Владата ја следи ситуацијата. Главниот приоритет е гарантирањето на националната безбедност и безбедноста на бугарските граѓани во регионот. Нема директна воена закана за Бугарија. Кон овој час нема воена закана за територијата на Бугарија. Ние не сме страна во конфликтот, изјави бугарскиот премиер Андреј Ѓуров, пренесе БГНЕС. Ние не учествуваме на никаков начин во воената операција, појасни Ѓуров. Тој додаде дека од Бугарија не е побарано ...

Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје. Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје. Од полицијата соопштуваат дека се ...

Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини. МНРиНТ ги потсетува нашите државјани дека во случај на потреба од помош ...

На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар. „Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција. Се додава дека царинските ...

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции. -Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон ...

СДСМ со остра реакција оценува дека случајот со куќниот притвор на Артан Груби се претворил во, како што наведуваат, „циркус пред очите на целата јавност“, тврдејќи дека одлуките на институциите се дел од однапред договорено сценарио. Од партијата обвинуваат дека Обвинителството, кое според нив е под контрола на премиерот Христијан Мицкоски, ја оправдувало одлуката за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од Министерството за ...

Проф. д-р Пламен Павлов/Труд/ Името на Киро Тулешков (1/13 март 1846 – 31 януари / 12 февруари 1904 г.) неизменно присъства в научните изследвания, посветени на българското революционното движение през 60-те – 70-те години на XIX век. За рода Тулешкови, който има своите представители и днес (сред тях е видният познавач на историята на архитектурата проф. Николай Тулешков), разполагаме с генеалогичното изследване на Петър Чолов. Самият Киро ...

Во Тетово, Гостивар и Дебар денеска ќе има посебен сообраќаен режим поради престојот на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој ја завршува тридневната официјална посета на земјава. Општина Тетово и СВР Тетово информираат дека денеска во градот ќе има привремени безбедносни мерки, посебен режим во сообраќајот и забрана за паркирање на повеќе улици по повод посетата на претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај на Тетово. Општина ...

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција. Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција. Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да ...

Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји. За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија. Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, ...

Магдалена Крумова/БГНЕС/ Европската унија (ЕУ) е најуспешниот пример за модел на регионална интеграција кој придонесува за мирот и благосостојбата на Стариот континент уште од времето на 50-тите години на минатиот век. Во 2018 година Бугарија, една од најновите земји членки, претседаваше со Советот на ЕУ и ја постави европската перспектива на Западен Балкан како еден од клучните приоритети за целиот блок. Тогаш тоа изгледаше како далечна ...

Проф. д-р Лозан Митев/ специјално за БГНЕС/ На 27 февруари 1870 година, со султански ферман се прогласува создавањето на првата призната самостојна црковно-народна институција на нашиот народ — Бугарската егзархија. Ова е еден од најзначајните датуми во современата историја на бугарскиот народ, кој по својата вредност може да се спореди со првиот општонародно прифатен празник — Денот на бугарската просвета. Егзархијата се создава како ...

По иницијатива на Генералниот конзулат на Република Бугарија во Чикаго, антените Вилис Тауер ќе заблескаат во бело, зелено и црвено на 3 март, по повод – Денот на ослободувањето на Бугарија! Ова го соопшти генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков на својот Facebook профил. „Во срцето на Америка, над еден од најемблематичните облакодери во светот, бугарските бои ќе потсетат на силата на слободата, на историската меморија и на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнат и унапредат. На меѓународен план, двете држави имаат исти цели и интереси, а тоа се членството во Европската унија, меѓусебната поддршка како непосредни соседи и сојузници во ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина. Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања. Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на ...

Д-р Андреја Богдановски/Вистиномер/ (Извор: Религија) Во преполната сала во московскиот соборен храм Христос Спасител минатата година, рускиот патријарх Кирил го прогласи Емир Кустурица за „достоен“, извикувајќи „Аксиос и Достоин“! – традиционални акламации на црковно одобрување, неколку моменти откако му го додели Орденот на Свети Серафим Саровски од прв ред. Наградуваниот српски филмски режисер отпатува во Москва во декември по повод ...

Претседателотот на Русија, Владимир Путин, не може да си дозволи да ја заврши војната во Украина, изјави естонскиот премиер Кристен Михал, споредувајќи го владеењето на Путин со „возење велосипед“. Во интервју за утринската емисија на Euronews „Europe Today“, Михал ја повика Европската Унија да деблокира 90 милијарди евра помош за Киев и да инвестира повеќе во одбраната, пишува Euronews. Иако нагласи дека не тврди дека го разбира Путин, Михал ...

