меѓу двете земји. Според Трамп, иранско беспилотно летало го погодило горниот дел од бродот, при што била предизвикана материјална штета, но пловилото успеало да го продолжи патувањето. Тој додаде дека американските сили собориле уште три ирански дронови, ...