Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Формула 1 и ФИА потврдија дека Големата награда на Бахреин во 2026 година ќе се одржи на патеката Сепанг во Малезија. Трката ќе се одржи од 2 до 4 октомври, помеѓу Големата награда на Азербејџан и Големата награда на Сингапур, додека остатокот од календарот останува непроменет. Настанот официјално ќе се нарече Големата награда на Бахреин во Малезија, а договорот сè уште треба да добие конечно одобрение од Светскиот совет за мотоспорт. ...
Аргентинскиот кошаркар, Лука Вилдоза, наскоро ќе стане играч на Партизан. Според добро информираните новинари Чема де Лукас и Арис Баркас, Партизан ги договорил сите детали околу трансферот. Со тоа, Аргентинецот ќе стане првиот кошаркар што некогаш играл за лутите ривали од Белград и Атина, бидејќи играл за Панатинаикос и Олимпијакос, како и за Црвена Звезда, а сега доаѓа во Партизан. Вилдоса играше за Виртус од Болоња заедно со Алесандро ...
Поранешниот капитен на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски (34), наскоро треба да го напушти ФК Сараево, објавија медиумите од Босна и Херцеговина. Според нивните пишувања, Ристовски наскоро треба да го раскине договорот со клубот од Кошево, по што ќе биде слободен да бара клуб каде што ќе ја продолжи кариерата. Официјална потврда се очекува во наредните денови. Медиумите од Босна и Херцеговина наведуваат дека Ристовски не ги ...
Реал Мадрид направи клучен чекор во трката за еден од најбараните млади таленти во Европа, Јан Диоманде, постигнувајќи усмен договор за личните услови со крилниот напаѓач на РБ Лајпциг. Со тоа, „Кралскиот клуб“ се изедначи со Пари Сен Жермен, кој доби „зелено светло“ од играчот уште во јуни. Минатиот месец, Парижаните се согласија на петгодишен договор со Диоманде до 2031 година и не се откажуваат од неговото доведување. Сепак, сега кога ...
Домот на селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, е под зголемено полициско обезбедување поради глемиот број навивачи кои сакаат да го видат и да го поддржат по поразот во финалето на Светското првенство. Полицијата постави ограда околу имотот, додека полицајците се на должност во текот на целиот ден за да ја држат ситуацијата под контрола. Иако Аргентина загуби од Шпанија во финалето со 1:0, популарноста на Скалони не се намали. Напротив, ...
Ајмерик Лапорт ги понуди своите услуги на Барселона за време на Светското првенство, но каталонскиот клуб не е заинтересиран за неговото доаѓање. Како што објавува „Мундо Депортиво“, искусниот стопер сакал да се пресели во клубот со кој претходно беше поврзуван, особено по одличните игри во дресот на шпанската репрезентација. Лапорт, заедно со Пау Кубарси, го формираа одбранбениот ѕид на светските шампиони, кои примија само еден гол на ...
Лионел Меси нема да настапи на претстојниот Ол-стар натпревар на МЛС лигата, откако со Аргентина играше финале на Светското првенство, соопшти американската лига. Минатата година Меси беше казнет бидејќи самоволно го прескокна мечот кој ги собира најдобрите играчи од МЛС против избран состав од мексиканската Лига MX. Учеството на Ол-стар натпреварот вообичаено е задолжително, освен во случај на повреда, но оваа година е направен исклучок ...
Поранешниот селектор на италијанската репрезентација, Роберто Манчини, изрази разочараност што не добил понуда повторно да го преземе националниот тим. Под нгово воство Италија го освои Европското првенство во 2020 година со 37 натпревари без пораз. Сепак, тимот не успеа да се квалификува за Светското првенство 2022, а Манчини ненадејно ја напушти функцијата за да ја преземе селекцијата на Саудиска Арабија. Минатата година премина во ...
Македонскиот шампион Вардар ја почна одбраната на титулата со сигурна победа над Брегалница (2-0) попладневоо на Националната арена „Тодор Проески“. Стрелци беа Димитар Данев во првото полувреме и Горан Закариќ во 81. минута. Со ова „црвено-црните“ освоија први три бода во новата сезона. По успешниот старт во домашниот шампионат, Вардар го насочува вниманието кон реваншот против Рига во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. ...
