Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете. Како што рече, вчера, на 2 март 2026 година околу 14 часот, случаен минувач пријавил дека мајка и девојче скокнале од зграда, по што полицијата веднаш излегла на терен. Министерот посочи дека на настанот претходела пријава. Во 12:05 часот имало пријава и бил извршен разговор со Ивана. Таа, според министерот, ...
Со длабок поклон пред подвигот и саможртвата на загинатите за слободна и независна Бугарија, Благоевград ја одбележа 148-та годишнина од Ослободувањето на земјата од османлиско владеење, јавува Пиринско. Чествувањата започнаа со полагање цвеќе пред спомен-обележјето на мајор Иван Павлович Орлински во дворот на храмот „Воведение Богородично“. Таму беше отслужена и панихида за загинатите за Ослободувањето од Неговото Високопреосвештенство ...
Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче од Тетово, информираат за „Макфакс“ од МВР. Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на македонските државјани од погодените подрачја, вклучително и од Обединетите Арапски Емирати. Во моментов се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, со користење комерцијални летови и, по потреба, владиниот авион. За Обединетите Арапски Емирати и Катар ...
„Слободата е прашање што ни се поставува секој ден. И одлука што треба да се брани. Таа е избор – понекогаш неудобен. Избор да мислиме, да не молчиме, да не се плашиме од сопствената одговорност“, изјави бугарскиот премиер Андреј Ѓуров по повод Националниот празник на Република Бугарија. „Најлесно е да прифатиме дека слободата е даденост. Најтешко е да признаеме дека таа зависи од нас. Секоја генерација има свое ослободување и свое искушение, ...
Пред 148 години Бугарија се прероди и им го даде најстрашниот завет на своите синови и ќерки – слобода или смрт, изјави претседателката Илијана Јотова на врвот Шипка при одбележувањето на Ослободувањето на Бугарија, јавува БГНЕС. Шипка е место на голем подвиг и тврдина на бугарската меморија – таа е неподвластна на дневнополитички влијанија, поделби и омраза. Овој врв и Орлово гнездо го ставија печатот на историјата врз судбината на целиот ...
„За нас, Бугарите, Трети март е денот на слободата. Слободата што треба да ја цениме во секој миг, затоа што е извојувана со саможртвата на илјадници наши и странски херои, кои ги дадоа своите животи за да ја има денес нашата Бугарија“, изјави претседателката на Народното собрание Раја Назарјан по повод Националниот празник, јавува БГНЕС. „Да бидеме нивни достојни наследници, да ги следиме нивните идеали и да го чуваме мирот за кој тие ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст на нафтените пазари и потенцијалните геополитички ризици, истакнуваат од оваа институција. Министерството информира дека Агенцијата за задолжителни нафтени резерви постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го загубија животот во трагичниот настан. Од Министерството информираат дека, согласно законските надлежности и принципот на должно внимание, веднаш бил извршен вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на ...
Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство бара, како што нагласуваат, итна, темелна и независна истрага за трагедијата што се случи на 2 март во скопската населба Тафталиџе, каде животот го загубија триесет и едногодишна мајка и нејзината шестгодишна ќерка. „Според сведоштвата на најблиското семејство, мајката подолг период била жртва на семејно насилство кое било пријавувано во надлежните институции. Доколку се ...
Националниот празник 3 Март и 148-годишнината од Ослободувањето на Бугарија беа одбележани пред Споменикот на Незнајниот воин, каде што се одржа свечена церемонија на подигнување на Националното знаме на Република Бугарија, пренесе БГНЕС. Во почесниот ред беа знамињата-светини, симбол на највозвишените традиции и доблести на бугарската воена слава: Самарското знаме, Штандартот на Првиот коњанички полк, Знамето на 15. пешадиски Ломски полк, ...
СДСМ изразува длабока тага и сочувство за трагичниот настан во Скопје, во кој животот го загубија мајка и ќерка, опишувајќи го како уште една болна последица на семејно и родово базирано насилство што ја потресе целата јавност. „Овој трагичен случај повторно ја отвора суштинската дилема: дали институциите реагираат навреме, координирано и соодветно кога постои очигледна опасност по животот и безбедноста на жртвите? СДСМ потсетува дека ...
За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати владиниот авион. Од Израел ќе бидат пренесени на локација до која е безбедно да стигнат по копнен пат од каде што ќе ги преземе владиниот авион. „За Македонците кои се во Израел веќе договараме евакуација. Се разгледуваат алтернативни патни правци кои се безбедни за да можат да бидат извлечени, а од таму да ги преземеме ...
Д-р Андреј Ковачев Интересно е што на 3 март (19 февруари според стариот календар) во различни години се случиле три настани поврзани со бугарската историја. 19 февруари (3 март нов стил) 1878 година – Потпишан е прелиминарниот мировен договор меѓу Руското и Османлиското Царство во Сан Стефано. По речиси пет века, Бугарија повторно се појавува на политичката карта на Европа. 19 февруари (3 март нов стил) 1886 година – Потпишан е мировниот ...
