Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни проблеми во последните неколку години. По суспензијата поради допинг и низата повреди, тој се обиде да се врати потпишувајќи за Монако, но не успеа да најде континуитет ниту таму. Сега повторно се повреди, што беше повод за раскинување на договорот. Погба некогаш беше меѓу најдобрите играчи од средниот ред во ...
Интер е се блиску до реализација на трансферот на Дед Спенс од Тотенхем, пишува „Газета дело Спорт“. Клубовите се блиску до договор вреден околу 30 милиони евра плус бонуси, а англискиот репрезентативец треба да потпише четиригодишен договор. Ова лето, Спенс играше за Англија на Светското првенство, каде што играше на левата страна и играше во полуфиналето против Аргентина. Тој може да ги покрива двете странични позиции во одбраната, а ...
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ ќе стане нов играч на Бешикташ, а деталите од договорот ги открива печатеното издание на „Кориере дело спорт“. Италијанскиот весник тврди дека генералниот директор на Бешикташ, Едуард Граф, бил во Србија и дека преговорите со Влаховиќ и неговите претставници траеле неколку дена. Договорот ќе биде потпишан во среда, 12 август, а според договореното, тој ќе заработува осум милиони евра по сезона плус бонуси. Ќе ...
Барселона ја отфрли првичната понуда на ПСЖ, која се проценува на 40 милиони евра, за напаѓачот Феран Торес, кој го освои светското првенство со Шпанија, пишува агенцијата Франс Прес, повикувајќи се на извор во каталонскиот клуб. „Преговорите се во тек“ помеѓу Барса и ПСЖ, додаде изворот, потврдувајќи го пишувањето на дневниот весник „Мундо Депортиво“. Според неколку шпански медиуми, Феран Торес, стрелецот на победничкиот гол во финалето на ...
Расел Вестбрук наскоро би можел да стане новиот кошаркар на Хапоел Тел Авив. Поранешниот МВП и лидер по бројот на трипл-дабл натпревари во историјата на НБА е во преговори со Хапоел Тел Авив, објавија бројни американски и европски кошаркарски инсајдери. Вестбрук има 37 години и има многу проблеми да најде ангажман во НБА лигата. Минатата сезона во Сакраменто Кингс тој имаше просек од околу 15 поени и 7 асистенции, а во Хапоел би бил ...
Фудбалерот на Тотенхем, Мики ван де Вен, потпиша нов договор со англискиот клуб. Во своето соопштение, Тотенхем не даде никакви детали за новиот договор на Ван де Вен, но добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека 25-годишниот холандски дефанзивец, чиј договор со Тотенхем истекуваше во 2029 година, потпишал нов петгодишен договор со лондонскиот клуб. „Потпишувањето на нов договор е посебен момент, и за мене и за моето семејство, и ...
Ромелу Лукаку конечно го напушти Наполи и оваа недела официјално ќе го засили Фенербахче. Сагата околу заминувањето на Лукаку траеше долго време, откако тој се судри со Антонио Конте и раководството на клубот предводено од Аурелио Де Лаурентис во текот на изминатата сезона. Белгиецот исто така одби да се врати по репрезентативната пауза, под изговор дека останал во Белгија за да се опорави, што само го влоши неговиот статус. Лукаку влезе во ...
Аргентинецот Кристијан Фабијани Фабијани повеќе не е тренер на актуелниот македонски шампион, Вардар. Клубот се раздели со тренерот по поразот во дербито против Шкендија (0:2). „ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш“, објави клубот во кратко соопштение на социјалните мрежи. Поразот од Шкендија беше „капката што ја пречи чашата“, бидејќи ...
Конзорциум во кој е вклучен и основачот на Амазон, Џеф Безос, е блиску до договор за купување на околу една третина од акциите во фудбалскиот клуб Ливерпул. Мнозинскиот сопственик на клубот, Фенвеј Спортс Груп (FSG), кој го управува Ливерпул од 2010 година, се подготвува да објави трансакција што би можела да се случи уште оваа недела. Доколку договорот се реализира, Безос би му се придружил на Едуардо Саверин, еден од коосновачите на ...
Официјализирано е враќањето на искусниот француски лев бек Лукас Дињ во редовите на актуелниот двократен европски шампион Пари Сен Жермен. Дињ беше меѓу „светците“ од 2013 до 2016 година. Меѓутоа, во тоа време не се сметаше за играч каков што е денес со акумулираното искуство од Англија и Шпанија, па затоа одигра само 30 натпревари за Парижаните. Во меѓувреме, играше за Барселона, Евертон и Астон Вила, стана член на француската ...
