Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Според локалните медиуми, повеќе од 130.000 лица се погодени по неколку дена обилни дождови и силни ветрови. Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи (NDRRMC) соопшти дека најмалку седум лица загинале, а двајца се водат како исчезнати, откако бурата, локално позната под името „Рамил“, ги погоди северните и централните делови на земјата. Според најновите податоци, бурата погодила 37.825 семејства, односно 133.196 ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, стана најдобар стрелец во регуларната сезона на МЛС. Триесет и осумгодишниот Аргентинец постигна 29 гола на 28 натпревари. Тој има и 19 асистенции. Ноќеска Меси му даде три гола на Нешвил во победата од 5:2. Играчот на Лос Анџелес, Денис Буанга, е втор. 30-годишниот Габонец постигна 24 гола на 30 натпревари. Англичанецот од Нешвил, Сем Сариџ, е трет со 24 гола (по 34 натпревари), но има помалку асистенции ...
Израелската војска (IDF) соопшти дека, по директива од политичкиот врв и по низа значајни удари како одговор на кршења на примирјето од страна на Хамас, започнала „обновено спроведување на примирјето“ во согласност со условите на договорот. IDF ќе продолжи да се придржува до договорот за примирје и решително ќе одговори на секое негово кршење – се наведува во најновото соопштение на Израелската војска. Подсетуваме, IDF порано денеска започна нов ...
Палестинското движење Хамас објави дека делегација предводена од нивниот лидер Халил ал Хаја денес пристигнала во Каиро, со цел да се постигне договор за продолжување на спроведувањето на договорот за примирје во Газа, како и за разговори со посредници и палестинските фракции. Ал Хаја, кој не живее во Газа, се наоѓаше во Египет неколку дена пред потпишувањето на примирјето со Израел, но ја напушти земјата и се врати во Катар, каде што престојува ...
Најмалку 13 Палестинци загинаа во нов бран израелски воздушни напади низ централниот дел на Појасот Газа, меѓу нив и Јахја ал-Мабхух, командант на елитна единица на Хамас во баталјонот Џабалија, според медицински и локални извори. Напади на повеќе локации, погодено импровизирано кафуле Лекар од болницата Ал-Акса изјавил дека се примени девет тела и неколку повредени лица по три одделни напади кои ја погодиле мала импровизирана кафетерија ...
Израел денеска објави дека трансферот на хуманитарна помош за Газа е суспендиран „до понатамошно известување“ бидејќи според нив Хамас го прекршил прекинот на огнот, што исламистичкото палестинско движење го негира. Израелски безбедносен службеник го изјави ова анонимно. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, започна пред нешто повеќе од една недела, со цел да се стави крај на двегодишната војна. Израелската армија повторно ја ...
Секое израелско интензивирање на нападите ги попречува операциите за пребарување Хамас тврди дека го пронашол телото на заложникот, можно предавање на Израел денес Вооруженото крило на палестинската милитантна група Хамас денес објави дека го лоцирало телото на заложникот и ќе го предаде на Израел во текот на денот, доколку условите на теренот го дозволат тоа. Групата соопшти дека секоја израелска ескалација би ги попречила операциите за ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на израелските шефови на безбедносните служби да „преземат решителни мерки против терористичките цели во Појасот Газа“ по денешните напади во Рафа. Кабинетот на премиерот соопшти дека Нетанјаху ја издал наредбата за време на состанокот со министерот за одбрана Израел Кац и раководителите на разузнавачките служби Шин Бет и Мосад. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека палестинските ...
Земјотрес е регистриран денеска околу 14:39 часот по локално време во регионот на Османије, град во јужна Турција, објави Си-Ен-Ен Tурк. Според турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД), земјотресот бил со јачина од 4,1 степен според Рихтер, со епицентар во селото Сумбас на длабочина од околу седум километри. Земјотресот предизвикал паника кај населението. Не се соопштува за причинета материјална штета и повредени ...
Тропската бура Фенгшен денес ги погоди северните и централните делови на Филипините и одзеде вкупно шест животи, принудувајќи повеќе од 22.000 луѓе да се евакуираат од селата загрозени од поплави и лизгање на земјиштето. Тропската бура Фенгшен го премина заливот Манила напладне со постојани ветрови од 65 километри на час и налети до 90 километри на час, објавува АП. Локален жител се удави во саботата во градот Роксас во покраината Капиз во ...
