До крајот на оваа недела премиерот Христијан Мицкоски очекува водата во Гостивар да биде дозволена за техничка употреба, а до крајот на следната недела да биде добра и за пиење. Одговарајќи на новинарски прашања денес при посетата на Кавадарци, премиерот рече дека е предвидено целосно чистење на системот за водоснабдување во Гостивар. „Ако биде се како што треба бидејќи се вклучија екипи и од скопскиот Водовод и експерти, јас очекувам до ...

Венко Филипче е последниот што има кредибилитет да зборува за состојбите во здравството. СДС нема право да зборува за здравството, СДС за нивните 7 години власт направи скандали кои граѓаните ги плаќаа со своите животи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувања на лидерот на СДСМ дека здравствениот систем е во колапс. „Граѓаните добро паметат во каква состојба го остави здравствениот систем по неговиот мандат со наталожени проблеми, недостиг на ...

Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје, најави премиерот, Христијан Мицкоски. „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција покажа документи за кои вели дека докажуваат дека водата во болница во Лешок е загадена. Како што кажа Филипче, официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите не презеле ништо. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за ...

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на 27 јули поради руските напади врз слободната пловидба во Црното Море, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Русија ја држи глобалната безбедност на храната како заложник. Само во последните неколку дена, Русија нападна најмалку три цивилни товарни бродови. Десетици членови на екипажот се убиени или повредени“, рече Сибиха, пренесува ...

Стејт департментот денес ги предупреди граѓаните на Соединетите Американски Држави ширум светот за зголемените безбедносни ризици поради растечките тензии на Блискиот Исток, оценувајќи дека ситуацијата останува сложена и дека постои можност за непредвидена ескалација. На Американците кои моментално се наоѓаат во регионот им е советувано да бидат претпазливи и подготвени за можни прекини во патувањето, вклучително и откажувања на летови и ...

Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да ...

Владата на ВМРО-ОКГ повторно ја примени класичната техника: кога нема одговори и кога треба да се сноси одговорност, се отвора фронт против оние кои зборуваат вистина, реагираат од СДСМ. Наместо, како што велат од оваа партија, Владата да објасни зошто институциите молчеле додека граѓаните на Гостивар пиеле загадена вода, наместо да каже зошто епидемијата беше прогласена со задоцнување и зошто илјадници луѓе се отруени, министерот за ...

ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја извести јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен. Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. „Водата може да се користи ...

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење, велат од СДСМ. „Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење. Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава. Проблем на еден ...

Бугарија повторно се најде меѓу трите земји од Европската Унија со најнизок сооднос на државниот долг кон бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал од 2026 година, откако на крајот од 2025 година беше истисната од оваа група, покажуваат податоците на Евростат, јавува БТА. На крајот од првиот квартал од 2026 година, соодносот на државниот долг кон БДП во Бугарија изнесувал 28,5 отсто. Пониски вредности биле регистрирани само во Естонија ...

Советот на Град Софија во четврток ќе гласа за нов тристран договор меѓу градските власти, Фондацијата „Софија – европска престолнина на спортот“ и „АСТ СЕРВИЗ“, јави БГНЕС. Со проектот, зимскиот парк во Кнежевската градина треба да стане едно од најголемите лизгалишта во Европа, со површина од 9.000 квадратни метри, повеќе од еден километар ледени патеки и над 150 помагала за деца и почетници. Капацитетот за бесплатни организирани посети на ...

Еврокомесарката за стартапи, истражување и иновации, Екатерина Захариева, на 23 јули ќе ја посети Бугарија, јавува БГНЕС. Таа ќе се сретне со бугарскиот премиер Румен Радев и со претседателката Илијана Јотова. Во програмата се предвидени и разговори со заменик-премиерот Атанас Пеканов и со претседателот на Комисијата за иновации и дигитална трансформација во Народното собрание, Томислав Дончев. Посетата е дел од тековниот дијалог на ...

На 2 август 2026 г. по повод 103-та годишнина од избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание во Македонија и Одринска Тракија Бугарската национална телевизија ќе го емитува документарниот филм „Бугарите и Македонија-За нея ний се борим, за нея ние мремъ“. Тоа е вториот филм од трилогијата за борбите на Бугарите од Македонија за ослободување од османлиското владеење. Сценариото на филмот е дело на историчарот проф. д-р Димитар ...

Анализа на The European Business Review За цела една генерација претприемачи, основањето компанија се одвива според однапред утврдени правила, при што Делавер е претпочитана дестинација за регистрација на компании во Соединетите Американски Држави. Кога на деловните субјекти им е потребен угледен меѓународен деловен центар во Азија, се чини дека сите патишта водат кон Сингапур. Во Европа, Естонија изгради силен углед како една од дигитално ...

Почина Иван Трајков Стојанов, долгогодишен дипломат, педагог и општественик, кој значителен дел од својот живот ѝ го посветил на бугарската заедница во Молдавија и Украина. Веста ја соопшти Амбасадата на Бугарија во Молдавија на својата страница на Фејсбук, пренесува Радио Бугарија. Иван Стојанов оставил траен белег во развојот на бугарското образование и културниот живот во Молдавија. Во 1994 година пристигнал во Тараклија како наставник во ...

