Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Норвешката бајка на Светското првенство заврши на суров начин во четвртфиналето со пораз од Англија по продолженијата (1:2). Пласманот на Англија во полуфиналето ќе остане во сенка на сериозна судиска грешка. Голот за 1:1 мораше да биде поништен бидејќи топката го погоди кабелот што ја држи камерата, падна одеднаш и се отвори контра на Англија. Норвежаните протестираа, но залудно. Сè беше решено кога голманот на Норвешка, Ниланд, имаше ...
Јаник Синер против Александар Зверев ќе ја брани тутлата на Вимблдон. Двајцата со 3:0 славеа во полуфиналните пресметки против Артур Фери, односно Новак Ѓоковиќ. Најдобриот на светот, Јаник Синер, беше подобар од Новак Ѓоковиќ со 6:4, 6:4, 6:4 и така го продолжи својот пат кон одбрана на трофејот. Овој натпревар беше многу сличен на оној од претходната година, во истата фаза, а Синер делуваше како непремостлива пречка, и поради неговиот ...
Јужноафриканскиот фудбал е обвиен во црно по веста дека Џејден Адамс, играчот од средниот ред на Мамелоди Сандаунс и јужноафриканската репрезентација, починал на 25-годишна возраст. Причината за смртта сè уште не е објавена. Тажната вест ја потврди Брендин Џонсон, еден од тренерите на Адамс, кој се обрати до јавноста во име на семејството и побара приватност во овие тешки моменти. „Сè е сè уште премногу свежо. Раната е сè уште отворена. ...
Првата полуфинална двојка на Светското првенство ја формираа Франција и Шпанија. Натпреварот ќе се игра на 14 јули во 21 часот во Арлингтон (Далас). Французите го победија Мароко со 2:0, а Шпанија беше подобра од Белгија и триумфираше со 2:1. По победата над Белгијците, најдобриот играч на натпреварот според ФИФА, шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал го окарактеризира претстојниот дуел со Французите како средба на двете најдобри селекции ...
Тибо Куртоа го напушти натпреварот против Шпанија поради повреда, а откако беше елиминиран од Светското првенство, зборуваше за својата иднина во репрезентацијата. Искусниот голман мораше да му отстапи место на Сем Ламенс, во 70-та минута. Лошата реакција на Ламенс во 88-та минута му овозможи на Микел Мерино да го постигне голот за победа. По натпреварот, Куртоа навести дека можеби ќе се повлече од репрезентацијата. „Што се однесува до ...
Напаѓачот на Барселона и шпанската репрезентација, Феран Торес, би можел да ја продолжи кариерата во Пари Сен Жермен. Откако Барселона го доведе Карим Адејеми од Борусија Дортмунд за само 22.000.000 евра + 7.000.000 преку бонуси и 35 отсто од следниот трансфер, Феран Торес сфати дека ова е уште еден знак дека треба да си замине, бидејќи претходно во клубот пристигна и Ентони Гордон од Њукасл. Треба да се додаде дека Каталонците сè уште не ...
Еден од најочекуваните дуели во четвртфиналето на Светското првенство ќе биде судирот меѓу Англија и Норвешка, вниманието посебно ќе биде насочено кон двајца врвни напаѓачи – Хари Кејн и Ерлинг Холанд. Пред вечервашниот натпревар, капитенот на „Гордиот Албион“ беше прашан кој е подобар од нив двајца, Кејн не сакаше да влегува во такви споредби. „Невозможно ми е да одговорам на тоа прашање. Мислам дека сме сосема различни како играчи. ...
Враќањето на Мануел Нојер во репрезентацијата на Германија за Светското првенство предизвика значителни внатрешни превирања во тимот. Според извештаите на локалните медиуми, Нојер влијаел и врз составот на голманите за Светското првенство. Наводно, тренерот на голманите Андреас Кроненберг размислувал да поднесе оставка поради него. За потсетување, селекторот Јулијан Нагелсман го врати Нојер во репрезентацијата две недели пред почетокот на ...
Микел Мерино ги сподели своите впечатоци по постигнувањето на победничкиот гол за Шпанија во четвртфиналето против Белгија. Херојот на „Црвената Фурија“, претходно ја елиминираше Португалија со својот гол во осминафиналето, во 91-та минута. Белгија ја реши со голот во 88-та минута. „Како треба да се чувствувам? Пресреќен сум. Мислев дека нешто вакво нема да се случи повторно којзнае колку долго, но се случи повторно. Се чини дека нема ...
Турскиот репрезентативец Џеди Осман го напушта Панатинаикос, но не и грчката кошарка. Претседателот на атинскиот клуб, Димитрис Јанакопулос, се огласи на Инстаграм и со емотивна порака практично наговести разделба со кошаркарот роден во Охрид. Речиси во исто време, во грчките медиуми се појави информација дека Осман ќе потпише тригодишен договор со ПАОК од Солун вреден девет милиони евра. Црно-белите ќе му платат на Панатинаикос и два ...
