Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски воздушни напади врз јужен Либан, и покрај продолженото примирје меѓу Израел и Хезболах. Во напад врз куќа во градот Деир Канун биле убиени 10 лица, меѓу нив три деца и три жени. Либанското Министерство за здравство соопшти дека уште десетици луѓе се повредени. Судирите продолжуваат иако САД минатата недела објавија дека Израел и Либан се договориле за продолжување на примирјето за уште 45 дена. ...

Техеран до Вашингтон достави најнов предлог кој вклучува крај на конфликтот на сите фронтови, вклучително и Либан, повлекување на американските трупи од областите во близина на Иран и надомест за штетата предизвикана од војната меѓу САД и Израел, објавија државните медиуми. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, изјави дека Техеран, исто така, побарал укинување на санкциите, ослободување на замрзнатите средства и ...

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 315 украински беспилотни летала. Информацијата доаѓа по серија предупредувања за дронови над руска територија и во близина на Москва. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските сили уништиле и дрон што се движел кон главниот град. Според руските власти, службите биле испратени на местата каде што ...

Дел од мостот кон граничниот премин Градишка, на босанскохерцеговската страна од границата со Хрватска, се урна, поради што сообраќајот е целосно прекинат за сите возила. Хрватскиот автоклуб соопшти дека поради оштетување на мостот меѓу граничните премини Стара Градишка во Хрватска и Градишка во Босна и Херцеговина, сообраќајот е прекинат во двата правци. Според БиХАМК, објавата за прекин на сообраќајот е издадена во текот на ноќта. Засега, ...

Доналд Трамп изјави дека постои „многу добра шанса“ САД да постигнат договор со Иран за да го спречат Техеран да дојде до нуклеарно оружје, само неколку часа откако рече дека го одложил планираниот воен напад за да продолжат преговорите, пренесува Reuters. Барање од сојузниците за одложување на нападот Трамп изјави дека лидерите на клучните американски сојузници на Блискиот Исток побарале да се одложи воениот напад врз Иран, планиран за ...

Нова дипломатска иницијатива за прекин на конфликтот на Блискиот Исток е во тек, откако Пакистан им доставил на САД ревидиран предлог од Иран за можен договор и намалување на тензиите. Според информации на „Ројтерс“, посредничките разговори продолжуваат, но времето за компромис брзо истекува. Иранското Министерство за надворешни работи потврди дека ставовите на Техеран биле пренесени до американската страна преку Пакистан, без да се ...

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел реагираше по извештајот дека американските служби проценуваат можна закана од кубански воени дронови, тврдејќи дека Куба не претставува закана за САД. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел предупреди дека секоја американска воена акција против Куба би предизвикала „крвопролевање“ и би имала непроценливи последици за регионалниот мир и стабилност. Неговата реакција следи по извештај на „Аксиос“, ...

Пакистан достави ревидиран ирански предлог до САД за прекин на конфликтот на Блискиот Исток, потврди пакистански извор за Ројтерс, бидејќи мировните преговори се чини дека се во застој. „Немаме многу време“, рече изворот кога беше прашан дали ќе биде потребно време за да се намалат разликите, додавајќи дека двете земји „постојано ги менуваат своите услови“. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера на својата платформа Truth Social ...

Денес, во пресрет на состанокот на министрите за финансии на групата Г7 во Париз, Германија предупреди на тешките економски последици што би ги предизвикала војната во Иран и евентуалната блокада на Ормутскиот теснец. Германскиот вицеканцелар и министер за финансии Ларс Клингбаил изјави во пресрет на своето патување во Париз дека војната е „сериозна закана за глобалната економија“ што предизвикува огромна штета на економскиот развој. Тој ...

Студентите во блокада во Србија објавија Меморандум за Косово и Метохија, документ што, како што наведуваат, е усвоен во Крагуевац како „израз на нивната обединета волја“ и на историската одговорност кон минатото и иднината. Во меморандумот се наведува дека Косово и Метохија се „неотуѓив и составен дел од Република Србија“, а студентите оценуваат дека тоа за нив не е само уставна категорија, туку и историски и морален императив. Косово како ...