Невообичаеното временско однесување претставува голем предизвик за метеоролозите кои се обидуваат да предвидат какви ќе бидат наредните сезони. Најжешкото лето некогаш забележано во Велика Британија доведе до огромен број шумски плодови, како што се костени, желади и бобинки, но експертите сè уште предупредуваат за феномен познат како „лажна есен“. Британската добротворна организација за заштита на природата „Национален траст“ истакна дека ...
Во утринските часови на 19 октомври 2025 година, познатиот Louvre Museum во Париз беше привремено затворен откако се појави информација за кражба од неговата експозиција. Министерката за култура на Франција, Rachida Dati, преку социјалните медиуми потврди дека нема повредени лица и дека ситуацијата е под контрола. Истрагата е во тек – не е објавено што конкретно било украдено или како сторителите го обезбедиле објектот. Овој инцидент ги отвора ...
Во утринските часови, на патот меѓу градовите Чачак и Краљево во Србија, повторно се случи сообраќајна несреќа во која автобус излета од патот во близина на населбата Бресница. Од засега достапните информации, едно лице го загуби животот, а други патници се повредени. Властите соопштија дека возилото рано утрово кружело по правецот Краљево кога излетало од патот и се превртело – деталите за причината се сè уште непознати. Истражителите на место ...
Оперативци на Хамас ја нападнаа израелската армија во Газа, по што следеше бран на воздушни напади Во инцидентот учествуваа оперативци на Хамас кои излегоа од тунел и отворија оган врз израелските војници. ИДФ сè уште официјално не го коментираше овој настан Оператори на милитантната група Хамас во Појасот Газа започнаа напад врз израелските сили во јужниот дел на Газа, недалеку од градот Рафа, објавија денес израелските медиуми. „Тајмс оф ...
Одѕивот на локалните избори до 09.15 часот е три отсто, а гласале 41 890 граѓани, објави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко, споделувајќи податоци од 2672 избирачки места (76,91 процент) во кои се запишани 1.394.158 граѓани. Тој повтори дека сите гласачки места се отворени навреме и оти гласањето се одвива без проблеми. – Досега во ДИК немаме јавување за текот на гласањето за ниту едно избирачко ...
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со поранешниот и актуелен претседател на САД, Доналд Трамп, поставил јасен и контроверзен услов за прекин на војната во Украина: Киев да се откаже од контролата врз регионот Донецк. Ова го пренесуваат неколку западни медиуми повикувајќи се на дипломатски извори вклучени во разговорите. Според истите извори, Москва дала до знаење дека е подготвена да разгледа повлекување од делови на ...
Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. „Вчера во 15:30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го лишија од слобода П.К., на возраст од 48 години од Кавадарци. При преземање мерки, по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко ...
Американскиот Стејт департмент денес издаде предупредување за „неизбежен“ напад од страна на исламистичката милитантна група Хамас врз палестински цивили во Газа. „Тој планиран напад врз палестински цивили би претставувал директно и тешко прекршување на договорот за прекин на огнот и би го поткопал значајниот напредок постигнат преку напорите на посредниците“, соопшти Стејт департментот. САД изјави дека ги информирале поддржувачите на мировниот ...
Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК). Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот. Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани. На локалните избори 2025 има вкупно 309 ...
Променливо облачно, температурата до 19 степени Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени. Како што најавува ...
Според првични информации од очевидци, во несреќата учествувале три возила – „Голф“, „Мерцедес“ и „БМВ“. Ударот бил толку силен што автомобилите се извртеле на коловозот, а делови од нив завршиле на сите страни. Очевидци велат дека до судирот најверојатно дошло поради неприлагодена брзина, но засега нема официјална потврда дали има повредени лица. Полицијата е на терен, а повеќе детали се очекуваат во текот на вечерта. Фото: Фактор Извор: ...