Бугарско-српскиот центар во Врање доставил до Општинскиот совет на српскиот град „Иницијатива за воспоставување соработка и побратимување меѓу Врање и Ќустендил“, јавува Радио Бугарија. „Благодарение на долгогодишната соработка со амбасадата на Бугарија во Белград и Генералниот конзулат на Бугарија во Ниш, како и на соработката со раководството на град Врање, ја започнавме оваа иницијатива, поаѓајќи од културната поврзаност на населението во ...

Сите ние сме свесни дека демографијата претставува општ европски проблем и затоа ни е многу важно младите од најрана возраст да ги образуваме, да ги научиме дека иднината е во нив и дека така како што тие ќе израснат таква иднина ќе имаат и ќе остават за нивните потомци, за тие коишто некогаш ќе бидат млади како што се тие денес, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Спортот, вели Мицкоски, остана во мене, никогаш не излезе од мене и затоа ...

Од 2002 година, откога се прават истражувања за пушење меѓу учениците, во 2024 година е забележан највисок процент на ученици кои пушат, најголем борј ученици и покрај тоа што се малелетни, кажале дека не им бил побаран документ за идентификација кога си купувале цигари и енормно расте бројот на ученици кои користат електронски цигари, покажа последното истражување на Институтот за јавно здравје за употребата на тутун и тутнски производи кај ...

Патувањата на бугарските граѓани во странство во јануари 2026 година изнесуваат 625,9 илјади, што е за 4,2% повеќе во однос на јануари 2025 година. Регистрирано е зголемување на патувањата според сите набљудувани цели, јавува бугарскиот Национален институт за статистика. Најголем број патувања се реализирани кон Турција – 146,1 илјади, Грција – 140,9 илјади, Романија – 64,1 илјади, Србија – 51,0 илјади, Германија – 34,0 илјади, Австрија – ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност. На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска ...

Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство беше одложена за следната недела. Министерот за правда Игор Филков изјави дека членовите на работната група не се впуштиле во материјална расправа затоа што прво треба да се утврди дневниот ред. ,,Иако денес требаше да биде одржана првата конститутивна седница на работната група за реформи во изборно законодавство на која требаше ...

Утрово во 09:10 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи во координација со полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(18) од село Палатица. Тој се сомничи дека во повеќе наврати испраќал електронски пораки на повеќе образовни институции во Тетово дека во институциите има поставено експлозивни направи. Полицијата ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, кој престојува во официјална посета на земјава. Обајцата го потврдија цврстото македонско-хрватско пријателство коешто двете земји го негуваат повеќе од 3 децении, втемелено на взаемна почит и разбирање и реализирано низ политички дијалог и конструктивна соработка. Претседателката искажа искрена ...

Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините. „Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови: 30 автобуси во рок од 6 месеци 60 автобуси во рок од 12 месеци 60 автобуси во рок од 18 месеци ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија, Никол Варнс. На средбата беше изразена подготвеност за продлабочување на досегашната соработка, со посебен акцент на борбата против корупцијата, унапредувањето на демократските процеси и зајакнувањето на учеството на граѓаните во локалната самоуправа. Градоначалникот ...

Бугарија се приклучи на финансиската иницијатива на Европска комисија „EastInvest“, насочена кон земјите од ЕУ што граничат со Русија, Белорусија и Украина. Програмата, најавена од Урсула фон дер Лајен, има цел да ги ублажи економските и инфраструктурните последици од војната во Украина и да ја забрза економската отпорност и интеграцијата во внатрешниот пазар. Во иницијативата учествуваат девет држави: Бугарија, Финска, Естонија, Латвија, ...

Припадниците на 101-виот алпски полк на бугарската армија ја одбележаа шестата годишнина од смртта на генерал Андреј Боцев, началник на одбраната на Република Бугарија во периодот 2017–2020, јавува Инфоцентарот на бугарското Министерство за одбрана. Во знак на почит кон неговиот придонес беа положени венци пред спомен-плочата во касарната. Воените лица го паметат како достоен командант, лидер и патриот, кој оставил длабока трага во историјата ...

Трета година по ред кулата на општинската зграда во Пескара ќе биде осветлена во боите на бугарското државно знаме по повод бугарскиот национален празник 3-ти март. Иницијативата е на Бугаро-италијанската асоцијација „Бугари во Абруцо“ и бугарското училиште „БулгаринА“, јавува БТА. Од асоцијацијата изјавија дека гестот на градоначалникот Карло Маши е „знак на почит, благодарност и жива меморија – мост меѓу Бугарија и Италија“. Тие повикаа ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
55%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.91
87%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
78%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.34
53%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.63
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Родиум

358480.82

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Цинк

0.00

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Бакар

10.65