Повеќе од половина од украинските бегалци кои моментално се во Европа би можеле да останат таму најмалку до крајот на 2029 година, покажува проценката на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, UNHCR. Според едно од сценаријата на UNHCR, доколку војната влезе во фаза на „кршлив мир со отстапки“, при што Русија би ја задржала контролата врз окупираните територии, 2,9 милиони украински бегалци, односно 56 отсто од нивниот сегашен ...

Крузерот MV Hondius, на кој беше регистрирано жариште на хантавирус, денеска треба да пристигне во Ротердам, каде што ќе биде дезинфициран. Холандските власти веќе подготвуваат карантински услови за 25 членови на екипажот и двајца медицински работници кои останале на бродот. Според локалните власти, за дел од екипажот кој не е од Холандија се обезбедуваат посебни карантински објекти. Засега не е јасно дали тие ќе останат таму во текот на ...

Бројот на егзекуции во светот во 2025 година достигнал највисоко ниво што Amnesty International го регистрирала од 1981 година. Според најновиот годишен извештај на организацијата за смртната казна, лани биле погубени најмалку 2.707 лица во 17 земји. Од Amnesty предупредуваат дека станува збор за „алармантен пораст“, предизвикан од мала група држави кои и натаму ја користат смртната казна како инструмент на страв, контрола и политичка ...

Русија во текот на ноќта изврши нов бран напади врз Украина со дронови и ракети, при што беа погодени јужниот град Oдеса и градот Dнипро на југоистокот на земјата. Според украинските власти, во Одеса дронови погодиле станбени згради, училиште и детска градинка. Во нападот се повредени 11-годишно момче и 59-годишен маж. Началникот на локалната воена администрација преку Телеграм соопшти дека нападот предизвикал значителна материјална штета ...

Израел ја зголеми воената готовност поради стравувања од нова ескалација со Иран и е подготвен да се приклучи на евентуални американски напади, јавуваат израелските медиуми. Според телевизиите Кан и Канал 12, тензиите дополнително се зголемиле по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател и израелскиот премиер. Израел подготвува можни напади врз иранска инфраструктура Израелската јавна телевизија Kan, повикувајќи се на безбедносен ...

Мета опис Иран испрати нова сериозна закана кон САД, предупредувајќи дека Оманскиот Залив би можел да се претвори во „гробница“ за американските воени бродови доколку продолжи американската поморска блокада и зголеменото воено присуство во регионот. Острото предупредување го упати генерал-мајор Мохсен Резаи, главен воен советник на врховниот лидер на Иран и член на Советот за проценка на целисходност, во интервју за иранската државна ...

Сообраќајна несреќа вечерва се случи кај Стара Рампа во Скопје, на улицата што во моментов е во ек на поправки и со изменет режим на движење. Според информации од терен, несреќата се случила околу 20:30 часот, а во неа учествувале автомобил и мотор. Делот каде што се случила сообраќајката е слабо осветлен, а на улицата нема јасно поставени знаци за семафорите и за тоа кој има предност во движењето. Засега нема официјални информации дали има ...

Трговскиот центар „Ист гејт“ денеска беше кратко евакуиран по активирање на противпожарен аларм кај еден од закупците. Посетителите биле замолени мирно да го напуштат објектот, согласно безбедносните протоколи. По проверките било утврдено дека станува збор за лажен аларм за пожар, по што трговскиот центар продолжил со работа. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета. Евакуацијата била спроведена превентивно, поради ...

САД одговориле на иранскиот мировен предлог со сопствен план од пет точки, кој предвидува прекин на непријателствата, но и строги услови поврзани со иранската нуклеарна програма, објави иранската новинска агенција „Фарс“. Според информациите, Вашингтон бара Иран да се откаже од какви било барања за репарации и компензација од САД, како и да дозволи отстранување на 400 килограми збогатен ураниум од земјата и нивен трансфер во Соединетите ...

Куба набавила повеќе од 300 воени дронови и неодамна почнала да разгледува планови за нивна употреба во напади врз американската база во заливот Гвантанамо, американски воени бродови, а потенцијално и врз Ки Вест на Флорида, кој се наоѓа на само 145 километри од Хавана. Ова го покажуваат доверливи разузнавачки документи во кои увид имал американскиот портал „Аксиос“. Предупредување од Вашингтон Разузнавачките информации, кои би можеле да ...