Фриц, четвртиот играч на светот, го доби првиот сет со 7:6 (4), иако Ѓоковиќ во еден момент водеше со 5:4 и имаше четири сет-топки. Публиката во Ријад аплаудираше за спектаклот, но изненадувањето стигна кога Новак, видливо исцрпен, се повлече поради физички проблеми. Ова беше втор последователен пораз за светскиот шампион, кој пред два дена загуби во полуфиналето од Јаник Синер со 2:0. И покрај предавањето, Ѓоковиќ покажа дека сè уште е во форма ...
Отворањето доаѓа по постигнатото примирје и договорот за размена на заложници меѓу Израел и Хамас, постигнати со посредство на САД. Преминот, кој во најголем дел беше затворен од мај 2024 година, најпрво ќе им овозможи на Палестинците кои престојуваат во Египет да се вратат во Газа, но засега не е потврдено дали преку него ќе биде дозволен и влез на хуманитарна помош. Од почетокот на примирјето, според податоците на Светската програма за храна ...
Австралискиот стратег беше назначен на 9 септември 2025 година, но по серија лоши игри и резултати, клубот донесе одлука веднаш по домашниот пораз од Chelsea F.C. со 0:3. Клубот објави: „Nottingham Forest Football Club може да потврди дека по серија разочарувачки резултати и настапи, Ангелос Постекоглу е ослободен од функцијата тренер веднаш“. Оваа постапка го постави Постекоглу како менаџер со најкратко траење во историјата на Премиер лигата за ...
Производителите објаснуваат дека квалитетната сланина станала тешко достапна, бидејќи свињите денес се „помеснати“ и имаат помалку маст. „Порано се хранеа домашни свињи од Божиќ до Божиќ, а сега е поинаку. Поради тоа, многу фабрики се принудени да увезуваат месо од Данска за да го задоволат растечкото побарување. Една од нив, лоцирана близу Самобор, произведува дури 25 тони чварки месечно, но речиси без домашна суровина. Дополнителен удар за ...
За разлика од претходните маршеви, родителите овојпат не дадоа официјални изјави за медиумите, но нивните пораки беа јасно испратени преку транспарентите што ги носеа. На нив повторно беа упатени обвинувања кон институциите – за недостаток на правда и одговорност за несреќата што го потресе градот. Како и досега, маршот накратко го блокираше сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, во близина на двојниот мост на Кочанска Река. Колоната тргна ...
До брегот на Јемен, во Аденскиот залив, денес зема залет нов безбедносен инцидент: брод под знамето на Камерун, идентификуван како танкерот „Falcon“, беше погоден со пројектил и избувна пожар на палубата. Британската војска го пријави нападот, додека Центарот за поморски трговски операции (UKMTO) предупреди дека ударот се случил околу 210 километри источно од Аден. Танкерот, кој превезувал течен гас (LNG) од Оман кон Џибути, во моментот се ...
Три легендарни имиња од светската музичка сцена ќе настапат на новиот Phill Good Festival во Пловдив во Бугарија, кој ќе се одржи од 17 до 19 јули 2026 година. Организаторите најавуваат дека целосниот лајнап ќе биде наскоро објавен, а билетите ќе бидат пуштени во продажба на 20 октомври, по почетна цена од 122 евра. Phill Good Festival е нов фестивалска на балканот – приказна создадена за сите љубители на музика, уметност и добра енергија. ...
Во Националната опера и балет, со почеток во 20:00 часот, на сцената ќе настапи After the Wildfire Quartet – состав познат по својот експресивен звук и спојот на современи џез структури со медитативни музички пејзажи. Нивната музика се движи помеѓу нежна меланхолија и експлозивна енергија, градејќи исклучително сценско искуство. По нив, од 22:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во настапот на Goran Kajfeš Tropiques, проект на шведскиот ...
Оваа најава доаѓа во момент кога и Пекинг и Вашингтон се обидуваат да избегнат нова ескалација на царините и да стабилизираат економските односи кои со години се под притисок на трговски спорови. Според информациите, изјавата е дадена по одржаната видео-конференција меѓу кинескиот вицепремиер и главен трговски преговарач Хе Лифен и американскиот министер за финансии Скот Бесант. Разговорот, како што наведуваат кинеските медиуми, бил „отворен, ...