Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), ...

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите ...

Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа, објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. -Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН ...

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони. Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори за место во почетниот состав, одигрувајќи 33 натпревари во Ла ...

Четири лица загинаа во сериозна авионска несреќа што се случи денес околу 11:20 часот во областа Медулин во Хрватска. Во меѓувреме, беа објавени првите фотографии од местото на трагедијата, а познати се и детали за самиот авион и моментите пред падот. Официјално е потврдено дека во малиот авион имало вкупно четири лица и дека, за жал, сите загинале. Според очевидци, временските услови за летот биле добри, а пилотот се сметал за искусен. ...

Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“. Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за ...

Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува, изјави денеска на брифингот со новинарите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој подвлече дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. ...

Граѓаните од 1 август ќе се соочат со нов бран поскапувања на банкарските услуги. Зголемувањето на провизиите веќе го најавија две од најголемите банки во земјава. Според анализите на „Слободен печат“, банките веќе имаат јавно достапни податоци за значително зголемување на дел од провизиите и надоместоците. На удар се најчесто користените услуги – плаќање сметки на шалтер, одржување платежни и девизни сметки, користење дигитално банкарство, ...

Луксембург минатата година забележа најбрз раст на бројот на милионери во Европа, со зголемување од 13,5 отсто на лица со инвестициско богатство над еден милион американски долари, покажува новиот извештај World Wealth Report на компанијата Capgemini. Со овој резултат, малата, но финансиски моќна држава ги надмина поголемите европски економии, вклучувајќи ја Германија и Франција. Според податоците, во пресметката се вклучува само финансиската ...

Германија претрпе неуспех во изборот за нестално место во Советот за безбедност на ОН, при што ја загуби трката од Португалија и Австрија. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, оцени дека резултатот е „горчлив пораз“ и посочи дека неколку фактори можеби влијаеле врз исходот. Според него, меѓу можните причини се силната поддршка на Берлин за Украина во војната против Русија, како и јасниот став на Германија кон конфликтот ...

Според Nova.rs, група српски граѓани на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале да организираат неколку собири во поддршка на Александар Вучиќ за време на неговиот престој во Тиват, со цел да создадат впечаток дека српскиот претседател ужива силна поддршка од граѓаните на Црна Гора. Додека црногорската полиција наведува дека кај патниците биле пронајдени транспаренти со натпис „Србија победува“, комуникациски уреди и дека ги чекале ...

Две момчиња се удавија, а три во несвест беа извлечени од морето во несреќа што вчера се случи во областа Рана е Хедхун, кај Шенѓин, Албанија. Според првичните информации, петмината млади пријатели од Косово влегле во морето да се разладат, кога биле зафатени од силни бранови и морски струи. Во спасувачката акција учествувале полицијата, службите за итни случаи, локални жители и лица со џет-ски возила. Сите петмина биле извлечени од морето и ...

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година. Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2% во споредба со истиот период минатата година, соопшти Министерството за транспорт и врски. -Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната ...

Почнува третата фаза од проектот за е-фактура во рамките на која Управата за јавни приходи (УЈП) овозможува тестирање на системот за е-фактура преку веб-апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури – информира денеска УЈП. Во првата фаза се тестира интеграцијата на ЕРП-системите на компаниите со системот за е-фактура. Во втората фаза се додадени API-сервиси за преземање, ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и нови мерки за подобрување на безбедноста во сообраќајот, откако статистиката за изминатиот месец покажала загрижувачки број жртви на македонските патишта. Гостувајќи во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ, Тошковски истакна дека од вкупно 12 лица кои загинале во сообраќајни несреќи во текот на минатиот месец, дури пет биле мотоциклисти. – За тројца од загинатите сум ...

Од Фудбалската федерација на Македонија ги споделија одлуките на Дисциплинската комисија, со кои покрај паричните казни за Силекс и Шкендија, донесена е и одлука фудбалскиот клуб од Тетово да е исклучен од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/27. Ова се одлуките: Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Силекс се казнува со парична казна во висина од 5.000 евра поради користење на пиротехнички средства на ...

Државниот ревизор утврдил неправилности во исплаќање на плати на ментори во Академијата за судии и јавни обвинители, односно биле исплаќани и три месеци по завршување на ангажманот. Се исплаќале и дополнителни работни часови, што не е утврдено со Закон, а се делеле картички за гориво на „слепо“. Со извршената ревизија, изразивме мислење без резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен ...

Летото 2026 година може да биде клучно за љубовниот живот на четирите хороскопски знаци бидејќи ѕвездите им носат можност за сериозни врски, свршувачки и заедничка иднина Годината 2026 година носи здив на свежина и нови почетоци во љубовните врски. По години стагнација и неизвесност, астролошките транзити најавуваат пресврт кон стабилност и посветеност. За четирите хороскопски знаци, летото го носи врвот на таа енергија и можноста за ...

