Најпопуларниот и потенцијално обединувачки палестински лидер – Марван Баргути – не е меѓу затворениците што Израел има намера да ги ослободи во замена за заложниците што ги држи Хамас според новиот договор за прекин на огнот во Газа. Израел, исто така, го отфрли ослободувањето на други познати затвореници чие ослободување Хамас долго време го бара, иако не беше веднаш јасно дали списокот од околу 250 затвореници објавен во петокот на ...

Себастиен Лекорни, кого францускиот претседател Емануел Макрон повторно го именуваше за премиер во петокот, изјави денес дека сака „да стави крај на политичката криза која ги вознемири Французите“. Веднаш откако Елисејската палата ја објави одлуката на Макрон, Лекорни на својата сметка на социјалната мрежа X (поранешен Twitter) напиша дека ја прифаќа доверената мисија од чувство на должност, пренесе BFM TV. При денешната посета на градчето ...

По осум месеци од парламентарните избори, Собранието на Косово вчера конечно успеа да се конституира. По вчерашното конституирање косовскиот премиер Албин Курти, кој сè уште е во технички мандат, денес доби мандат да формира нова влада. Указот со кој му се дава мандатот за формирање на новата косовска влада го потпиша косовската претседателка Вјоса Османи, соопшти нејзиниот кабинет. Оваа одлука е донесена, изјавија тие, по официјален предлог од ...

Глобалниот пазар на крипто-валути и активи дожиевеа силен пад по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за 100% увозна царина за кинеската технологија. Продажниот притисок најсилно се почувствува кај водечките криптовалути, а дел од алткоините реагираа со надпросечна волатилност, вообичаена за вакви геополитички шокови. Во рок од 24 часа, беа ликвидирани позиции во вредност од над 19 милијарди долари, што претставува еден од ...

Најмалку осум лица се повредени во вчерашниот масовен напад на руските сили врз енергетските објекти во Киев. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека е можен нов руски напад врз Киев во наредните денови и ги повика жителите на главниот град да подготват залихи од вода, комплети за прва помош, храна и да ги полнат автономните уреди за напојување. „Ситуацијата е комплицирана. И да ја кажеме вистината и да не се лажеме себеси. Бидејќи ...

КомшиLOOK е меѓу 10-те финалисти за наградата на Art Explora – Académie des Beaux-Arts European Award 2025. објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Со еден глас до понеделник можеме да ја освоиме награда од 30.000 евра и да го реализираме следното изданиe на Комшиlook Железара, се наведува во објавата каде се повикуваат граѓаните да гласаат. Комшиlook е настан кој претставува уникатен приказ на уметност, музика, театар, ...

Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена на гостувањето кај фаворизираната Белгија. Одличниот Столе Димитриевски беше нерешлива енигма за белгиските напаѓачи, па по гостувањето во Гент , Македонија го задржа првото место во групата. По шест одиграни кола Македонија е непоразена и прва на табелата со 12 бодови еден повеќе од Белгија која има 11, додека Велс е трет со 10 бодови но овие репрезентации имаат и натпревар помалку. Со ...

Лидерите на европските сили со апел до Советот за безбедност на ОН, Планот на Трамп за Газа да биде поддржан. Лидерите на Велика Британија, Германија и Франција денес го повикаа Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) да даде „целосна поддршка“ на мировниот план за Газа, објавува агенцијата Франс Прес (АФП). „Се согласуваме дека СБОН треба целосно да го поддржи планот и да ја поддржи неговата имплементација“, се вели во заедничката ...

По скандалозното видео на социјалните мрежи на кое наводно се гледа како директорот на неврохирургија проф. д-р Игор Кузмановски меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице, беше разрешен, Министерството за здравство попладнево информираше дека министерот Азир Алиу денес донел решение за разрешување на директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски. ...

Изложбата претставува иновативен пристап кон урбаната уметност која комбинира збогатена реалност и еколошка свест. Во рамките на проектот „Дигитални уметности, иновации и млади”, „Фауна” е серија на постери во голем формат кои треба да се набљудуваат со апликација за зголемена реалност. Поставени на јавен простор, постерите се надополнуваат така што нивното разгледување е налик на игра. „Оживувањето” на постерите преку екранот во зголемена ...