Шпанија ќе и се спротивстави на Франција во првото полуфинале на Светското првенство во фудбал. Вечерва во Лос Анџелес, Шпанија ја совлада Белгија со 2:1. Повторно херој на Шпанците беше Микел Мерино, голот за победа го постигна две минути по влегувањето во игра, во 88-та минута, кога ја искористи катастрофалната рекација на голманот Ламенс. „Црвената фурија“ ја оправда својата фаворитската улога потешко од прогнозите, бидејќи во Белгија ...
Новиот селектор на португалската фудбалска репрезентација, Жорж Жезус, изјави дека репрезентацијата се соочува со голем предизвик, но дека верува дека Португалија може да победи благодарение на квалитетот на играчите што ги има. Жезус (71) беше претставен како нов селектор на Португалија, а тој ќе ја води репрезентацијата до 2030 година. Функцијата ја наследи од Роберто Мартинез. „Денес започнуваме нова ера во ФПФ. Избравме нов тренер чиј ...
Најдобриот фудбалер на Сенегал, Садио Мане, објави дека ја завршил својата репрезентативна кариера. Капитенот на оваа африканска селекција ја напушта репрезентацијата по 130 одиграни натпревари и 55 постигнати голови, тој заминува како најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Сенегал. „Знам дека жртвував сè за ова знаме, дека дадов сè и дека се борев напорно за мојата земја“, рече Мане. Легендарниот фудбалер, како што стојат ...
Во 114-та минута од натпреварот од осминафиналето помеѓу Швајцарија и Колумбија, Гранит Џака направи грешка и му овозможи голема шанса на Хамингтон Кампаз. За ѓал на Колумбијците, играчот од редот за врска, шутираше над голот. Подоцна Швајцарците славеа на пенали со 4:3 се пласираа во четвртфиналто каде ги чека Аргентина. Популарниот „Ел Бичо“, како што е познат на својот континент, не се качи на летот од Ванкувер до Богота како што ...
Вечерва, во Лос Анџелес (21.00 часот), ќе го добиеме вториот полуфиналист на Светското првенство во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико (11 јуни – 19 јули). Победникот за место во финалето ќе игра против доминантната Франција, која вчера рутински со 2:0 го победи Мароко. Актуелниот европски шампион, Шпанија, се смета за фаворит на хартија. Поради трофејот освоен пред две години, гранитната одбрана на овој турнир (без примен гол ...
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, продолжува да ги поместува границите на најголемата фудбалска сцена. „Триколорите“ го победија Мароко со 2:0 во Бостон и ќе играат против победникот од натпреварот Шпанија – Белгија во полуфиналето. Мбапе беше стрелец на првиот гол, откако претходно промаши пенал. Францускиот напаѓач е единствениот фудбалер во последните 60 години кој директно учествувал во најмалку десет голови на две различни Светски ...
Шпанскиот фудбалер Оскар Мингеса се пресели од Селта во Кристал Палас, објави англискиот клуб. Како што беше објавено, 27-годишниот дефанзивец потпиша договор со освојувачот на трофејот во Конференциската лига до јуни 2030 година. Мингеса кариерата ја започна во Барселона, од каде што се пресели во Селта во 2022 година. Во претходните четири сезони во Галиција, одигра 147 натпревари во сите натпреварувања, постигна седум гола. Ги бранеше ...
Франција се пласира во полуфиналето на Светското првенство со победата над Мароко, а пред натпреварот, поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, откри претходно непознати детали за обидот на англискиот гигант, во 2017 година да го потпише тогаш 18-годишниот Килијан Мбапе. Клоп присуствуваше на натпреварот помеѓу Франција и Мароко во четвртфиналето на Светското првенство, беше сведок на уште една лесна победа на Французите и танцот на ...
Белгискиот новинар, Саша Таволиери, објави на социјалната мрежа „X“ информации за можниот изненадувачки трансфер на поранешниот хрватски репрезентативец Марсело Брозовиќ во Реал Мадрид. Според неговите изјави, челниците на Реал воспоставиле контакт со претставниците на Брозовиќ. Таволиери истакнува дека доведувањето на искусен играч од средниот ред е голема желба на тренерот Жозе Мурињо, а наводно му е понуден едногодишен договор. За ...
Колапсот на Светското првенство и елиминацијата од Парагвај во 1/16 финалето ги принудија Германците веднаш да го отпуштат Јулијан Нагелсман. Задачата да ги врати на врвот му е доверена на Јирген Клоп, кого само потписот го дели од првата работа како селектор во кариерата. Легендарниот тренер на Ливерпул ќе ја преземе репрезентацијата, а познати се и деталите од договорот. Прашање на денот е кога тој ќе потпише договор до 2030 година, со ...
