Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Репрезентите на Македонија, во ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид и Алкалоид го добија противниците со кои ќе се соочат во третото коло. Бранителот на гтрофејот, ГРК Охрид, во второто коло немаше проблеми со Спор Тото од Турција, забележа две убедливи победи. Во третата рунда, екипата од Охрид ќе се соочи со екипа од Литванија. На 21 или 22 ноемвир, ГРК Охрид ќе гостува кај Драгунас Клаипеда . Реванот во Охрид ќе биде една недела подоцна. ...
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави спискот на играчи за дуелите со Луксембург и Грција во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2028 година. На списокот на Лазаров од 18 ракометари, нема место за пикерот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, додека неговиот клупски колега, ветеранот Никола Митревски се наоѓа меѓу резервите. Во рамките на ЕХФ неделата, за Македонија ќе дебитира, ...
Ракометарите на Вардар со реми 26:26, против Мелсунген, го завршија настапот во Лигата на шампионите. Црвено-црните, сезоната ќе ја продолжат во ЕХФ Европската лига. Германскиот тим заедно со Висла, од оваа група, влезе во втората фаза во Лигата на шампионите. Дуелот во „Јане Сандански“, не беше многу квалитетен, но беше исклучително неизвесен. Ниту еден тим немаше поголема предност од два гола. Вардар, во првото полувреме, во финишот, ...
Ракометарите на Вардар, убедливо го совладаа Еурофарм Пелистер со 31:23 (15:12), во дербито од 11-то коло во домашното првенство. Во дербито тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, целосно тактички го надигра својот поранешен тренер и учител, Лино Червар. Вардар, носен од навивачите во „Јане Сандански“, подобро влезе во натпреварот, стекна предност од три гола (5:2), потоа и 8:5, но Пелистер не дозволи предноста на домаќинот да расте. Успеаја ...
Темни облаци се надвија над ракометниот клуб Партизан, по промената на власта во Србија. Ракометниот клуб Партизан беше државен проект неколку години и клубот никогаш не го криел ова. Претседателот Миљан Жугиќ го нагласи ова во неколку наврати. По две последовни титули во српското првенство, четирите трофеи од минатата сезона и домашната доминација, оваа сезона клубот играше и во Лигата на шампионите, за прв пат по 13 години. За тренер, на ...
Фудбалските великани од просторите на поранешна Југославија, Црвена звезда и Хајдук, во третото коло во Конференциската лига, се соочија со анунимуси од Андора и Гибралтар. Звезда едвај победи, а Хајдук загуби. Црвена звезда избегна срамен резултат во 90-та минута против Интер Ескалдес од Андора. Црвено-белите во финишот на првиот дел останаа со играч помалку, потоа гостите ја шокираа „Маракана“ со голот на Арељан. Изедначи Звезда преку ...
Милан доживеа шокантен пораз во четвртото коло од Лигата на Европа. Италијанскиот гигант загуби на „Сан Сиро“ од унгарскиот Ференцварош со 0:2, а двата гола ги постигна норвешкиот играч од средниот ред Лени Јозеф по асистенција на Кристофер Захаријасен. Милан, по четири кола остана со само три бода, додека Ференцварош ја продолжи својата совршена серија и стигна до својата четврта победа. Домашниот тим тешко создаваше шанси, а Ференцварош ...
Фудбалерите на Динамо Загреб победија во Сандерленд на гостински терен со 2:0 (2:0) во натпреварот од 4. коло од Лигата на Европа. Хрватскиот шампион, кој дојде во Англија во лоша форма и со нов тренер, одигра еден од најдобрите европски натпревари во последните неколку години. „Модрите“ го водеше Јерко Леко како в.д. тренер на стадионот на Светлината, но на теренот изгледаше како Динамо да е многу добро координиран, дисциплиниран и, пред ...
Јувентус ја оствари втората последователна победа, но тренерот на „старата дама“, Лучано Спалети, не беше задоволен од играта на своите играчи. По триумфот над АЗ Алкмар (2:1) во четвртото коло од Лигата на Европа, италијанскиот стручњак ги загуби нервите и бурно реагираше кон својот играч Хуан Кабал. Во Холандија, Јувентус водеше со 2:0 со головите на Теун Копмајнерс во 19-тата минута и Рандал Коло Муани во 37-мата минута, но на крајот од ...
Фудбалерот на Њукасл и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Амар Дедиќ, се најде во фокусот на необичен полициски инцидент во близина на Њукасл, откако неговата попладневна прошетка ги вознемири минувачите и предизвика потера од страна на полицијата. Загрижени граѓани пријавиле во полицијата во Нортумбрија двајца мажи кои вооружени се движеле кај резерворарот, на патеката кај Харлоу Хил. Бидејќи англискиот закон, строго го санкционира ...
