Фудбалерите на Интер го освоија Купот на Италија со победата 2:0 над Лацио. Интер сезонава ја освои дуплата круна, опрва по 2010 година, кога актуелниот тренер Кристијан Киву, беше командант на одбраната, Избраниците на Кристијан Киву ја потврдија својата доминација на „чизмата“, а Лацио речиси и да не беше конкурентен во финалето на својот стадион. Иако беа гости, „нероазурите“ целосно го надиграа Лацио и поведоа во 14-та минута со автогол ...

Кошаркарите на Валенсија преку Панатинаикос се пласираа во Фајналфорот на Евролигата, нивен прв во историјата. Валенсија дојде од 0-2 на 3-2 на најтешкиот можен начин, откако ги загуби првите два натпревари на свој паркет. Ова е втор пат во историјата, екипа по 0-2 да го добие следните три натпревари и дас избори пласман на Завршниот турнир. Претходно ваков подвиг направи Реал против Партизан во 2023 година. Интрересно и тогаш и сега, на ...

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Кристал Палас со 3:0 (2:0) во натпревар од 31-то коло од англиската Премиер лига. Тимот на Пеп Гвардиола го држи чекорот со водечкиот Арсенал и во последните две кола се очекува вистинска драма во трката за титулата. Победата вечерва ја постигнаа головите на Антоан Семењо во 32-та минута и Омар Мармуш во 40-та минута, односно Савињо кој постигна гол во 84-та минута. Во моментов, состојбата на ...

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја одбранија титулата шампион на Франција со победа над Ленс на гостински терен со резултат 2:0 (1:0). Со овој триумф, шампионот на Европа и финалистот на новото издание на Лигата на шампионите ја обезбеди титулата во директен дуел со првиот конкурент. ПСЖ сега има 76 бода, дури девет повеќе од Ленс, кој со евентуална победа можеше да внесе драма во трката за трофејот во пресрет на последното коло. Првиот гол ...

Од почетокот на сезоната, Реал Мадрид подготвува обемно досие за судиските грешки за кои верува дека му наштетиле во Ла Лига, кое ќе го презентира пред УЕФА. Клубот собира одлуки на судиите одлуки што му наштетиле оваа сезона и минатата сезона. Флорентино Перез на прес-конференцијата одржана вчера, објави дека клубот на УЕФА ќе и достави досие од 500 страници и видео со разни одлуки што го чинеа тимот 16 бода оваа сезона. Барселона ...

Капитенот на Манчестер Сити и шпанската репрезентација Родри е блиску до потпишување на нов договор со англискиот клуб. Оваа вест ја објави новинарот Матео Морето, кој тврди дека нема да има разговори меѓу Реал Мадрид и Родри, бидејќи Шпанецот влегува во финални преговори со Сити. Неговиот тековен договор истекува во летото 2027 година, па Сити мораше да дејствува за да избегне да го пушти во летниот преоден рок, за симболична оштета или ...

Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Фенербахче со десет милиони евра за низа манипулации и неправилности во финансиското работење. Комисијата на УЕФА, која се занимава со спроведување на правилата за финансиска одржливост и го контролира балансот помеѓу приходите и расходите на клубовите на ниво на контрола на платите, трансферите и надоместоците на менаџдерите, нотирала бројни неправилности во работата на Фенербахче. Сомнителни ...

Мануел Нојер ќе биде на голот на Баерн Минхен и следната сезона. Најновите информации од Баварија велат дека 40-годишниот голман и клубот постигнале договор за продолжување на соработката на најмалку уште една година. Иако во последно време изјавуваше дека можеби ќе се пензионира, Нојер се чини дека се предомислил и ја продолжува својата сага во Баерн. Тој пристигна во Минхен во 2011 година од Шалке, а во претходните 15 години ја бранеше ...

Нема мир во Англија, по неделниот натпревар меѓу Вест Хем и Арсенал (0:1) и поништениот гол на Калум Вилсон во 95-та минута. Оваа одлука на главниот судија Крис Кавана, предизвика жестоки реакции во јавноста, бидејќи дополнително го доближи Вест Хем до испаѓање од Премиер лигата, а Арсенал до шампионската титула. Во јавноста се појави снимка од ВАР собата во која седеше Дарен Ингланд и главниот судија Кавана. Она што привлекува внимание е ...

Флорентино Перез, вчера одржа прес конференција, која предизвика големи реакции во шпанската фудбалска јавност. Првиот човек на „кралскиот клуб“, се расправаше со новинарите, го впери прстото во Барселона, за како што рече најголемиот скандал во историјата на фудбалот (мислеше на аферата Негреира) и се пожали дека да не биле судиите ќе освоел со Реал не седум туку 14 шампионски титули во Шпанија. По говорот на Перез, експресно се огласија ...

