Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Суштинската изградба на граничниот премин „“меѓу Бугарија и Северна Македонија „Струмјани – Берово“ може да започне, откако бугарскиот министер за животна средина и води Јулиан Попов ги потпиша сите еколошки процедури, јавува БНР. Најтешкиот дел од процесот – одобрувањето на извештаите за влијание врз животната средина – веќе е завршен, и тоа во пократки рокови од очекуваното. Во меѓувреме се усогласени и барањата за инфраструктурата на ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Управниот суд ќе се поврзат дигитално преку софтверската платформа ЕПУС – ова е предвидено во Меморандумот за соработка што го потпишаа претседателот на РКЕ, Ацо Ристов и в.д. претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини. Софтверската платформа е креирана за да обезбеди брза, безбедна и ефикасна електронска комуникација со навремена размена ...
Тодор Вангелов Деновиве наидов на објава на Фејсбук профил на еден македонски политичар со српско потекло, во која се тврди дека Бугарија ја окупирала Македонија во 1941 година. И не се работи само за таа објава — туку поголемиот дел од неговите објави се претежно насочени кон прикажување на царска Бугарија како фашистичка и окупаторска сила на овие простори. Очигледно е дека ваквите ставови се вклопуваат во поширока агенда на антибугарска, ...
Бројот на мигранти што живеат во Европската Унија се искачи на рекордни 64,2 милиони во 2025 година, што е зголемување од околу 2,1 милиони во однос на претходната година, според извештај објавен од Центарот за истражување и анализа на миграцијата во RFBerlin. Ова се споредува со 40 милиони во 2010 година, се вели во извештајот, повикувајќи се на податоци од Евростат и Агенцијата за бегалци на ОН. Германија останува земја-членка со најголемо ...
Техеран е подготвен за разговори штом САД ја укинат блокадата, изјави иранскиот амбасадор во ОН, Амир-Саид Иравани. Како предуслов за каква било нова рунда преговори, Иравани рече дека САД мора да престанат да „го кршат прекинот на огнот“, објави иранскиот медиум Шарг, а пренесе Ал Џезира. „Штом блокадата биде укината, следната рунда разговори ќе се одржи во Исламабад“, рече Иравани, додавајќи дека „Иран е подготвен за какво било сценарио“. ...
Денес во Лондон започна дводневен состанок на воени планери од повеќе од 30 земји за развој на мисија за повторно отворање на Ормускиот теснец. Средбата доаѓа една недела откако повеќе од десетина земји, предводени од Велика Британија и Франција, ветија дека ќе учествуваат во меѓународна одбранбена мисија. Целта на мисијата е да го заштити бродскиот сообраќај во Ормускиот теснец штом условите дозволат, објавува Скај њуз. Хили: Претворање на ...
Во сабота, со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт за најмладите – „Оловното војниче” од Ханс Кристијан Андерсен на музика од македонскиот композитор Филип Иванов, под диригентската палка на Маестро Борјан Цанев и нараторот Мартин Јордановски. Музичка приказна која ќе се одвива на сцената ќе биде надополнета со видео проекција на филмско платно. „Еднаш многу одамна, едно малечко дете за роденден доби ...
ЈП Комунална хигиена-Скопје почна акција за наплата на долгови без пресметана камата за задоцнето плаќање. „ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека започна акција за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање“, соопшти ...
Украина денес ќе го продолжи транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави извор од индустријата, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи дека поправките се завршени и ја повика ЕУ да го деблокира заемот од 90 милијарди евра што беше запрен поради спорот околу нафтоводот. Испораките на нафта треба да започнат денес на ручек, изјави извор од индустријата, додавајќи дека унгарската нафтена компанија МОЛ го поднела ...