Поранешниот репрезентативец на Мали и ексиграч на Истра 1961, Калилу Траоре, загина во сообраќајна несреќа вчера, 24 јули, на 38-годишна возраст, објавија локалните медиуми. Веста за неговата прерана смрт ја потресе фудбалската јавност, особено навивачите во Пула, Хрватска, каде што Траоре остави длабока трага. Како дефанзивен играч од средината, Траоре за репрезентацијата на Мали одигра 17 натпревари и постигна еден гол. Беше дел од ...
Хрватскиот репрезентативец Петар Муса, кој на последното Светско првенство постигна гол против Англија, би можел кариерата да ја продолжи во Мексико. Според информации на ESPN, пренесени од „Екселсиор“, клубот Тигрес бара нов напаѓач по заминувањето на аргентинскиот светски шампион Анхел Корреа во Ривер Плејт. На списокот на кандидати се три имиња: Муса, Србиновиот Дејан Јовелјиќ (Спортинг Канзас Сити) и Бразилецот Џон Кенеди (Флуминенсе). ...
Атлетико Мадрид го потпиша договор со крилниот напаѓач Канг-ин Ли, кој доаѓа од редовите на Пари Сен Жермен Кај „јорганџиите“ ќе остане до 2031 година. Репрезентативецот на Јужна Кореја на голема врата се враќа во Шпанија, како двоен европски шампион со парижаните. Ли веќе има богато искуство во Ла Лига – шест години настапуваше за Валенсија и Мајорка. Атлетико го следеше со години и се обиде да го доведе уште пред три сезони, но тогаш ПСЖ ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, јавно нападна еден од најголемите кошаркарски ѕвезди на сите времиња – Леброн Џејмс, изјавувајќи дека тој „можеби е расист“. Со оваа негова забелешка тој го засили судирот меѓу нив кој трае цела деценија. Коментарот дојде откако Џејмс потпиша договор со Филаделфија Севентисиксерс, а Трамп повторно ја отвори вечната дебата за тоа кој е најголем кошаркар во историјата – Леброн или Мајкл Џордан. „Мајкл ...
Андреа Пирло е новиот селектор на италијанската фудбалска репрезентација. Службената потврда се очекува во понеделник или вторник, а според информациите, сите детали околу четиригодишниот договор се веќе договорени. Светскиот првак од 2006 и европски вицепрвак од 2012 ќе ја води „азурната“ селекција со годишна плата од 1,5 милиони евра. Пирло стана главен кандидат откако Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола ги одбија понудите. Анчелоти неодамна ...
Голманот на Зеленортските Острови и еден од најголемите херои на Светското првенство 2026, Возиња, ќе ја продолжи кариерата во чилеанскиот гигант Коло-Коло. Постигнат е усмен договор, а потписот на документите и медицинските прегледи се очекуваат во наредните денови. Возиња, кој беше без клуб по настапите на Мундијалот, беше поврзуван со бразилски екипи и со Интер Мајами, каде играат Лионел Меси и Луис Суарез, а неодамна пристигна и ...
Копенхашката група – меѓународна мрежа формирана врз основа на Маколинската конвенција на Советот на Европа – за време на Светското првенство регистрирала дури седум потенцијално сомнителни случаи поврзани со интегритетот на натпреварувањето. Групата тесно соработувала со ФИФА работната група за интегритет и поднела седум „жолти известувања“. Тие се издаваат кога се забележуваат сомнителни флуктуации на квоти, шпекулации на социјалните ...
Хрватскиот капитен Лука Модриќ ќе го носи дресот на Милан и во сезоната 2026/27. Тој ја активираше опцијата за продолжување на договорот со италијанскиот клуб до јуни 2027 година, со што стави крај на шпекулациите околу неговата кариера. По Светското првенство се пишуваше за можен крај, но 41-годишниот маестро реши да започне нова авантура. Модриќ пристигна во Милан во јули 2025 година без обештетување, по 13 години и рекордни 28 трофеи со ...
Легендарниот фудбалер, а сега тренер, Андреа Пирло, ќе стане нов тренер на „Азурите“. Според доверливиот експерт, Фабрицио Романо, поранешниот магионичар на средниот ред прифатил усна понуда од Италијанската фудбалска асоцијација и ќе го преземе кормилото на националниот тим како дел од сеопфатен, долгорочен проект, пренесуваат медиумите во регионот. Пирло го даде конечното „да“ по преговорите со Паоло Малдини и Леонардо, кои му презентираа ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, изјави дека однесувањето на аргентинските играчи по финалниот натпревар на Светското првенство е неприфатливо. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) започна истрага за судирите на теренот откако Шпанија ја победи бранителката на титулата Аргентина со 1-0 по продолженијата во неделата навечер во финалето на Светското првенство. Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес ...