Кристијано Роналдо беше целосно скршен откако бизарниот автогол во 98-та минута ја одложи прославата на титулата на Ал-Наср. Сè се случи синоќа, а драматичниот исход го следеа од трибините неговата свршеница Џорџина Родригез и семејството. Тие дојдоа на стадионот да ја прослават титулата, а на крајот беа шокирани. Делуваше дека Ал-Наср дека ќе ја обезбеди титулата, прва во ерата на Роналдо во клубот, откако голот на Мохамед Симакан во ...

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс поведоа со 3:2 во полуфиналната серија од Западната конференција, откако во петтиот натпревар ги декласираа Минесота Тимбервулвс со 126:97. Виктор Вембањама блескаше кај Спарс, кој одговори откако беше исклучен во првата четвртина, во четвртиот меч од серијата. Францускиот центар и најдобар дефанзивец оваа сезона, натпреварот го заврши со 27 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади. На само 22 години, ...

Трофејниот хрватски тренер Лино Червар (75) се враќа во Македонија, тој ќе го преземе Еурофарм Пелистер. По сезона во која клубот од Битола, смени дури три тренери и по три години остана без шампионска титула, во Пелистер се одлучија за проверено решение. Червар е во контакт со раководството во врска со составот на тимот за следната сезона, а клубот верува дека тоа ќе донесе стабилност и резултати. Пелистер оваа сезона остана без трофеите ...

Сезоната е завршена за дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, потврди клубот. Бен Вајт се повреди на натпреварот против Вест Хем, а Микел Артета беше принуден да го замени во 28-та минута. „По натпреварот во недела со Вест Хем, деталните прегледи потврдија дека Бен Вајт претрпел значителна повреда на медијалните лигаменти на коленото. За него, сезоната е завршена. Нашиот медицински тим ја води програмата за закрепнување и рехабилитација на Бен, ...

Минатогодишните финалисти, бранителот на титулата Магдебург и Фуксе од Берлин, ќе се сретнат во полуфиналето на завршниот ракометен турнир од Лигата на шампионите оваа сезона, кој ќе се игра во Келн на 13 и 14 јуни. Ова беше одлучено со ждрепка во Виена. Минатата година, Магдебург беше поуспешен од Фуксе во финалето со 32:26 и со тоа ја освои својата петта континентална шампионска титула. Дванаесеткратниот европски шампион Барселона и ...

Барселона размислува да поднесе тужба против претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, поради неговите изјави на денешната прес-конференција. Првиот човек на Реал, свика прес конференција за да се расправа со новинарите и да обвинува конкурентите. Правниот оддел на Барселона ги анализира обвинувањата на Перез за да одлучи за понатамошните чекори. Перез го нарече „случајот Негреира“ најголемиот корупциски скандал во историјата на ...

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, свика вонредна прес-конференција по катастрофалната сезона без трофеј, и наместо да ја смири ситуацијата, дополнително ја разгоре атмосферата. Првиот човек на „кралскиот клуб“ влезе во жестока расправија со претставниците на медиумите. Реал ја заврши сезоната без трофеј, загуби од Барселона, па најголемиот ривал и математички ја обезбеди титулата, среде сезоната му врачи отказ на Чабви Алонсо, ...

Кошаркарот Брендон Кларк, крилен центар на тимот на Мемфис Гризлис, почина на 29-годишна возраст, објави неговата агенција „Прајорити Спортс“. Не се соопштени причините за смртта. Кларк беше избран oд 21-то место на НБА драфтот во 2019 година, по ја започна својата кариера во Мемфис. Целата своја седумгодишна НБА кариера ја помина со Гризлис. Во текот на сезоната 2025/26, тој одигра само два натпревари. Го пропушти почетокот на сезоната ...

Џо Гомез не е сигурен дали ќе биде во Ливерпул следната сезона, но додава дека „сè е можно“ ова лето. Играчот со најдолг стаж во Ливерпул се приближува кон последната година од договорот, изјави дека сè е можно ова лето. Минатото лето, Џовани Леони, кој требаше да биде наследник на Гомез, пристигна во клубот, но Италијанецот доживеа сериозна повреда на своето деби и ќе биде на теренот дури од стартот на следната сезона. Во јануари, Ливерпул ...

Хулијан Алварез и неговите менаџери, летово ќе мора да донесат одлука, дали ќе остане во Атлетико или ќе го напушти Мадрид. Неколку месеци се шпекулира дека Барселона е заинтересирана за Аргетнинецот, но од Атлетико дојде потврда дека клубот нема да засилува директни ривали, а и прашање е дали Каталонците имаат пари сда реализираат ваков трансфер. Аргентинецот успеа да стане еден од водечките играчи во Атлетико Мадрид, ги оправда вложените ...

Легендарниот голман Гиљермо Очоа изјави дека се приклучил на кампот на репрезентација на Мексико, што значи дека постои сериозна шанса да настапи на шестото Светско првенство. 40-годишниот ветеран веројатно ќе биде во составот на селекторот Хавиер Агире за турнирот од 11 јуни до 19 јули, чии домаќини се три земји – САД, Канада и Мексико. Доколку се најде на спиското на селекторот, Очоа ќе стане еден од ретките фудбалери со настап на шест ...