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен, кој неодамна се колабираше по втор пат на теренот, наскоро ќе започне индивидуална програма за рехабилитација, објави неговиот клуб Волфсбург. Ериксен (34) колабираше на 7 јуни за време на пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина. Играчот од средниот ред претходно се онесвести за време на Европското првенство што се одржа во 2021 година. Тогаш доживеа срцев удар, му беше инсталиран пејсмејкер, а ...
Бруно Фернандеш се соочи со жестоки критики и навреди на социјалните мрежи по елиминацијата на Португалија од Светското првенство Многу фанови на Кристијано Роналдо го обвинуваат играчот од средниот ред дека играл лошо намерно за да го расипе збогувањето на познатиот капитен од сцената на Светското првенство. Португалија го заврши натпреварувањето веќе во осминафиналето, каде што беа поразени од Шпанија со резултат 1:0, а решавачкиот гол го ...
Французите се првите полуфиналисти на Светското првенство во 2026 година. Во четвртфиналето, Франција го победи Мароко со 2:0 (0:0) со головите на Килијан Мбапе и Усман Дембеле. На гол се чекаше еден час, Јасин Бону му одбрани пенал на Мбапе во првото полувреме, но Французите играа подобро во текот на целиот натпревар и заслужено се пласираа во наредната фаза. Франција беше подобар ривал во првите 45 минути, но само во однос на напаѓачката ...
Белгискиот голман Тибо Куртоа рече дека Шпанија е фаворит во претстојниот четвртфинален натпревар од Светското првенство, но додаде дека верува оти и неговиот тим има шанса. „Шпанија е одличен тим. Мислам дека тие се еден од фаворитите за освојување на турнирот. Затоа очигледно почнуваме како аутсајдери против нив. Сепак, во фудбалот, сè е можно. Верувам дека можеме да победиме, со должна почит кон противникот. Но да, тие очигледно се ...
Лука Модриќ ќе го носи дресот на Милан и во новата сезона, тврдат италијанските медиуми. Според италијанскиот специјализиран портал „planetamilan.it“, партнер на „Ла Газета дело Спорт“, хрватскиот играч од средниот ред одлучил да ја прифати опцијата за продолжување на договорот за уште една година под истите услови. Одлуката дојде откако новиот тренер Рубен Аморим јавно потврди дека смета на него, а сопственикот Гери Кардинале и Златан ...
Њукасл Јунајтед постигна договор со Фрајбург во врска со трансферот на швајцарскиот репрезентативец Јохан Манкамби вреден 60 милиони евра. Младиот фудбалер стана едно од најголемите откритија на Светското првенство, а „страчките“ ја победија конкуренцијата од Премиер лигата. По заминувањето на Сандро Тонали во Тотенхем, менаџерот на Њукасл, Еди Хау, сакаше да доведе модерен играч за врска кој може да покрие многу простор, да игра во двата ...
Мортнен Хјулманд (26), капитен на Спортинг од Лисабон и незаменлив дефанзивен играч од средниот ред на данската репрезентација, лета за Мадрид за да потпише договор со Атлетико. Ова го објави Фабрицио Романо со „Here we go!“. Тој извик, според најдоверливиот инсајдер, е заштитен знак за трансфер кој е решен и потврден. Романо додава: „Спортинг и Атлетико постигнаа договор и почнаа да разменуваат документи за трансфер вреден 40 милиони евра ...
Кошаркарскиот клуб Панатинаикос претспави уште едно звучно засилување. Зелениот дрес во новата сезона ќе го носи француското крило, Гершон Јабуселе. Јабуселе се враќа во Евролигата по престојот неуспешната епизода, која траеше една година, во НБА лигата. Јабуселе играше за Филаделфија и Чикаго Булс. Капитенот на француската репрезентација потпиша тригодишен договор, за годишна плата од четири милиони евра, што го прави еден од најплатените ...
Манчестер Јунајтед постигна договор со Челзи во врска со трансферот на бразилскиот играч од средниот ред Андреј Сантос. Вредноста на договорот е 50 милиони фунти (околу 58 милиони евра), од кои 48 милиони ќе бидат платени веднаш, додека дополнителните два милиони се поврзани со лесно остварливи бонуси. Лондонскиот клуб, исто така, задржа десет проценти од евентуалната наредна продажба на фудбалерот. Преговорите завршија многу брзо, откако ...
Италијанскиот шампион Интер го официјалира трансферот на Иван Проведел. Интер за голманот плати три милиони евра. Проведел, последните три сезони ги мина на голот на Лацио, реши да замине една година пред истекот на договорот. Со доаѓањето на Проведел, Интер ја покри голманската позиција бидејќи веќе го има на располагање Џузепе Мартинез, додека Јан Зомер го напушти клубот. Засега, планот е првиот избор на голманот на Кристијан Киву да биде ...