Николај Којчев На денешниот ден Бугарија одбележува 148 години од своето Ослободување. Кај дел од Бугарите се вкоренило убедувањето дека тоа им е подарено и дека без него денес немало да постојат. Но, дали некој ќе се запраша колку може да биде слободен човек на кого слободата му е дадена дарум? Може ли оној што никогаш не посакал да биде слободен навистина да ја вкуси слободата, да ја разбере и вистински да ја цени? Слободата на бугарскиот ...
Иван Михајлов (1896-1990), водач на ВМРО (1924-1934) Станува збор за нејзиното ослободување во 1878 година. Друго ослободување на Бугарија не постои. Тоа беше почувствувано со трепет во срцата на сите Бугари – од устието на Дунав до Костурско, од Морава и Шар Планина до Црното Море и Белото Море. Зачуван е и оригиналот на молбата до Големите сили, потпишана од сите првенци Бугари во македонските градови, со која се барало во една заедничка ...
Снимката што ја геолоцираше Си-ен-ен покажува чад како се издига во Пардис, град источно од иранската престолнина Техеран, откако Израел објави дека го напаѓа главниот град, а американскиот претседател Доналд Трамп предупреди за „голем бран“ напади врз Иран. На снимките може да се слушнат експлозии, а најмалку три облаци чад се издигаат од планинска област. Експлозии одекнаа и во различни делови од покраината Исфахан во централен Иран во ...
САД денес им наредија на некои владини службеници и нивните семејства да ги напуштат Катар, Кувајт, Бахреин, Ирак и Јордан и затворија неколку дипломатски мисии низ регионот поради ескалацијата на конфликтот со Иран. Мисија на САД во Саудиска Арабија беше затворена утрово по нападот со беспилотни летала, а на Американците во Џеда, Ријад и Дахран им беше наредено да се засолнат. Американската амбасада во Кувајт соопшти дека ќе остане затворена ...
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека потегот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) да напредуваат во јужен Либан е направен за да се спречи „директен оган“ врз израелските заедници. „За да се спречи можноста за директен оган врз израелските заедници, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јас ги овластивме ИДФ да напредуваат и да држат дополнителен доминантен терен во Либан и да ги бранат граничните заедници од таму“, ...
На 27 март 2025 година (петок), со почеток во 13 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите. „Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 18 март 2025 година (среда). Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите ...
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од ...
Тоа што геополитичките интереси на големите геополитички актери во даден момент се поклопиле со државните интереси на Македонија нема никаква врска со „државничка“ политика на СДС. Бидејќи СДС-сервилна од дипломатија и меѓународни односи знае само за патлиџан дипломатија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС сервилна знае само да ги распродава државните и национални интереси. СДС на меѓународен план и екипата на Бујар Османи, Маричиќ, Ковачевски нема ...
Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути се случи земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2 Земјотресот е почувствуван во Гостивар и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Според ...
Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога при пад од висококатница починаа мајка и дете. Едно лице е задржано во полициска станица и по наредба на јавниот обвинител се преземаат дејствија за испитување на евентуална кривична одговорност. Обезбедена е наредба од судија на претходна постапка и во текот на денот ќе се врши детален претрес на станот, ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби. Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до ДКП Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и ...
Општина Аеродром објави јавен повик за доделување признанија за особени достигнувања во областа на науката, уметноста, спортот, образованието и заштитата на животната средина. Признанијата се доделуваат за остварувања во претходната и тековната година, како и за подолг период на работа и творештво, вклучително и постхумни награди. „Кандидатите можат да се пријават лично или да бидат предложени од правни и физички лица. Рокот за поднесување ...
Л’чезар Тошев Написот на Л’чезар Тошев го реобјавуваме по повод 3 Март- Националниот празник на Република Бугарија За първи път официално поставяне на въпроса за автономия на българите пред султана е правил княз Стефан Богориди (Стойко Цонков Стойков) от Котел – внук на Св. Софроний Врачански. Това се разбира от малко известна у нас телеграма на френския посланик в Истанбул генерал Опик – 15 октомври 1850 г. В нея дипломатът пише за ...
Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, изјави дека водечките ирански преговарачи на почетокот на годината се фалеле дека контролираат 460 килограми високо збогатен ураниум од 60 проценти, што би било доволно за изградба на 11 нуклеарни бомби. Во интервју за „Фокс њуз“, Виткоф рече дека иранските претставници се „горди“ што избегнуваат надзор и тврдеа дека имаат „неотуѓиво право“ да збогатуваат нуклеарно гориво. Сепак, САД тврдат дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости германскиот канцелар Фридрих Мерц во Белата куќа за разговори за чувствителни теми, од нападите на САД и Израел врз Иран до новите закани на Трамп со царини и неодамнешната посета на германскиот лидер на Кина. Мерц отпатува од Берлин до Вашингтон додека Германија и Франција објавија планови за продлабочување на соработката во нуклеарното одвраќање, уште еден чекор од европските соседи ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае со години. Американско-израелската воздушна војна против Иран започна со напади врз Техеран во саботата во кои беше убиен иранскиот врховен лидер Али Хамнеи, што предизвика иранска одмазда против Израел и ракетни напади врз арапските земји со американски воени бази низ Блискиот Исток. Претседателот на ...