Посетителите на Октоберфест и оваа година ќе мора да издвојат повеќе пари за пиво. Литар чини помеѓу 14,80 и 15,90 евра, објави градот Минхен – прагот од 16 евра не е пробиен. Цените се во просек за 2,38 проценти повисоки од минатата година, кога опсегот беше од 14,50 до 15,80 евра. Сумата што се доделува на омилениот пијалок на Октоберфест секоја година е важна тема во Минхен, а повремено станува и политичко прашање. Пивото се приготвува ...

Американскиот актер Ричард Гир, вчера на јавна трибина во Осло го нарече американскиот претседател Доналд Трамп манијак кој уништува сè што е добро. – Го преживуваме најмрачниот момент што сум го видел на оваа планета. Кој би помислил дека Америка може да доживее ваков пресврт? Кој би помислил дека таков манијак може да стане претседател на САД?, изјави 76-годишниот актер. Гир престојуваше во Норвешка по повод учеството на „Форум за слобода ...

Силна бура ја погоди италијанската престолнина Рим пред пладне денес, објавија италијанските медиуми. Очевидци во италијанската престолнина ја опишуваат бурата како нешто што никогаш порано не го виделе во животот. Најпогодени области беа североисточните области на градот, вклучувајќи ги „Прати Фискали“, „Конка Д’Оро“, „Монтесакро“, „Номентано“, „Саларио“ и „Париоли“. 🌪️Video di Marzia Roma, dalla zona Conca d’Oro, del passaggio del tornado ...

Црногорската полиција спроведува безбедносни проверки на група српски државјани кои утрово пристигнале со чартер-лет од Белград на аеродромот во Тиват, во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан. Од Управата на полицијата соопштија дека околу 90 лица биле издвоени за дополнителни контроли веднаш по слетувањето на авионот. Според нив, станува збор за дел од засилените безбедносни активности што се спроведуваат поради одржувањето на регионалниот ...

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 отсто во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период минатата година, соопшти денес Државниот завод за статистика. Генератор на растот и натаму е градежништво, кое се зголеми за 7,2 отсто. Пад има кај рударството 0,8 отсто, како и кај преработувачката индустрија со минус 0,2 отсто. Кај трошочниот метод, финалната потрошувачка оствари номинален раст од 7,3 отсто, а нејзиното учество во ...

Случајот со советникот Борче Корлевски од претходниот состав на Советот на Општина Битола не е обична административна неправилност, ниту изолиран спор околу неколку денови отсуство од работа. Напротив, според доставената документација и наводите во материјалот што му е достапен на Плусинфо, станува збор за можен модел на злоупотреба на правото на ослободување од работа поради советнички ангажман, преку потврди кои во овој случај опфаќаат ...

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изјави дека принципиелно ја поддржува одлуката на надлежната обвинителка да ја запре истрагата за случајот „Мазут“, оценувајќи дека е подобро постапката да се затвори поради недостиг на докази отколку да се поднесе обвинение кое подоцна би паднало на суд. На денешниот брифинг со новинарите, Савески посочи дека одлуката за запирање на истрагата не е конечна и дека постои можност предметот повторно да ...

„Додека пола Влада на ВМРО-ДПМНЕ има бугарски односно европски пасоши, сите други во државата сега треба да чекаат со децении и да јадат корења. Значи сите да јадат корења, а владините претставници со владиниот авион да одат на море. Дали е тоа патриотизам? Не, тоа е само едно големо лицемерие. Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат во Европа затоа што таму европското судство носи европско обвинителство, и сето тоа носи ...

По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата. -И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата – рече Андоновска. Кога дошла на ...

Огромен конвој на автомобили завиени во црвено белите знамиња ја испрати турската фудбалска репрезентација кон аеродромот пред прекуокеанскиот лет за Светското првенство кое наскоро ќе започне во САД, Мексико и Канада. Спектакуларното испраќање го предводеше автобусот со репрезентативците, а го следеа стотици автомобили од турскиот бренд „Тог“, кој е и главен спонзор на националниот тим. 🇹🇷 Milli Takım oyuncularımız, Dünya Kupası’na ...

Авион на израелската авиокомпанија „Исреир“, кој требаше да слета во Љубљана, беше пренасочен кон Загреб откако словенечките власти одбија да му дадат дозвола за слетување, објави компанијата во среда. Според „Исреир“, одлуката е донесена од политички причини, а менаџментот тврди дека ова ги крши меѓународните договори за воздухопловство и правилата на Европската унија. Компанијата додава дека израелското Министерство за надворешни работи и ...

Бруто-домашниот производ порасна за 3,1 % во првото тримесечје од 2026 година во однос на истиот период од 2025 година – соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2026 година поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7,2 % и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 6,1 %. Финалната потрошувачка во првото тримесечје од 2026 година номинално расте за 7,3 %, а ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.31
47%
1022
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.13
62%
1021
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
74%
1022
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.23
59%
1023
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.27
51%
1022
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 18ᴼ
1.62
94%
1023
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
42%
1020
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
57%
1022
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
1.53
47%
1021
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
0.45
57%
1022
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.62
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.6717

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Цинк

0.00

Злато

133769.08

Паладиум

39866.93

Калај

53.45

Сребро

2087.39

Платина

53498.84

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.40

Кобалт

45.39

Бакар

12.73