Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Свети Јован Крстител е меѓу најпочитуваните светци. Неговиот ден се слави неколку пати во црковниот календар секоја година. Тој е познат како голем пророк кој го најавил доаѓањето на Исус Христос и кој за својата вера претрпел ужасна смрт достојна за маченик. Третото обезглавување на Свети Јован Крстител се слави на 25 мај според црковниот календар, а на 7 јуни според грегоријанскиот календар. Како што кажува народното предание, на овој ден ...
Руската тенисерка Мира Андреева го освои Отвореното првенство на Франција 2026. Во финалето на „Ролан Гарос“, осмата светска тенисерка попладнево ја победи Маја Хвалинска од Полска во два сета, со 6:3 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 23 минути. Русинката сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше четири од седум брејк топки. Нејзината противничка немаше ас, имаше две двојни грешки и реализираше две од три брејк топки. ...
Украински дронови погодиле цели во и околу Санкт Петербург, родниот град на рускиот претседател Владимир Путин. Нападот се случува во период на засилени украински операции длабоко на руска територија и во атмосфера на пропаднати обиди за обновување на мировните разговори меѓу двете страни. Според руски и украински извори, цел на нападите биле инфраструктурни и логистички објекти во регионот на Санкт Петербург. Градот има особено симболично ...
Европа се соочува со „инвазија“ на опасни идеологии што ги носи имиграцијата – изјави денеска во Франција министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, по повод годишнината од „Денот Д“, истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија во 1944 година, што го забрза поразот на нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна во Европа. Тој ги повтори критиките на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Европа е ...
Илјадници граѓани во Тирана протестираа против планот за изградба на луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра на островот Сазан и крајбрежјето кај Звернец. Проектот е поврзан со инвестициска компанија на Џаред Кушнер, а според плановите би можел да опфати до 10.000 хотелски соби и вили. Еколошките организации предупредуваат дека комплексот би се градел во чувствителен природен екосистем во близина на заштитеното подрачје ...
Пораките од Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват беа најсилни во последните две години и потврдија дека процесот на проширување не е завршен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје. Мицкоски појасни дека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц дале силен мотив за продолжување на реформите врз основа на заслуги, а нивниот ...
Во Институтот за јавно здравје денеска официјално беше отворено првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот, Марија Андоновска. Според Андоновска, советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и зајакнување на довербата на граѓаните во ...
Претерувањето со јадење на слатки е непожелно за секого, без оглед на здравствените или проблемите со тежината, но, тоа не значи дека треба целосно да ги исфрлите од вашата исхрана. Според нутриционистката и ендокринолог Албина Комисарова, ако мудро ги вклучите десертите во вашата исхрана, тие ќе ви дадат енергија без да ве оптоваруваат. Претерувањето со јадење на слатки е непожелно за секого, без оглед на здравствените или проблемите со ...
Непалски водич Дава Шерпа кој беше пронајден како ползи по Монт Еверест шест дена откако последен пат беше виден жив, изјави за Би-Би-Си дека преживеал „џвакајќи мраз“ и јадејќи неколку чоколадни плочки што ги нашол во џебот. Водичот вели дека не „исчезнал“ за време на спуштањето, туку бил принуден да „остане зад другите“ откако му снемало кислород. Се претпоставувало дека е мртов на планината, а неговото семејство во главниот град на Непал, ...
Демократската унија за интеграција денес во Градскиот парк во Скопје ја прослави 24-годишнината од своето основањe. Лидерот на интегративците, Али Ахмети, одржа говор пред присутните, каде што ги спомена успесите на партијата. Ахмети, меѓу другото, ги повика албанските политички партии да направат пакт, за во иднина победникот на изборите да ги претставува Албанците во владата. „Почнавме од нула, со 1%, 2% од Албанците застапени во ...
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер денес се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, објави руската државна новинска агенција Интерфакс. Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, рече дека приватната средба била „добра и пријателска“, пренесува Ројтерс. Путин претходно го предложи Шредер, за посредник во разговорите со Европа за прекин на војната во Украина. Сепак, таа идеја веќе беше отфрлена од шефицата за надворешна политика на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера вети дека брзо ќе ја заврши војната со Иран и ќе отстрани една од причините за високите цени, за време на предизборниот митинг во руралниот централен Висконсин, додека се обидува да им помогне на републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори. Посетата на Чипева Фолс ја покажа стратегијата на републиканците да го зачуваат мнозинството во Претставничкиот дом, бидејќи ...
Во Кочани попладнево ќе се одржи 45-тиот Марш на ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со ...