„Ова признание ги одразува јасните стремежи на народот на Венецуела кон слободни и фер избори, граѓански и политички права, како и владеење на правото,“ изјави портпаролот на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (OHCHR), Тамин ел-Китан. Според соопштението на Нобеловиот комитет, Мачадо ја доби наградата поради нејзиното „неуморно залагање за промовирање на демократските права на народот на Венецуела и борбата за постигнување ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Берлин ќе обезбеди 29 милиони евра итна хуманитарна помош за Појасот Газа, откако Израел го ратификуваше договорот за прекинот на огнот со Хамас. Тој на платформата Икс наведе дека Германија заедно со Египет, ќе организираат конференција за реконструкција на Појасот Газа. Мерц наведе дека примирјето по повеќе од две години конфликт е „добра вест за луѓето од Блиски Исток и пошироко“. – Нè ...

Белата куќа ја критикуваше одлуката на Комитетот за Нобелова награда да ја додели наградата за мир на лидерката на венецуелската опозиција, наместо на американскиот претседател Доналд Трамп. „Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да ги прекинува војните и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и никогаш нема да се роди друг како него, кој е способен да поместува планини со чистата сила на својата волја“, му рече ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху денеска се обрати до јавноста и најави дека израелските трупи ќе останат во Газа за да извршат притисок врз Хамас сè додека групата не се разоружа. Израелската војска моментално се преместува на договорената првична линија на повлекување во Газа, како што е наведено во договорот за прекин на огнот. Со останувањето на територијата, Израел „го држи Хамас на сите страни како подготовка за следните фази од ...

Цената на среброто денеска порасна за повеќе од 4%, достигнувајќи рекордни околу 51 долар (44 евра) за унца, што се припишува на зголемената побарувачка од страна на инвеститорите кои бараат сигурни вложувања. Според податоците од „Трејдинг економикс“, со ова зголемување среброто ја надмина претходната максимална цена од 1980 година, продолжувајќи го силниот раст што го бележи оваа година. Во 2025 година, среброто поскапело за повеќе од 70%, ...

Израел и Хамас постигнаа договор за првата фаза од американскиот план на Доналд Трамп за Газа — спогодба за прекин на огнот и ослободување на заложници, која би можела да го отвори патот за завршување на двегодишната крвава војна на Блискиот Исток. Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас, што го предизвика разорниот израелски напад на Газа, посредни разговори во Египет доведоа до договор за почетната фаза на ...

Овој предлог, кој го достави Владата до Собранието, ја предвидува измената на Законот за ДДВ, со што ќе се укине ослободувањето од плаќање на данок за пратките до 22 евра. Овие промени значат дека сите малите пакети испорачани од странство ќе подлежат на царинска постапка, што ќе ги зголеми трошоците и ќе ги направи поценети на крајниот корисник. Корисниците се загрижени за зголемувањето на цените на популарните пратки од платформи како Тему и ...

Оваа промена би можела да има големо влијание на меѓународниот транспорт и да го загрози економскиот сектор кој зависи од транспортот. Представници на транспортните здруженија веќе разговарале со институции на ЕУ, истакнувајќи дека професионалните возачи треба да се третираат поинаку од туристите, со оглед на тоа што тие патуваат со специјални професионални цели и многу често ја преминуваат границата. Тие предлагаат решение во форма на визи за ...

Во првите 60 дена од примирјето, целта е да се испраќаат стотици камиони со хуманитарни залихи на дневна основа, изјави Флечер на прес-конференција, пренесува CNN. Тој истакна дека хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална, прогласена е глад поради израелските ограничувања на помошта, инфраструктурата е уништена за време на две години израелски воени операции, а голем дел од населението повеќепати е раселено. Званичници на ОН се надеваат ...

Израел и Хамас се согласија на првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа – договор за прекин на огнот и ослободување на заложници, кој може да го отвори патот за завршување на двегодишната крвава војна на Блискиот Исток. Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас, кој ја поттикна разорната израелска офанзива врз Газа, посредничките разговори во Египет резултираа со договор за првата фаза ...

Вечерва во центарот на Скопје се случила масовна тепачка пред ресторанот „Дукат“. Според првичните информации, на местото на инцидентот интервенирале повеќе полициски патроли поради нарушување на јавниот ред и мир. Две лица се уапсени по тепачка која вечерва се случила меѓу гости пред познат ресторан во населбата Капиштец во ценарот на Скопје. На булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов вечерва имаше неколку полициски возила. Од МВР велат дека ...