По дебаклот во Порто (4:1) во Лигата на шампионите, тренерот на италијанскиот прволигаш Наполи, Масимилијано Алегри, е на работ на отказ. Наполи загуби три од четири натпревари во Лигата на шампионите, додека во првенството е на осмото место со 14 бода, 14 помалку од лидерот Лацио. „Имав слична сезона во Јувентус, имам искуство со вакви работи. Единственото нешто што треба да го направиме е да продолжиме да работиме, да поправиме некои ...
Во третото коло од Конференциската лига, Хајдук загуби со 1:0 на гостински терен против Линколн Ред Импс од Гибралтар, а тој резултат донесе необичен рекорд. Линколн стана првиот тим во историјата на Конференциската лига што победил на натпревар без ниту еден удар кон голот. Шампионот на Гибралтар стигна до победата во 89-та минута, благодарение на автоголот на Денис Хаџикадуниќ. По центаршутот од слободен удар, Кристијан Рутјенс ја погоди ...
Пол Планас (35) треба да стане нов тренер на Динамо, објави шпанскиот „Спорт“. Според информациите од каталонскиот весник, Динамо одлучил да го ангажира поранешниот тренер на јуниорскиот тим на Барселона, кој веднаш ќе го напушти каталонскиот клуб и ќе го преземе првиот тим на хрватскиот шампион од минатата сезона. Динамо сè уште официјално не го потврдил неговото доаѓање. Планас треба да го наследи Маријо Ковачевиќ, чиј договор Динамо го ...
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Карлос Балеба, мора да паузира неколку недели. Клубот потврди дека по повредата што ја заработи на натпреварот против Рома, Балеба ќе биде надвор од теренот повеќе од еден месец и ќе пропушти најмалку четири натпревари. Тој нема да игра против Астон Вила за време на викендот, како и на гостувањата против Ливерпул, Спортинг Лисабон и Њукасл, по паузата и домашниот натпревар со Брентфорд. Во ...
Бекот на Барселона, Алехандро Балде, ќе бара нов клуб во јануари. Како што објавија каталонските медиуми, Барселона нема да му стои на патот, поради што неговиот менаџер Жорге Мендеш веќе почнал да му бара нов клуб. Според извештаите, седум клуба покажале интерес: Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Астон Вила, Јувентус и Рома. Позајмица со опција за откуп се смета за најреално решение, а Шпанецот ќе ја донесе конечната ...
Овој викенд во Илирска Бистрица – Словенија, Игор Стефановски – Иџе го има својот прв официјален настап со новиот болид, отворајќи ново поглавје во својата европска тркачка приказна. Иако Иџе претходно го тестираше болидот, Илирска Бистрица е неговото вистинско „огнено крштевање“ во живо, лице в лице со европската елита. На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки во Словенија, ќе се случи првото сериозно ...
Вечерва во Монако ќе се одржи ждрепката за главната фаза во Лигата на шампионите. 29 директно пласирани екипи и седум од плејофот ги чекаат своите ривали (18.00 часот). Пари Сен Жермен ја брани највредната и најпрестижната клупска континентална титула втора сезона по ред, меѓу претендентите за круната на француските „Светци“ се најбројните клубови од англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига (по пет), заедно со четири дебитантски екипи: ...
Враќањето на Фенербахче во Лигата на шампионите по 18 години беше засенето од голем скандал по натпреварот против Лион во Франција. Во центарот на настанот беше играчот од средниот ред на турскиот клуб Матео Гендузи, поранешен фудбалер на Олимпик Марсеј, кој за време и по натпреварот дополнително ја вжешти веќе вжештената атмосфера со своето однесување. Гендузи беше мета на домашните навивачи за време на загревањето, а ситуацијата стана ...
Норвешка живее фудбалска револуција, откако репрезентацијата дојде до четвртфиналето на СП, сега оваа земја ќе има два тима во главната фаза во Лигата на шампионите. По Боде/Глимт, место во главната фаза избори и Викинг. За екипата од Ставангер ова е најголемиот упспех во клупската историја. Покрај Викинг, пласман во ЛШ, вечерва изборија Фенербахче и АЕК од Атина. Викинг во плејофот го елиминира Динамо Загреб со вкупен резултат 5:3. Откако ...
Реал Мадрид убедливо го го победија Реал Сосиедад со 4:1 во третото коло од Ла Лига. Херој на Реал Мадрид беше трикратниот стрелец Килијан Мбапе. Ова беше најдобрата можна премиера пред домашните навивачи во новата сезона, по тесната победа над Еспањол во последното коло. Реал Мадрид не блескаше во првото полувреме, по кое резултатот беше 1:1, но во продолжението го засили темпото и го покажа целиот свој величествен талент во нападот. Реал ...