Решавањето на отворените прашања меѓу Подгорица и Загреб е неопходен услов за Црна Гора да може да ги заврши пристапните преговори со Европската Унија, предупреди Хрватска, јавува БГНЕС. Хрватското Министерство за надворешни работи нагласи дека „очекувањата на Хрватска се јасни“. Меѓу нив се обесштетување на поранешните логорски затвореници, продолжување на потрагата по 14 лица исчезнати за време на Татковинската војна и повикување на ...

Евгениј Босилков е една од најзначајните личности во историјата на Католичката црква во Бугарија. Тој бил жртва на комунистичките репресии и првиот бугарски католички епископ кого папата го прогласил за блажен, пишува Актуално. Босилков е роден на 16 ноември 1900 година во Белене, со световното име Викентиј Левиџов Босилков. На 14-годишна возраст стапил во монашката конгрегација на пасионистите во селото Ореш. Образованието го продолжил во ...

Европската комисија го отвори пријавувањето за платената практикантска програма „Blue Book“, соопшти Претставништвото на Европската комисија во Бугарија. Практикантската работа ќе започне во март 2027 година, ќе трае пет месеци и нема ограничување на возраста на кандидатите, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа. „Ако сакате да поминете пет возбудливи месеци во Брисел, Луксембург, а зошто да не и во Софија, и да дознаете повеќе за тоа како ...

Бугарските неделни училишта се една од најуспешните политики за работа со бугарската дијаспора, а поддршката за нив ќе продолжи и ќе се бараат сите механизми за нејзино развивање и надградување. Ова го изјави заменик-министерката за образование и наука, проф. Сења Терзиева-Желјазкова, на отворањето на 19. годишна конференција на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство (АБУЧ), што се одржа во Софискиот универзитет „Св. Климент ...

Студенти од Универзитетот ЕТХ Цирих летово го посетија Цариброд во рамките на традиционалната наставно-истражувачка практика, која од 2013 година ја организира универзитетскиот предавач Флоријан Кнаус. За време на двонеделниот престој, студентите ги проучуваа природните, општествените и економските особености на регионот. Тие разговараа со локални жители и со претставници на институциите, а истовремено бараа одржливи идеи и решенија за идниот ...

Проф. д-р Светлана Бјалкова беше удостоена со наградата за исклучителен рецензент (Outstanding Reviewer Award) на Шестата меѓународна конференција за системи „човек-машина“ (ICHMS 2026), одржана во Сингапур, јавуваат од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Признанието е доделено за работата на проф. Бјалкова и го зацврстува местото на Софискиот универзитет меѓу водечките меѓународни институти и технолошки компании кои придонесуваат ...

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир испрати количина вода за пиење со цел да им помогне на граѓаните погодени од актуелната состојба“, соопштија од Општината. Додаваат дека помошта претставува придонес во справувањето со тековните потреби на жителите. Во соопштението се додава дека Општина Чаир останува во ...

За мене е огромна чест да бидам меѓу луѓе кои прават нешто исклучително – вие создавате чувство на припадност, изјави генералната директорка на Бугарската национална телевизија (БНТ), Милена Милотинова, на Годишната конференција на Асоцијацијата на бугарските училишта во странство (АБУЧ), која се одржува денеска во Ректоратот на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, јавува БТА. „Кога едно дете ќе ја прочита својата прва приказна на ...

Две жени, повредени во силното невреме во Јамбол, се примени во Одделението за итна медицинска помош при болницата „Св. Пантелејмон“. Педесет и осумгодишна жена се повредила додека затворала прозорец и е примена со исеченици и скината тетива на десната рака. Друга жена, на возраст од 66 години, била соборена од ураганскиот ветер. Животот на двете повредени жени не е во опасност. Силниот дожд предизвика проблеми и во Варна. Во попладневните ...

Бугарската влада му предложи на бугарскиот парламент да го ратификува договорот за набавка на миноловци за Военоморските сили, како и меморандумот за разбирање со Белгија и Холандија, со кој се уредуваат условите за пренос на бродовите, обуката на екипажите и обезбедувањето резервни делови и опрема. Проектот предвидува Бугарија да добие вкупно седум миноловци од класата „Трипарти“, кои во моментов се во составот на белгиските и холандските ...

Министерката за надворешни работи Велислава Петрова и министерот за транспорт и врски Георги Пеев денеска во Брисел се сретнаа со европската комесарка за проширување Марта Кос и со членови на кабинетот на претседателката на Европската комисија. Главен акцент на разговорите биле иницијативите за подобрување на поврзаноста меѓу Европската Унија, Југоисточна Европа, Кавказ и Блискиот Исток. Министрите Петрова и Пеев ја претставиле визијата на ...

Невладината организација Новинари за човекови права ги повикува сите граѓани на Гостивар кои во изминатиот период почувствувале здравствени симптоми за кои сметаат дека може да бидат поврзани со состојбата со водата, да достават информации и расположлива документација до нашата организација. Граѓаните може да достават: опис на здравствените симптоми; лекарски извештаи и медицинска документација; лабораториски резултати; сметки и докази за ...

Нето-приливот на странски директни инвестиции во Бугарија надмина две милијарди евра во првите пет месеци од годината, покажуваат најновите официјални податоци, пишува бугарскиот дневен весник Стандард. Тоа претставува четирикратно зголемување во споредба со истиот период минатата година. Промена е забележана и во структурата на инвестициите. За разлика од претходните години, кога значителен дел од странскиот капитал бил насочуван кон ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76