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, ја потврди претходната изјава на Доналд Трамп дека блокадата на иранските пристаништа од страна на САД останува на сила. Бесент во објава на социјалните мрежи тврдеше дека е само „прашање на денови“ пред да се наполнат складиштата на островот Харг, преку кои се транспортира повеќе од 90 проценти од извозот на нафта од Иран, по што ќе следи „затворање“ на кревките ирански нафтени бунари. Бесент, исто ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече прашањето за евентуално суспендирање на Договорот за придружување меѓу Европската Унија и Израел легитимно. Ова би можело да се случи ако Израел продолжи со политика која, како што рече, „е спротивна на неговата историја“, особено во Либан. Макрон ја даде изјавата на заедничка прес-конференција со либанскиот премиер Наваф Салам во Елисејската палата. Чекајќи го вистинскиот момент Сепак, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва на плоштадот „Македонија“ во Скопје го прогласи за отворено 27. Светско првенство во ракомет за средношколци, на коешто учествуваат околу 700 млади ракометарки и ракометари од 20 држави од светот. Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова потсети на македонските ракометни успеси, меѓу кои и историскиот настап на македонската репрезентација на Европското првенство во 2012 година, како и ...
„Војната на Блискиот исток и нарушениот проток низ Хормускиот теснец ја открија длабоката ранливост на глобалниот прехранбен систем. Цените на ѓубривата веќе скокнаа за 26,2 %, цените на енергијата за 41,6 %, а Светската банка и ФАО предупредуваат дека ако кризата продолжи, во првата половина на 2026 година цените на ѓубривата можат да пораснат за дополнителни 15–20 %“, велат од СДСМ. „Ова директно води кон пад на приносите и кон реален ризик ...
„Аплаузите, восхитот и еуфоријата на СДС кон нивниот врховен лидер Заев, го засени роденденот на партијата и неговиот чирак Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Односот на лојалистите кон аболицираниот криминалец Заев, покажува дека немаат намера да се реформираат, немаат намера да расчистат со криминалот и корупцијата, туку напротив – да го штитат и оправдуваат. Додека искреното членство на СДС кое не сака функции, бара реформи и стабилизација ...
Владимир Перев 1. Некаде на почетокот на март 2026 година, во доцните вечерни часови, ја отворам поштата. Имам писмо-покана од Рашко Иванов, претседател на бугарско-хрватското друштво за пријателство со седиште во Загреб. Ме кани на чествување на 165-та годишница од издавањето на зборникот “Бугарски народни песни“ на браќата Миладинови, ролјата на хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмајер и најважното, перцепцијата на ткн. “Зборник“ во денешна ...
Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош, велат од опозициската партија. Како што додаваат, ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е, според нив, дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. „Очигледно непостапувањето на владата на Мицкоски и упорното одбивање да прати ново барање за ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев се обрати пред високи претставници од Европската Унија и земјите од Западен Балкан на Министерската конференција „Од реформи до подготвеност: градење лидерство и таленти за пристапување во Европската Унија“, одржана во рамки на Берлинскиот процес, осврнувајќи се на напредокот и приоритетите во реформата на јавната администрација. Во своето излагање, министерот нагласи дека Македонија веќе ...
Од 20 до 24 април 2026 година во хотел „Банкја Палас“ се одржува младинската размена „Дигитални вештини на младите претприемачи во дигитална средина“. Иницијативата е дел од проектот №2025-1-BG01-KA151-YOU-000297498, кофинансиран од Европската Унија преку програмата „Еразмус+“, јавува Фондација „Бугарска памет“. Мобилноста ги обединува младите луѓе од Бугарија и Република Северна Македонија со цел нивно воведување во дигиталното ...
Од СДСМ обвинуваат дека граѓаните се соочуваат со зголемени цени и влошен животен стандард, додека, како што велат, владата на Христијан Мицкоски нема конкретни решенија. Според нив, нема раст на платите и мерки за подобар стандард, а економијата бележи пад. Тврдат дека буџетот се соочува со недостиг на средства, што, како што наведуваат, може да доведе до избори. СДСМ обвинува дека власта „шверцерски“ подготвува измени на Законот за Влада со ...
Владата на својата 166-та седница донесе одлука за ограничување на профитните маржи на вештачките ѓубрива, со цел да се спречи растот на цените и да се поддржи домашното земјоделско производство, соопшти министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски. Со одлуката, највисоката бруто профитна маржа за неорганските ѓубрива се ограничува на 5 проценти во трговијата на големо и 5 отсто во малопродажбата. За органските, органо-минералните ѓубрива и ...
По повод Европската недела на имунизација за 2026 година, која се одбележува од 19 до 25 април под глобалното мото „Вакцините делуваат за секоја генерација“, овие два дена во општина Кисела Вода интензивно се спроведуваат едукативни презентации посветени на важноста на вакцинацијата. Со цел подигнување на свеста и едукација на младите и родителите, во општина Кисела Вода со овие активности се опфатени две основни училишта, ООУ „Рајко ...