Ова го покажува ново истражување презентирано на работилницата „Младински ставови кон корупцијата“, каде беше претставена и мобилната апликација „Глас против корупција“, алатка што им овозможува на младите анонимно да пријавуваат случаи на корупција, јавува Телевизија 24. Истражувањето опфатило млади на возраст од 16 до 26 години од три плански региони – Скопскиот, Полошкиот и Југоисточниот – преку анкети спроведени во средни училишта и ...

„По две години незамислива загуба и страдање за израелските семејства и народот на Газа, сите треба да се чувствуваме охрабрени и олеснети што крајот на конфликтот е на повидок“, напиша Обама. Тој изрази надеж дека заложниците кои сè уште се во заробеништво ќе се вратат кај своите најблиски, а хуманитарната помош конечно ќе почне да стигнува до луѓето во Газа чии животи се целосно уништени. „Повеќе од сè, сега обврската паѓа на Израелците и ...

Доналд Трамп на состанокот на кабинетот во Белата куќа изјави дека синоќа на Блискиот Исток е постигнат „историски успех“. „Ја завршивме војната во Газа и всушност, во многу поголем обем, создадовме мир. Мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам вечен мир“, рече Трамп. Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „во понеделник или вторник“. „Нивното враќање е комплициран процес, тие се на места каде што не сакате да ...

Франција денеска е домаќин на средба на министрите за надворешни работи од западни и арапски земји, со цел да се дискутира за можноста за меѓународна мировна мисија и поддршка за обнова на Газа по завршувањето на борбите. Истовремено, Израел и палестинската милитантна група Хамас потпишаа договор за прекин на огнот и ослободување на израелски заложници во замена за палестински затвореници. Ова претставува прва фаза од мировната иницијатива на ...

Британското обвинителство денеска подигна обвинение против поранешниот диџеј и радиоводител на Би-би-си, Тим Вествуд, за четири силувања и девет обвиненија за непристојни напади. Обвиненијата се однесуваат на наводни прекршоци против седум жени во периодот од 1983 до 2016 година. Вествуд (68) е обвинет и за два сексуални напада. Тој треба да се појави пред Судот за прекршоци во Вестминстер на 10 ноември. Вествуд претходно ги негираше сите ...

Иран го поздрави договорот за прекин на огнот во Појасот Газа помеѓу Хамас и Израел. – Иран отсекогаш ги поддржувал сите акции и иницијативи насочени кон прекин на геноцидната војна, повлекување на окупаторските сили, обезбедување хуманитарна помош, ослободување на палестинските затвореници и остварување на основните права на палестинскиот народ, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи. Исто така Иран ја ...

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави постигнатиот договор меѓу Израел и радикалната палестинска група Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на израелските заложници. Гутереш рече дека организацијата е подготвена да обезбеди помош. „Обединетите нации се подготвени да ја дадат својата целосна поддршка. Ние и нашите партнери сме подготвени да дејствуваме – веднаш“, рече Гутереш во ОН. Тој повика на целосен и ...

Британскиот бенд „Горилаз“ е првиот објавен изведувач на познатиот загрепски фестивал „INmusic“, објавија организаторите. „INmusic“ годинава слави 20 години, па најавата за првиот изведувач наиде на одличен прием кај публиката. Дваесеттото издание на најпопуларниот хрватски фестивал ќе се одржи од 22 до 24 јуни во Загреб, а сукцесивно ќе бидат објавувани и останатите изведувачи. „Горилаз“ е виртуелен британски бенд основан во 1998 година од ...

Полицијата на Косово, во соработка со Агенцијата за разузнавање (АКИ) и Јавното обвинителство, денес го уапсила Фатмир Шехоли под основано сомнение за вмешаност во шпионажа. На Шехоли одреден му бил и 48часовен притвор. Министерот за внатрешни работи, Џелал Свечла, изјави дека случајот ќе се третира со највисок степен на институционална сериозност, бидејќи претставува едно од најтешките дела против безбедноста и уставниот поредок на Република ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
0.0
72%
1016
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
4.63
62%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
1017
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
66%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
2.21
80%
1020
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.04
83%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
6.17
75%
1014
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
52%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
48%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
4.92
88%
1021
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
2.57
64%
1019
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
7.2
72%
1015
Currency

61.53

Currency

53.5432

Currency

69.8134

Currency

34.869

Currency

37.9335

Currency

66.0382

Currency

7.50983

Currency

0.65819

Currency

0.34762

Currency

0.52431

Currency

0.60463

Currency

1.27209