Чешкиот кошаркар Јан Весели ќе се пензионира по завршувањето на сезоната, објави неговиот клуб Барселона. Во екот на шпекулациите околу иднината на Весели, 36-годишникот реши да ја шокира јавноста сп одлуката да стави крај на кариерата. Весели ги помина изминатите четири години во Барселона, каде што дојде од Фенербахче. Весели го постигна најголемиот успех во својата кариера како играч на Фенербахче, со овој тим ја освои Евролигата 2017 ...

Фудбалскиот клуб Ливерпул објави фотографии од споменикот во спомен на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Клубот објави дека идејата за споменикот е да се „прослави животот на двајца браќа, нивната врска и љубовта и поврзаноста што ја чувствувале со своето семејство, соиграчите и навивачите ширум светот“. Диого Жота и неговиот брат Андре Силва загинаа во трагична сообраќајна несреќа на 3 јули 2025 година. По смертта на Жота, за прв пат ...

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, на прес-конференција изјави дека конечно ќе може да зборува за својата иднина, поточно дали ќе остане во Бенфика или ќе се врати во Реал Мадрид, од понеделник, 18 мај, по завршувањето на португалското првенство. По нерешениот резултат против Брага (2:2), Мурињо одговори на новинарско прашање дали сè уште планира да остане во Бенфика, како што најави уште во март. Португалскиот стручњак рече дека не сака да ...

Тео Ернандез (28), левиот бек на Ал-Хилал и француската репрезентација, е во центарот на скандал во Италија. Ернандез, од 2019 до 2025 година, беше клучен играч на Милан, за кого одигра 262 натпревари со 34 гола и 45 асистенции. Фабрицио Корона објави видео од забавата со Ернандез и неколку жени и мажи. Заедно со приложеното видео, Корона наведува: „Тео Ернандез му се јавуваше на некого за да нарача ескорт услуги. Тео беше шеф, организатор ...

Фудбалската репрезентација на Бразил доживеа нов тежок удар пред Светското првенство. Младиот напаѓач на Челзи, Естевао, нема да игра на Мундијалот поради сериозна повреда, а според ESPN, тој не бил вклучен во поширокиот список од 55 играчи испратени до ФИФА од селекторот Карло Анчелоти. 19-годишниот талент го повреди мускулот на десната нога 18 април во поразот на Челзи од Манчестер Јунајтед. Иако имаше надеж дека ќе се рехабилитира на ...

Фудбалерите на Барселона пред неколку стотици илјадии луѓе ја прослави титулата шампион на Шпанија. Младиот Ламин Јамал се појави со маица „Фала му на Бога, не сум мадридиста“. Десетици илјади навивачи ги преплавија улиците за да ги поздрават своите херои, кои ја обезбедија својата 29-та титула во Ла Лига еден ден претходно со победа од 2-0 над големиот ривал Реал Мадрид. Во голема парада низ градот беше прославена двојната круна, бидејќи ...

На помалку од еден месец до почетокот на Светското првенство, тежок удар доби репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Американците заедно со Мексико и Канада се ко-домаќини на Мундијалот од 11.јуни до 19.јули. Имено, „Јенкиите“ ќе бидат значително ослабени на Светското првенство, бидејќи најголемото фудбалско натпреварување ќе го пропушти играчот на Атлетико Мадрид, Џони Кардосо. Кардосо го повреди глуждот, поради што ќе биде ...

Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо излезе во прв план како главен кандидат за нов тренер на Челзи, тврдат британските медиуми. Според „Атлетик“, раководството на лондонскиот клуб сериозно размислува за ангажирање на поранешниот стратег на Рел Сосиедад Б, Баер Леверкузен и Реал Мадрид. Алонсо има силна поддршка во рамките на сопственичката структура на клубот, а неговото доаѓање би можело да означи промена во начинот на кој работи Челзи, бидејќи ...

Дик Адвокат, 78-годиешен холандски тренер, ќе се врати на клупата на Курасао, централноамериканската островска нација која освои настап на Светското првенство, пишува холандскиот портал „НОС“. Курасао обезбеди историски пласман на Светското првенство како најмала земја што некогаш го сторила тоа, а токму 78-годишниот холандски стручњак имаше голема заслуга за тој успех. Адвокат мораше да се повлече од функцијата селектор претходно оваа ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1007
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
3.58
79%
1007
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
2.06
70%
1005
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1012
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
76%
1008
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
91%
1007
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
57%
1002
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1006
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1006
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
2.24
69%
1007
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 5ᴼ
0.89
69%
1007
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
66%
1006
Currency

61.645

Currency

52.5197

Currency

71.0998

Currency

38.0033

Currency

38.3724

Currency

67.2891

Currency

7.7325

Currency

0.71141

Currency

0.33306

Currency

0.52522

Currency

1.15648

Currency

0.54819

Бакар

13.33

Алуминиум

3.61

Злато

151086.58

Платина

68063.13

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

320703.70

Сребро

2786.34

Калај

55.66

Рутениум

51376.89

Паладиум

47776.01