Еден од најважните аргентински дефанзивци во изминатите години, Николас Отаменди, објави дека ја завршува репрезентативната кариера. Искусниот стопер по 17 години повеќе нема да го носи дресот на „гаучосите“. Отаменди се прости од репрезентацијата неколку дена по финалето на Светското првенство во 2026 година, кое воедно беше и негов последен настап за Аргентина. За националниот тим одигра 139 натпревари и беше еден од клучните фудбалери во ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода откако Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција во износ од над 1,15 милиони евра. Како што соопшти Судот, гаранцијата се состои од засновање хипотека врз недвижен имот, а истовремено му е определена мерка на претпазливост – одземање на патната исправа, со цел да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот ...
Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на ...
Младиот австралиски репрезентативец Кристијан Волпато се најде во центарот на голем скандал во Сиднеј, откако наводно бил позитивен на кокаин при рутинска сообраќајна контрола, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, 22-годишниот фудбалер бил запрен во своето купе „БМВ“ околу еден часот по полноќ на познатиот мост Анзак. Причина за запирањето било пречекорување на дозволената брзина – Волпато возел 109 километри на час во зона ...
Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Лука Модриќ, потпиша нов едногодишен договор со Милан, соопшти италијанскиот клуб. Со новиот договор, Модриќ ќе остане на „Сан Сиро“ до летото следната година. Еден од најдобрите играчи за врска на 21. век во Милан пристигна минатото лето како слободен играч, откако ја заврши својата долга и успешна кариера во Реал Мадрид. Неговиот договор истече на крајот од минатата сезона, по што размислуваше дали да ...
Томас Милер повторно предизвика дебата за тоа дали присуството на Лионел Меси влијае на судиските одлуки. Германскиот фудбалер се потсети на ситуација со аргентинскиот капитен од која, според него, произлегува дека судиите го фаворизираат Меси. Неговата изјава се прошири на социјалните мрежи во видео и беше поврзана со контроверзиите од Светското првенство во 2026 година, пишува Goal.com. 🚨🗣 Thomas Müller speaks about referees favoring ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека немаше наместени натпревари за време на Светското првенство во 2026 година, објави „SBC News“. Експертите на ФИФА изјавија дека не утврдиле постоење на наместени натпревари на Светското првенство. Претставници на организацијата ја следеа состојбата на пазарите за обложување во реално време, како и настаните на терен. Формирана е посебна работна група за контрола на интегритетот на ...
Иван Бартон, салвадорскиот судија кој го судеше полуфиналето на Светското првенство помеѓу Франција и Шпанија, му одговори на Дидие Дешамп. По поразот од 2-0, тогашниот француски селектор јавно го доведе во прашање квалитетот и подготвеноста на Бартон за натпревар од толку големо значење. Бартон зборуваше за зборовите на Дешамп во емисијата „Хорхе Рамос и су Банда“. Тој рече дека критиките не го погодиле бидејќи тој и неговиот судиски тим ...
Норвешката фудбалска федерација (NFF) ќе поднесе жалба до ФИФА поради мешањето на американскиот претседател Доналд Трамп во одлуката за поништување на црвениот картон на Фоларин Балогун. Претседателката на асоцијацијата, Лизе Клавенес, го објави потегот во интервју за The Times. Откако беше поништена суспензијата, Балогун можеше да игра во осминафиналето на Светското првенство против Белгија, натпревар во кој САД загубија со 4:1. ...
Везниот играч на Манчестер Сити, Родријао „Родри“ Ернандез, ќе мора да замине на операција на грбот, поради што неговиот настап на стартот од сезоната 2026/27 е под голем знак прашалник. Капитенот на шпанската репрезентација неодамна го освои светското првенство со својата селекција, но англискиот шампион сега се подготвува за подолг период без еден од своите најважни играчи. Според „The Athletic“, точниот датум на враќање засега не е ...
Легендата на Реал Мадрид, Луис Фиго, смета дека Килијан Мбапе и понатаму е еден од главните кандидати за „Златната топка“ во 2026 година, благодарение на неговиот блескав настап на Светското првенство. Фиго истакна дека францускиот напаѓач со 10 постигнати голови го освои „Златниот копач“ и стана најдобар стрелец во историјата на мундијалите со вкупно 22 погодоци. „Мбапе и неговиот голем настап на Светското првенство сигурно ќе го задржат ...