Светски познатиот хор „Мистерија на бугарските гласови“ ќе одржи два концерта во Лондон – на 21 април во The Clapham Grand од 19:00 часот и на 22 април во Union Chapel од 18:30 часот. Организатор е Gotobeat, соопшти бугарскиот весник во Лондон „БГ БЕН“. „Стотици жители и гости на англиската престолнина ќе можат да се допрат до волшебните изведби на автентична и обработена фолклорна музика“, наведуваат од изданието. Хорот е основан во 1952 ...
Градот Гоце Делчев во Бугарија за 17-ти пат по ред ќе го одбележи Меѓународниот ден на танцот со дводневна програма на 25 и 26 април, соопштија од прес-центарот на општинската администрација, пренесува БТА. Настанот го организираат Општина Гоце Делчев и Народно читалище „Просвета – 1865“ и ќе вклучува дефиле, концертна програма и отворен час по бугарски ора. Празникот ќе започне на 25 април (сабота) од 17:00 часот со традиционалното дефиле на ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска ги потпиша првите решенија за исплата на паричен надомест за новороденче во износ од 5.000 денари. Финансиската поддршка е дел од програмата за социјална заштита за 2026 година и, како што информираат од општината, има за цел да ги подобри условите за младите семејства. Покрај оваа мерка, локалната самоуправа инвестира и во инфраструктура за најмладите. Во тек е изградба на две ...
За 11 милиони евра е зголемена наплатата на приходи од увоз на тутун и тутунски производи во првото тримесечје годинава во однос на истиот период минатата година, при што само по овој основ во Буџетот се слеале вкупно 2,82 милијарди денари или 45,7 милиони евра. Истовремено во овој период во осум случаи се запленети над еден милион парчиња цигари и 225,6 килограми тутунски производи – сецкан тутун, тутун за наргиле и никотински ќесички. Во ...
Амбасадорката на Бугарија во Република Ирска Вања Андреева ја посети изложбата „Нечуените 12 милиони“, посветена на Ромите и патувачките заедници во Европа, соопшти Амбасада на Бугарија во Даблин, пренесува БТА. Изложбата, организирана од Pavee Point и поддржана од Совет на Европа, беше претставена во април, месецот кога се одбележува Меѓународниот ден на Ромите и патувачките заедници. Преку фотографии и лични приказни се прикажува животот на ...
Министерот за образование и наука на Бугарија Сергеј Игнатов предложи 20 април да стане официјален празник – „Ден на бугарскиот хероизам“. Тој ја изнесе иницијативата во Видин, при посета на СУ „Св. св. Кирил и Методиј“ по повод 150-годишнината од Априлско востание, јавува БТА. „Апсолутно сум убеден дека во блиска иднина Бугарија ќе го прифати 20 април како официјален празник. Нашата гордост и идентитет има три столба: Априлското востание, ...
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, се закани дека раководството на Хезболах ќе се соочи со сериозни последици, повторувајќи дека целта на Израел е да ја расформира групата и покрај кревкото примирје. Зборувајќи на државната комеморација на гробиштата Маунт Херцл во Ерусалим, по повод Денот на сеќавање на паднатите војници и жртвите на тероризмот, Кац рече дека Израел ќе продолжи со воените операции во Либан доколку е потребно за да ...
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, изјави дека со присуството на Зоран Заев на годишнината на СДСМ се потврдиле, како што рече, нивните тези за односите во партијата. Одговарајќи на новинарско прашање за присуството на поранешниот претседател и премиер на настанот, Манасиевски рече: „Со синоќешното присуство на Зоран Заев на годишнината на некогаш државотворната партија СДС, се потврдија сите наши тези дека ...
„ВМРО-ОКГ продолжува со својата болна и црна кампања на лажни вести и фабрикувани приказни. Единствената вистина е дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, беше во Србија на погребот на својот дедо. Никој друг состанок, никој друг договор, никој друг контакт со било кој од споменатите лица не постои“, велат од СДСМ. „Саша Димитријевиќ вчера јасно и недвосмислено го демантираше целиот измислен скандал и изјави дека ниту ...