Израел и САД се во интензивни подготовки за можно продолжување на нападите врз Иран, откако преговорите со Техеран, според американски и израелски извори, не донеле резултат. The New York Times, а потоа и Times of Israel, објавија дека нападите би можеле да продолжат уште следната недела, доколку американскиот претседател Доналд Трамп донесе таква одлука. Израелските медиуми јавуваат дека владата во Тел Авив е во состојба на подготвеност и ...

Соединетите Американски Држави официјално и ги претставија на јавноста своите пет клучни барања за постигнување сеопфатен договор со Иран, кој би ставил крај на актуелната блокада во Персискиот Залив. Американската администрација, предводена од претседателот Доналд Трамп, постави строги рамки кои вклучуваат драстично кратење на иранските нуклеарни капацитети, прекин на поддршката за милитантните групи на Блискиот Исток и откажување од какви ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека во последната недела во руски напади врз Украина загинале 52 лица, а 346 биле повредени, меѓу нив и 22 деца. Според него, голем дел од ударите биле насочени кон станбени објекти и цивилна инфраструктура. Зеленски наведе дека Русија во истиот период лансирала повеќе од 3.170 борбени дронови, над 1.300 наведувани авионски бомби и 74 ракети од различен тип, од кои најголем дел биле ...

Најмалку тројца луѓе загинаа во голем украински напад со дронови врз Москва и Московската област, соопштија руските власти. Според Reuters, нападот бил еден од најголемите врз руската престолнина во последната година, а руската противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнала десетици беспилотни летала. Гувернерот на Московската област Андреј Воробјов соопштил дека три лица загинале во регионот, меѓу нив жена во Химки и двајца мажи во ...

Дел од Старата скопска чаршија денеска, 17 мај, ќе остане без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија. Според најавата, прекинот ќе трае од 08:00 до 15:00 часот и ќе ги зафати дел од корисниците на улиците „Покриена чаршија“ и „Самарџиска“ во општина Чаир. Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите активности додека траат интервенциите на електричната ...

Седум лица се повредени кога автомобил со голема брзина удрил во пешаци во центарот на северниот италијански град Модена, соопшти полицијата. Полицијата соопшти дека возачот, на возраст од околу 30 години, е уапсен и дека нема друга опасност. Претходно, италијанските медиуми објавија дека автомобил се забил во излог откако удрил пешаци, а возачот нападнал минувач кој се обидел да го запре со нож. Засега, нема детални информации за состојбата ...

Владата на Тајван денеска соопшти дека островот е „суверена и независна држава“, реагирајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предупреди дека евентуално прогласување независност може да предизвика војна со Кина. „Тајван е демократска, суверена и независна држава која не е подредена на Народна Република Кина“, соопшти тајванското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека политиката на Вашингтон кон островот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со Си Џинпинг во Пекинг изјави дека Вашингтон и Пекинг имаат сличен став за Иран: Техеран не смее да дојде до нуклеарно оружје, а Ормускиот Теснец треба да остане отворен. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина се согласни дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје, по разговорите со кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг. Трамп рече дека со Си разговарал и за ...

Украинските власти соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала ракети и дронови врз повеќе региони, додека во Киев заврши спасувачката операција по нападот врз станбена зграда во Дарницкиот реон. Најмалку три лица загинаа, а околу 60 се повредени во нови руски напади врз Украина во изминатите 24 часа, соопштија украинските регионални власти. Украинските воздухопловни сили информираа дека Русија во текот на ноќта лансирала шест ...

Украинскиот претседател Волдомир Зеленски изјави дека Русија интензивно ја вклучува Белорусија во воените планови и дека постојат индикации за можни идни офанзиви од северниот правец, кон Киев, Чernihiv, па дури и кон територии на членки на NATO. Според неговите информации, Москва повторно ги интензивира контактите со белорускиот лидер Александар Лукашенко со цел да обезбеди поголема поддршка за своите воени активности. Alexander Lukashenko, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.57
43%
1018
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
61%
1019
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.15
65%
1017
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.29
49%
1020
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.85
49%
1017
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.45
68%
1018
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
53%
1015
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.53
32%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.52
34%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
53%
1016
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
50%
1018
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
4.65
58%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.9045

Currency

72.2733

Currency

37.4274

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Родиум

262028.58

Алуминиум

3.16

Злато

128281.48

Сребро

1844.33

Калај

52.80

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Иридиум

247560.75

Бакар

12.60

Платина

51216.14

Рутениум

49029.89

Паладиум

39513.27