Кристал Палас и Евертон постигнаа интересен договор. Бренан Џонсон се сели во Евертон, а Двајт Мекнил оди во Кристал Палас. Бренан Џонсон го напушта Кристал Палас и ќе ја продолжи кариерата во Евертон, во спротивна насока, на „Хил Дикинсон“ се сели Двајт Мекнил. Двајцата играчи ќе бидат подложени на медицински прегледи во текот на денот со што практично ќе се запечати договорот. Како што беше најавено, двајцата играчи ќе потпишат ...
Англискиот репрезентативец Хари Кејн влезе во последната година од договорот со Баерн и во екот на шпекулациите каде ќе игра следната сезона, реши да им ја соопшти својата конечна одлука на челниците на клубот на „Алијанц Арена“. Кејн пристигна во Баерн пред три години од Тотенхем, што беше полн погодок бидејќи имаше три фантастични сезони во Минхен. Сепак, гласините дека би можел да се врати во Англија навистина ги „исплашија“ челниците на ...
Жозе Мурињо, по многу години, конечно потврди дека тој треба да биде наследник на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед. Најголемиот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед еднаш откри дека веќе постоел договор дека во 2013 година, кога ќе се пензионира, ќе биде заменет како тренер од Жозе Мурињо. Португалецот тогаш го заврши својот мандат во Реал Мадрид, но на крајот одлучи да се врати во Челзи. „Кога го напуштив Реал Мадрид, се ...
Првиот човек на Ла Лига, Хвиер Тебас повторно го критикуваше Џани Инфантино и рече дека претседателот на ФИФА „ја уништува самата суштина на фудбалот“. Тебас е убеден дека е време Инфантино да си замине. Критиките кон Џани Инфантино не стивнуваат откако идејата првиот човек на светскиот фудбал да продава акции од Светското првенство на приватни инвеститори стигна до јавноста. Идејата беше напуштена по гласните протести предводени од УЕФА, ...
Српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ се наоѓа пред конечна одлука околу тоа каде да ја продолжи кариерата. Бешикташ во моментоцв е најсериозна опција. Според информациите на „Газета дело спорт“, турскиот клуб доставил конкретна понуда до српскиот напаѓач, која вклучува четиригодишна соработка со годишна плата од околу 10.000.000 евра нето. Во предлогот за договор, има и бонус од дополнителни 10.000.000 евра за потпис на ...
Феран Торес ги договорил личните услови со Пари Сен Жермен и сака да ја продолжи кариерата во редовите на европскиот првак. „Лекип“ пишува дека шпанскиот репрезентативец постигнал договор со ПСЖ за петгодишен договор, додека преговорите со Барселона сè уште се во тек. „Марка“ наведува дека клубовите се блиску до конечен договор и дека Барселона треба да добие околу 50 милиони евра. Конечниот износ на обештетувањето и бонусите во моментов се ...
Паоло Малдини, во опширно интервју за весникот „Кориере дела Сера“, детално го опиша својот краток и бурен мандат како технички директор на италијанската фудбалска репрезентација и настаните што доведоа до неговото заминување. Во разговорот, тој откри дека бил блиску до договор со Пеп Гвардиола и објасни зошто не бил постигнат договор со Шпанецот. Малдини раскажа како дошло до соработка со претседателот на здружението (ФИГЦ) Џовани Малага. ...
Англискиот репрезентативец, 28-годишниот Маркус Рашфорд, официјално се врати на тренинзите со првиот тим на Манчестер Јунајтед по цели 18 месеци отсуство, поради недоразбирањата со поранешниот менаџер Рубен Аморим и две успешни позајмици во Астон Вила и Барселона. Англискиот крилен напаѓач му се приклучи на тимот за тренинзите во Даблин, заедно со сонародникот Коби Мејну и Аргентинецот Лисандро Мартинез, потврди менаџерот на „Црвените ...
Жозе Мурињо беше исклучително искрен во критиките кон Бернардо Силва откако Португалецот го имаше својот прв настап за Реал Мадрид. Во Будимпешта, Реал го победи Ференцварош во пријателски натпревар (2:1), а Бернардо Силва играше за прв пат во дресот на „кралскиот клуб“, откако пристигна како слободен играч од Манчестер Сити, каде што помина девет исклучително успешни сезони. Силва е еден од оние играчи секогаш добива пофалби за работната ...
Возачот на Трекхаус Априлија, Раул Фернандес, триумфираше на Големата награда на Велика Британија, 12-та трка во сезоната во шампионатот Мото ГП. Шпанецот ја забележа својата втора победа во кралската класа на „Силверстоун“, прва од октомври, кога го освои своето деби на „Филип Ајленд“. Така, по 12-ти пат во кариерата, Фернандес се најде на највисокото скалило на подиумот, а воедно стана и 12-ти различен победник на Големата награда на ...