Атлетикоo Мадрид конечно се согласи да го продаде Хулијан Алварез и постигна договор, но не со Барселона, туку – Арсенал. По денешните информации и соопштение на Атлетико Мадрид и конечното „Не“ до Барселона, од Мадрид испратиле потврден одговор во Лондон. На „Метрополитано“ се свесни дека е најдобро Алварез да си замине, бидејќи ќе заработи огромни пари, се шпекулира дека Арсенал е подготвен да плати дури 150.000.000 евра. Но, што е ...
Англискиот репрезентативец, Оли Воткинс кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Хилал. Астон Вила ја прифати понудата на Ал Хилал од 58.000.000 евра со 2.000.000 бонуси. Оли Воткинс даде зелено светло за овој трансфер минатата недела, бидејќи доби астрономска плата, поради што го пропушти првото коло од Премиер лигата против Брајтон. Ал Хилал со тоа заврши уште еден голем договор, откако претходно ги договори сите услови со ...
Барселона не се откажува од Хулијан Алварез, но Атлетико Мадрид нема намера да се откаже. Сагата околу аргентинскиот напаѓач доби нова димензија по јавниот настап на Џоан Лапорта, на што пристигна жесток одговор од Мадрид. Претседателот на Барселона во средата, потврди дека каталонскиот клуб е сè уште многу заинтересиран за Алварез и дека понуда од 100 милиони евра останува на маса. „Доколку се подготвени да го продадат играчот во текот на ...
Во финишот на преодниот рок, се очекуваат неколку супер интересни трансфери во Премиер лигата. Еден таков најави, новинарот на „Атлетик“, Дејвид Орнштајн. Орнштајн, наведува дека менаџерите на Емилијано Мартинез (34), легенда на Аргентина и Астон Вила, го понудиле популарниот Дибу на Челзи. Тие се одлучиле за таков потег откако Мартинез бил информиран дека Зајон Сузуки, десет години помлад од него, кој минатата недела дојде од Парма за 30 ...
Ливерпул најверојатно ќе се откаже од Јакуба Минте од Брајтон, откако „галебите“ ја одбија втората понуда од „Енфилд“ од 70.000.000 евра, тврдат медиумите на островот. Гигантот од „Енфилд“ мора да се засили на позицијата крилен напаѓач, па ќе ги фрли сите карти на крајот од преодниот рок за да ги доведе Бредли Баркола и Ибрахима Ембаје од Пари Сен Жермен. Баркола е сè уште приоритет на Ливерпул, а „Лекип“ пишува дека ПСЖ го држи францускиот ...
Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на мароканскиот вундеркинд Ајуб Буади. Лил доби 95.000.000 евра за фиксниот дел од компензацијата, а може да добие уште 5.000.000 преку бонуси. Мароканецот пристигнува за да пополни една од дупките создадени со заминувањата на Родри, Рејндерс и Гонзалез. Мароканецот има само 18 години и потпиша договор до 2031 година. Тој е второто големо засилување за Манчестер Сити откако Елиот Андерсон ...
Нотингем Форест го сруши клупскиот рекорд за трансферот на Лиам Делап. Напаѓачот дојде од Челзи за околу 50 милиони фунти. Според англиските медиуми, сè е договорено, останува Лиам Делап да ги помине лекарските прегледи во наредните денови и да потпише договор со Нотингем. Делап пристигна во Челзи пред една година од Ипсвич за 30 милиони фунти, но Челзи одлучи да го продаде ова лето. Делап се мачеше минатата сезона прво со повреда на ...
Италијанецот Лука Марини ќе ја продолжи својата кариера во тимот „Teh3“, со кој потпиша двегодишен договор, потврди францускиот тим. Преминувањето на Марини во „Tech3“ беше познато со недели, но потврдата дојде дури пред Големата награда на Арагон оваа недела. Интересно е што помладиот брат на Валентино Роси речиси остана без ангажман во кралската класа, бидејќи немаше место во Хонда и првично не беше разгледуван од „Teh3“. Сè се промени ...
Њукасл Јунајтед го договори трансферот на Нико Гонзалез од Манчестер Сити вреден 60 милиони евра Шпанскиот играч за врска (24) пристигна во Сити од Порто, но по само 18 месеци се најде надвор од сериозните планови на клубот. Ова лето, Сити го донесе Ајуб Буади од Лил за 100 милиони евра, додека потрошија 135 милиони за Елиот Андерсон. Гонзалез претходно изјави дека не сака да го напушти „Етихад“, но се премисли откако доби гаранции дека ќе ...
Познати се 32 од вкупно 36 учесници во финалната фаза од Лигата на шампионите. За потсетување 29 се квалификуваа директно, плус три клуба кои го заработија тоа право синоќа преку плејофот. Листата ќе биде комплетирана во среда навечер, а ждрепката ќе се одржи во четврток, во „Фрималди Форум“ во Монако. Пари Сен Жермен ја брани титулата европски шампион од претходната сезона. Французите ја освојуваат Лигата на шампионите во последните две ...