На 21 септември 2026 година, во Врховниот суд (Касацискиот суд на Грција) се разгледуваат две жалби од 7 физички лица против распуштањето на здружението наречено „Центар за македонски јазик во Грција“ со седиште во Лерин/Флорина, Грција, кое има за цел законско зачувување и негување на македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција. Овие 7 лица беа членови на управниот одбор на здружението, кое беше судски признато. По судското признавање ...
Кинескиот хороскоп за јуни 2026 година носи период на забрзани случувања, потреба од приспособување и фокус на практични одлуки. Кај повеќето знаци се нагласени темите поврзани со работата, финансиите и меѓучовечките односи, а успехот најмногу ќе зависи од трпеливоста и способноста за навремена реакција Стаорец – 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020 Биди внимателен со парите и избегнувај избрзани одлуки. На работа може да има ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“. Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција. „Скопската иницијатива е акција за зајакнување на ...
Албанскиот премиер Еди Рама со одговор во свој стил кога на Самитот за Западен Балкан во Црна Гора новинарите му го поставија прашањето кога Албанија би можела да стане членка на Европската унија. Има три работи што не можеш да ги предвидиш: Бог, сексот и Европската унија, изјави албанскиот премиер. 🤣 Albanian PM Edi Rama on when Albania will join the EU: “There are three things you can’t predict: God, sex and the EU.” Probably the most ...
Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам – стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос. Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е ...
Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...
Доналд Трамп се најде на мета на критики и исмејување откако накратко ги затвори очите за време на говорот во Овалната соба, што демократите и корисниците на социјалните медиуми го протолкуваа како дремка на средина од официјален настан. Снимката од настанот брзо се прошири на социјалните мрежи и повторно ја отвори дебатата за здравјето на американскиот претседател. Додека демократите ја исмејуваат ситуацијата, Белата куќа тврди дека станува ...
Спонзорот на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, компанијата „Еколог“ објави соопштение во кое остро реагира на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да го казни тетовскиот клуб со вкупно 105.000 евра и исклучување од учеството во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027. Во соопштението се бара од ФФМ таквата казна итно да биде преиспитана и корегирана. Спонзорот на Шкендија наведува дека клубот отсекогаш бил пример за ...
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа ги отфрли приказните што кружат во западните земји за наводен претстоен руски напад врз НАТО, опишувајќи ги таквите тврдења како апсурдни и „намерна манипулација“, а во исто време рече дека Русија е подготвена за мир со Украина и дека е потребно некој што е неутрален да посредува во преговорите со таа земја. „Која е поентата да се напаѓа Европа и да се бориме против НАТО? Ова не е само бесмислица, тоа ...
Од почетокот на годината не примиле плата. Дополнително, велат дека добиле негативен одговор од Министерството за финансии за продолжување на нивните договори за работа. Поради тоа, дел од вработените во Клиниката за детски болести излегоа пред Министерството за финансии за да побараат исплата на платите, продолжување на договорите и трајно решение за нивниот статус. Една од учесничките на протестот изјави дека нивните барања за продолжување ...
Бугарскиот премиер Румен Радев од Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват испрати директна порака до Македонија: за да продолжи европскиот пат, земјата треба да ги впише Бугарите во Уставот. Во изјава за ДВ, Радев ја повтори позицијата на Софија дека уставните измени се условот што треба да го отвори патот кон следната фаза од преговорите со Европската Унија. Радев практично ја сведува бугарската позиција на една главна точка – впишување на ...
Европската Унија им сигнализирала на шесте држави од Западен Балкан дека треба да станат нејзини членки, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан во црногорскиот град Тиват. „Јасната порака на денешниот ден е и ќе остане: Ве сакаме! И сакаме овој регион, овие држави од регионот, наскоро да станат членки на Европската Унија”, изјави Мерц во петокот попладне. „Целта е и останува полноправното ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите ...
Премиерот Христијан Мицкоски објави дека остварил пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. -Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме ...
Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици со 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи некоаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени ...
По најавите на банките за зголемување на трошоците за банкарски услуги и изјавите на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дека се потребни законски измени за ограничување на банкарските провизии, уште еднаш се потврди дека Либерално-демократската партија (ЛДП) со години е во право кога предупредуваше на овој проблем. Додека граѓаните плаќаа сè повисоки надоместоци за користење на сопствените пари, надлежните институции и големите ...
Бизнис магазинот „Форбс“ проценува дека американската поп суперѕвезда Тејлор Свифт стана најбогатата музичарка во историјата со богатство од 2 милијарди долари, што претставува зголемување од 100 проценти во споредба со 2024 година. Свифт (36) го доби статусот на милијардерка во 2024 година благодарение на нејзината турнеја „Eras Tour“. „Форбс“ ја нарече Свифт еден од најкомерцијално успешните текстописци на сите времиња. Во 2020 година, ...