Спектакуларен трансфер во аргентинскиот фудбал – Ривер Плата го донесе Тијаго Алмада од Атлетико Мадрид. Репрезентативецот на Аргентина, кој играше на неодамна одржаното Светско првенство, го напушта Атлетико по само една сезона. За клубот што го тренира неговиот сонародник Диего Симеоне, одигра 40 натпревари во сите натпреварувања и постигна четири гола. Алмада, кој игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред, а доколку е потребно и ...
Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, триумфираше во спринт трката на Големата награда на Велика Британија, 12-та од овогодинешното Мото ГП првенство. Шпанецот со оовј триумф стави крај на доминацијата на Дукати во спринтот во Силверстоун. Мартин го забележа својот трет триумф во саботните трки оваа сезона. Мартин водеше од почетокот до крајот, а Аи Огура од Тракхаус беше најблиску до него, задоцни две секунди. На третото скалило на подиумот ...
Бразилецот Бруно Гимараеш е нов играч на Арсенал, објави англискиот шампион. Фудбалерот од средниот ред им се придружи на „Топџиите“ од Њукасл. Арсенал за овој трансфер издвои 87,5 милиони евра. Гимараеш (28) ја започна својата професионална кариера во 2015 година во бразилскиот Аудакс, а две години подоцна се пресели во Атлетико Параненсе. Со тој клуб освои четири трофеи и се стекна со статус на еден од најталентираните бразилски играчи од ...
Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст. Таткото на Лионел Меси и долгогодишен менаџер почина синоќа во 22 часот во санаториум во Росарио, Аргентина, објавува „Infobae“. Тој имаше 68 години и долго време се бореше со болеста. Хорхе Меси беше сопруг на Селија Кукучитини и татко на четири деца Лионел, Родриго, Матијас и Марија Сол. Тој одигра важна улога во развојот на кариерата на својот најпознат син и со години се ...
Тренерот Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го потврди ставот на клубот за иднината на Хулијан Алварез, ставајќи крај на шпекулациите за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач. Иако Алварез изрази желба да замине ова лето, клубот е решен да го задржи во „Метрополитано“, пишува „Goal.com“. Барселона покажа најголем интерес за Алварез, а Реал Мадрид, Арсенал и Пари Сен Жермен беа споменати и како можни дестинации. „Ситуацијата е многу ...
Трансферот на Фисник Аслани од Хофенхајм во РБ Лајпциг, кој изгледаше како завршена работа, беше откажан во последен момент. Иако клубовите и играчот се согласија за сите услови, 24-годишниот напаѓач не ги помина лекарските прегледи, поради што Лајпциг се откажа од договорот вреден 25 милиони евра. По извонредната минатата сезона во Хофенхајм, се очекуваше Аслани да го смени клубот ова лето. Се споменуваше можноста за трансфер во Барселона, ...
Преговорите меѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен околу трансферот на Бредли Баркола не напреднаа далеку. Вдпечаток е дека тие нема да бидат успешни. Ливерпул испрати понуда вредна 115 милиони евра, но Пари Сен Жермен бара 150 милион, без бонуси. „Скај Спорт“, објави дека двата клуба имале прелиминарни разговори за трансферот на Бредли Баркола, но дека разликата во износот на пари што Ливерпул е подготвен да го понуди и оној што го бара Пари Сен ...
Арсенал извиси за потписот на Винисиус Жуниор, па спортскиот директор Андреа Берта веќе наде нова цел. Англискиот првак е заинтересиран за Кенан Јилдиз, кој наводно е подготвен да побара да го напушти Јувентус. Турскиот интернационалец стана приоритет за тренерот Микел Артета откако пропадна можноста за доведување на Винисиус Жуниор, кој го продолжи договорот со Реал Мадрид. Информациите дека турскиот репрезентативец сака да ја продолжи ...
Барселона и Ливерпул постигнаа договор за едногодишна позајмица на уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо. Високиот стопер е член на Барса седум години, за „блауграна“ одигра над 200 натпревари во сите натпреварувања. Станува збор за играч кој официјално е капитен на каталонскиот клуб. Ливерпул ќе има опција да го откупи договорот на 27-годишниот стопер. Се веруваше дека Араухо ќе остане во Барса по исклучително тешката сезона во која ...
Британски „Телеграф“ објавуви бомбастична ексклузива под наслов „Љубовницата на Џани Инфантино платена со пари од УЕФА“. „Телеграф“ тврди дека добил докази дека пари од УЕФА и биле исплатени на наводната љубовница на Џани Инфантино додека тој бил генерален секретар на Европската фудбалска унија (УЕФА). Станува збор за шестцифрена сума. Неименуваната жена ги добила парите по наводна афера со Инфантина додека тој бил генерален секретар на ...